спасе кочовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Jan 2023 13:21:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спасе кочовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кочовски: Вевчанскиот карневал продолжува и оваа година и покрај немање поддршка од Министерството за култура https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vevchanskiot-karneval-prodolzuva-i-ovaa-godina-i-pokraj-nemanje-poddrshka-od-ministerstvoto-za-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vevchanskiot-karneval-prodolzuva-i-ovaa-godina-i-pokraj-nemanje-poddrshka-od-ministerstvoto-za-kultura/#respond Mon, 09 Jan 2023 13:21:19 +0000 https://kurir.mk/?p=785088

„Задоволство ми е да ги поканам сите љубители на добрата забава и на љубителите на традицијата и македонските обичаи да дојдат на 13 –ти и на 14-ти јануари во Вевчани, да го посетат Вевчани и да бидат дел од уште едно издание на Вевчанскио карневал“, истакна Спасе Кочовски, градоначалник на општина Вевчани на денешното излагање пред медиуми. Тој посочи дека на 13-ти јануари, во 13 часот започнува Василичарското дефиле кое продолжува према центарот на Вевчани со играње на оро. А, потоа дефилето продолжува низ вевчанските улици. Традиционалните вевчански маски, зетот и невестата ќе ја посетат секоја куќа во Вевчани. Тој дел на 13-ти јануари завршува со полнење на вода на Вевчанските извори. Вечерта на 13-ти јануари е проследена и со забавен дел со познати македонски музички имиња. „На 14-ти јануари продолжува карневалот, значи уште од раните утрински часови василичарите организирано ќе ја посетат секоја вевчанска куќа каде што има човек кој што се вика Васил, бидејќи на 14-ти веќе е Свети Василија, именден на секој кој што се вика Васил. И манифестацијата продолжува во центарот на Вевчани со познатото Василичарско оро и трае неколку часови, и некаде накај 17 часот вечерта завршува Вевчанскиот карневал“, рече градоначалникот. Тој нагласи дека веќе втора година нема финансиска поддршка од министерството за култура. Минатата година таа поддршка што во минатото ја имало од министерството за култура веќе ја нема. А, причината зошто веќе министерството за култура не го поддржува Вевчанскиот карневал не се знае, барем од министерството не ја соопштуваат. „Најдовме начин да се организираме, повторно се да биде како што треба“, појасни Кочовски. Градоначалникот додаде дека сите граѓани на Македонија се поканети на 13-ти и 14-ти јануари да дојдат на Вевчанскиот карневал.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vevchanskiot-karneval-prodolzuva-i-ovaa-godina-i-pokraj-nemanje-poddrshka-od-ministerstvoto-za-kultura/feed/ 0
Кочовски: Се поплочува улицата „Пупини-Ќежој“ во Вевчани https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-se-poplochuva-ulicata-pupini-kjezoj-vo-vevchani/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-se-poplochuva-ulicata-pupini-kjezoj-vo-vevchani/#respond Wed, 01 Jun 2022 13:08:28 +0000 https://kurir.mk/?p=684986

Започна поплочување на улицата „Пупини-Ќежој“, информира Спасе Кочовски, градоначалник на Вевчани. „Започнавме со поплочување на улицата „Пупини-Ќежој“ со камени плочи. Со тоа ќе се подобри пристапот долж кејот на Вевчанска река“, посочи тој.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-se-poplochuva-ulicata-pupini-kjezoj-vo-vevchani/feed/ 0
Кочовски: Вевчани доби мултикултурен центар, започната е иницијатива за изградба на повеќенаменско спортско игралиште https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vevchani-dobi-multikulturen-centar-zapochnata-e-inicijativa-za-izgradba-na-povekjenamensko-sportsko-igralishte/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vevchani-dobi-multikulturen-centar-zapochnata-e-inicijativa-za-izgradba-na-povekjenamensko-sportsko-igralishte/#respond Wed, 23 Feb 2022 12:48:47 +0000 https://kurir.mk/?p=635434

„Градоначалниците од СДСМ го преспаа целиот свој мандат, се разбудија два месеци пред одржувањето на локалните избори, раскопаа по некоја улица, а со надеж дека ќе добијат глас повеќе. Граѓаните го препознаа неработењето нивно и ги казнија на последните локални избори. За разлика од нив, ние почнавме со работа од првиот ден“, истакна Спасе Кочовски, градоначалник на општина Вевчани на регионалниот отчет „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“. Кочовски додаде дека кога стапил на функција градоначалник на општина Вевчани била нефункционална и приватизирана општина, општина во целосна функција на личните интереси на претходниот градоначалник и партијата. Затекнал демотивирана и деградирана општинска администрација. Долг од на 2.5 милиони денари. Ниту еден проект кој го имале започнато не е целосно завршен иако за тоа имале време. „Ние ја отворивме општината за секој еден граѓанин без разлика на неговата партиска припадност. Ја забрзавме динамиката на проектите кои ги затекнавме. Во изминатиов период ги реализирав следниве активности и проекти: • Во тек е постапка за доделување на договор за јавна набавка за партерно уредување на просторот околу мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ Вевчани. • Започната е иницијатива за подготовка на документација за реконструкција на кујната во детската градинка „Планински цвет“ Вевчани. • Во тек е изградба и реконструкција на 5 локални улици во Вевчани кои ќе се реализираат во 2022 година. • Отпочнавме постапка за изработка на техничка документација за изградба и реконструкција на локални улици. • Подготовка на техничка документација за реконструкција на локални улици во рамките на проектот за поврзување на локални патишта. • Го саниравме и решивме проблемот со каналот за наводнување на заобиколницата на потегот од фабрика „Вевчанка“ до Здравствен дом. • Со изградба на бетонски канал го решивме проблемот со пропустите за вода на пристапниот пат кој води до земјоделско земјиште „Зодишта“. • Во тек е изградба на 4 канализациски линии во Вевчани, овие канализации се градат од програмата на ТАВ за инфраструктурни проекти. • Отпочната е постапка за изработка на техничка документација за реконструкција (бетонирање) на главните канали за наводнување во урбаниот опфат на Вевчани. • Започната е иницијатива за изградба на повеќенаменско спортско игралиште во Вевчани. • Санирани се мостовите и осветлувањето по кејот на Вевчанска река. • Поправено е целото осветлување во заштитеното подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“. • Почната постапка за донесување на нов урбанистички план за Вевчани. • Донесовме програма за финансирање на проекти од локален интерес во културата во општина Вевчани и започна нејзината реализација преку поддршка на Василичасрите друштва, поддршка на културно уметничкото друштво „Дримкол“ Вевчани, поддршка на самостојни уметници. • Во соработка со МЕД, а преку проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), објавен е јавен повик за финансиска поддршка за развој на одржлив туризам во заштитеното подрачје Споменик на природта (СП) „Вевчански извори“. Кочовски се осврна и на проекти кои треба да се реализираат до крајот 2022 година. Според него ќе се работи на изработка на техничка документација за реконструкција и изградба на улици, ќе се донесе нов урбанистички план на Вевчани. Се предвидува да се започне и со пробивање и чистење на полски и шумски патишта, ќе се реконструираат мостовите во Споменикот на природата „Вевчански извори“ и партерно ќе се уреди просторот околу мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ Вевчани. „На граѓаните на општина Вевчани им ветувам макотрпна и посветена работа со цел реализација на сите проекти, а ќе ја продолжиме и практикава на отчетност“, нагласи Кочовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vevchani-dobi-multikulturen-centar-zapochnata-e-inicijativa-za-izgradba-na-povekjenamensko-sportsko-igralishte/feed/ 0
Кочовски: Континуирано ќе работиме граѓаните да учествуваат во работата на општината и креирањето на локалните јавни политики https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-kontinuirano-kje-rabotime-gragjanite-da-uchestvuvaat-vo-rabotata-na-opshtinata-i-kreiranjeto-na-lokalnite-javni-politiki/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-kontinuirano-kje-rabotime-gragjanite-da-uchestvuvaat-vo-rabotata-na-opshtinata-i-kreiranjeto-na-lokalnite-javni-politiki/#respond Wed, 01 Dec 2021 21:12:43 +0000 https://kurir.mk/?p=602703

Во тек се консултации и разговори со локалните здруженија на граѓани со цел нивно активно учество во подготовка на годишните програми и буџетот на општина Вевчани за 2022 година, информираше преку својата Фејсбук страница градоначалникот на Вевчани Спасе Кочовски. Континуирано ќе работиме на развој на механизми за зголемено учество на граѓаните во работата на општината и креирањето на локалните јавни политики, пишува во својата објава Кочовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-kontinuirano-kje-rabotime-gragjanite-da-uchestvuvaat-vo-rabotata-na-opshtinata-i-kreiranjeto-na-lokalnite-javni-politiki/feed/ 0
Спасе Кочовски прогласи победа во Вевчани https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/spase-kochovski-proglasi-pobeda-vo-vevchani/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/spase-kochovski-proglasi-pobeda-vo-vevchani/#respond Sun, 31 Oct 2021 22:39:28 +0000 https://kurir.mk/?p=588990

Кандидатот за градоначалник на Општина Вевчани од ВМРО-ДПМНЕ, Спасе Кочовски, вечерва прогласи победа. Во изјава за МИА изрази благодарност до сите вевчанци, за поддршката, но и мирниот, фер и демократски процес. -Победата ја добивме, останува да работиме и да ги релаизираме ветените проекти, да ја оправдаме довербата на вевчанци. Народот одлучи, а ние нема да го изневериме, рече Кочовски. Неговиот противкандидат од СДСМ и актуелен градоначалник Сашо Јанкоски му посака успешна работа, со порака општината секогаш да ја става пред се и над се. -Почитувани Вевчанци, ми беше огромна чест што претходниве четири години бев градоначалник и успешно ја водев Општина Вевчани. Ви благодарам на вашата несебична поддршка во изминативе години. Заедно зад нас оставаме многу реализирани проекти најмногу во историјата на општина Вевчани на кои ќе се гордееме и по кое ќе не памети Вевчани. Оставаме и многу подготвени проекти, кои треба во иднина да се реализираат, напиша Јанкоски на Фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/spase-kochovski-proglasi-pobeda-vo-vevchani/feed/ 0
Кочовски: Вевчанци веќе се определија за нова иднина, на 31-ви ќе ја завериме победата и заедно ќе ги донесеме промените https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vevchanci-vekje-se-opredelija-za-nova-idnina-na-31-vi-kje-ja-zaverime-pobedata-i-zaedno-kje-gi-doneseme-promenite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vevchanci-vekje-se-opredelija-za-nova-idnina-na-31-vi-kje-ja-zaverime-pobedata-i-zaedno-kje-gi-doneseme-promenite/#respond Sun, 24 Oct 2021 18:06:50 +0000 https://kurir.mk/?p=584720

На вечерашниот мини митинг во Вевчани, кандидатот за градоначалник Спасе Кочовски, истакна дека вевчанци веќе се определија за нова иднина, на 31-ви октомври ќе се завери победата на ВМРО-ДПМНЕ, а заедно со сите граѓани промени ќе се случат во Вевчани, но и во цела Македонија. Тој им посака успешен и продуктивен мандат на советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои се мнозинство во Советот на општина Вевчани, им се заблагодари на граѓаните за присуството и за нивната поддршка во првиот круг и рече дека вевчанци веќе се определиле за нова иднина. -Вевчанци избраа проекти и избраа промени, резултатите од првиот круг ми даваат за право со гордо крената глава да застанам пред вас и да ја побарам поддршката во вториот круг за да на 31-ви октомври се завери победата на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани, истакна Кочовски. Тој рече дека довербата од граѓаните не ја бара за власт, туку во него вевчанци секогаш ќе имаат партнер кој заедно со општинската администрација ќе одговори на сите предизвици кои ги носи новото време. -Вевчанци веќе избраа, новите промени ќе ги предводи ВМРО-ДПМНЕ и новите градоначалници кои ќе ги донесат промените во Македонија, заедно со граѓаните во општините без поделби меѓу луѓето, посочи Кочовски во обраќањето во Вевчани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vevchanci-vekje-se-opredelija-za-nova-idnina-na-31-vi-kje-ja-zaverime-pobedata-i-zaedno-kje-gi-doneseme-promenite/feed/ 0
Интервју со Спасе Кочовски: Ќе ја подобриме инфраструктурата за пристап до земјоделското земјиште и ќе ја збогатиме туристичката понуда во Вевчани https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/intervju-so-spase-kochovski-kje-ja-podobrime-infrastrukturata-za-pristap-do-zemjodelskoto-zemjishte-i-kje-ja-zbogatime-turistichkata-ponuda-vo-vevchani/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/intervju-so-spase-kochovski-kje-ja-podobrime-infrastrukturata-za-pristap-do-zemjodelskoto-zemjishte-i-kje-ja-zbogatime-turistichkata-ponuda-vo-vevchani/#respond Fri, 08 Oct 2021 10:23:28 +0000 https://kurir.mk/?p=575350

Колку проекти се планирани за вашата општина?

Нашата програма нуди голем број на проекти и решенија за Вевчани, односно 90 и сите проекти наведени во програмата се реални, остварливи и многу значајни за нашата општина. Многу од проектите ќе бидат решение на секојдневните проблеми на вевчанци, но, исто така има и многу проекти кои значајно ќе придонесат за развојот на Вевчани.

Затоа, во програмата се содржани проекти за развој на економијата, туризмот, културата, спортот, образованието, дигитализацијата, инфраструктурата и многу други проекти со кои во иднина ќе има вистински развој на општина Вевчани.

Колку и кои проекти ќе бидат први на листата за реализација во вашата општина?

Ние тимски ги анализиравме и разгледавме проблемите во нашата општина, така што издвоивме 12 проекти кои се од круцијално значење и кои ќе ни бидат приоритет за реализација.

Од голема важност за жителите на Вевчани е реконструкција (бетонирање) на главните канали за наводнување, но и подобрување на инфраструктурата за пристап до земјоделското земјиште, бидејќи нашата општина изобилува со обработлива почва на овој начин би се олесниле земјоделските активности, но, и би се зголемил интересот за земјоделство и производство на храна.

Следен проект со приоритет е донесување на нов урбанистички план, а негова цел е создавање на услови за изградба на нови домови, но, и за зголемување на локалниот економски развој на општината.

Вевчани е една од најпознатите и најатрактивни туристички места во Македонија, затоа равојот на туризмот мора да биде една од главните точки на кои ќе се работи во иднина. Развојот на оваа гранка мора да продолжи со активни и ефективни проекти преку вклучување на сите чинители на туристичката понуда заради нејзино надополнување и збогатување, а создавање на предулови за развој на активен туризам е еден од нашите приоритети. Со цел збогатување на туристичката понуда во нашите главни проекти е предвидена реконструкција на споменик на природата  „Вевчански извори“, како и уредување на излетничкото место „Јанков камен’’.

Во нашата општина годишно има неколку културни манифестации, затоа развојот на културата ни е многу значаен приоритет, за што се предвидува програма за финансирање на проекти од локален интерес во културата, целта на програмата е финансирање на проекти преку јавен конкурс, а општината е задолжена за обезбедување на средствата.

Со цел враќање на спортскиот дух во Вевчани максимално ќе работиме на развојот на спортот, преку изградба на повеќенаменско игралиште, развој на клупските спортови и училишниот спорт.

Новитет, и еден од главните проекти кои ќе се реализираат и е СИСТЕМ 48, што всушност е информатички систем преку кој граѓаните електронски ќе можат да пријават комунален проблем, а општината ќе има обврска во рок од 48 часа да одговори на примената пријава, така што овој систем ќе овозможи ефикасно решавање на проблемите од комунална природа, за кои е надлежна општината.

Бидејќи, приоритет на ВМРО-ДПМНЕ се ниски и рамни даноци, општина Вевчани нема да ги зголемува даноците, а со одлука на совет ќе ја намалиме висината на комуналната такса за користење на улиците за сите патнички возила.

Колку планирате да реализирате за време на 4 годишниот мандат?

Програмата која ја нудиме има за цел решавање на реалните проблеми и потреби на вевчанци, затоа сум уверен дека сите проекти содржани во програмата во целост ќе бидат реализирани во текот на наредните 4 години. Сепак, нашата цел е вистински развој на општината, така што во текот на работењето ќе се стремиме да вклучиме и оствариме и други проекти кои ќе придонесат за развојот на Вевчани.

Од кои начела ќе се водите при работата како градоначалник?

Мојот концепт е обединето Вевчани, и Вевчани за сите луѓе, без разлика на партискатаприпадност. Време е да покажеме дека градоначалничката функција никако не смее да биде политичка и да претставува извор на делби и поделби. Напротив, таа треба да се извршува професионално и еднакво за сите луѓе.

Оттука ветувам дека поделби по која било основа нема да има. Ќе го слушам секоја еден проблем на секој еден човек, и во рамките на надлежностите заеднички ќе го изнаоѓаме решението. Нема нерешлив проблем! Потребно е решавање на сите таканаречени „мали проблеми''. Потребно е решавање на сите реални проблеми за кои локалната самоуправа всушност и, постои. Ветувам дека во работењето секогаш ќе работам законски, независно, непристрасно, етички, одговорно и транспарентно, односно во ниту еден момент нема да бидат доведени во прашање интегритетот и угледот на општина Вевчани.

Време е да ја вратиме општината на граѓаните. Затоа ќе работиме на креирање средина во која граѓаните ќе бидат активно вкучени во процесот на донесување одлуки. Граѓаните ќе бидат главни двигатели на промените и локалниот развој.

Од Вевчани да направиме место каде што градоначалникот е во служба на секој граѓанин, а не власт. Заедно со општинската администрација, со Советот и со граѓаните посветено ќе работиме за надминување на предизвиците на новото време.

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/intervju-so-spase-kochovski-kje-ja-podobrime-infrastrukturata-za-pristap-do-zemjodelskoto-zemjishte-i-kje-ja-zbogatime-turistichkata-ponuda-vo-vevchani/feed/ 0
Кочовски: Ја барам довербата за модерно и развиено Вевчани, симбол на туризмот и новите проекти https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-ja-baram-doverbata-za-moderno-i-razvieno-vevchani-simbol-na-turizmot-i-novite-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-ja-baram-doverbata-za-moderno-i-razvieno-vevchani-simbol-na-turizmot-i-novite-proekti/#respond Tue, 28 Sep 2021 15:36:53 +0000 https://kurir.mk/?p=569511

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Спасе Кочовски, на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“, ја побара довербата на вевчанци и истакна дека новата администрација ќе биде соработник на сите граѓани, а новата иднина ќе донесе модерна општина со нови проекти, симбол на туризмот, општина во која ќе нема поделби, туку напредна општина. -Секој искрен вевчанец многу добро знае во што се претвори Вевчани, граѓаните очекуваа резултати, но не ги добија, Вевчани не е општина на солидарност, ниту пак е место кое говори со еден глас, го раскараа народот и го поделија, а сега бараат доверба да ја продолжат и старата пракса на неработење и аматеризам, бараат доверба за продолжување на непотизмот и афирмацијата на искривените вредности, власта се однесува кон ова место како кон нешто туѓо, но тука е крајот, доаѓа новата зона на чесноста посочи Кочовски. Кочоски истакна дека новата вевчанска администрација ќе им служи посветено на граѓаните, со секогаш отворена врата кон потребите на жителите, затоа што заврши времето на ваши и наши, време е за вистинска служба за граѓаните, за администрација која ќе биде соработник на сите граѓани. -Да бидеме обединети во љубовта кон Вевчани, за такво Вевчани сонувам и се обврзувам дека заедно со сите вас ќе го направиме токму тоа, ја барам вашата доверба за да ставиме крај на оваа тажна четири годишна животна епизода, да оставиме нови дела, нови проекти, да создадеме модерно и напредно Вевчани, за Вевчани без поделби, симбол на туризмот и културата, за Вевчани со можности за младите и услови за повозрасните, за развој и нова инфраструктура, рече Кочовски. Кочовски ја побара довербата од вевчанци затоа што како што рече верува во идејата која ја застапува, коалицијата на пристојните и посветени домаќини има сила да го извади Вевчани во провалијата во која власта го втурна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-ja-baram-doverbata-za-moderno-i-razvieno-vevchani-simbol-na-turizmot-i-novite-proekti/feed/ 0
Во црква за Крстовден: Кочовски ја започна предизборната кампања во Вевчани https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-crkva-za-krstovden-kochovski-ja-zapochna-predizbornata-kampanja-vo-vevchani/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-crkva-za-krstovden-kochovski-ja-zapochna-predizbornata-kampanja-vo-vevchani/#respond Mon, 27 Sep 2021 10:38:57 +0000 https://kurir.mk/?p=568821

Денес, на Воздвижение на Чесниот Крст - Крстовден започнува изборната кампања за локалните избори 2021 година. Нека ни е среќна, честита, чесна и успешна, истакнува кандидатот за градоначалник на општина Вевчани, Спасе Кочовски. „За победа! За многу години! Почитувани, во следниов период ќе следи јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и презентирање на програмата. Ќе ја побараме поддршката од Вас почитувани мои сограѓани вевчанци. Ние сме тимот кој гарантира создавање нова иднина за Вевчани преку промени - проекти и победи! Заокружете за број 7, порача тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-crkva-za-krstovden-kochovski-ja-zapochna-predizbornata-kampanja-vo-vevchani/feed/ 0
Кочовски: Вевчани стагнира четири години без ниту еден реализиран проект, ние имаме визија за Вевчани да стане поубава општина каде сите проблеми конечно ќе се решат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kochovski-vevchani-stagnira-chetiri-godini-bez-nitu-eden-realiziran-proekt-nie-imame-vizija-za-vevchani-da-stane-poubava-opshtina-kade-site-problemi-konechno-kje-se-reshat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kochovski-vevchani-stagnira-chetiri-godini-bez-nitu-eden-realiziran-proekt-nie-imame-vizija-za-vevchani-da-stane-poubava-opshtina-kade-site-problemi-konechno-kje-se-reshat/#respond Tue, 31 Aug 2021 10:46:09 +0000 https://kurir.mk/?p=557240

Четири години Вевчани стагнира, нема ниту еден реализиран проект, ниту проектите кои ВМРО-ДПМНЕ им ги отстапи, не можеа или не знаеја како да ги завршат, од ветениот базен нема ништо, 99 проценти од ветувањата се само празни зборови на хартија, реализацијата им е статистичка грешка. Локалната власт на чело со градоначалникот на Вевчани работи само за себе и за тесен круг околу нив, изјави на денешната прес конференција, Спасе Кочовски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Вевчани. Тој посочи дека има визија Вевчани да ја направи поубава општина, општина која што е добро поврзана со решени комунални проблеми, со предуслови за развој на активен туризам, изградба на велосипедски патеки низ падините на Јабланица, реконструкција и бетонирање на сите главни канали за наводнување во Вевчани, пробивање, чистење и тампонирање на сите полски патишта во атарот на Вевчани, директно финансиска поддршка од буџетот на Вевчани за василичарските друштва на Горно и Долно маало, изработка на сообраќајно решение на Вевчани, решавање на проблемот со паркинг местата. - Проблемите ќе ги решаваме заедно, ќе се борам за Вевчани, за вевчанци за подобро утро за сите. Време е за промени ! Време е за Македонија за сите луѓе, додаде Кочовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kochovski-vevchani-stagnira-chetiri-godini-bez-nitu-eden-realiziran-proekt-nie-imame-vizija-za-vevchani-da-stane-poubava-opshtina-kade-site-problemi-konechno-kje-se-reshat/feed/ 0