спас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 Mar 2021 16:15:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Франција и ЕУ се блиску до договор за спас на „Ер Франс“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-i-eu-se-blisku-do-dogovor-za-spas-na-er-frans/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-i-eu-se-blisku-do-dogovor-za-spas-na-er-frans/#respond Mon, 29 Mar 2021 16:15:10 +0000 https://kurir.mk/?p=489327

Франција и ЕУ се блиску до постигнување договор за спас на „Ер Франс“, потврди денеска францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер. -Се приближуваме до договор, прашање е на денови, рече Ле Мер и додаде дека треба да има отстапки за да се обезбеди фер конкуренција. “Не станува збор за затворање на линии или укинување на договори. Потребни се отстапки за да се обезбеди фер конкуренција меѓу „Ер Франс“ и другите превозници”, додаде министерот Ле Мер. Францускиот дневен весник „Монд“ во петокот објави дека француската Влада и Европската комисија се блиску до постигнување договор за условите за спас на „Ер Франс“. Со очекуваниот договор „Ер Франс“ треба да отстапи помалку слотови на аеродромите во својата база во Париз од првичниот број што го побара Комисијата, особено на аеродромот Орли. Групацијата „Ер Франс-КЛМ“ минатата година имаше чиста загуба од 7,1 милијарди евра. Таа доби заеми и гаранции од Франција и Холандија во износ од 10,4 милијарди евра, а преговара за државна докапитализација со европските регулатори кои бараат отстапки за аеродромите во Париз и Амстердам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-i-eu-se-blisku-do-dogovor-za-spas-na-er-frans/feed/ 0
„Строгите мерки против Ковид-19 спасија 100.000 животи во Германија“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/strogite-merki-protiv-kovid-19-spasija-100-000-zivoti-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/strogite-merki-protiv-kovid-19-spasija-100-000-zivoti-vo-germanija/#respond Thu, 11 Mar 2021 13:47:42 +0000 https://kurir.mk/?p=480847

Шефот на германската Агенција за контрола на болести, Лотар Вилер изјави дека воведените рестриктивни мерки против ширење на коронавирусот спасиле повеќе од 100.000 животи во земјата од почетокот на пандемијата пред една година. На денешното предавање пред студентите на Техничкиот универзитет во Минхен, тој истакна дека стапката на смртност од инфекција со Ковид-19 во Германија од околу 1,14 отсто, значи дека ширењето на вирусот низ целата земја можело да доведе до над 800.000 смртни случаи. – Во нашата земја спасивме десетици илјади, ако не и сто илјади животи преку овие мерки за јавно здравје, објасни Вилер, кој раководи со Институтот „Роберт Кох“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/strogite-merki-protiv-kovid-19-spasija-100-000-zivoti-vo-germanija/feed/ 0
Петиција за спроведување итни мерки за спас на Преспанското Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peticija-za-sproveduvanje-itni-merki-za-spas-na-prespanskoto-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peticija-za-sproveduvanje-itni-merki-za-spas-na-prespanskoto-ezero/#respond Fri, 25 Sep 2020 15:48:34 +0000 https://kurir.mk/?p=408541

Повеќе граѓански здруженија, асоцијации, друштва, активисти на еколошки движења денеска покренаа петиција за спас на Преспанското Езеро, со упатени конретни барања до Владата на Република Македонија. Во петицијата отворена за поддршка на сите граѓани што се заинтересирани за судбината на Преспанското Езеро како едно од најстарите езерото во Европа се наведува дека тој еко-систем е заборавен од сите релевантни институции и од ден на ден е во сè полоша состојба. Со петицијата се бара неодложно прогласување кризна состојба на целото подрачје на сливот на Преспанското Езеро, итно формирање научно/техничка комисија што ќе ја проучи ситуацијата и ќе предложи итни мерки за подобрување на состојбата најдоцна за десет дена од објавувањето на петицијата. Истовремено се бара Владата итно да иницира меѓудржавна средба на експертско ниво заедно со релевантни организации вклучени во Преспанскиот регион која координирано ќе работи на проблемот, да дефинира фазен план за спас на Преспанско Езеро со јасно утврдени рокови. Согласно начелата од Архуската конвенција преточени во националната легислатива, информациите за планот и сите преземени активности седмично да се ажурираат на веб-страницата на МЖСПП и да бидат лесно достапни за јавноста. Според активистите и граѓанските асоцијации потписници на петицијата, клучно е Владата да биде гарантот на неодложно и ефективно спроведување на сите договорени/утврдени активности. Тие посочуваат дека не смее заштитата и напорите за унапредување на состојбата на Преспанското Езеро да останат на хартија како, според нив, што е практика во Македонија. Инаку, Преспанското Езеро е едно од најстарите езера во светот чија старост се проценува на три до пет милиони години. Заедно со Охридското Езеро со кое прави една единствена, неразделна геохидролошка целина, претставува исклучително значаен локалитет во светски рамки истакнат по својот богат биодиверзитет и ендемизам. Преспанското Езеро е заштитено како Споменик на природата (IUCN категорија III; Закон за прогласување на Преспанското Езеро за споменик на природата, Службен весник 51/11), а неговиот северен крајбрежен дел Езерани (површина од 2.800 хектари; се наоѓа на потегот помеѓу селата Сир Хан и Асамати) е прогласен за Парк на природата во 2012 г. (IUCN категорија IV, Службен весник 24/12). Преспанското Езеро се наоѓа на листата на најважни орнитолошки локалитети во Европа од 2008 г., како и на најважни водни живеалишта во светот – прогласено е за Рамсарско подрачје во 1995 г. и е едно од само две во Македонија (според Рамсарската конвенција или позната како Конвенција за водни живеалишта од меѓународно значење). Во 2014 г. УНЕСКО го погласи Охридско-Преспанскиот регион за Прекуграничен биосферен резерват. Преспанското Езеро е дел од Национален парк Преспа во Албанија и Преспа Парк (формиран со заедничка Декларација на премиерите на Македонија, Грција и Албанија во 2000 г.). Неколку децении наназад нивото на Преспанското Езеро драстично се намалува и до осум метри во длабочина што доведува до повлекување на брегот на езерото и до стотина метри. Во овој миг нивото на Преспанско е најниско од кога се вршат мерења, поточно од 1917 година. Според потпиниците на Петицијата, последиците од таквата состојба врз биодиверзитетот и квалитетот на водата се катастрофални и може да бидат неповратни. Причината за ваквата ситуација е сложена комбинација од природни фактори, вклучително климатски промени (суши и покачени температури) и гео/хидролошки промени во подземните карстни канали преку кои водата истекува од езерото, како и антропогени фактори кои главно се однесуваат на користење вода од самото езеро и подземните води од крајбрежниот дел за наводнување, пиење и индустриски цели. Со оглед на повеќегодишниот тренд на деградација и климатската криза кои ќе продолжат во блиска иднина (се проценува дека количината на врнежи на снег и дожд во регионот ќе се намали за 30% до 2100 г.), а може и да се интензивираат, состојбата на Преспанско ќе продолжи да се влошува. Тоа го става во опасност не само опстанокот на Преспанското Езеро, туку и на Охридското, во кое приливот на свежа вода во голема мера од околу 25 отсто доаѓа директно од Преспанското Езеро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peticija-za-sproveduvanje-itni-merki-za-spas-na-prespanskoto-ezero/feed/ 0
Германскиот „Алкатраз“: Дали таму се крие спасот за коронавирусот? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-alkatraz-dali-tamu-se-krie-spasot-za-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-alkatraz-dali-tamu-se-krie-spasot-za-koronavirusot/#respond Wed, 19 Aug 2020 17:27:41 +0000 https://kurir.mk/?p=392756

На германскиот балтички остров, каде некогаш нацистите го истражуваа биолошкото оружје, германските научници развиваат вакцини кои спасуваат животи. Пристапот до островот Реимс е најстрого ограничен. Научниците кои работат таму мора да поминат при влез и излез низ силен туш кој дезинфицира. Потребни се и заштитни, посебно направени непробојни костуми. Исто така, има и десетици животни намерно заразени со вируси за се следи состојбата и да го испита текот на болеста. „Ние сме Алкатраз за вируси, строго заштитен затвор од кој не смее да се бега“, вели Франц Конратс, заменик директор на Институтот Фридрих Лофлер. Сместен јужно од живописниот остров Руген, Реимс е глобален центар за патогени микроби, беснило, ханта, марбург, африканска свинска треска, ебола... најопасните висруси на планетата. А, лабораториите што ги чуваат токму тие вируси и штали со заразени животни имаат безбедносно ниво 4 - највисоко во Германија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-alkatraz-dali-tamu-se-krie-spasot-za-koronavirusot/feed/ 0
Арсовски: Пендаровски со доделување на мандатот ќе им даде само нови 20 дена на Заев да се обиде да си ја спаси кожата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-pendarovski-so-dodeluvanje-na-mandatot-kje-im-dade-samo-novi-20-dena-na-zaev-da-se-obide-da-si-ja-spasi-kozata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-pendarovski-so-dodeluvanje-na-mandatot-kje-im-dade-samo-novi-20-dena-na-zaev-da-se-obide-da-si-ja-spasi-kozata/#respond Wed, 12 Aug 2020 13:02:39 +0000 https://kurir.mk/?p=389776

Читам вести каде што СДСМ брифираат дека нивниот Стево ќе им даде мандат да преговараат, противуставно, за да врати што го направија Претседател и впрочем на Стево воопшто не му е проблем ‘да излиже каде што плукнал’, како што ја продолжуваше вонредната состојба. Всушност ќе им даде само нови 20 дена на Заев да се обиде да си ја спаси кожата и нови 20 дена агонија и нови 20 дена за пишманење. Новите 20 дена се доказ дека немаат мнозинство и преговорите на СДСМ се во ќорсокак. И да сумираме: Повторно ладен туш за Заев - мнозинство нема. Тоа е сѐ што треба да знаеме за Заев и неговото мнозинство, пишува на својот Фејсбук профил портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-pendarovski-so-dodeluvanje-na-mandatot-kje-im-dade-samo-novi-20-dena-na-zaev-da-se-obide-da-si-ja-spasi-kozata/feed/ 0
Џонсон бара олабавување на мерките за да се спасат 3,5 милиони работни места https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-bara-olabavuvanje-na-merkite-za-da-se-spasat-3-5-milioni-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-bara-olabavuvanje-na-merkite-za-da-se-spasat-3-5-milioni-rabotni-mesta/#respond Sun, 07 Jun 2020 10:18:15 +0000 https://kurir.mk/?p=354733

Британскиот премиер Борис Џонсон им порача на министрите во неговата влада што е можно поскоро да ги укинат мерките за изолација за да се спречи околу 3,5 милиони луѓе да ги загубат своите работните места, напиша денеска лондонскиот весник „Сан“. Весникот вели дека веста доаѓа откако премиерот потпиша нови мерки за зајакнување на економијата, а откако претходно министерот за економија Алок Шарма го известил дека се загрозени повеќе од три милиони работни места во секторот на угостителство. Според весникот, Џонсон на предупредувањето одговорил со „Господи!“. Весникот наведува дека тој, наводно, на група министри им дал задача до јули да излезат со мерки за да може животот колку толку да се врати во нормала. -Не би рекол дека ни се заканува цунами од загуби на работни места, но тоа ќе биде доста голем бран, изјави неименуван британски функционер, запознатн со ситуацијата. Велика Британија е на второ место во светот според бројот на смртни случаи од коронавирусот со 40.465 смртни случаи, а досега 284.868 се регистрирани како заразени. Водечките британски лекари и научници го повикаа премиерот Борис Џонсон да нареди земјата да се подготви за вториот бран на коронавирусот оваа зима, предупредувајќи дека многу повеќе луѓе ќе умрат доколку земјата не го подобри одговорот на Ковид-19. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-bara-olabavuvanje-na-merkite-za-da-se-spasat-3-5-milioni-rabotni-mesta/feed/ 0
Кинеските лекари во Италија: Доколку сакате да се спасите, имате само едно решение! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-lekari-vo-italija-dokolku-sakate-da-se-spasite-imate-samo-edno-reshenie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-lekari-vo-italija-dokolku-sakate-da-se-spasite-imate-samo-edno-reshenie/#respond Fri, 20 Mar 2020 13:42:28 +0000 https://kurir.mk/?p=319514

Гувернерот од регионот на Ломбардиа, Атилио Фонтана вчера утрото одржа прес-конференција за медиумите заедно со претседателот на Црвениот крст на Кина, кој што во Италија пристигна со една екипа на лекари, кои што јасно препорачаа што треба да се направи за да се надмине хаотичната состојба во Италија. -Потребни се силни мерки. Доколку сакате да спасите човечки животи, затворете се, нема друго решение во овој случај. Низ ова што поминувате, ние претходно поминавме во Вухан. Голем е бројот на заразени со коронавирусот во Италија. Исто така се зголемува и бројот на пациентите во болниците, а истовремено се зголемува и бројот на жртвите. Доколку мерките за изолација се зголемат, многу е полесно да се менаџира ситуацијата. Сега за сега треба да се затворат сите економски активности. Сите жители треба да останат дома, во карантин. Сите треба да бидат подготвени за да се намали проширувањето на оваа пандемија, со цел да се соасат човечки животи. Друго решение не постои, порачаа кинеските лекари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-lekari-vo-italija-dokolku-sakate-da-se-spasite-imate-samo-edno-reshenie/feed/ 0
Мисајловски: Целта на СДСМ со овој закон за ЈО е да се спасат од кривична одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-celta-na-sdsm-so-ovoj-zakon-za-jo-e-da-se-spasat-od-krivichna-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-celta-na-sdsm-so-ovoj-zakon-za-jo-e-da-se-spasat-od-krivichna-odgovornost/#respond Fri, 14 Feb 2020 21:27:32 +0000 https://kurir.mk/?p=304221

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски при денешното негово гостување во емисијата „360 степени“ на АлсатМ телевизија истакна дека целта на СДСМ со овој закон за ЈО е да се спасат од кривична одговорност. -Зарем не гледате дека има двојни стандарди? Зарем не гледате дека кога ВМРО-ДПМНЕ беше целосно под прогон требаше се да важи во државава? Сега кога има толку големи индиции за криминал во власта, прогласени сме за најкорумпирана земја во Балканот и во Европа… имаме Рекет 1, Рекет 2, Рекет 2, имаме индиции за нови криминални случувања и од една страна сега за нив не треба да важи ништо. Јас ќе ви кажам отворено и мој став. Се она што е нелегално стекнато не треба да важи, тоа е мојот личен став. Не треба. Но, од друга страна јавниот интерес треба да важи како да се бутне ВМРО-ДПМНЕ, да се измислат еден куп случаи. Ако има некаде докази, нека си се води постапка. Но, сега гледаме дека некои луѓе моментално што се на власт со овој закон да се спасат, и да ја имаат алатката повторно утре СДСМ да уценува други луѓе, други партии, како да останат со нив, да им останат во скутот, истакна Мисајловски. Тој вели дека овој закон не се носи со европски вредности и на разумен и демократски начин и прашува зошто да постојат двојни аршини. -Врвот на СДСМ знае дека ќе имаат многу кривични пријави против нив. Тоа е целта на овој закон, вели Мисајловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-celta-na-sdsm-so-ovoj-zakon-za-jo-e-da-se-spasat-od-krivichna-odgovornost/feed/ 0