спасена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Feb 2023 09:27:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спасена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кинески тим во Турција извлече трудница под урнатините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-tim-vo-turtsija-izvleche-trudnitsa-pod-urnatinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-tim-vo-turtsija-izvleche-trudnitsa-pod-urnatinite/#respond Fri, 10 Feb 2023 09:27:01 +0000 https://kurir.mk/?p=798826

Кинески и локални спасувачки тимови синоќа извлекоа бремена жена затрупана под урнатините на зграда во јужниот турски град Антакија, три дена по катастрофалниот земјотрес што ја погоди таа земја и северна Сирија. Според Чајма Медиа Груп (China Media Group - CMG), 82-член кинески спасувачки тим, вклучително и специјалисти за потрага и спасување и медицински третман, се упати кон еден од најтешко погодените региони во Турција откако слетаа на меѓународниот аеродром во Адана во средата. „По пристигнувањето на местото на настанот, кинеските спасувачи веднаш им се придружија на нивните турски партнери во спроведувањето на планот за спасување и ја спасија жената“, изјави Жао Јанг, заменик лидер на кинескиот спасувачки тим. Тимот испратен од кинеската влада беше придружуван од неколку кинески цивилни тимови подготвени да се приклучат на меѓународните напори за спасување. Првата група од тимот на Blue Sky Rescue (BSR), професионална непрофитна организација за пребарување и спасување, пристигна во Турција во средата. Многумина од 50-члениот тим имаат меѓународно искуство за спасување.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-tim-vo-turtsija-izvleche-trudnitsa-pod-urnatinite/feed/ 0
Англија: Зоолошка градина спасена благодарение на донации https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anglija-zooloshka-gradina-spasena-blagodarenie-na-donacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anglija-zooloshka-gradina-spasena-blagodarenie-na-donacii/#respond Mon, 27 Apr 2020 10:51:06 +0000 https://kurir.mk/?p=337991

Зоолошката градина во округот Девон, во Англија, се спаси од затворање благодарение на огромниот прилив на добротворни прилози со кои месечниот буџет е обезбеден за само една ноќ. Националната зоолошка градина Дартмур претходно упати јавен повик за помош, откако приходите одеднаш секнаа поради пандемијата на коронавирусот. За да се грижи за 250-те животни, на градината ѝ се потребни 11.500 фунти неделно. Заменичката на директорот Корал Џоунс изјави дека уште утредента биле собрани 40.000 фунти. Тие пари се доволни за речиси четири недели, но иднината на зоолошката сѐ уште е неизвесна. – Поддршката е неверојатна. Има луѓе кои дарувале половина од својата плата одеднаш. Некои дадоа 50 фунти… Но, дури и десет или пет фунти во овој момент се голема помош, рече Џоунс. Поради пандемијата, зоолошката градина испрати две третини од вработените на принудно отсуство. Во неа останаа само 14 луѓе за да ги хранат животните. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anglija-zooloshka-gradina-spasena-blagodarenie-na-donacii/feed/ 0
Канческа – Милевска спасена со „ТНТ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kancheska-mileska-spasena-so-tnt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kancheska-mileska-spasena-so-tnt/#respond Mon, 20 Jan 2020 09:30:00 +0000 https://kurir.mk/?p=292146

Поради новото закажано рочиште за „ТНТ“, се одложи судењето за „Тендери” во кој првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Судијата Осман Шабани е дел од судечкиот совет во двата случаи, а рочиштата се закажани едно по друго, со половина час разлика. Следното судење е закажано за 24 февруари. И претходно, судењата за „Тендери” се одложуваа поради одржување на рочишта за други предмети. Случајот „Тендери“ се наоѓа во доказна постапка. Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот на ВМРО се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kancheska-mileska-spasena-so-tnt/feed/ 0