спасено момче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Feb 2023 16:33:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спасено момче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДВЕ МОМЧИЊА СПАСЕНИ ПО 261 ЧАС ПОД УРНАТИНИТЕ – на спасувачот му ја бакнуваше раката, а потоа не се надеваше на одговорот кој го доби од блискиот роднина (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-momchina-spaseni-po-261-chas-pod-urnatinite-na-spasuvachot-mu-ja-baknuvashe-rakata-a-potoa-ne-se-nadevashe-na-odgovorot-koj-go-dobi-od-bliskiot-rodnina-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-momchina-spaseni-po-261-chas-pod-urnatinite-na-spasuvachot-mu-ja-baknuvashe-rakata-a-potoa-ne-se-nadevashe-na-odgovorot-koj-go-dobi-od-bliskiot-rodnina-video/#respond Fri, 17 Feb 2023 16:33:06 +0000 https://kurir.mk/?p=801872

Додека спасувачите ги пребаруваа урнатините на болницата во Одабаси, провинцијата Хатај, тимовите открија дека две лица се уште се живи. Тие беа спасени 261 час по разорниот земјотрес што ја погоди Турција. Екипите стигнаа до Мустафа Авџи и Мехмет Али Сакироглу, кои беа затрупани под урнатините на болницата, јавуваат турските медиуми. Борејќи се со времето, спасувачите стигнале до двајцата по 261 час и ги спасувале еден по друг. Авџи по телефон разговарал со свој близок роднина на кој му кажал дека е жив, а на видеото се гледа како тој ја бакнува раката на спасувачот кој му го овозможил телефонскиот повик. Дали Назли излезе од под рушевините, прашува Авџи на видеото, а потоа доби одговор на кој не се надеваше. „Сите се добро“, му одговори роднината, двете момчиња се пренесени на лекување во болница.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-momchina-spaseni-po-261-chas-pod-urnatinite-na-spasuvachot-mu-ja-baknuvashe-rakata-a-potoa-ne-se-nadevashe-na-odgovorot-koj-go-dobi-od-bliskiot-rodnina-video/feed/ 0
ШЕСТГОДИШНО МОМЧЕ СПАСЕНО ВО ИНДОНЕЗИЈА: Цели два дена било заглавено во урнатините по земјотресот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shestgodishno-momche-spaseno-vo-indonezija-celi-dva-dena-bilo-zaglaveno-vo-urnatinite-po-zemjotresot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shestgodishno-momche-spaseno-vo-indonezija-celi-dva-dena-bilo-zaglaveno-vo-urnatinite-po-zemjotresot/#respond Wed, 23 Nov 2022 11:24:31 +0000 https://kurir.mk/?p=765324

Шестгодишно момче беше спасено од урнатините два дена по земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтер што ја погоди Западна Јава, при што загинаа најмалку 268 луѓе, изјави денеска пожарникар вклучен во спасувањето. – Момчето Азја утрово беше пронајдено живо под урнатините на куќа во селото Нагрек во областа Цианџур , околу 40 часа по земјотресот, изјави пожарникарот Аман Ријанто. „Тој сè уште дишеше. Му благодарам на Господ што беше жив, веднаш доби медицинска помош“, рече тој. Меѓу загинатите во земјотресот има и многу деца кои по училиштето посетувале часови по веронаука во џамиите, соопштија официјални лица. Според Националната агенција за управување со катастрофи, околу 150 лица во Цианџур се уште се водат како исчезнати. Повеќе од 1.000 луѓе се повредени, а 58.000 се раселени. Земјотресот предизвика лизгање на земјиштето кое затрупа куќи и луѓе. Повеќе од 2.300 згради и домови се оштетени во земјотресот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shestgodishno-momche-spaseno-vo-indonezija-celi-dva-dena-bilo-zaglaveno-vo-urnatinite-po-zemjotresot/feed/ 0
ОВОЈ ПРЕДМЕТ МУ ГО СПАСИЛ ЖИВОТОТ – 30 годишниот Иван успеал да преживее во водата само со помош на ова! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-predmet-mu-go-spasil-zivotot-30-godishniot-ivan-uspeal-da-prezivee-vo-vodata-samo-so-pomosh-na-ova-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-predmet-mu-go-spasil-zivotot-30-godishniot-ivan-uspeal-da-prezivee-vo-vodata-samo-so-pomosh-na-ova-video/#respond Sun, 10 Jul 2022 14:06:14 +0000 https://kurir.mk/?p=702868

30-годишниот Иван, еден од тројцата Македонци кои исчезнаа во Егејското море беше пречекан со аплауз штом стапна на копното. Како што пишува грчкиот весник „Прототема“, Иван бил пронајден жив и здрав околу 12.30 часот, и покрај тоа што околу 19 часа се борел со брановите во морската област во Посеиди на Халкидики. Младиот човек беше пречекан со овации од спасувачите и луѓето кои чекаа во брзата помош, додека во неколкуте зборови што ги кажа 30-годишникот напомена дека неговото спасување е најголемиот подарок за неговиот роденден. Неговиот татко и брат се нурнаа во неговите прегратки видно олеснети што сагата е завршена, а нивниот најдраг е здрав и здраав, пишува весникот. Како што 30-годишникот и’ рекол на градоначалничката на Касандра, Анастасија Чалкиа, која од првиот момент бeше на местото на настанот и’ го придружувaше до Здравствениот дом, тој успеал да преживее бидејќи пронашол топка која ветерот ја донел во морето, ја фатил и се држел за неа додека бродот не го забележал. „Многу сме среќни поради среќниот крај. Момчето е во добра здравствена состојба, прилично дехидрирано, но е добро“, изјави Чалкиа за protothema.gr. „Пред малку ми кажа дека успеал да преживее благодарение на топката што ја нашол во морето. Успеал да ја држи топката цели 19 часа. Тој е многу силно дете и е во добра форма, паметен и одлично се справуваше со себе“, нагласи таа. Младиот човек е многу среќен што успеал повторно да стапне на копно и се чини дека е во добра здравствена состојба и покрај неговата долга авантура. Тој, всушност, побарал од градоначалникот на Касандра да направат заедничка фотографија. Во исто време продолжува потрагата по третото момче од Македонија кое од вчера попладне се води како исчезнато во морската област во Посеиди, Халкидики. Од раните утрински часови на местото повторно се обиде да го лоцира хеликоптер на воздухопловните сили кој пред кратко време ја заврши истрагата, а упорно во моментов го бараат два брода на крајбрежната стража и пет приватни. Се започнало кога тројцата Македонци за време на роденденска забава на плажа вчера доцна попладне решиле да се нурнат во морето. Но, силниот ветер како и морските струи ги повлекле тројцата млади луѓе, така што тие не можеле да излезат на брегот и биле изгубени од видик од копно. Еден од тројцата членови на групата, на возраст од 25 години, уште вчера беше пронајден од брод и е безбеден, додека вториот беше лоциран денес, а по третиот се уште се трага. Некои од капачите на плажата сфатиле што се случило, но сето тоа се одвивало во неколку секунди и немале време да реагираат.Веднаш ги известиле надлежните и алармот бил вклучен за лоцирање на тројцата млади момчиња, пишува „Прототема“. Под координација на Единствениот координативен центар за пребарување и спасување, на местото на настанот пристигнале брод на крајбрежната стража, патролно возило, хеликоптер на воздухопловните сили, два приватни чамци и доброволци на грчкиот спасувачки тим и започнале со потрага по лицата. Претходно, вчера 25-годишникот бил пронајден жив со помош на сурфер кој нурнал во водата и го држел додека не пристигнал бродот на крајбрежната стража. Според информациите, здравјето на младиот човек кој бил спасен и пренесен во болница не е во опасност. „Местото е премногу опасно за тоа и локалното население никогаш не оди таму. Имаше многу бранови и ветер и во тој момент се спојуваат струите на двете мориња и тоа е многу опасно. Бранот ги зафати. Еден од групата беше пронајден со помош на сурфер кој влегол во морето да го бара и го држел додека бродот на крајбрежната стража не го одвел“, рече градоначалничката, нагласувајќи дека штом ќе падне темнината ќе биде многу тешко да се продолжи со потрагата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-predmet-mu-go-spasil-zivotot-30-godishniot-ivan-uspeal-da-prezivee-vo-vodata-samo-so-pomosh-na-ova-video/feed/ 0