спасовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Feb 2021 17:00:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спасовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мијалков сам се пријави во ЈО, а Спасовски се фали дека ангажманот на МВР и другите институции дадoa резултат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mijalkov-sam-se-prijavi-vo-jo-a-spasovski-se-fali-deka-angazmanot-na-mvr-i-drugite-institucii-dadoa-rezultat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mijalkov-sam-se-prijavi-vo-jo-a-spasovski-se-fali-deka-angazmanot-na-mvr-i-drugite-institucii-dadoa-rezultat/#respond Tue, 23 Feb 2021 16:57:27 +0000 https://kurir.mk/?p=472895

Откако претходно во Јавното обвиниотелство попладнево сам се појави обвинетиот Сашо Мијалков, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека тоа било благодарение на ангажманот на МВР и на другите институции. Целосната ангажираност и опсежност во потражните дејствија на МВР и другите институции и преземање на низа активности даде резултати. Денеска истакнав дека Мијалков е во земјава и дека очекувам успех за неколку часови, изјави за МИА министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по појавувањето на Сашо Мијалков пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал. Спасовски, претходно денеска на прес-конференција, изјави дека според сите досегашни проценки и анализи екс директорот на УБК, Сашо Мијалков се уште е во државата. – Според сите наши анализи и проценки сметаме дека сеуште е во државата и дека не ја напуштил Република Северна Македонија. Дејствијата за потрага се во тек. Ако ние знаеме каде е Мијалков, веројатно ќе беше во притвор во истиот момент, меѓутоа сите анализи и проценки кои ги правиме врз основа на потражните дејствија и информациите кои ги добиваме, наша увереност е дека е во државата, изјави Спасовски. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд. Мијалков кажа дека дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во излозација поради здравствени причини. Имал висока температура и симптоми на корона, а за ситуацијата што настанала околу него дознал утрово. Тој им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите што биле предизвикани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mijalkov-sam-se-prijavi-vo-jo-a-spasovski-se-fali-deka-angazmanot-na-mvr-i-drugite-institucii-dadoa-rezultat/feed/ 0
Маричиќ и Спасовски без НАТО сертификати – Едниот поради соработка со служби, а другиот поради корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichikj-i-spasovski-bez-nato-sertifikati-edniot-poradi-sorabotka-so-sluzbi-a-drugiot-poradi-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichikj-i-spasovski-bez-nato-sertifikati-edniot-poradi-sorabotka-so-sluzbi-a-drugiot-poradi-korupcija/#respond Sat, 13 Feb 2021 09:41:26 +0000 https://kurir.mk/?p=468163

НАТО алијансата без безбедносен сертификат остави и двајца министри од владата на Заев, а речиси и да нема човек од СДСМ и во владата на кој НАТО може да му додели ваков сертификат. Имено, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за правда Бојан Маричиќ се без НАТО сертификати. Се поставува прашањето од кои причини истите не можат да добијат таков сертификат. Дали кај едниот станува збор за корупција а другиот поради соработка со други служби? Ова прашање вчера го покрена потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој дирекно ги повика министрите Спасовски и Маричиќ да одговорат дали се без НАТО сертификат поради тоа што едниот имал соработка со странска служба, а другиот поради корупција. Во вчерашната изјава пред судот потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски околу не добивањето на НАТО сертификати за министрите Спасовски и Маричиќ истакна дека станува збор за голем скандал и истите треба да си поднесат оставка. -Мислам дека се работи за апсолутен скандал и минимум што треба да направат е да поднесат оставка еве една јавна провокација, јас не сакам да бидам досаден во изјави, значи една јавна провокација до двајцата дали едниот нема безбедносен сертификат заради соработка со служби кои што не се дел од НАТО алијансата вториот заради корупција, кажа Николоски. Инаку, НАТО веќе и врати на Шекеринска двајца претставници од Брисел. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека цела влада на Заев и нивните кадри се проблематични за НАТО, Спасовски и Маричиќ се едни во низата претставници на власта на Заев кои не добиле сертификат, НАТО веќе и врати на Шекеринска двајца претставници од Брисел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichikj-i-spasovski-bez-nato-sertifikati-edniot-poradi-sorabotka-so-sluzbi-a-drugiot-poradi-korupcija/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и Маричиќ да поднесат оставки, а владата да каже кои други функционери немаат НАТО безбедносен сертификат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-spasovski-i-marichikj-da-podnesat-ostavki-a-vladata-da-kaze-koi-drugi-funkcioneri-nemaat-nato-bezbednosen-sertifikat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-spasovski-i-marichikj-da-podnesat-ostavki-a-vladata-da-kaze-koi-drugi-funkcioneri-nemaat-nato-bezbednosen-sertifikat/#respond Fri, 12 Feb 2021 08:48:44 +0000 https://kurir.mk/?p=467678

Спасовски и Маричиќ признаа дека немаат НАТО безбедносни сертификати и тоа го криеле од јавноста, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Спасовски е министер за внатрешни работи, и самиот факт што нема НАТО безбедносен сертификат е опасност и за Македонија и за Алијансата. Што е тоа што спречува Спасовски да има сертификат? Дали големиот број криминални афери и корупциски скандали се причина за недовербата на НАТО? Маричиќ како министер за правда, и доаѓа во допир со безбедносно сензитивна материја исто така нема сертификат. Како ако Спасовски и Маричиќ не ги исполнуваат критериумите на НАТО, ги исполнуваат на Македонија? Спасовски и Маричиќ се опасност по државата. И треба да си поднесат оставки. Владата да каже кои други функционери немаат НАТО безбедносен сертификат, и зошто?, велат од ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-spasovski-i-marichikj-da-podnesat-ostavki-a-vladata-da-kaze-koi-drugi-funkcioneri-nemaat-nato-bezbednosen-sertifikat/feed/ 0
Двојните аршини на СДСМ, Спасовски и Заев – главна одлика на оваа власт без став и стратегија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojnite-arshini-na-sdsm-spasovski-i-zaev-glavna-odlika-na-ovaa-vlast-bez-stav-i-strategija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojnite-arshini-na-sdsm-spasovski-i-zaev-glavna-odlika-na-ovaa-vlast-bez-stav-i-strategija/#respond Mon, 18 Jan 2021 16:31:25 +0000 https://kurir.mk/?p=456877

Двојните стандарди на СДСМ веќе станаа суштински дел на нивната стратегијата на владеење. Зоран Заев и СДСМ како да имаат луѓе во државата кои им се мили бидејќи гласале за нив или ги поддржуваат и оние другите кои не ги поддржуваат па, не им прават ќеиф и затоа не им се мили. Па според тие аршини, некои лица можат да добијат прекршочна или кривична пријава, додека други лица кои сториле исто такво дело да не добијат ни укор. Променливите ставови на власта во однос на повеќе случаеви во кои СДСМ еднаш се залага за една работа, а потоа ги менува ставовите е и за добивање на политички бенефиции. Таков беше случајот со изборите во Штип кога се славеше со групирања, во време кога Македонија рушеше црни рекорди во починати и новозаболени лица со коронавирусот, додека обичните граѓани се казнуваат доколку бидат повеќе од четворица. Што значи дека на симпатизерите и членовите на СДСМ закон не им може ништо. Истото се случи и во Орман кога Зоран Заев и Оливер Спасовски удрија по граѓаните кои присуствуваа на традиционалниот бадникарски оган, покажувајќи сила на обичен народ. -Замислете беа брутално и насилно апсени граѓани од селото Орман на бадникарски оган, а кога функционерите на СДСМ славеа во Штип пред неколку дена, со оркестри, со софри, без дистанци и без маски немаше никаква реакција на институциите, реагираше на прес конференција од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста ги виде двојните аршини на СДСМ и Зоран Заев и кога властите не преземаа ништо во врска со дивеењето во Македонскиот народен театар кога навивачката група „Шверцери“ прославуваше 30 годишнина од своето постоење. Заев тогаш потврди дека навивачката група на фудбалскиот клуб Шкупи направила штета од речиси 4 илјади евра во театарот каде наместо културни настани се случуваше буквално хулиганство. Од друга страна пак како пример за „Насилството во Центар“ за скршен прозорец судот со години малтретира обвинети луѓе, а дел од нив имаат и здравствени проблеми. Јавноста беше фрапирана од случајот кога вработена во МТСП, која доби отказ, поради политички став на фејсбук. Но, никаде ја нема одговорноста и професионалната администрација на Град Скопје да го казни Влатко Васиљ, кој во работно време наместо да си ја работи работата за која е платен од парите на граѓаните пишува на фејсбук. И додека едни се шиканираат и бркаат од работа други се наградуваат и добиваат повластици. Двојните аршини и лицемерието на СДСМ се покажаа на дело и во периодот кога се формираше техничката влада. Иако стануваше збор за привремена влада со рок на траење од само стотина дена, СДСМ веднаш реагираше на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, технички министер за внатрешни работи да биде армиски офицер Драган Ковачки. Сепак, министерката Дескоска не реагираше за истиот принцип при именувањето на заменикот на Радмила Шекеринска во министерството за одбрана, Беким Максути, кој пред да стапи на функција бил потполковник. Двојните стандарди на СДСМ јавноста ги виде на дело и кога нападот врз новинарот Љупче Златев тежеше помалку од нападот врз новинарката Милка Смилевска. На протест кој беше организиран од ВМРО-ДПМНЕ, против поскапувањето на електричната енергија, беше турнат микрофонот на новинарката Милка Смилевска од Ал Џезира, случај за кој веднаш реагираше МВР и го приведе напаѓачот. Но, кога беше нападнат и новинарот Љупче Златев кој важи за критички настроен кон власта, СДСМ тогаш не се јави со осуда. Последното нешто што ја згрози јавноста е немилиот настан на Вевчанскиот карневал, на кој Заев и Спасовски уште рано наутро ја испратија ЕБР за да разбијат било какво групирање на граѓани, наводно да не дојде до ширење на коронавирусот. Додека пак, следниот ден во ски-центарот Нижеполе вриеше луѓе како во кошница и ретко кој од скијачите носеше заштитна маска но, полицијата на Спасовски не реагираше, иако тоа може да претставува потенцијален кластер кој потоа ќе се рашири кон повеќе градови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojnite-arshini-na-sdsm-spasovski-i-zaev-glavna-odlika-na-ovaa-vlast-bez-stav-i-strategija/feed/ 0
Двојните аршини на МВР и Спасовски: За бадникарски оган на отворено завршија во притвор, додека за струмичкото криминално подземје блиско до власта законите не важат! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojnite-arshini-na-mvr-i-spasovski-za-badnikarski-ogan-na-otvoreno-zavrshija-vo-pritvor-dodeka-za-strumichkoto-kriminalno-podzemje-blisko-do-vlasta-zakonite-ne-vazat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojnite-arshini-na-mvr-i-spasovski-za-badnikarski-ogan-na-otvoreno-zavrshija-vo-pritvor-dodeka-za-strumichkoto-kriminalno-podzemje-blisko-do-vlasta-zakonite-ne-vazat/#respond Wed, 06 Jan 2021 15:38:38 +0000 https://kurir.mk/?p=452454

МВРи министерот Оливер Спасовски постапуваат селективно и законот не го спроведуваат подеднакво кон сите! Доказ за тоа е настанот со Бадникарскиот оган во Орман и од друга страна струмичкото криминално подземје, блиско до власта на СДСМ во праваи прослава во затворен простор и со многу поголем број на лица од дозволеното, притоа целата прослава со часови пренесувајќи ја во живо на социјалната мрежа на Фејсбук, а од полицијата до сега нема никаква реакција. Од ваквото однесување на надлежните и МВР може да се заклучи дека во Македонија системот не функционира, а законите не важат подеднакво за сите. Инаку претходно МВР не реагрираше ниту на групниот собир на функционерите на ДУИ, кои без маски и социјална дистанца во новата зграда на министерството за политички прашања го прославија роденденот на лидерот на ДУИ Али Ахмети. -Еве како по ковид правила слави струмичкото подземје на чело со Драган и Лазо Котуровиќи (Лазо Д'лгио), е насловено видеото објавено на Твитер. -За целата програма појдете на fb профилот Dragan Koturovik каде вчера live се пуштаа видеа со саати Се прашувам дали Оливер отишол да ја растури журката и да ги уапси?, стои во коментарот под видеото објавено на социјалната мрежа на Твитер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojnite-arshini-na-mvr-i-spasovski-za-badnikarski-ogan-na-otvoreno-zavrshija-vo-pritvor-dodeka-za-strumichkoto-kriminalno-podzemje-blisko-do-vlasta-zakonite-ne-vazat/feed/ 0
Полицискиот синдикат го обвинија Спасовски за незаконско прераспоредување на нивниот претседател: До работа ќе треба да патува 110 километри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policiskiot-sindikat-go-obvinija-spasovski-za-nezakonsko-prerasporeduvanje-na-nivniot-pretsedatel-do-rabota-kje-treba-da-patuva-110-kilometri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policiskiot-sindikat-go-obvinija-spasovski-za-nezakonsko-prerasporeduvanje-na-nivniot-pretsedatel-do-rabota-kje-treba-da-patuva-110-kilometri/#respond Tue, 01 Dec 2020 14:15:26 +0000 https://kurir.mk/?p=436984

Од Синдикатот на полиција во Македонија денеска го обвинија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека пред неколку дена надвор од сите процедури во МВР и спротивно на сите правила од законите за работни односи и за внатрешни работи, како и од Колективнито договор на МВР, како што велат тие, претседателот на Синдикатот на полиција во Македонија Орце Коцевски е распореден надвор од местото на живеење, со што секојдневно ќе мора да патува 110 километри до работното место. Целата постапка за негово распоредување и потпишување на незаконското решение за распоредување, велат од Синдикатот, е изготвено и потпишано лично од министерот и активирано. Појаснуваат дека сето тоа се случило во време кога министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски користел отсуство од работа поради болест. – Толку ли и Ви смета Синдикатот, кој вистински се бори за подобрување на правата на вработените во МВР. Ние за разлика од другите не се шетаме со вас, затоа ли не сме ви подобни и ја кажуваме вистината дека во МВР не тече мед и млеко, изјавија денеска од Синдикатот на полиција во Македонија. Според нив, не престануваат притисоците врз синдикалното полициско движење во МВР и се демонстрира уште поголема сила и незаконски распоредувања. Од Синдикатот на полиција денеска межу другото истакнаа дека на почетокот покажале високо ниво на толеранција и почит како професионалци кон актуелното раководство во исчекување дека навистина ќе се почувствуваат промените кои биле најавувани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policiskiot-sindikat-go-obvinija-spasovski-za-nezakonsko-prerasporeduvanje-na-nivniot-pretsedatel-do-rabota-kje-treba-da-patuva-110-kilometri/feed/ 0
Буџетот е празен, МВР на Заев и Спасовски удри со масовни казни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/budzetot-e-prazen-mvr-na-zaev-i-spasovski-udri-so-masovni-kazni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/budzetot-e-prazen-mvr-na-zaev-i-spasovski-udri-so-masovni-kazni/#respond Sun, 11 Oct 2020 10:54:52 +0000 https://kurir.mk/?p=415037

Поради празниот буџет, дознаваме дека во овој период во државата масовно ќе се зголемува казнувањето на граѓаните, особено од МВР, УЈП и неколку инспекторати. Неофицијано, одредени институции веќе добиле дневна “норма” на казни кои треба да се изречат на граѓаните за да се пополни празниот буџет на министрите на Заев. Пример за тоа стотици и стотици казни од МВР изречени деновиве низ цела Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/budzetot-e-prazen-mvr-na-zaev-i-spasovski-udri-so-masovni-kazni/feed/ 0
Тивкиот Спасовки во посета на Бучен Козјак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tivkiot-spasovki-vo-poseta-na-buchen-kozjak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tivkiot-spasovki-vo-poseta-na-buchen-kozjak/#respond Tue, 30 Jun 2020 09:43:54 +0000 https://kurir.mk/?p=365679

Носителот на кандидатската листа во втората изборна единица Оливер Спасовски денеска заедно со кандидатката за пратеничката Лидија Тасевска ја посети кумановската компанија Бучен Козјак, што произведува млечни производи.
-Континуитетот во работењето и долгогодишното постоење е она по кое се истакнуваат и за кое се наградени, како со многубројни признанија од релевантни институции, така и со довербата од граѓаните. Продолжуваме да креираме услови за напредок на нашите компании, за модернизација на процесите, за зголемена продуктивност и конкурентност, сѐ со цел трансформација на новата македонска развојна економија, објави Спасовски на Фејсбук.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tivkiot-spasovki-vo-poseta-na-buchen-kozjak/feed/ 0
На ден со 7 починати и 125 заразени: Владата на Спасовски си распиша избори на 5-ти јули?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-den-so-7-pochinati-i-125-zarazeni-vladata-na-spasovski-si-raspisha-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-den-so-7-pochinati-i-125-zarazeni-vladata-na-spasovski-si-raspisha-izbori/#respond Wed, 10 Jun 2020 19:30:33 +0000 https://kurir.mk/?p=356327

За само 25 дена, среде најголемиот досегашен наплив на коронавирусот, Македонија треба да оди на избори. Кон ова води најновата насилничка одлука на владата на техничкиот премиер Спасовски, кој очигледно ги исполнува некрофилските желби на својот лидер Зоран Заев. Звучи морбидно и без никаква почит кон огромниот број луѓе кои денеска ги загубија животите, но на ден со дури 7 починати и 125 заразени од само 1027 тестирани, т.е. одгромни 12.25% заразени од тестираните, Спасовски и неговата влада, со исклучок на Чулев носи одредба со која на 5.јули 2020.година се оди на избори?! Во штурото соопштение од Илинденска бр. 2 се вели: На денешната седница Владата усвои дополнување на уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес со која се задолжува МВР во рок од еден ден да ги достави листите на државјани кои поднеле барање за издавање на нова лична карта или пасош како и листата на државјани кои ќе направат 18 години до денот на изборите или 22 дена по завршувањето на вонредната состојба. За оваа одлука гласале сите членови на владата со исклучок на техничкот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Со оваа одлука ДИК се задолжува да ги преземе сите неопходни активности за подготовка на изборниот процес согласно изборниот законик. Со истата одлука министерството за здравство се задолжува да ги обезбеди сите неопходни средства за заштита за членовите на избирачките тела. Доколку вонредната состојба не биде продолжена по нејзиното истекување, согласно 0ваа одлука изборите ќе се одржат на 5 јули.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-den-so-7-pochinati-i-125-zarazeni-vladata-na-spasovski-si-raspisha-izbori/feed/ 0
Чулев: Спасовски и неговите послушници во МВР никако да се издигнат над партиските интереси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-spasovski-i-negovite-poslushnici-vo-mvr-nikako-da-se-izdignat-nad-partiskite-interesi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-spasovski-i-negovite-poslushnici-vo-mvr-nikako-da-se-izdignat-nad-partiskite-interesi/#respond Mon, 01 Jun 2020 14:21:17 +0000 https://kurir.mk/?p=352447

Владата од една страна секојдневно ме обвинува дека сум виновен за нејзините неуспеси поврзани со ширење на коронавирусот, а од друга страна и во ваква состојба Оливер Спасовски и неговите послушници во Министерството за внатрешни не успеваат да се издигнат над партиските интереси, а со цел заштита на здравјето и животот на граѓаните, реагира министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. ✔️ Имено, во услови на пандемија и прогласена вонредна состојба Владата со заклучок го задолжува Министерството за внатрешни работи да ги стопира огласите со кои се пополнуваат дел од испразнетите работни места. Политиката и партиските интереси повторно се поважни од здравјето и животот на граѓаните, а со ова Владата предводена од Оливер Спасовски уште еднаш го потврдува тоа. ✔️ И покрај фактот што ДКСК и Управниот суд донесоа одлука и пресуда со која се поништи одлуката на владата за поништување на решенија за распоредување донесени од моја страна и ја потврдија законитоста на моето постапување, владата и понатаму продолжува спротивно на законот да се меша во работењето на министерството за внатрешни работи и да го опструира нормалното функционирање, со што крајно негативно влијае врз неговата ефикасност. ?️ Би сакал да потенцирам дека согласно законот за организација и работа на органите на државната управа со министерствата раководи министер и од тие причини ваквата постапка на владата претставува грубо мешање во работата на Министерството за внатрешни работи. И покрај ваквите непринципиелни и незаконски притисоци и понатаму ќе постапувам во согласност со законите и штитејќи го интересот на граѓаните. ❗ Во интерес на законите потребно е вработените на Министерството за внатрешни работи да постапуваат исклучиво во согласност со позитивните законски прописи. Апелирам на доследно и целосно почитување на овој неопходен принцип при секојдневното управување, раководење и извршување на работните задачи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-spasovski-i-negovite-poslushnici-vo-mvr-nikako-da-se-izdignat-nad-partiskite-interesi/feed/ 0