специјален претставник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Dec 2021 13:43:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png специјален претставник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стјуарт Пич назначен за специјален претставник за Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stjuart-pich-naznachen-za-specijalen-pretstavnik-za-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stjuart-pich-naznachen-za-specijalen-pretstavnik-za-zapaden-balkan/#respond Thu, 02 Dec 2021 13:43:46 +0000 https://kurir.mk/?p=603095

Британскиот премиер Борис Џонсон го назначи Стјуарт Пич за специјален претставник за Западен Балкан како дел од континуираната посветеност на Обединетото Кралство на стабилноста и просперитетот во регионот, соопшти британската Амбасада во земјава. Оваа улога тој ја презема по повлекувањето од функцијата претседавач со Воениот комитет на НАТО на почетокот на оваа година, улога што ја извршуваше од 2018 година. Претходно, беше началник на Генералштабот на Обединетото Кралство. Како што се наведува во соопштението, како специјален претставник на премиерот за регионот кој ги вклучува Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, сер Стјуарт ќе работи со лидерите од Западен Балкан, и други претставници од регионот, како и со нашите сојузници од САД и Европа во поддршка и зајакнување на регионалната стабилност. Неговата работа, исто така, ќе вклучува промовирање на силни демократски институции и отворени општества, помагање во справувањето со сериозниот и организиран криминал и други заеднички безбедносни предизвици, како и поддршка во решавањето на наследените прашања како што се воените злосторства и исчезнатите лица. Поврзано со последното, Обединетото Кралство, исто така, се посочува, ќе продолжи да ја предводи работата во врска со унапредувањето на родовата еднаквост и спроведувањето на иницијативата за спречување на сексуалното насилство во конфликтите. Во Босна и Херцеговина (БиХ), ангажманот на сер Стјуарт ќе биде поддршка на ангажманот на меѓународниот Висок претставник, Кристијан Шмит, кој продолжува да ја има целосната поддршка од Обединетото Кралство. Во Србија и Косово, ќе работи со нашите партнери во поддршка на Дијалогот помеѓу Србија и Косово, потпомогнат од ЕУ. -Високиот претставник предупреди дека Босна и Херцеговина се соочува со најголемата егзистенцијална закана од нејзиниот повоен период и дека постои реална перспектива за натамошна поделба и конфликт. Заедно со меѓународните партнери, Обединетото Кралство работи на справување со сите закани по стабилноста во согласност со Дејтонскиот мировен договор, кој го поткрепи 26-годишниот тешко стекнат напредок во Босна и Херцеговина. Обединетото Кралство, исто така, помага во решавањето на другите регионални предизвици, вклучително и поддршката за нормализација на односите меѓу Србија и Косово и борбата против организираните криминални групи. Обединетото Кралство ќе игра важна улога, во непосредна соработка со владите во регионот и нивните меѓународни партнери. Премиерот Борис Џонсон рече дека Обединетото Кралство е длабоко посветено на европската безбедност, а Западниот Балкан ја доживува најголемата закана по неговата стабилност и безбедност во повеќе од две децении. -Имаме одговорност да направиме сè што можеме за да ги зачуваме придобивките постигнати преку мир и дијалог – не можеме да дозволиме враќање кон насилството и поделбите од минатото. Големото искуство и експертиза на Сер Стјуарт ќе ги зајакне меѓународните напори за заштита на мирот и промовирањето на евроатланската интеграција во овој клучен регион, вели Џонсон. Министерката за надворешни работи Лиз Трас рече дека назначувањето на Сер Стјуарт е јасен доказ за посветеноста на Обединетото Кралство на Западен Балкан како и на одбраната и промовирањето на слободата и демократијата во регионот. -Со нетрпение очекувам да ги продлабочиме нашите економски и безбедносни врски со Западен Балкан и да работиме заедно во одвраќањето на малигните актери. Сер Стјуарт ќе игра клучна улога во тој наш ангажман, вели министерката Трас. Рејчел Галовеј рече дека како амбасадор на Обединетото Кралство во Северна Македонија силно го поздравува назначувањето на Сер Стјуарт Пич за Специјален претставник за Западен Балкан на Премиерот. Во непосредна соработка со британските амбасади во регионот Сер Стјуарт ќе работи со лидерите од Западен Балкан и со нашите сојузници во поддршка и зајакнување на регионалната стабилност. Неговото назначување, додава таа, е силен сигнал на континуираната британска посветеност на зајакнувањето на нашите врски со земјите од Западен Балкан и на безбедноста и просперитетот на овој важен регион. Со нетрпение очекувам да соработувам со него. За политичката ситуација на Западен Балкан се разговараше на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Рига, а ќе биде и на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Ливерпул, кој беше најавен претходно во текот на оваа недела, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stjuart-pich-naznachen-za-specijalen-pretstavnik-za-zapaden-balkan/feed/ 0
Макрон ја поддржува идејата за „специјален пратеник за климатска безбедност“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-ja-poddrzuva-idejata-za-specijalen-pratenik-za-klimatska-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-ja-poddrzuva-idejata-za-specijalen-pratenik-za-klimatska-bezbednost/#respond Tue, 23 Feb 2021 19:23:55 +0000 https://kurir.mk/?p=472933

Францускиот претседател Емануел Макрон ја поддржа германската идеја за назначување „специјален пратеник за климатска безбедност“ за време на видеоконференција на лидерите на Советот за безбедност на ООН, нагласувајќи дека „неуспехот на климатскиот фронт ќе ги поткопа напорите за спречување конфликти“, јави дописникот на МИА. Залагајќи се за време на неговиот говор за „повторно откриено единство на Советот за безбедност“, францускиот претседател на еден начин испрати порака до поранешниот државен секретар на демократите Џон Кери, новиот американски специјален пратеник за климата, за кого тој рече дека бил „отпорен во текот на четирите години“ на американското републиканско претседателство со Доналд Трамп. Францускиот претседател инсистираше на „врската помеѓу климата и безбедноста“ што ја смета за „сложена и непобитна, на некој начин незапирлива“, залагајќи се за „ефективен мултилатерализам“ на сите членки на Советот за безбедност за „здравје“ и „стабилност на нашата планета“. -Од 20-те земји најпогодени земји од конфликтите во светот, 12 се исто така меѓу најранливите земји од влијанието на климатските промени“, рече Емануел Макрон, за време на оваа сесија посветена на климата што се одржа неколку дена по враќањето на Соединетите држави во Парискиот договор за ограничување на глобалното затоплување. -Неуспехот на климатскиот фронт би ги поткопал напорите да се спречат конфликтите и да се консолидира мирот, продолжи францускиот претседател, оценувајќи дека екстремните појави поврзани со глобалното затоплување ќе се зголемат и ќе се влошат, со нивната многу несигурност и војни. Повикувајќи ги 15-те членови на Советот да ги „разгледаат овие прашања“, тој процени дека назначувањето на „специјален пратеник за климатска безбедност би можел соодветно да ги координира (напорите)“, на пример, во случај на катастрофа или да обезбеди „мали производители со осигурителни механизми што ќе им овозможат брзо да ја започнат економската активност по катастрофата“. -И јас ќе видам само предности во извештајот на Генералниот секретар (на ООН) годишно до Советот за безбедност за влијанието на климата врз меѓународната безбедност, да предвиди, да нè предупреди, да ни даде препораки“ и да ни дозволи да ја играме нашите улога“, додаде Емануел Макрон. Минатата година, Германија подготви предлог-резолуција со која се предвидува создавање на претставник на ООН за климатска безбедност, но под закана од вето од Соединетите Држави, Русија, па дури и од Кина, Берлин не го стави овој текст на гласање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-ja-poddrzuva-idejata-za-specijalen-pratenik-za-klimatska-bezbednost/feed/ 0
Метју Палмер е новиот специјален претставник на САД за Балканот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/metju-palmer-e-noviot-specijalen-pretstavnik-na-sad-za-balkanot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/metju-palmer-e-noviot-specijalen-pretstavnik-na-sad-za-balkanot/#respond Sat, 31 Aug 2019 07:31:51 +0000 https://kurir.mk/?p=235259

Заменик помошникот државен секретар Метју Палмер е новиот специјален претставник на САД за Балканот, соопшти синоќа Стејт департментот. Палмер на 1 септември ќе учествува во работата на Стратешкиот форум на Блед, а потоа ќе ги претставува САД на состаниците на четворката во Брисел и во Подгорица. – Палмер ќе ги предводи нашите настојувања да ги зајакнеме дипломатските напори на САД во поддршката на мирот, стабилноста и напредокот на регионот и ќе се насочи на интеграцијата на државите од Западен Бaлкан во западните институции, се наведува во соопштението на Стејт департментот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/metju-palmer-e-noviot-specijalen-pretstavnik-na-sad-za-balkanot/feed/ 0