спасување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 07:32:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спасување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Акција на грчката крајбрежна служба за спасување мигранти во близина на Пелопонез https://arhiva.kurir.mk/svet/region/aktsija-na-grchkata-krajbrezhna-sluzhba-za-spasuvane-migranti-vo-blizina-na-peloponez/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/aktsija-na-grchkata-krajbrezhna-sluzhba-za-spasuvane-migranti-vo-blizina-na-peloponez/#respond Mon, 10 Jul 2023 07:31:51 +0000 https://kurir.mk/?p=854828

Од доцна синоќа во тек е акција на крајбреѓната служба на Грција за спасување на бегалци и мигранти во близина на Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, станува збор за група од околу 100 лица, кои се наоѓаат на карпестиот брег каде што пристигнале од едрилица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/aktsija-na-grchkata-krajbrezhna-sluzhba-za-spasuvane-migranti-vo-blizina-na-peloponez/feed/ 0
ВИДЕО од спасувачката акција на мечката која беше заглавена на Шара https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-od-spasuvachkata-aktsija-na-mechkata-koja-beshe-zaglavena-na-shara/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-od-spasuvachkata-aktsija-na-mechkata-koja-beshe-zaglavena-na-shara/#respond Sat, 08 Jul 2023 09:53:58 +0000 https://kurir.mk/?p=854296

Мечок вчера бил заглавен во сајла во селото Бозовце во Шар Планина. По повикување на стручни лица од Зоолошка градина Скопје, мечокот, кој бил возрасен мажјак, е успешно ослободен. Националниот парк Шар Планина на профилот на установата на социјалната мрежа Фејсбук објави видео како се прави ослободување на мечок кој бил заглавен поради сајла. Возрасниот мажјак го забележал сопственик на бачило од селото Бозовце па се јавил во Националниот парк. Од таму потоа повикале стручни лица од Зоолошка градина Скопје, по што во текот на вчерашниот ден мечокот е ослободен. На видеото се гледа како мечокот прво се успива. Потоа се сече сајлата и му се прави проверка на ногата. Констатираат дека има само гребаници поради сајлата но дека зглобот е добар. -По дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка, Ј.У.Н.П. Шар Планина заедно со стручни лица од Јавната установа Зоолошка градина на град Скопје организираа акција за ослободување на животното. Возрасниот мажјак кој беше заглавен во сајла околу 10 часа, беше изморен и исплашен, а по три часа работа Бозо беше успешно ослободен. Упатуваме благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечката. Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни институции со кои се координираше акцијата, информираат од Национален парк Шар Планина. Од Националниот парк потсетуваат дека мечките законски се строго заштитени животни на Шар Планина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-od-spasuvachkata-aktsija-na-mechkata-koja-beshe-zaglavena-na-shara/feed/ 0
ФОТО: ЗАРОБЕНА МЕЧКА ВО САЈЛА НА ШАР ПЛАНИНА: Мечокот успан, сајлата е пресечена, а животното повторно е пуштено на слобода https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-zarobena-mechka-vo-sajla-na-shar-planina-mechokot-uspan-sajlata-e-presechena-a-zhivotnoto-povtorno-e-pushteno-na-sloboda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-zarobena-mechka-vo-sajla-na-shar-planina-mechokot-uspan-sajlata-e-presechena-a-zhivotnoto-povtorno-e-pushteno-na-sloboda/#respond Sat, 08 Jul 2023 09:48:27 +0000 https://kurir.mk/?p=854292

Мечок вчера бил заглавен во сајла во селото Бозовце во Шар Планина. По повикување на стручни лица од Зоолошка градина Скопје, мечокот, кој бил возрасен мажјак, е успешно ослободен. Националниот парк Шар Планина на профилот на установата на социјалната мрежа Фејсбук објави видео како се прави ослободување на мечок кој бил заглавен поради сајла. Возрасниот мажјак го забележал сопственик на бачило од селото Бозовце па се јавил во Националниот парк. Од таму потоа повикале стручни лица од Зоолошка градина Скопје, по што во текот на вчерашниот ден мечокот е ослободен. На видеото се гледа како мечокот прво се успива. Потоа се сече сајлата и му се прави проверка на ногата. Констатираат дека има само гребаници поради сајлата но дека зглобот е добар. -По дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка, Ј.У.Н.П. Шар Планина заедно со стручни лица од Јавната установа Зоолошка градина на град Скопје организираа акција за ослободување на животното. Возрасниот мажјак кој беше заглавен во сајла околу 10 часа, беше изморен и исплашен, а по три часа работа Бозо беше успешно ослободен. Упатуваме благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечката. Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни институции со кои се координираше акцијата, информираат од Национален парк Шар Планина. Од Националниот парк потсетуваат дека мечките законски се строго заштитени животни на Шар Планина.]]>

Мечок вчера бил заглавен во сајла во селото Бозовце во Шар Планина. По повикување на стручни лица од Зоолошка градина Скопје, мечокот, кој бил возрасен мажјак, е успешно ослободен. Националниот парк Шар Планина на профилот на установата на социјалната мрежа Фејсбук објави видео како се прави ослободување на мечок кој бил заглавен поради сајла. Возрасниот мажјак го забележал сопственик на бачило од селото Бозовце па се јавил во Националниот парк. Од таму потоа повикале стручни лица од Зоолошка градина Скопје, по што во текот на вчерашниот ден мечокот е ослободен. На видеото се гледа како мечокот прво се успива. Потоа се сече сајлата и му се прави проверка на ногата. Констатираат дека има само гребаници поради сајлата но дека зглобот е добар. -По дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка, Ј.У.Н.П. Шар Планина заедно со стручни лица од Јавната установа Зоолошка градина на град Скопје организираа акција за ослободување на животното. Возрасниот мажјак кој беше заглавен во сајла околу 10 часа, беше изморен и исплашен, а по три часа работа Бозо беше успешно ослободен. Упатуваме благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечката. Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни институции со кои се координираше акцијата, информираат од Национален парк Шар Планина. Од Националниот парк потсетуваат дека мечките законски се строго заштитени животни на Шар Планина.]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-zarobena-mechka-vo-sajla-na-shar-planina-mechokot-uspan-sajlata-e-presechena-a-zhivotnoto-povtorno-e-pushteno-na-sloboda/feed/ 0
Драма во Ханиоти: Двегодишно дете од Србија бранови го однесоа на два километри од брегот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-vo-hanioti-dvegodishno-dete-od-srbija-branovi-go-odnesoa-na-dva-kilometri-od-bregot-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-vo-hanioti-dvegodishno-dete-od-srbija-branovi-go-odnesoa-na-dva-kilometri-od-bregot-video/#respond Mon, 26 Jun 2023 08:46:21 +0000 https://kurir.mk/?p=849647

Во грчкото летувалиште Ханиоти вчера ветерот и брановите го „однесоа“ двегодишно момче од Србија далеку од брегот. Момчето било на гумен чамец, објавија во групата „Никана“ на социјалните мрежи. Кога сфатиле дека момчето го нема, неколку луѓе, како и родителите, почнале да пливаат кон него. Меѓутоа, водата го носела се подлабоко и подлабоко, па нивните обиди биле залудни се додека човек на скутер не дошол до детето и го извлекол на брегот.
@nikana.gr Spasavanje trogodišnje devojčice na gumi u moru #grcka ♬ original sound - nikana.gr - letovanje u Grčkoj
Бидејќи ова не е прва ситуација, се апелира родителите да не ги оставаат децата сами со душеци и гуми, без надзор. Инаку, слична ситуација се случи и во Ханиоти пред две години, кога тригодишното девојче беше однесено од морето на километри оддалечено, а беше спасено од екипаж на траект.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-vo-hanioti-dvegodishno-dete-od-srbija-branovi-go-odnesoa-na-dva-kilometri-od-bregot-video/feed/ 0
Зошто првите 72 часа се клучни за спасување по земјотрес? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-prvite-72-chasa-se-kluchni-za-spasuvane-po-zemjotres/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-prvite-72-chasa-se-kluchni-za-spasuvane-po-zemjotres/#respond Wed, 08 Feb 2023 16:11:59 +0000 https://kurir.mk/?p=797974

Времето истекува за спас на преживеаните кои се затрупани во урнатините од земјотресите во Турција и Сирија, бидејќи потрагата се приближува до клучните 72 часа, пишува АФП. Повеќе од 90 отсто од преживеаните од земјотресот успеваат да се спасат во првите три дена, изјави Илан Келман, професор по катастрофи во Лондон. Но, тој број може значително да варира во зависност од временските услови, последователните потреси и брзината со која спасувачките тимови и опремата пристигнуваат на местото на нeсреќата – фактори кои моментално ги попречуваат напорите во Турција и Сирија. Повеќе од 11.200 луѓе загинаа, а илјадници се повредени по земјотресот што во понеделникот ги погоди југоисточна Турција и соседна Сирија. Со оглед на тоа што 72 часа истекуваат рано наутро во четвртокот, Келман објасни зошто оваа временска рамка е толку важна. Повреди, температура, вода „Генерално, земјотресите не убиваат луѓе, колапсот на инфраструктурата убива луѓе“, рече Келман, кој објави истражување за напорите за спасување од земјотрес. Најважниот фактор е давање медицинска помош на луѓето затрупани под срушените згради, рече тој. Временските услови се исто така клучен фактор и се целосно против нас во случајот со Турција и Сирија, рече Келман. Ниските температури, дожд и снег се забележани во регионите погодени од земјотресот. „Тоа значи, за жал, дека хипотермијата е можна, а луѓето веројатно умираат поради временските услови“, рече Келман. На оние кои ќе успеат да го преживеат студот и повредите им се потребни храна и вода. Без вода, многу луѓе „ќе почнат да умираат по три, четири, пет дена“, рече Келман. Афтершоковите во деновите по земјотресот може дополнително да уриваат згради, што претставува „голем и застрашувачки ризик“ и за преживеаните и за оние кои се обидуваат да ги спасат, додаде тој.
Регионот беше погоден од десетици последователни потреси, вклучувајќи го и оној од понеделникот со јачина од 7,5 степени. Помош на лице место Келман рече дека обично „огромното мнозинство од преживеаните се спасуваат во рок од 24 часа од локални тимови, често користејќи само раце или лопата“. Десетици земји ветија дека ќе испратат тимови за пребарување и спасување и помош во Турција и Сирија. Но, земјотресот се случи во „оддалечена област, во зона на конфликт, во која е многу тешко да се влезе“, рече Келман. Обично се потребни најмалку 24 часа за да пристигнат, да се постават и да започнат со работа меѓународните спасувачки тимови. „Во тој момент, голем број луѓе кои можеа да преживеат веќе умреа“, рече Келман. За областите погодени од конфликт во близина на сириската граница, пристапот е уште потежок. „Колку што видов, спасувачките тимови не стигнаа целосно до многу области во главните конфликтни зони или многу привремени населби за раселените луѓе“, рече Келман. Како да најдете преживеани? Откако ќе се појават на местото на настанот, постојат неколку начини на кои спасувачките тимови можат да најдат преживеани, вклучително и кучиња трагачи. Познат тим на кучиња спасувачи од Мексико е на пат за Турција, истакна Келман. Роботите и беспилотните летала се’ повеќе се користат и за влез во тесни простори кои се премногу опасни за луѓето. Кога ќе се најдат преживеани, спасувачите мора да одлучат како да ги извлечат. Подигнувањето на плочите на срушените згради може да бара огромна опрема како што се кранови. Или понекогаш е неопходно да се ампутира екстремитет „што е смачкан под столб или парче ѕид“, рече Келман. Многу пред клучните 72 часа Келман нагласи дека „на крајот, успешната спасувачка операција започнува неколку децении пред земјотресот, со цел да спречи колапс на инфраструктурата“. За време на меѓународна спасувачка операција, како онаа во Турција и Сирија, еден спасен живот чини во просек по еден милион долари, рече тој. „Да ги видиме истите инвестиции во превенција од катастрофи што ги гледаме во одговорот при катастрофи, немаше да бидеме во оваа ситуација“, заклучува тој.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-prvite-72-chasa-se-kluchni-za-spasuvane-po-zemjotres/feed/ 0
Продолжува операцијата за спасување на рударите затрупани во рудник за злато во Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuva-operacijata-za-spasuvanje-na-rudarite-zatrupani-vo-rudnik-za-zlato-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuva-operacijata-za-spasuvanje-na-rudarite-zatrupani-vo-rudnik-za-zlato-vo-kina/#respond Mon, 26 Dec 2022 16:19:59 +0000 https://kurir.mk/?p=780746

Продолжува операцијата за спасување на 18 рудари кои беа затрупани во рудник за злато во автономната област Ксинџијанг Ујгур во северозападна Кина. Како што јави агенцијата Ксинхуа, несреќата се случила во саботата околу 13.40 часот. Под земја во тој момент работеле вкупно 40 луѓе, а безбедно биле извлечени 22 рудари. Во неделата околу два часот по полноќ, спасувачите откриле застој, проток на воздух и гасови во рудникот. „Сега е утврдена точната локација на заробените луѓе. Сепак, сложената подземна ситуација и нестабилните околни карпи донесоа многу тешкотии во спасувачката операција. Се уште нема контакт со 18-те лица“, изјави Лу Веи, главен офицер за безбедност на индустријата за обоени метали во Ксинџијанг. По несреќата, во текот на ноќта, штабот за спасување мобилизираше повеќе од 300 лица, повеќе од 80 спасувачки возила и 467 комплети опрема за итни спасувачки операции. Шест машини за дупчење и стручни екипи излегле на местото на настанот. Професионалните спасувачи и релевантните владини тела исто така направија план за обезбедување на безбедноста и ефикасноста на спасувачката операција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuva-operacijata-za-spasuvanje-na-rudarite-zatrupani-vo-rudnik-za-zlato-vo-kina/feed/ 0
Спасени млади туристки од Полска: Паднале во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spaseni-mladi-turistki-od-polska-padnale-vo-presek-od-karpa-nad-provlija-kaj-treskavec-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spaseni-mladi-turistki-od-polska-padnale-vo-presek-od-karpa-nad-provlija-kaj-treskavec-foto-video/#respond Wed, 14 Sep 2022 17:16:52 +0000 https://kurir.mk/?p=732888

Денеска, успешно се реализираше акција на спасување на две туристки од Полска кај манастиркиот комплекс „Трескавец“,  паднати во пресек од карпа над провлија координирани преку дежурните оперативци во Центарот за управување со кризи на Единствениот телефонски број за итни повици на ЦУК – 112, во содејство со Дежурниот оперативниот центар (ДОЦ) на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, а во координција со РЦУК Прилеп со надлежните институции за вакови случаи од Системот за управување со кризи. Успешната спасувачка акција конкртно и брзо ја реализирал Дарко Недановски со колегата Иван Атанасовски, инаку членови – доброволци од спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп. Недановки е познат и по многу спасувачки и истражувачки акции во земјава и странство и е држвен рекордер во спуштање во длабочина, а е и претседател на Спелолошката федерација на Македонија Конкретно, во 16:00 часот двете туристки – млади девојки од Полска, од локација кај манастирот „Трескавец“, преку Единствениот телефонски број за итни повици на ЦУК - 112, побарале помош бидејќи при движење надолу од манастирот кон градот, паднале во процеп на стрмна карпа над провалија и биле во опасност да се повредат, а едната од нив се држела за карпа. Тие биле дел од поголема група туристи и биле заостанати од групата којашто се враќала од посетата на македонскиот прекрасен и познат манастирски комплекс. Покрај доброволното друштво „Златоврв“ од Прилеп, на терен излегла екипа и од ТППП Прилеп (4 пожарникари со 1 теренско возило) од 16.10ч. За настанот биле известени и ДЗС – Прилеп и МВР (ЦИК- Битола). На крај на извештакот, РЦУК - Битола извести дека двете девојки - туристки од Полска кај „Трескавец“, се пронајдени и извлечени во 17:15 часот од доброволното друштво „Златов врв“ од Прилеп и дека се во добра здраствена состојба. Недановски известил дека само на рацете имале неколку гребнатини. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spaseni-mladi-turistki-od-polska-padnale-vo-presek-od-karpa-nad-provlija-kaj-treskavec-foto-video/feed/ 0
Спасени две семејства од странство кои се изгубиле и заглавиле со возилата во Мариово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spaseni-dve-semejstva-od-stranstvo-koi-se-izgubile-i-zaglavile-so-vozilata-vo-mariovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spaseni-dve-semejstva-od-stranstvo-koi-se-izgubile-i-zaglavile-so-vozilata-vo-mariovo/#respond Sat, 11 Jun 2022 19:13:11 +0000 https://kurir.mk/?p=689684

Во заедничка акција на Центарот за управување со кризи и Министерството за вантрешни работи вечерва се пронајдени и спасени две изгубени семејства од странство со четири деца кои со два автомобила поради лошите временски услови залутале и заглавиле во планински предел во Мариово. ЦУК информира дека семејствта залутале, а потоа и заглавиле на планински пат со возилата, сакајќи да го заобиколат патот Росоман – Прилеп, каде што до 15.10 часот беше блокиран сообраќајот заради голем одрон. Акцијата за лоцирање, пронаоѓање и спасување е извршена преку дежурните оперативци во Центарот за управување со кризи на 112 во содејство со Дежурниот оперативниот центар (ДОЦ) на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес, а во координција со дежурните од Министерството за внатрешни работи (МВР ЦИК) за тој регион. – Околу 16:00 часот е примен повик на 112 и дежурните оперативци од трите регионални центри за управување со кризи се поврзале со лицата кои биле заглавени на планински пат помеѓу Рожден и Витолиште, во мариовскиот крај каде што е границата меѓу неколку општини. Акцијата за лоцирање и пронаоѓање на изгубените семејства и заглавени на лош пат ја продолжил РЦУК Велес, од каде постојано се комуницира со изгубените на кои им е наложено да чекаат помошта да дојде по нивното лоцирање, за што ќе треба повеќе од два или три часа. Според добиените информациите семејства во два автомобила, заради одронот што беше на патот Росоман – Прилеп тргнале по друг пат за да го заобиколат одронот и заглавиле, за нив во непознат предел, а на лош пат, уште повеќе расипан од врнежите во тој крај. Се работи за две возила од кое едното е од Литванија. Во возилата имало пет возрасни и четири деца. Двете возила биле заглавени независно едно од друго на растојние од 100 до 200 метри, едно зад друго. Од страна на оперативните дежурни работници во регионалните центри за управување со кризи е веднаш стапено во контакт дежурните оперативци од Министертвото за внатрешни работи и преку СВР Кавадарци е преземена акција за извлекување, со можност за дејствување и со тим со теренско возило од Михаилово. Дежурните оперативци од РЦУК Велес беа во постојана комуникација со загубените и лоцирани семејства, а и со колегите од МВР. По неколку часа теренско возење искусниот тим на МВР ги пронајде во 19.15 часот и по објавувањето на оваа информација се очекува за неколку часа тие да бидат извлечени, живи и во добра здравствена сосотојба, се наведува во соопштението од ЦУК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spaseni-dve-semejstva-od-stranstvo-koi-se-izgubile-i-zaglavile-so-vozilata-vo-mariovo/feed/ 0
ВИДЕО: Украинските пожарникари со солзи во очите при спасувањето на цивили од гранатирана зграда https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-ukrainskite-pozarnikari-so-solzi-vo-ochite-pri-spasuvanjeto-na-civili-od-granatirana-zgrada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-ukrainskite-pozarnikari-so-solzi-vo-ochite-pri-spasuvanjeto-na-civili-od-granatirana-zgrada/#respond Thu, 17 Mar 2022 09:48:18 +0000 https://kurir.mk/?p=648708

На социјалните мрежи беше објавено видео од спасувачка акција на украинските пожарникари. Акцијата се случува по руското гранатирање на цивилна зграда во која има луѓе. Пожарникарите со солзи на очите по крајот на акцијата заминуваат во нова акција, а во видеото може да се приметат и многу загинати цивили како лежат во близина на зградата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-ukrainskite-pozarnikari-so-solzi-vo-ochite-pri-spasuvanjeto-na-civili-od-granatirana-zgrada/feed/ 0
ДРАМАТИЧНО ВИДЕО: Спасиле студентка од деветиот кат, сите виселе на 27 метри висина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dramatichno-video-spasile-studentka-od-devetiot-kat-site-visele-na-27-metri-visina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dramatichno-video-spasile-studentka-od-devetiot-kat-site-visele-na-27-metri-visina/#respond Tue, 01 Feb 2022 14:40:15 +0000 https://kurir.mk/?p=625464

Студентката Ирина Јерпулева од запалениот стан на девети кат ја извлекувале момчето и пријателот, а за среќа сите поминале со полесни повреди. Наводно, снимката е направена во саботата во Москва, а на неа се гледа како двајца момчиња спасуваат девојка од запален стан, ризикувајќи си го животот, бидејќи немале време да користат заштитни јажиња. 18-годишната Ирина Јерпулева била спуштена од прозорот на деетиот кат во станот под него, без безбедносни помагала. Нејзиното момче, 20-годишниот Тимур Закиров и прјателот Адел Акхметзианов неколку моменти претходно се симнале и сопственикот на стан им помогнал да влезат низ прозорецот. -Ги преколнував се додека Тимур не почна да вика на мене, тоа ме прибра, раскажала Ирина, на која момчето ѝ го спасило животот. -Се симнав доле, Тие ме упатија и ми рекоа што да правам. Ме фатија за нозе и ме повлекоа низ прозор на 8 кат, додала таа. Стравот дошол подоцна откако сфатиле колку високо биле и дека секој погрешен потег може да заврши кобно. Студентката се здобила со исекотини, гребаници и труење со јаглероден моноксид, но не ѝ требало болничко лекување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dramatichno-video-spasile-studentka-od-devetiot-kat-site-visele-na-27-metri-visina/feed/ 0