спасувачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Feb 2023 06:57:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спасувачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мечка ги нападнала спасувачи кои трагаат по загубено девојче во БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mechka-gi-napadnala-spasuvachi-koi-tragaat-po-zagubeno-devojche-vo-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mechka-gi-napadnala-spasuvachi-koi-tragaat-po-zagubeno-devojche-vo-bih/#respond Wed, 22 Feb 2023 06:57:37 +0000 https://kurir.mk/?p=803433

Членови на Планинарската спасувачка служба Горњи Вакуф – ловџии и мештани веќе втор ден трагаат по 15-годишната Е.Р. која исчезна вчера во попладневните часови во областа Бистричка Рика во Босна и Херцеговина. Потрагата траела до доцна синоќа, а вчера наутро продолжила пришто влучени биле десетина лица. Според информациите на локалниот портал GornjiVakuf.com, групата била нападната од мечка додека го пребарувала теренот, но за среќа нема повредени. Девојчето последен пат било видено завчера околу 14:30 часот на патот Горњи Вакуф – Нови Травник, а претходно влегло во продавница од каде купило сок. Таа носела црна јакна, црвен ранец, црни панталони и бели патики. Станува збор за девоче со тешкотии во развојот. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Централниот босански кантон Хасан Хоџиќ изјави дека полицијата е запознаена со исчезнувањето на девојчето и ги презема сите мерки за нејзино пронаоѓање.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mechka-gi-napadnala-spasuvachi-koi-tragaat-po-zagubeno-devojche-vo-bih/feed/ 0
ГНЕВОТ РАСТЕ, БУРНИ СЦЕНИ: И германските спасувачи од безбедносни причини привремено ги запираат своите операции во Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gnevot-raste-burni-stseni-i-germanskite-spasuvachi-od-bezbednosni-prichini-privremeno-gi-zapiraat-svoite-operatsii-vo-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gnevot-raste-burni-stseni-i-germanskite-spasuvachi-od-bezbednosni-prichini-privremeno-gi-zapiraat-svoite-operatsii-vo-turtsija/#respond Sat, 11 Feb 2023 15:45:16 +0000 https://kurir.mk/?p=799311

Германската Федерална служба за техничка помош (германска служба за итни случаи) и германскиот огранок на хуманитарната организација Меѓународна советодавна група за пребарување и спасување (ИСАР) привремено ги прекинуваат спасувачките операции во турскиот округ Хатај погоден од земјотресот од безбедносни причини, јави ДПА. Безбедносната ситуација во јужната област Хатај се влоши во последните часови, соопштија денеска организациите. Екипите за пребарување и спасување моментално престојуваат во заедничкиот камп во градот Карахан. Доколку има конкретни докази дека некој може да биде спасен жив, тие ќе одат на местото, изјави за ДПА портпаролот на Федералната служба за техничка помош. Службата и ИСАР ја припишуваат тензичната ситуација, меѓу другото, на „недостигот од храна и проблеми со снабдувањето со вода во зоната на земјотресот“. -Се гледа дека тагата полека го отстапува местото на гневот, рече Стивен Баер, шеф на операции во ИСАР. Портпаролот во седиштето на Федералната служба за техничка помош во Бон соопшти за „бурни сцени“ и додаде дека мора да се земе предвид безбедноста на волонтерите. Претходно, војници од спасувачкиот тим на австриската армија, исто така, привремено ги прекинаа операциите во јужната турска провинција Хатај.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gnevot-raste-burni-stseni-i-germanskite-spasuvachi-od-bezbednosni-prichini-privremeno-gi-zapiraat-svoite-operatsii-vo-turtsija/feed/ 0
Владата на Црна Гора испраќа тим спасувачи во Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vladata-na-tsrna-gora-ispraka-tim-spasuvachi-vo-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vladata-na-tsrna-gora-ispraka-tim-spasuvachi-vo-turtsija/#respond Mon, 06 Feb 2023 19:33:44 +0000 https://kurir.mk/?p=796962

Владата на Црна Гора денеска одлучи да испрати спасувачи во Турција за да помогнат во потрагата по затрупаните во урнатините по разорниот земјотрес што го погоди југот на таа земја, но не го прифати барањето за испраќање тим од лекари и помошен медицински персонал. Како што соопштија од Владата на Црна Гора, Турција испратила барање за помош, преку Механизмот за цивилна заштита на Унијата, НАТО и ОН, заради спасување на населението по земјотресот што ја погоди оваа земја. Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, во соработка со општинските служби за заштита и спасување, подготви тим за потрага и спасување од урнатините - light USAR, во кој се вклучени 18 пожарникари-спасувачи и петмина членови на Дирекцијата за заштита и спасување. се наведува во соопштението. Од Владата додаваат дека, согласно барањето на Турција, го информирале Министерството за здравство за потребата од подготовка и испраќање медицински тимови, но добиле информација дека не можат да испратат лекари и помошен медицински персонал како помош. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vladata-na-tsrna-gora-ispraka-tim-spasuvachi-vo-turtsija/feed/ 0
Петмина спасувачи од Битола во тимот за спасување кој заминува за Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petmina-spasuvachi-od-bitola-vo-timot-za-spasuvane-koj-zaminuva-za-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petmina-spasuvachi-od-bitola-vo-timot-za-spasuvane-koj-zaminuva-za-turtsija/#respond Mon, 06 Feb 2023 18:49:06 +0000 https://kurir.mk/?p=796943

Битола испрати тимови од спасувачи за помош на настраданите во земјотресот во Турција. Општината Битола соопшти дека тимот за брз одговор за спасување од планина и високи објекти од Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола, со 5 членови ќе биде дел од УСР единицата и веќе заминуваат во подрачјето погодено од земјотресот, а доколку се појави потреба, во целосна подготвеност за интервенција се и високопрофесионалните екипи на ТППЕ Битола кои се обучени за спасување од урнатини и земјотреси. „Хуманоста, солидарноста и одговорноста во ваквите мигови е неопходна. Подготвени сме да бидеме поддршка на луѓето кои во моментот се соочуваат со големи човечки и материјални загуби“, стои во соопштението од општина Битола.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petmina-spasuvachi-od-bitola-vo-timot-za-spasuvane-koj-zaminuva-za-turtsija/feed/ 0
Ова лето на албанското крајбрежје се удавиле 11 лица, има недостиг на спасувачи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ova-leto-na-albanskoto-krajbrezje-se-udavile-11-lica-ima-nedostig-na-spasuvachi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ova-leto-na-albanskoto-krajbrezje-se-udavile-11-lica-ima-nedostig-na-spasuvachi/#respond Tue, 19 Jul 2022 08:45:44 +0000 https://kurir.mk/?p=707270

Единаесет лица се удавија оваа летна сезона на албанското крајбрежје, кое страда од недостиг на спасувачи, објави информативниот сајт „Егзит“. На повеќето плажи во Албанија нема спасувачи или има минимален број на луѓе кои ги набљудуваат туристите, посочува „Егзит“. Ова е проблем веќе неколку години. Во 2014 година, Националната крајбрежна агенција обучи 41 студент по спорт како сертифицирани спасувачи, но тие никогаш не беа распоредени. Летото 2021 година, најмалку четири лица се удавија додека пливаа долж албанскиот брег. Претходните години беа забележани повеќе несреќни случаи во текот на целата сезона. – Според одлука на владата, секое правно лице кое има концесија на површина на плажа мора да обезбеди спасител и набљудувачка кула, но тоа не се спроведува, посочуваат од „Егзит“. Роберт Нечаи, потпретседател на Албанската федерација на спасувачи, рече дека многу од смртните случаи можеле да се избегнат доколку имало спасувачи на соодветните плажи. Последен ваков случај беше минатата недела кога се удави 19- годишно момче во обид да ги спаси помалиот брат(15) и неговиот другар. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ova-leto-na-albanskoto-krajbrezje-se-udavile-11-lica-ima-nedostig-na-spasuvachi/feed/ 0
Центар за противпожарна обука и спасување по светски стандарди наменски организиран, современо опремен и спремен за користење (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centar-za-protivpozarna-obuka-i-spasuvanje-po-svetski-standardi-namenski-organiziran-sovremeno-opremen-i-spremen-za-koristenje-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centar-za-protivpozarna-obuka-i-spasuvanje-po-svetski-standardi-namenski-organiziran-sovremeno-opremen-i-spremen-za-koristenje-video/#respond Tue, 14 Sep 2021 19:38:35 +0000 https://kurir.mk/?p=563721

По повеќемесечни подготовки и финансиски вложувања, македонската компанија „КОУЗОН“ го претстави пред јавноста првиот наменски организиран полигон и едукативен центар за обука на пожарникари – спасители, обуки за сите видови на противпожарна заштита и поморски сертификати. Тренинг центарот е на површина од 5.100 m2, лоциран во кругот на поранешниот Хемиски комбинат „ОХИС“ во Скопје и ги има сите услови да биде средиште на сите идни обуки на македонските професионални пожарникари - спасители, но и на доброволните пожарникари, тимови за заштита и справување со шумските пожари. Според најавите, на полигонот на овој тренинг центар планирано е да се изведуваат обуки за извлекување на лица од тешки сообраќани несреќи, обуки за прва помош и спасување во случај на масовни несреќи и обуки за спасување од поплави.
„Концептот за функционирање на вакви тренинг центри е развиен во државите на ЕУ и светот. Нашата иницијатива е во склоп на еден дел од активностите на фирмата и интернационалните проекти каде испраќаме на работни проекти македонски пожарникари што ги обучуваме во соработка со партнерите од Англија“ - изјави Зоран Кочоски, менаџер на „Коузон“.
Во периодов што следува, „Коузон“ планира да инвестира средства во купување на противпожарно навално возило, но и неколку АТВ-возила со противпожарна опрема за брза интервенција за гасење на шумски пожари и современа опрема за извлекување и спасување од елементарни непогоди.
„Имаме иницијатива до државните институции кои се дел од системот за заштита и спасување да го ставиме на располагање нашиот тренинг центар на нивно располагање и по примерот на јавно-приватно партнерство да работиме на заеднички проекти за развивање на системот за превенција и спасување од пожарни и други природни катастрофи“ изјавува Кочоски.
Специфика на работењето на фирмата „КОУЗОН“ е тоа што е лидер во цела Источна Европа во областа на вработувањата на бродските Cruises компании, а од 2014 година во соработка со Интернационалната компанија FIRE AID од Англија, станаа и водечка светка компанија која времено вработува македонски пожарникари на проекти ширум светот. Преку овие проекти „Коузон“ има ангажирано повеќе од 340 македонски пожарникари и активно работи на процесот на заживување на доброволното пожарникарство во Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centar-za-protivpozarna-obuka-i-spasuvanje-po-svetski-standardi-namenski-organiziran-sovremeno-opremen-i-spremen-za-koristenje-video/feed/ 0
Објавена снимка од трагедијата во Претор: Спасувачи се обидуваат да го пронајдат телото и извлечат од водите (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/objavena-snimka-od-tragedijata-vo-pretor-spasuvachi-se-obiduvaat-da-go-pronajdat-teloto-i-izvlechat-od-vodite-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/objavena-snimka-od-tragedijata-vo-pretor-spasuvachi-se-obiduvaat-da-go-pronajdat-teloto-i-izvlechat-od-vodite-video/#respond Sun, 02 Aug 2020 21:17:20 +0000 https://kurir.mk/?p=385322

Младо момче се удавило попладнево во Преспанското езеро, во Претор. „Во 18:18 часот во ПС-Ресен, од ИМП било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И. М. (2004) од Ресен. На лице место се упатени Служби“, информира МВР. Неофицијално до инцидентот дошло откако три лица се возеле на педалинка, и од непознати причини во еден момент педалинката се превртела. Две момчиња излегле на површината, додека едното не излегло од водата. Според последните информации на ТВ21, момчето се уште не е најдено, а во потрагата се приклучиле и нуркачи од Охрид. Порталот „Центар“ објави и видео каде што спасувачите се обидуваат да го пронајдат телото и да го извлечат од водите на езерото. ВИДЕО: centar.mk ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/objavena-snimka-od-tragedijata-vo-pretor-spasuvachi-se-obiduvaat-da-go-pronajdat-teloto-i-izvlechat-od-vodite-video/feed/ 0
Спасувачите објавија детали од пештерата: Ние не сме херои https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spasuvachite-objavija-detali-od-peshterata-nie-ne-sme-heroi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spasuvachite-objavija-detali-od-peshterata-nie-ne-sme-heroi/#respond Wed, 11 Jul 2018 20:35:39 +0000 https://kurir.mk/?p=75799

Водачот на акцијата за спасување на децата и фудбалскиот тренер од пештерата на Тајланд, Арпакон Јуконгкаев за Би-Би-Си зборуваше за повеќедневната акција. Тренерот и 12. деца поминаа 18 дена без храна и светлина во пештерата која беше поплавена од монсунски дожд. Сите се спасени, а Јуконгкаев вели дека голема заслуга за тоа има самиот 25-годишен тренер. -Среќен сум и верувам дека и народот на Тајланд е исто така среќен. Од првиот ден од кога дознавме дека се заглавени и кога нашата единица беше одредена за спасувачката мисија, имавме неколку препреки зашто нивото на водата постојано растеше. Не мислевме дека мисијата ќе биде успешна. Имавме малку надеж дека тие можеби се уште се живи, моравме да продолжиме понатаму, вели тој. Според него, на крајот зрното надеж стана реалност. -Морам да кажам дека се помина добро, сите се во добра состојба. Колку слушнав, користеле камења за да копаат тунел каде што би им било потопло. Она што знам е дека тренерот бил монах, така што знае добро за техниките на медитација и оти таа техника ја користел за да ги смири децата и да штедат воздух, посочува Јуконгкаев. Ја делеле храната која ја понеле во пештерата. -Едвај спиевме, бидејќи во пештерата поминуваме по 22-22 часа, кога се вративме имавме само неколку часа за сон. Моравме многу да мислиме за тоа како да се бориме со различните елементи, рече тој. Контраадмиралот говореше и за Саман Гунану, нуркачот кој во акцијата го загуби животот. Беше во морнарицата, но е пензиониран неколку години. За спасувачката мисија се пријави доброволно. -Мисијата беше многу ризична. Нуркање во услови кои никогаш претходно не сме ги виделе. Сметам дека беше многу пожртвуван. Луѓето на Тајланд, но и ширум светот многу го почитуваат. Ние не сме херои. Го работиме само она што е во наша моќ, но една работа која не можеме да направиме е да ги изневериме луѓето, нагласи тој. Според она што другите спасувачи го разкажаа за „Гардијан“, акцијата за спасување на 12. деца и нивниот тренер за малку ќе завршела трагично. Тие рекле дека пумпите за вода неколку часа по извлекувањето на последното дете нагло престанале да работат. Спасувачите во тој момент биле оддалечени на 1,5 километри од излезот од пештерата, кога главната пумпа престанала да работи. Поради тоа во пештерата дошло до нагло растење на нивото на водата. Тројцата спасувачи од Австралија кои се наоѓале во пештерата изјавиле дека потоа слушнале врескање и виделе факели длабоко во пештерата, односно работници кои се обидувале да дојдат до сув дел. Во пештерата тогаш имало повеќе од 100 спасувачи и работници. За среќа, успеале на време да излезат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spasuvachite-objavija-detali-od-peshterata-nie-ne-sme-heroi/feed/ 0