спц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 13:21:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СПЦ изрази сочувство до албанските и српските семејства https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spts-izrazi-sochuvstvo-do-albanskite-i-srpskite-semejstva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spts-izrazi-sochuvstvo-do-albanskite-i-srpskite-semejstva/#respond Wed, 27 Sep 2023 13:21:24 +0000 https://kurir.mk/?p=882313

Српската православна црква (СПЦ) изрази „најдлабоко сочувство“ до семејствата на Србите и Албанците убиени во нападот врз косовската полиција на северот на земјата. Косовската полиција на 24 септември беше нападната од група маскирани и вооружени лица, откако се обидела да отстрани барикада од два камиони поставени во правец на селото Бањска, општина Звечан на северот на Косово. Загина полицаецот Африм Буњаку, а неколкумина беа повредени. Групата која ја нападна полицијата подоцна се засолни во манастирот Бањска од каде продолжи со нападите врз полицијата. Во размената на оган полицијата убила тројца напаѓачи од српска националност, а шестмина од нив биле уапсени. Ден подоцна, на 25 септември, во Бањска беа уапсени уште двајца. Тие се товарат за тероризам, дејствување против уставниот поредок и безбедноста на Косово. „Со жалење констатираме дека многумина од Приштина и светот, но што е многу потрагично, и од Белград, од различни идеолошки полови, без да изберат средства, се обидуваат да ја прикажат СПЦ како учесник, дури и како виновник за конфликтите и трагичните настани“, напиша СПЦ во соопштение објавено на 27 септември. Во соопштението се вели дека СПЦ секогаш се залагала недоразбирањата во Косово „да се решаваат по мирен пат и преку дијалог, со цел мирен соживот на Србите, Албанците и сите други народи кои живеат во областа“. Косовската полиција на 26 септември попладнето заврши со претреси во куќи и згради во и околу звечанското село Бањска. Косовските власти ја обвинија Србија дека е одговорна за нападот врз полицијата. На 26 септември, косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља објави видео во кое тврди дека на него се гледа дека потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, бил меѓу униформираните вооружени лица кои се судриле со косовската полиција во манастирот Бањска. Радоичиќ е потпретседател на Српската листа, најголемата партија на косовските Срби, која има поддршка од Белград. Тој е и на црната листа на САД поради корупција и меѓународен криминал, додека косовските власти го поврзуваат со убиството на Оливер Ивановиќ, српски опозициски политичар во Косово. По него во Косово е распишана потерница за „заплашување сведоци“ во случајот „Брезовица“ кој се однесува на корупција и нелегално градење. Косовскиот министер за полиција рече дека секојдневно се утврдува оти српскиот претседател Александар Вучиќ преку Српската листа и потпретседателот на оваа партија Милан Радоичиќ „презеле терористичка акција против правниот и уставниот поредок на Република Косово“. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека напаѓачите се локални Срби од Косово, „кои повеќе не можат да го издржат теророт на косовскиот премиер Албин Курти. Вучиќ негираше дека Белград има некаква врска со нападот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spts-izrazi-sochuvstvo-do-albanskite-i-srpskite-semejstva/feed/ 0
Поглаварите на МПЦ – ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј ќе одржат заедничка литургија во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-mpts-oa-g-g-stefan-i-na-spts-g-g-porfirij-ke-odrzhat-zaednichka-liturgija-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-mpts-oa-g-g-stefan-i-na-spts-g-g-porfirij-ke-odrzhat-zaednichka-liturgija-vo-ohrid/#respond Mon, 05 Jun 2023 06:36:08 +0000 https://kurir.mk/?p=842061

По повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) денеска во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви. Пред неколку дена МПЦ-ОА соопшти дека денеска во црквата Света Софија во Охрид ќе се одржи света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух. -Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) го повикува македонскиот богољубив народ да земе молитвено учество на света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската Православна Црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи – „Света Софија“ во Охрид. Литургијата е со почеток од 9 часот, соопшти Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА. Со денешното заедничко сослужување треба да се означи и заокружувањето на процесот на интеграција и формалното згаснување на ПОА и нејзино целосно приклучување и обединување со МПЦ-ОА како единствена македонска автокефална црква. Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА. -На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната охридска архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури, информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ. Ставањето крај на 55 годишниот меѓуцрковен спор, формално почна лани на 16 мај минатата година кога СПЦ одобри канонско единство со МПЦ-ОА, откако претходно на 9 мај со одлука на Светиот синод на Вселенската патријаршија, возглавен патријархот г. г. Вартоломеј, беше отстранета долгогодишната шизма наложена врз древнатa Охридска архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Соборот на Српската православна црква одобри канонско единство со МПЦ – Охридска архиепископија, прифаќајќи го „општопризнатиот канонски статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност на МПЦ доделен во 1959 година“, по што следуваше заедничка архијерејска литургија за воспоставување литургиско и канонско општење на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која сослужуваа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан. Архиепископот Стефан тогаш оцени дека овој настан „е правда за Охрид - словенскиот Ерусалим“. На втората заедничка литургија на двајцата поглавари, овој пат во Соборниот храм во Скопје на 24 мај, патријархот Порфириј упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, по што архиепископот Стефан кажа дека „дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната и очекувана вест“. По ова на, 6 јуни патријархот Порфириј на архиепископот Стефан во Белград му врачи акт со кој се потврдува одлуката на СПЦ да ја одобри и да упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, најавувајќи дека документот ќе биде доставен и до другите православни црква. Во документот се наведува дека тоа е полна автокефалност и дека се однесува на матичната земја каде што делува МПЦ, како и на дијаспората. Архиепископот Стефан изрази надеж дека и останатите православни цркви ќе ја прифатат автокефалноста на МПЦ-ОА. -По благодатта Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Северна Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по литургијата во Белград на 6 јуни, минатата година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-mpts-oa-g-g-stefan-i-na-spts-g-g-porfirij-ke-odrzhat-zaednichka-liturgija-vo-ohrid/feed/ 0
Соборот на СПЦ треба да расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soborot-na-spts-treba-da-rasprava-za-integriraneto-na-poa-vo-mpts-oa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soborot-na-spts-treba-da-rasprava-za-integriraneto-na-poa-vo-mpts-oa/#respond Mon, 15 May 2023 05:42:27 +0000 https://kurir.mk/?p=834164

Светиот архијерејски Собор на Српската православна црква, што почна вчера со богослужба во белградскиот храм Свети Сава, денеска треба да го одржи работниот дел на кој се очекува да се разговара и за македонското прашање односно за приклучувањето на ПОА во МПЦ-ОА. Заседанието на највисокото архиерејско, црковно-законодавно и црковно-судско тело на СПЦ под водство на патријархот Порфириј во криптата на Светиот великомаченик кнез Лазар од црквата Свети Сава, според договорената процедура, ќе почне со утврдување на дневниот ред и предлозите доставени од Синодот, а потоа ќе бидат разгледани извештаите за работата на архиереите во сите епархии, како и на централните црковни тела и органи. Како што е најавено на веб страницата на СПЦ, на крајот од заседанието на Соборот ќе биде објавено соопштение за јавноста. Иако во соопштението за одржувањето на Соборот на СПЦ не е конкретно наведено, српските медиуми објавија дека покрај Косово кое е редовна тема, ќе се разгледува и македонското прашање. Според агенцијата Бета, „македонското прашање секако ќе биде пред патријархот и епископите“. На минатиот Собор беше одлучено Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ) да добие томос за автокефалност, со што се надмина повеќедеценискиот меѓуцрковен спор. -Бидејќи Соборот е одговорен за најважните одлуки, можно е да соопшти што се случува со Православната Охридска Архиепископија (ПОА) формирана како автономна во рамките на Српската црква, што беше одговор на долгогодишното одбивање на МПЦ да се врати во таков статус, пишува Бета. Во пресрет на седницата на Соборот, според Бета, во Белград престојувала делегација на МПЦ-ОА и во Патријаршиската палата разговарала со патријархот Порфириј. Официјална потврда и соопштение нема, но опцијата која претходно се споменуваше е ПОА да се интегрира во МПЦ-ОА. Ова прашање како тема на Саборот на СПЦ беше најавено и во Скопје по седницата на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА на 25 април кога беше одлучено да почне процесот на интеграција на ПОА. Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, тогаш изјави дека се донесени неколку одлуки поврзани со поделбата на епархиите, но напомена дека за јавноста ќе бидат познати по усогласувањето со српската црква. Целосната интеграција, како што најави владиката Тимотеј, се очекува да се случи за време на Соборот на СПЦ на 14 или 15 мај. Повикувајќи се на црковни извори, дел од медиумите објавија дека постои начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА и кои епархии ќе им бидат дадени. Се очекува тоа да биде направено со прераспределба на постојните епархии на МПЦ-ОА. Македонската православна црква-Охридска архиепископија на територијата на земјава и во дијаспората е организирана во 12 епархии, од кои осум се во државата, а четири се во дијаспората. Заокружувањето на процесот на интеграција би значел и формално згаснување на ПОА и нејзино целосно приклучување и обединување со МПЦ-ОА како единствена македонска автокефална црква. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soborot-na-spts-treba-da-rasprava-za-integriraneto-na-poa-vo-mpts-oa/feed/ 0
„БПЦ го призна томост на СПЦ за автокефалност на МПЦ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bpc-go-prizna-tomost-na-spc-za-avtokefalnost-na-mpc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bpc-go-prizna-tomost-na-spc-za-avtokefalnost-na-mpc/#respond Wed, 14 Dec 2022 09:20:40 +0000 https://kurir.mk/?p=775349

Светиот синод на Бугарската православна црква на својата редовна седница под претседателство на бугарскиот патријарх Неофит донел одлука „за признавање на томосот со кој Српската црква ѝ дава автокефалност на Македонската православна црква“, објавија бугарските медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според овие написи, Синодот на БПЦ смета дека МПЦ-ОА треба да се нарекува „Православна црква во Република Македонија“. Според медиумите, бугарскиот патријарх Неофит во своите диптиси на Божик ќе го вклучи и името на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, но како „архиепископ скопски Стефан“, бидејќи БПЦ „не ја признава титулата со која што вселенскиот патријарх Вартоломеј ги прими во литургиско сослужување архиепископот Стефан и МПЦ“. Бугарскиот црковен сајт doxologiainfonews.com наведува дека Синодот на БПЦ го оспорува името на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, бидејќи според Статутот на БПЦ „правен наследник на Охридската архиепископија е Бугарска патријаршија“. На заседанието на Синодот, не било разгледано прашањето за признавање на автокефалноста на Православната црква на Украина доделена од Вселенската патријаршија. Медиуми во Софија ги критикуваат ваквите ставови на членовите на Синодот на БПЦ оценувајќи дека тие најверојатно се усвоени под влијание на раководителот на Одделот за надворешни работи на Московската патријаршија, митрополитот волоколамски Антониј, кој минатата недела престојувал во посета на Софија и неколку епархии во Бугарија. Според овие написи, митрополитот волоколамски Антониј воедно на неколку митрополити од бугарскиот Синод „им дал инструкции“ да не ја признаваат Православната црква на Украина и томосот за нејзина автокефалност издаден од вселенскиот патријарх Вартоломеј. Дописникот на МИА од Софија јави дека се очекува Бугарската патријаршија да излезе со официјално соопштение за заседанието на Синодот и за донесените одлуки. Инаку, по одлуката на Вселенската патријаршија за примање во канонско единство на МПЦ-ОА, БПЦ во јуни годинава реши да ја признае нашата Црква и влезе во канонско единство со неа.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bpc-go-prizna-tomost-na-spc-za-avtokefalnost-na-mpc/feed/ 0
Порфириј: Договорот и беше потребен на државата Црна Гора и на СПЦ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/porfirij-dogovorot-i-beshe-potreben-na-drzavata-crna-gora-i-na-spc/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/porfirij-dogovorot-i-beshe-potreben-na-drzavata-crna-gora-i-na-spc/#respond Wed, 03 Aug 2022 11:55:23 +0000 https://kurir.mk/?p=713434

Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Порфириј изјави дека Темелниот договор, потпишан денеска во Подгорица, е нешто што и е потребно на државата Црна Гора, како и на таа верска заедница, јави дописникот на МИА од Белград. – Денеска, пред се, сум му благодарен на Бога, вам, господине премиер (Дритан Абазовиќ), за сите напори што ги вложивте со вашите соработници за да се стави крај овде на перипетиите што се случуваат од 2012 година, на свечен начин и за потпишување на Темелниот договор меѓу државата Црна Гора и Српската православна црква, изјави Порфирије по потпишувањето на документот. Тој ги поздрави сите граѓани на Црна Гора, без разлика на „на кој Бог му се молат, или не му се молат, и на кој народ му припаѓаат“. Порфириј рече дека „не беа потребни многу зборови за да се разбереме“ дека ваквиот договор е нешто што им е потребно на државата Црна Гора и на СПЦ во Црна Гора. -Затоа што ние како Црква во која било земја каде што сме и имаме црковна јурисдикција, се подразбира дека сакаме да ги почитуваме Уставот и законите на секоја држава. Затоа мислам дека е важно и вие, почитувајќи ги Уставот и законите на Црна Гора, а и ние, не сакавме ништо повеќе од кој било граѓанин на Црна Гора во однос на темата за религијата, ниту сме имале амбиции да постигнеме повеќе од која било друга верска заедница. Логично и нормално е што не бевме среќни да прифатиме ништо помалку од тоа. Што важи за нашата Црква и за сите верници и заедници во Црна Гора, се трудиме каде и да сме како црква, доколку има проблеми кога станува збор за другите верски заедници по овие прашања, секогаш да стоиме рамо до рамо и да се бориме за правата на таа верска заедница, да се почитуваат и применуваат во иста мера како и правата што ги очекуваме за себе, кажа поглаварот на СПЦ. Тој посочи дека целта не се правата заради правата, од аспект на верските заедници. -За нас правото е само простор и можноста целосно, да можеме врз темелите на Евангелието и системот на вредности што од него го црпиме, да придонесеме за градење не само на демократско, туку и на човечко општество, со цел сите да се чувствуваат и доживуваат едни со други како браќа, како членови на она во кое сите сме едно – дел од човечкиот род. Сè друго доаѓа после тоа, порача Порфириј.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/porfirij-dogovorot-i-beshe-potreben-na-drzavata-crna-gora-i-na-spc/feed/ 0
ВИДЕО: Протест во Црна Гора поради Темелниот договор, полицијата го блокира приодот до вилата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-protest-vo-crna-gora-poradi-temelniot-dogovor-policijata-go-blokira-priodot-do-vilata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-protest-vo-crna-gora-poradi-temelniot-dogovor-policijata-go-blokira-priodot-do-vilata/#respond Wed, 03 Aug 2022 10:32:34 +0000 https://kurir.mk/?p=713382

Неколку десетици граѓани се собраа во близина на вилата Горица во знак на протест поради потпишувањето на Темелниот договор меѓу Владата на Црна Гора и Српската православна црква (СПЦ). Полицијата го блокираше приодот до Вилата. Темелниот договор утрово во 10 часот го потпишаа премиерот Дритан Абазовиќ и патријархот на СПЦ Порфирије. Дел од медиумите претходно најавија дека потпишувањето ќе се случи на 3 август, но премиерот Дритан Абазовиќ тогаш тоа го демантираше. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-protest-vo-crna-gora-poradi-temelniot-dogovor-policijata-go-blokira-priodot-do-vilata/feed/ 0
Владата на Црна Гора и СПЦ го потпишаа Темелниот договор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vladata-na-crna-gora-i-spc-go-potpishaa-temelniot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vladata-na-crna-gora-i-spc-go-potpishaa-temelniot-dogovor/#respond Wed, 03 Aug 2022 08:44:08 +0000 https://kurir.mk/?p=713328

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и српскиот патријарх Порфириј денеска во Подгорица го потпишаа Темелниот договор со кој се регулира функционирањето на СПЦ во Црна Гора. На потпишувањето на договорот присуствуваа и црногорскиот министер за правда Марко Ковач и митрополитот црногорско-приморски на СПЦ Јоаникије. Владата на Црна Гора и Српската православна црква претходно официјално не го објавија доаѓањето на патријархот Порфири во Подгорица, а точниот датум на потпишување на договорот не беше јавно соопштен. РТС јави дека за време на потпишувањето на договорот, пред вилата „Горица“ во главниот град на Црна Гора протестирала помала група граѓани, а полицијата ги блокирала приодите до вилата. Потпишувањето на Темелниот договор подолго време беше одложувано, а прашањето предизвикуваше и политички и општествени несогласувања во Црна Гора. Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ пред неколку дена се закани дека ако биде потпишан договорот со СПЦ, ќе ја повлече поддршката што неговата партија ДПС досега и ја даваше на малцинската Влада на премиерот Абазовиќ, што би довело до нејзино паѓање. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vladata-na-crna-gora-i-spc-go-potpishaa-temelniot-dogovor/feed/ 0
Патријархот Порфириј ги повика Србите на „мир со браќата Албанци“ во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-porfirij-gi-povika-srbite-na-mir-so-brakjata-albanci-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-porfirij-gi-povika-srbite-na-mir-so-brakjata-albanci-vo-kosovo/#respond Tue, 28 Jun 2022 14:30:24 +0000 https://kurir.mk/?p=696894

Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфириј на денешната литургија по повод еден од најголемите празници на српските православни верници, Видовден, ги повика неговите сонародници на „мир со браќата Албанци“, јави дописникот на МИА од Приштина. На литургијата во манастирот во Грачаница во Косово, Порфириј порача дека соживотот со Албанците е неопходен и дека „не треба да се слушаат другите за тоа како треба да се градат пријателските односи со Албанците“. – Ние сме повикани да бидеме браќа со Албанците, затоа што живееме тука со нив. Единствено во заедништво можеме да бидеме на Божјиот пат, затоа што сите сме му потребни еден на друг и затоа што никој не може да направи ништо без никого… Да не дозволиме другите да не учат за тоа, рече поглаварот на СПЦ. Според косовските медиуми на албански јазик, Порфириј се користел и со „националистички речник“, кога рекол дека „Косово е местото каде што е родено сé српско“. – Ние знаеме дека кога доаѓаме тука сме се вратиле на свое, затоа што тука е Косово и Метохија, тука е нашето родно место, ние потекнуваме од тука, родени сме тука, изјави Порфириј во Грачаница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-porfirij-gi-povika-srbite-na-mir-so-brakjata-albanci-vo-kosovo/feed/ 0
Иринеј бачки: СПЦ ниту го фаворизира, ниту може да го забрани името МПЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/irinej-bachki-spc-nitu-go-favorizira-nitu-moze-da-go-zabrani-imeto-mpc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/irinej-bachki-spc-nitu-go-favorizira-nitu-moze-da-go-zabrani-imeto-mpc/#respond Tue, 28 Jun 2022 06:44:15 +0000 https://kurir.mk/?p=696654

Српската православна црква е неправедно обвинета за фаворизирање на името Македонска православна црква, иако не го користи во ниту еден од официјалните документи, туку ја охрабрува сестринската црква во Северна Македонија да го дефинира понатамошно именување и решението на проблемот во дијалог со грчките православни браќа. Ова го соопшти епископот бачки на СПЦ Иринеј (Буловиќ) во текст објавен на веб-страницата на грчкиот православен сајт Ромфеа.гр. – Згора на тоа, ние сме тажни секогаш кога не обвинуваат дека не само што го користиме името „Македонска православна црква“, туку дури и дека го поттикнуваме, нагласуваме и го наметнуваме. Овие наводи и обвинувања воопшто не се точни, објаснува меѓу другото епискотот бачки во текстот за кој наведува дека е составен по налог и благослов на Светиот синод на СПЦ. Тој посочува дека целта на текстот е да се разјаснат одредени сомнежи и да се реши забуната, која, како што наведува, „за жал, во последно време владее во одредени кругови на православниот, пријателски и братски грчки народ“. Епископот Иринеј вели дека со одлуката на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква, донесена на 16 минатиот месец, недвосмислено, меѓу другото, „се препорачува“ прашањето за официјалното именување да се реши преку „непосреден братски дијалог со грчките говорни и другите помесни православни цркви“. – Потоа, на 5 јуни уследи доделувањето автокефалноста, а во издадениот томос, повторно, по којзнае кој пат, беше повторена оваа препорака и охрабрувањето „новата сестринска црква да го реши прашањето за нејзиното официјално именување преку директен братски дијалог со грчко говорните и другите помесни православни цркви“, посочува епископот бачки. Тој нагласува дека нема документ или официјален текст на СПЦ во кој таа не се занимава со оваа тема одговорно и со должно внимание. Напоменува дека во овој случај, СПЦ „никому не суди, никому не му дава предност, никого не отфрла и никому не се наметнува, не е ничиј поддржувач или ривал, туку се бори, со Божјата моќ, праведно да расудува и да дејствува со љубов во секоја насока“. – Според тоа, што се однесува до името, ниту воведува, ниту инсистира на употреба на името „Македонска православна црква“, ниту името „Охридска архиепископија и Северна Македонија“, или кое било друго слично име, но не е во позиција ниту да ја забрани неговата употреба од оние кои сè уште го носат, вели епископот Иринеј. Од друга страна, на сестринската црква во Северна Македонија, во контекст на постоењето на меѓудржавниот договор за официјалното именување на државата (Договор од Преспа), кој стана меѓународно прифатен, и порачува дека со него се отвора дополнителен простор за дијалог. – Сметаме дека прашањето за официјалното именување на сестринската црква повеќе не спаѓа во опсегот на нашите грижи и одговорности, односно црковното име треба да произлезе како резултат на разговори и разбирање со автокефалните цркви од грчкото говорно подрачје. Секој резултат на взаемна согласност ќе биде добро прифатена и посакувана работа за нас. Сигурни сме дека сите други автокефални православни цркви сакаат да реагираат на ист начин, заклучува епископот бачки на СПЦ Иринеј Буловиќ. Српската православна црква по 55 годишен спор, минатиот месец одлучи да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА. Двете цркви одржаа и заеднички архиерејски богослужби на помирување во Белград и во Скопје. Ваквиот чекор следуваше по објавата на Вселенската патријаршија од 9 мај за враќање на Охридската архиепископија во канонско и евхаристиско единство. Патријаршискиот и синодален акт со кој се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква, вселенскиот патријарх Вартоломеј му го предаде на архиепископот Стефан на зедничкото сослужување на 10 јуни во Фанар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/irinej-bachki-spc-nitu-go-favorizira-nitu-moze-da-go-zabrani-imeto-mpc/feed/ 0
СПЦ го официјализираше прифаќањето на автокефалноста на МПЦ-ОА, се чека томосот од Вселенската патријаршија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-go-oficijalizirashe-prifakjanjeto-na-avtokefalnosta-na-mpc-oa-se-cheka-tomosot-od-vselenskata-patrijarshija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-go-oficijalizirashe-prifakjanjeto-na-avtokefalnosta-na-mpc-oa-se-cheka-tomosot-od-vselenskata-patrijarshija/#respond Mon, 06 Jun 2022 05:34:02 +0000 https://kurir.mk/?p=687033

Српскиот патријарх Порфириј му врачи акт на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г Стефан, со кој се потврдува одлуката на СПЦ, објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. Патријархот Порфириј најави дека документот ќе биде доставен и до другите православни цркви. Со овој чин на СПЦ се отвори и процесот за стекнување на томос за автокефалност, кој двете сестрински цркви очекуваат да биде доделен од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј. -По благодата Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископоија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Северна Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот, кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по вчерашната литургија во Белград. На архиерејската литургија во Соборниот храм на Свети Архангел Михаил во Белград служеа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот на МПЦ –ОА г.г. Стефан, јави дописникот на МИА од Белград. За г.г. Стефан овој настан е правда за Охрид – словенскиот Ерусалим, и најави дека процесот продолжува со посетата на Вселенската патријаршија. -Сега и Света Софија Охридска, врз кој се видливи сите наши лузни, ќе продолжи да биде храм на заедничките евхаристички радости да се напластува единството со сите православни цркви, порача поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г Стефан во беседата по заедничката архиерејска литургија во Белград во Соборниот храм на Свети Архангел Михаил со српскиот патријарх Порфириј. Г.г Стефан потенцираше дека процесот продолжува со посетата на Вселенската патријаршија, каде на Педесетница ќе има литургија со Вселенскиот патријарх, по што се надева дека и останатите православни цркви ќе ја прифатат автокефалноста на МПЦ-ОА. -Веруваме дека примерот на СПЦ кон нас ќе го подржат и останатите сестрински парвославни цркви, а Вие ваша светост направивте чекор со историско значење, како за за нашата МПЦ, така веруваме за целото православие, кажа архиепископот Стефан. Поглаварот на МПЦ-ОА истакна дека со чинот е потврдена реалноста за автокефалниот статус на возобневаната Охридска архиепископија како Македонска Православна Црква. -Еве и денеска додадовте нова радост, радост над сите радости, зошто за она што донеодамна разговаравме и договаравме, за она што нашиот Синод побара, а вашиот Собор архиерејски еднодушно се согласи и прифати, за Вие, ваша светост, на светата литургија во Свети Климентовиот храм во Скопје и го обзнанивте, за сето тоа денес во пишаниот документ во томосот да потврдивте, дека веќе е реалност афтокефалниот статус на возобневаната Охридска архиепископија како Македонска Православна Црква, истакна вчера г.г. Стефан. Тој дополни дека со ова не е само документ со кој се отвора нова страница на вековната Охридска црква, туку е документ со кој се потврдува историјата на таа древна црква, и сите нејзини времиња и невремиња. Како што посочи, се што се случувало изминативе 20 дена ќе биде забележано како исклучителни настани кои што доведоа до нов тек на нашите меѓуцрковни односи, а со тоа и за односите со сите помесни православни цркви. -Евхаристиското единство, благословено со актот на Вселенската патријаршија, а од Вас покажано на дело преку заедничкото сослужување, со што се потврди нашето меѓусебно единство, единство во верата, произлегува од единствениот извор на љубовта и од Светиот дух, порача тој, потецирајќи дека овој настан е правда за Охрид, градот на словенскиот Ерусалим. Во документот со кој Српската православна црква (СПЦ) и доделува автокефален статус на Македонската православна црква- Охридската архиепископија се наведува дека тоа е полна автокефалност и дека се однесува на матичната земја каде што делува МПЦ, како и на дијаспората. Патријархот Порфириј рече дека со тоа се потврдуваат претходните одлуки на Соборот на СПЦ за статусот на сестринската црква, и дека документот ќе биде доставен и до другите православни цркви. Владиката Тимотеј смета дека документот што српскиот патријарх Порфириј му го врачи на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, е всушност акт со кој се потврдува написмено она што српскиот патријарх го соопшти во Скопје. Тој вели дека ова е дел од процесот до конечно добивање на официјалниот томос од Вселенскиот патријарх. -Сега почнува процесот. Тие се согласуваат и сега го даваат тоа во писмена форма. Ќе ги информираат сите православни цркви, и почнува процесот, рече владиката Тимотеј. За настанот свое видување има и универзитетскиот професор и поранешен директор на Комисијата за односи со верските заедници Цане Т. Мојаноски кој вели дека доколку се случи БПЦ да не ја признае афтокефалноста на МПЦ-ОА тоа нема да влијае на доделувањето на Томосот од страна на Вселенската патријаршија. -Ако ја погледнеме нивната практика дека се што е до 1944 година го присвојуваат како сопствен дел од историјата, такво поведение е можно. Но, што ќе значи за МПЦ-ОА ако една патријашија не ја прифаќа? Веројатно тоа прашање ќе стои отврено како што стои отворено прашањето за други православни цркви. Тоа нема да ја намали можноста МПЦ да е составен ден од православната екумена, да општи со неа. Во текот на јуни, нашиот архиепископ ќе богослужи на Фанар со вселенскиот патријарх. Да се надеваме дека таква заедничка литургија во иднина ќе стори и Бугарската православа црква, вели Мојаноски. Но, додава, без разлика на тоа каков ќе биде ставот на Бугарската православна црква, тоа нема да влијае на доделување на Томосот. -Тоа е прашање кое во јавноста создава забуни. Во православната црква долго време се заговараше идејата автокефалноста да се поврзува со консензусот на сите православни цркви. Тоа решение не стапи во сила што значи дека важечко правило е дека вселенскиот патријарх на основа на поднесокот, во случајот на СПЦ, дека ја поддржува и прифаќа автокефалноста на МПЦ-ОА ги известува другите помесни цркви. Тие потоа, секоја поединечно, ја вклучуваат таа црква во литургиите, вели Мојаноски. На заседанието на Светиот архиерејски синод на СПЦ во мај беше донесена едногласна одлука за прифаќање на автокефалноста на МПЦ. За таа одлука гласаа сите 42 епископи на СПЦ. По заедничката литургија на МПЦ и СПЦ во Скопје, патријархот Порфириј ја соопшти одлуката на Соборот, кој „едногласно и еднодушно излезе во пресрет на барањата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија“ и ја прифати нејзината автокефалност. Патријархот потоа рече дека по „заедничкото извршување на техничките и организационите детали ќе бидат информирани сите други православни цркви кои ќе бидат поканети според својот канонски ред и поредок го прифатат автокефалниот статус на МПЦ-ОА “. Вселенскиот патријарх на 9 мај 2022 година објави одлука за враќање на нашата Црква во канонско единство со останатите православни цркви. Познато е дека вселенскиот патријарх Вартоломеј уште во февруари 2022 година испрати писмо до СПЦ со апел да го реши процесот со МПЦ-ОА. Г. г. Стефан на заедничка литургија со патријархот Порфириј во Соборниот храм во Скопје обзнани дека Вселенската патријаршија ја прифатила молбата на МПЦ-ОА за сослужение што ќе се одржи во храмот во Фанар на роденденот Црквата, на празникот Педесетница (12 јуни).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-go-oficijalizirashe-prifakjanjeto-na-avtokefalnosta-na-mpc-oa-se-cheka-tomosot-od-vselenskata-patrijarshija/feed/ 0