спасени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 16:00:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спасени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Спасени над 400 лица во невремето во Грција, двајца загинати и четворица исчезнати https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spaseni-nad-400-litsa-vo-nevremeto-vo-grtsija-dvajtsa-zaginati-i-chetvoritsa-ischeznati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spaseni-nad-400-litsa-vo-nevremeto-vo-grtsija-dvajtsa-zaginati-i-chetvoritsa-ischeznati/#respond Wed, 06 Sep 2023 16:00:07 +0000 https://kurir.mk/?p=875294

Во 172 спасувачки акции во деловите зафатени од поплавите во централна Грција, биле спасени 417 граѓани, додека пак четворица се сѐ уште исчезнати, соопшти министерот за цивилна заштита и климатска криза на Грција, Василис Кикиљас на денешната вонредна прес конференција за невремето „Даниел“ во кое досега две лица ги загубија животите, јави дописничката на МИА од Атина. Кикиљас ги повика граѓаните да ги следат препораките од надлежните и во следните 24 часа, а говореше за невреме од досега невидени размери, велејќи дека фразата „се отвори небото“, во конкретниот случај може буквално да се употреби. Тој истакна дека поради интензитетот и траењето на невремето притисокот бил голем, додаде дека се работи и на санирање на штетите во снабдувањето со вода и електрична енергија, додека пак дополнително ќе се евидентираат штетите на инфраструктурите, домовите и бизнисите. Метеорологот и потпретседател на Управниот одбор на Центарот за студии за управување со кризи во Генералниот секретаријат за цивилна заштита Димитрис Зиакопулос, на прес-конференцијата истакна дека кога во петокот ги видел прогнозите за вчерашниот ден, како што рече, се исплашил, бидејќи прв пат по децении во неговата кариера моделите давале такви податоци. Тој објасни дека според податоците од метеоролошките станици во планинскиот дел на областа Магнисиа, во период од 24 часа паднале од 600 до 800 милиметри дожд, што е огромна количина и за Грција, но и за повеќето региони во Европа. - Од 600 до 800 милиметри, за споредба, обично има на јужните падини на Алпите кога ги погодува топол медитерански воздух, објасни метеорологот додавајќи дека станува збор за појава без преседан и досега во Грција немало толкава количина на дожд од тогаш кога се води евиденција во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spaseni-nad-400-litsa-vo-nevremeto-vo-grtsija-dvajtsa-zaginati-i-chetvoritsa-ischeznati/feed/ 0
И после 300 часа, чуда продолжуваат да се случуваат во Турција: Од под урнатините извлечени три лица меѓу кои и дете https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-posle-300-chasa-chuda-prodolzhuvaat-da-se-sluchuvaat-vo-turtsija-od-pod-urnatinite-izvlecheni-tri-litsa-megu-koi-i-dete/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-posle-300-chasa-chuda-prodolzhuvaat-da-se-sluchuvaat-vo-turtsija-od-pod-urnatinite-izvlecheni-tri-litsa-megu-koi-i-dete/#respond Sat, 18 Feb 2023 10:49:08 +0000 https://kurir.mk/?p=802057

Три лица во Антакија се спасени откако поминале 296 часа под урнатините, јави турската новинска агенција Анадолија, додавајќи дека меѓу спасените има и дете. По спасувањето, спасувачките екипи ги предале повредените на медицинските служби, по што биле пренесени во болница. Според последните податоци, повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи многумина сè уште се водат за исчезнати. јт/ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-posle-300-chasa-chuda-prodolzhuvaat-da-se-sluchuvaat-vo-turtsija-od-pod-urnatinite-izvlecheni-tri-litsa-megu-koi-i-dete/feed/ 0
Мајка и тригодишниот син извлечени живи од под рушевините по 47 часа – среќата на лицето на момчето не се споредува со ништо на светот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majka-i-trigodishniot-sin-izvlecheni-zhivi-od-pod-rushevinite-po-47-chasa-srekata-na-litseto-na-momcheto-ne-se-sporeduva-so-nishto-na-svetot-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majka-i-trigodishniot-sin-izvlecheni-zhivi-od-pod-rushevinite-po-47-chasa-srekata-na-litseto-na-momcheto-ne-se-sporeduva-so-nishto-na-svetot-video/#respond Wed, 08 Feb 2023 08:31:43 +0000 https://kurir.mk/?p=797702

Мајката Фатма и синот Мухамед (3) се извлечени живи од под рушевините 47 часа по катастрофалниот земјотрес. На снимките кои ги објави новинската агенција IHA се гледа како пожарникарите го извлекуваат три годишниот Мухамед Таника и неговата 38 годишна мајка Фатма. Пожарникарите прво го извлекле момчето кое било во пижами, а потоа и неговата мајка, а потоа со комбе на Брза помош биле пренесени во болница. Спасувачката служба објави дека потрагата по преживеани ќе биде без прекин и истата ќе трае и денес, меѓутоа лошите временски услови ја отежнуваат потрагата по преживеани. Инаку досега во земјотресот загинаа над 8 илјади луѓе во двете земји, а потресот кој ги погоди Турција и Сирија беше со јачина од 7,8 степени по Рихтер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majka-i-trigodishniot-sin-izvlecheni-zhivi-od-pod-rushevinite-po-47-chasa-srekata-na-litseto-na-momcheto-ne-se-sporeduva-so-nishto-na-svetot-video/feed/ 0
Полјак спасил 260 напуштени миленици ширум Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poljak-spasil-260-napushteni-milenici-shirum-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poljak-spasil-260-napushteni-milenici-shirum-ukraina/#respond Tue, 22 Mar 2022 07:59:23 +0000 https://kurir.mk/?p=651135

Јакуб Котович е ветеринар од Полска кој за многумина стана херој оти патува ширум Украина и спасува животни најдени среде воените зони. Тој досега со три конвои спасил над 200 мачки и 60 кучиња од градот Лавов. Јакуб (32) веќе 15 години има и добротворна организација за спасување животни, наречена „Фондација АДА“, па сега ја користи за да ги спаси погодените и настраданите во војната. Тој се надева дека ќе купи уште едно возило и ќе формира прифатилиште за животни покрај склад за храна. Раскажа и како две мачки веќе стигнале кај своите семејства кои се вон Украина… – Сите домашни миленици се под голем стрес, патувањето од Лавов трае еден ден и границата ја минавме со дипломатска карта, но линијата од Украина беше многу долга, вели ветеринарот. Тој раскажа и како луѓето доаѓаат кај него прашувајќи дали успеал да ги спаси и нивните миленици? – Ние ги подготвуваме животните за процесот на посвојување. Понекогаш оние кои се во многу лоша состојба ќе бидат со нас два или три месеци, додава тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poljak-spasil-260-napushteni-milenici-shirum-ukraina/feed/ 0
Спасени седум од 22 кинески рудари кои се затрупани две недели https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-sedum-od-22-kineski-rudari-koi-se-zatrupani-dve-nedeli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-sedum-od-22-kineski-rudari-koi-se-zatrupani-dve-nedeli/#respond Sun, 24 Jan 2021 14:46:55 +0000 https://kurir.mk/?p=459205

Спасувачки екипи извлекоа седум кинески рудари на безбедно, откако две недели беа затрупани во рудникот по експлозијата која ги спречи да излезат, објави државната телевизија ККТВ. Се претпоставува дека уште најмалку четворица, од вкупно 22 рудара, се уште се живи во затрупаниот рудник за злато. На телевизиската видео снимка се гледа како утрово спасувачките екипи го извлекле првиот рудар, кој бил во „исклучително слаба физичка состојба“ и веднаш е пренесен в болница. Спасувачките екипи се борат со тешки услови за да им помогнат на работниците блокирани под земјата по експлозијата во рудникот, која се случи на 10 јануари во провинцијата Шандонг. Првпат пред една недела беше воспоставен контакт со 11 рудари, кои се затрупани околу 580 метри под земјата. Еден од нив бил тешко повреден во експлозијата и подоцна починал. Спасувачите им доставуваат храна, лекови и други потребни материјали преку неколку дупки кои се направени во карпите. Спуштени се и детектори во други делови на рудникот, во надеж дека ќе бидат пронајдени останатите затрупани рудари. Спасувачките екипи соопштија во петокот дека можеби ќе бидат потребни најмалку уште две недели за да бидат извлечени рударите на безбедно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-sedum-od-22-kineski-rudari-koi-se-zatrupani-dve-nedeli/feed/ 0
ЛОШИ ВЕСТИ: ДВАЈЦА МОРНАРИ СЕ УДАВИЛЕ – од потонатиот руски брод спасени се само 5 морнари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/loshi-vesti-dvajca-mornari-se-udavile-od-potonatiot-ruski-brod-spaseni-se-samo-5-mornari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/loshi-vesti-dvajca-mornari-se-udavile-od-potonatiot-ruski-brod-spaseni-se-samo-5-mornari/#respond Sun, 17 Jan 2021 15:15:49 +0000 https://kurir.mk/?p=456553

Гувернерот на Бартин, Синан Гунер, изјави дека од вкупно 13 члена на рускиот товарен брод, петмина се спасени а двајца морнари биле пронајдени мртви. Од руската Амбасада во Анкара за Тасс изјавија дека дипломатите работат на утврдување на судбината на екипажот, а причината за несреќата засега е непозната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/loshi-vesti-dvajca-mornari-se-udavile-od-potonatiot-ruski-brod-spaseni-se-samo-5-mornari/feed/ 0
Од пожар во Националната шума „Сиера“во Калифорнија спасени над 200 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-pozar-vo-nacionalnata-shuma-siera-vo-kalifornija-spaseni-nad-200-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-pozar-vo-nacionalnata-shuma-siera-vo-kalifornija-spaseni-nad-200-lica/#respond Mon, 07 Sep 2020 05:53:34 +0000 https://kurir.mk/?p=400043

Американските спасувачи со воени хеликоптери извлекле 207 лица кои останале заробени во камп во Националната шума „Сиера“, во Калифорнија, каде од петокот беснее шумски пожар. Американските медиуми ја цитираат калифорниската Канцеларија за итни служби која соопшти дека воените хеликоптери „Црн јастреб“ и „Чинук“ учествувале во акцијата за спасување, што почна во саботата вечерта. Најмалку две лица се тешко повредени, а 10-тина имаат полесни повреди. -Шумскиот пожар, што беснее во близина на езерото Шејвер, избувна во петокот, а до саботата попладне зафати површина од 145 квадратни километри и го загрози единствениот пат што води кон логорот Мамут, изјави портпаролот на националните шуми, Ден Тјун. Загрозени се најмалку 2.000 објекти во област на околу 467 километри северно од Лос Анџелес. Езерото Шејвер, на 56 километри од градот Фресно, е опкружено со густа шума и е популарна дестинација за пловење и риболов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-pozar-vo-nacionalnata-shuma-siera-vo-kalifornija-spaseni-nad-200-lica/feed/ 0
Спасени три волчиња https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/spaseni-tri-volchinja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/spaseni-tri-volchinja/#respond Mon, 22 Jun 2020 10:40:41 +0000 https://kurir.mk/?p=360790

Спасени три младенчиња волци од страна на Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, со помош на Државниот инспекторат за ловство. Оттаму велат дека среќата не може да се опише кога ќе се спаси живот, особено кога исходот на постапките е неизвесен до самиот крај и не зависи само од нас. – Уште повеќе затоа што станува збор за животот на диви животни, кои во Македонија се третираат како закана, опасност, нешто што смее и се поттикнува да се убие – велат од „Анима Мунди“. Од здружението изразија благодарност до инспекторите Зоран Вуиќ, Петар Џима и Ромео Саздановски од Државниот инспекторат за ловство, со чија помош биле спасени три младенчиња волци. – Потврдуваме дека волчињата се на сигурно. Волкот е богатство на нашите шуми и планини, совршенство на природата, интелигентно, храбро, верно животно кое гради силни социјални врски (живот го минува најчесто во моногамна врска со еден партнер, се грижи и до две години за своите младенчиња) и не е никаков штетник. Бараме итно да се укине таквиот срамен статус кој го има во Македонија, со кој како вид го доведовме до раб на истребување. Штетници не се волците туку оние кои ги гонат, деградираат нивните живеалишта, им упаѓаат во животната средина наоружани до заби и кои ги убиваат или одземаат нивните младенчиња од забава и за профит- велат од „Анима Мунди“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/spaseni-tri-volchinja/feed/ 0
Со строгите мерки во Европа се спасени 60.000 животи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-strogite-merki-vo-evropa-se-spaseni-60-000-zivoti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-strogite-merki-vo-evropa-se-spaseni-60-000-zivoti/#respond Sat, 04 Apr 2020 10:58:09 +0000 https://kurir.mk/?p=327191

Социјалното дистанцирање и зголемувањето на капацитетот на болниците е единственото нешто што може во овој момент да го направиме во борбата против коронавирусот, смета словенечкиот инфектолог Андреј Трампуж. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, Трампуж кој е раководител во инфективна болница во Берлин, смета дека со ригорозните мерки за изолација и подобрување на медицинските капацитети во Европа се спасени 60.000 животи. Во интервју за словенечкиот весник „Дело“, Трампуж истакна дека потенцијалната вакцина за коронавирусот можеме да ја очекуваме до крајот на годинава или на почетокот на следната. – Не можеме цела Европа да ја ставиме во карантин, но мора да го намалиме пренесувањето од човек на човек, а ограничувањата ќе мораат да се заоструваат се додека вирусот се шири, изјави Трампуж. Инфектологот смета дека во Италија веќе се гледа пикот на епидемијата и дека очевидни се показателите дека епидемијата таму се става под контрола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-strogite-merki-vo-evropa-se-spaseni-60-000-zivoti/feed/ 0
Албанија завиена во црно: Најмалку 13 загинати и 600 повредени во земјотресот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-zaviena-vo-crno-najmalku-13-zaginati-i-600-povredeni-vo-zemjotresot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-zaviena-vo-crno-najmalku-13-zaginati-i-600-povredeni-vo-zemjotresot/#respond Tue, 26 Nov 2019 11:50:47 +0000 https://kurir.mk/?p=269353

Во силниот земјотрес што утринава ја погоди Албанија, потврдена е смртта на најмалку 13 лица, од кои најмалку две се деца, јавија локалните медиуми. Балкан Веб посочува дека во земјотресот загинале 13 лица, од кои петмина во Туман – градот кој беше најсилно погоден од земјотресот. АТА јавува дека на најмалку 600 лица им била укажана лекарска помош во здравствените установи. Агенцијата, исто така, пренесе дека досега, од под урнатините се спасени најмалку 28 лица во Туман и Драч, но има и извештаи за значителен број на луѓе кои остануваат заробени во урнатините под остатоците од зградите во тие области. Епицентар на потресот е лоциран меѓу Драч и Тирана, на длабочина од десетина километри. По силниот земјотрес, следуваа уште неколку потреси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-zaviena-vo-crno-najmalku-13-zaginati-i-600-povredeni-vo-zemjotresot/feed/ 0