специјален преставник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Jan 2019 07:39:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png специјален преставник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Специјален претставник на ОН ќе пристигне во Турција во врска со истрагата за убиството на Кашоги https://arhiva.kurir.mk/svet/region/specijalen-pretstavnik-na-on-kje-pristigne-vo-turcija-vo-vrska-so-istragata-za-ubistvoto-na-kashogi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/specijalen-pretstavnik-na-on-kje-pristigne-vo-turcija-vo-vrska-so-istragata-za-ubistvoto-na-kashogi/#respond Mon, 28 Jan 2019 07:39:40 +0000 https://kurir.mk/?p=157274

Известувачка на ОН за човекови права денеска треба да пристигне во Турција за да го истражи случајот на саудискиот новинар Џамал Кашоги, речиси четири месеци по неговото убиство во конзулатот на Ријад во Истанбул. Агнес Каламард ќе престојува во Турција до 3 февруари за да собере докази и други документи за смртта на Хашоги, пред состанокот на функционерите на ОН закажан за јуни. ДПА коментира дека посетата доаѓа во време кога Саудиска Арабија вложува напори за нормализирање на односите со меѓународната заедница, која го доведе во прашање кредибилитетот на истрагата на Ријад за убиството на Кашоги. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, претходно изјави дека нема овластување да започне истрага за смртта на Кашоги, и оти ниту една земја не поднела официјално барање за покренување истрага. Тимот на ОН сега ќе ги процени чекорите преземени од страна на турската и саудиската Влада за решавање на случајот, изјави Каламард за Интернет страницата на одделот на ОН за човекови права минатата недела. Експертите на ОН, исто така, ќе ги проценат „природата и степенот на државите и одговорностите на поединците за убиството“. Престојот на Каламард во Турција минатата недела го најави турскиот министер за надворешни работи Мављут Чавушоглу, кој истакна дека „е време“ за покренување меѓународна истрага за убиството на саудискиот новинар. Чавушоглу најави дека за време на посетата на специјалната известувачка на ОН на Анкара  ќе го покрене прашањето за започнување истрага за смртта на Кашоги. Кашоги беше новинар на весникот „Вашингтон Пост“, познат по своите критички текстови за властите во Ријад и пред се за саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман. Обвинителството во Ријад за убиството на Кашоги осомничи 11 лица, од кои за петмина бара смртна казна. Но, критичарите на властите во Ријад сметаат дека овие обвинувања се само обид за дистанцирање на принцот Мохамед од убиството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/specijalen-pretstavnik-na-on-kje-pristigne-vo-turcija-vo-vrska-so-istragata-za-ubistvoto-na-kashogi/feed/ 0