Специјален суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Oct 2022 14:13:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Специјален суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Балтичките земји повикаа на формирање специјален суд за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baltichkite-zemji-povikaa-na-formiranje-specijalen-sud-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baltichkite-zemji-povikaa-na-formiranje-specijalen-sud-za-ukraina/#respond Fri, 21 Oct 2022 14:13:42 +0000 https://kurir.mk/?p=749114

Балтичките земји побараа денеска, на вториот ден од самитот на Европската унија (ЕУ) во Брисел, формирање специјален суд кој ќе суди за злосторствата извршени од Русија во Украина. „Апсолутно треба да разговараме за правниот одговор на извршените злосторства и за формирање специјален суд кој ќе ги процесуира“, изјави естонската премиерка Каја Калас. Според неа, воените злосторства спаѓаат во надлежност на Меѓународниот кривичен суд, но за злосторствата за агресија (против Украина) треба да суди само специјален трибунал. Летонскиот премиер Крисјанис Каринс, исто така, ја повика Европа да се обедини и да ја „поддржи Украина, не само да ја осуди Русија, туку да почне да работи на формирање суд кој ќе бара одговорност од Русија за злосторствата што во моментов ги прави во Украина“. Естонија и Латвија, заедно со Литванија, неодамна ја повикаа ЕУ да и помогне на Украина да воспостави таква јурисдикција, која би била „комплементарна“ на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Чешка, која моментално претседава со Советот на ЕУ, исто така повика на создавање специјален трибунал откако беа откриени стотици тела закопани во близина на Изјум, град во источна Украина кој беше во рацете на Русија. Земјите од ЕУ немаат заеднички став за создавање ваков специјален трибунал, што во неколку наврати го побара украинскиот претседател Володимир Зеленски. Европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс минатата недела изјави дека е неопходно „прво максимално да се искористат сите постоечки алатки“, а тоа се услугите на украинскиот јавен обвинител, истрагите што ги спроведуваат 14 земји-членки и истрагите на МКС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baltichkite-zemji-povikaa-na-formiranje-specijalen-sud-za-ukraina/feed/ 0
Косовскиот амбасадор во Македонија контактиран од Специјалниот суд во Хаг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovskiot-ambasador-vo-makedonija-kontaktiran-od-specijalniot-sud-vo-hag/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovskiot-ambasador-vo-makedonija-kontaktiran-od-specijalniot-sud-vo-hag/#respond Thu, 30 Jul 2020 08:06:43 +0000 https://kurir.mk/?p=383520

Амбасадорот на Косово во Македонија, Ѓерѓ Дедај, изјави дека бил контактиран од меѓународниот Специјален суд за Косово, но вели дека не бил испитуван и не е поканет како сведок од Обвинителството во Хаг, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за косовската јавна телевизија РТК, Дедај изјави дека од Трибуналот му се јавиле за да го прашаат дали доживеал „вознемирувања, закани и слично“. -Бев контактиран, но ништо повеќе. Подготвен сум да одговорам и барам да се расветлат сите злосторства во Косово, а се знае дека злосторствата ги извршија Србите, изјави Дедај, оценувајќи дека Специјалниот суд води „неправеден процес против Ослободителната војска на Косово“. Тој нагласи дека од Меѓународниот трибунал, кој ги испитува претпоставените злосторства врз цивили од разни националности за време и непосредно по војната во 1998-99 година, побарал да му одговори кој ги убил членовите на неговото семејство. -Можам да сведочам и подготвен сум да посведочам за чистата борба на ОВК, затоа што на ОВК не ѝ е местото во Хаг. Таму треба да бидат српските криминалци кои убиваа цивили Албанци и вршеа силувања и други злосторства, изјави Дедај. Специјалниот суд со седиште во Хаг, познат во косовската јавност како „Суд за ОВК“, го водат меѓународни обвинители и судии. Формалната работа ја започна во јануари минатата година, од кога, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивили од албанска, српска, ромска и друга националност, според досегашните информации, се повикани околу 300 поранешни припадници на ОВК. На крајот на јуни годинава беше објавено дека Специјалното обвинителство покренало обвиненија против некои од основачите и водачите на ОВК, меѓу кои и актуелниот претседател на Косово Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово и поранешен собраниски спикер Кадри Весели. Тачи, кој од 13 до 17 овој месец беше на распит пред обвинителството во Хаг, изјави дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на државата доколку обвинението против него биде прифатено од судот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovskiot-ambasador-vo-makedonija-kontaktiran-od-specijalniot-sud-vo-hag/feed/ 0
Би-Би-Си: Специјалниот суд за Косово го прекина молкот на најдраматичниот можен начин https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bi-bi-si-specijalniot-sud-za-kosovo-go-prekina-molkot-na-najdramatichniot-mozen-nachin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bi-bi-si-specijalniot-sud-za-kosovo-go-prekina-molkot-na-najdramatichniot-mozen-nachin/#respond Wed, 24 Jun 2020 19:57:12 +0000 https://kurir.mk/?p=362432

Специјалниот суд за Косово денеска одеднаш го прекина молкот на најдраматичен моен начин, откривајќи не само дека косовскиот претседател Хашим Тачи е обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото, туку и дека го обвинува за повеќекратни обиди за опструирање и поткопување на работата на судот, пишува Би-Би-Си. -За секој кој некогаш се обидел да добие информации од Специјализираните совети на судот, ова е неверојатен развој на настаните, објаснува дописникот на Би-Би-Си од Балканот, Гај де Лони. Во својата анализа тој проценува дека од фактот дека е поднесено обвинение против Хашим Тачи повеќе изненадува како е тоа сторено. Според него, од основањето во 2016 година, судот не открил буквално ништо за неговата работа. Дури и кога поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај минатата година кажа дека бил сослушан како осомничен, судот не го потврди тоа. Се потсетува дека судот е основан да ги испита наводите од извештајот на Советот на Европа во 2011 година во кој Тачи беше назначен за водач на криминална група на ОВК, вклучена во трговија со дрога, оружје и човечки органи. Во тоа време, Тачи изјави дека извештајот на Советот на Европа соддржи „неосновани обвиненија“ и се закани дека ќе го тужи авторот на извештајот , швајцарскиот сенатор Дик Марти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bi-bi-si-specijalniot-sud-za-kosovo-go-prekina-molkot-na-najdramatichniot-mozen-nachin/feed/ 0
Кадри Весели на распит во Хаг https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kadri-veseli-na-raspit-vo-hag/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kadri-veseli-na-raspit-vo-hag/#respond Tue, 10 Dec 2019 06:08:38 +0000 https://kurir.mk/?p=275250

Лидерот на Демократската партија на Косово и претседател на последниот состав на Собранието на Косово Кадри Весели отпатува вчера за Хаг, каде што денеска ќе биде интервјуиран од Специјалниот суд за воени злосотрства во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.есели, кој беше еден од водачите на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК) и раководител на косовската разузнавачка служба (ШИК), на новинарите на приштинскиот аеродром им изјави дека неговото сведочење пред истражителите на меѓународниот суд претставува „меѓународен момент за повторно докажување на чистотата на борбата на народот на Косово и на борбата на ОВК“. – Специјалниот суд е предизвик наспроти ужасните српски злосторства, но истовремено е и меѓународен момент за повторно докажување на чистотата на борбата на народот на Косово и на борбата на ОВК. Секој борец на слободата е горд што ја имал среќата да ѝ служи на својата земја. И јас сум многу горд и благодарен за тоа. Историјата на ОВК е историја на правото на народот на Косово за слобода и независност, изјави Весели. Тој не кажа дали во Хаг е повикан во својство на осомничен, или како сведок. Распитот на Весели во Хаг првично беше закажан за почетокот на овој месец, но подоцна се одложи за денеска, 10 декември. Специјалниот суд со седиште во Хаг, познат во косовската јавност како „Суд за ОВК“, го водат меѓународни обвинители и судии. Формалната работа ја започна на 14 јануари годинава, со испитувањето на еден од поранешните команданти на ОВК. Покана да се јават пред oбвинителството, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивилното албанско и српско население во Косово за време и по последната војна со Србија, според досегашните информации, имаат добиено околу 300 поранешни водачи или други припадници на ОВК. Меѓу оние кои добија покана е и поранешниот командант на ОВК Рамуш Харадинај кој, поради тоа, во јули годинава поднесе оставка од премиерската функција, по што беа распишани вонредни парламентарни избори, кои се одржаа на 6 октомври. Истрагите, како што е најавено, се концентрирани на претпоставени злосторства во периодот од јануари 1998 до декември 2000 година. Првите обвиненија, според приштинските медиуми, се очекува да бидат подигнати набргу, односно до крајот на оваа или на почетокот на идната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kadri-veseli-na-raspit-vo-hag/feed/ 0
Делави: Косово нема моќ да го запре Специјалниот суд https://arhiva.kurir.mk/svet/region/delavi-kosovo-nema-mokj-da-go-zapre-specijalniot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/delavi-kosovo-nema-mokj-da-go-zapre-specijalniot-sud/#respond Wed, 10 Jan 2018 07:15:56 +0000 http://kurir.mk/?p=8575

Американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави ја поддржа јавната изјава на спикерот на парламентот, Кадри Весели за Специјалниот суд. Весели изјави дека Специјалниот суд е штетен за Косово, но оти тој ќе биде формиран бидејќи косовската држава нема моќ да го спречи тоа. Американскиот амбасадор Делави го поддржа овој став на Весели и на други косовски функционери кои искажуваат поддршка за Специјалниот суд. - Ја поздравувам јавната изјава на претседателот на Собранието Весели и другите политички лидери кои го поддржуваат, напиша амбасадорот Делави на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/delavi-kosovo-nema-mokj-da-go-zapre-specijalniot-sud/feed/ 0