специјалисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 06:05:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png специјалисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Патувајте во Истанбул бесплатно со Здравствен Информативен Центар „Медикал Караџи Турс“ и консултирајте се со врвни специјалисти во болница Мемориал! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patuvajte-vo-istanbul-besplatno-so-zdravstven-informativen-tsentar-medikal-karadhi-turs-i-konsultirajte-se-so-vrvni-spetsijalisti-vo-bolnitsa-memorial/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patuvajte-vo-istanbul-besplatno-so-zdravstven-informativen-tsentar-medikal-karadhi-turs-i-konsultirajte-se-so-vrvni-spetsijalisti-vo-bolnitsa-memorial/#respond Thu, 26 Oct 2023 06:05:58 +0000 https://kurir.mk/?p=893202

Здравствениот информативен центар-ЗИЦ „Медикал Караџи Турс“ заедно со групацијата Меморијал болници со задоволство им даваат можност на сите пациенти кои сакаат да се консултираат со специјалисти од светска класа за нивниот здравствен проблем, да имаат БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ и ПРОМОТИВНА ЦЕНА СО ПОПУСТ ЗА НИВНИОТ ПРЕГЛЕД. При назначување на ДОПОЛНИТЕЛНИ прегледи од страна на специјалист, пациентите ќе имаат можност да добијат попуст на цената доколку одлучат да ги направат на лице место. Пациенти со: • Онколошки заболувања за консултација со медицински онколог • Очни болести • Ортопедски заболувања • Естетска хирургија • Баријатриска хирургија • Гастроентерологија • Општа хирургија • Пет Скен • Неврохирургија • Трансплантација на бубрег – црн дроб И ЗА СИТЕ ДРУГИ КОНСУЛТАЦИИ И ИСПИТУВАЊА ЗА ВАШИОТ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ. ШТО ДОБИВАТЕ: • Бесплатен превоз Македониа – Турција – Македонија • Промотивна цена со попуст за преглед / консултација со специјалист од избрана област и попуст на дополнителни прегледи. Сите оние кои сакаат да патуваат мора да ги исполнуваат следниве услови: За медицинската документација однапред ќе се разговара со координатор од Здравствен Информативен Центар „Медикал Караџи Турс“ и доколку има потреба ќе се преведе на англиски јазик. Karaci Tours International ќе се погрижи за логистиката на пациентите и ќе обезбеди нивно удобно и безбедно патување. Пациентите ќе бидат придружувани од координатор на Здравствен Информативен Центар „Медикал Караџи Турс“, кој ќе се грижи за нивниот душевен мир и ќе ги информира за се што им е потребно во текот на патувањето. Програма: На 12 ноември - поаѓање наутро во 06 часот од Гостивар - Автобусот ќе се движи по релација: Гостивар- Тетово- Скопје- Велес- Неготино – Демир Капија- Гевгелија. Слободно време(пауза) во Текирдаг за шопинг, ручек и сл. Ноќевање во регионот на Истанбул, 35 евра по лице, на 13 ноември прегледи во болница Мемориал, враќање на 13 ноември во вечерните часови околу 20 часот, возење во текот на ноќта. ПОНУДАТА НЕ ВКЛУЧУВА: • Лични трошоци • Дополнителни услуги и истражувања Потребни документи за преминување на граничните премини Македонија – Турција: • Патна исправа ( Пасош валиден над 6 месеци ) • За лица под 18 години кои патуваат со еден родител, заверено полномошно од другиот родител. • Патничко осигурување • Karaci Tours International може да им помогне на пациентите да добијат патничко осигурување - контактирајте ги координаторите на Здравствен Информативен Центар-ЗИЦ „Медикал Караџи Турс“ за повеќе информации. Турција-Македонија: • Патна исправа (Пасош валиден над 6 месеци) Искористете ја можноста навреме да се информирате за вашите здравствени проблеми и да ги добиете најдобрите опции за нивно решавање! Сите заинтересирани за повеќе информации и пријавување можат да се јават во Здравствен Информативен Центар-ЗИЦ „Медикал Караџи Турс“: ☎ +389 71 314 005 и за сите други дополнителни прашања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patuvajte-vo-istanbul-besplatno-so-zdravstven-informativen-tsentar-medikal-karadhi-turs-i-konsultirajte-se-so-vrvni-spetsijalisti-vo-bolnitsa-memorial/feed/ 0
Лани 201 доктор на науки и 1976 магистри на науки и специјалисти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lani-201-doktor-na-nauki-i-1976-magistri-na-nauki-i-specijalisti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lani-201-doktor-na-nauki-i-1976-magistri-na-nauki-i-specijalisti/#respond Fri, 25 Mar 2022 14:49:40 +0000 https://kurir.mk/?p=653373

Во 2021 година, звање доктор на науки стекнале 201 лице, што претставува зголемување за 15,5 проценти во споредба со 2020 година. Со звање магистер на науки и специјалист, пак, лани се стекнале 1976 лица, од кои 1727 или 87,4 проценти се магистри и 249 или 12,6 проценти се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2020 годинa, е зголемен за 12,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголем број од лицата докторирале во областа на здравство и социјална заштита, 23,4 проценти, потоа на општествени науки, новинарство и информирање докторирале 17,4 проценти, следат бизнис, администрација и право со 15,9 проценти, уметност и хуманистички науки со 11,4 проценти, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност. Сто и петнасете жени одбраниле докторска дисертација во текот на 2021 година, што претставува 57,2 проценти од вкупниот број лица што докторирале во истата година. Најголемиот процент од вкупниот број лица што докторирале, односно 30,8 проценти ја вршат својата професија во образовната дејност. Учеството на жените магистри, пак, во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки, во 2021 година е 59,6 проценти. Во 2021 година, најголем број од магистерските трудови, 558 или 32,3 проценти, се од областа на бизнисот, администрацијата и правото, 22,2 проценти се од областа на општествените науки, новинарството и информирањето, следат инженерството, производството и градежништвото со 15,9 проценти, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lani-201-doktor-na-nauki-i-1976-magistri-na-nauki-i-specijalisti/feed/ 0
„Здравство.мк“: Еве ја платата од 100.000 денари за докторите специјалисти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-mk-eve-ja-platata-od-100-000-denari-za-doktorite-specijalisti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-mk-eve-ja-platata-od-100-000-denari-za-doktorite-specijalisti/#respond Thu, 13 Dec 2018 16:24:44 +0000 https://kurir.mk/?p=139838

Уште едно ветување на Филипче и Заев пуштено по вода, пишува порталот „Здравство.мк“ Ваквите ветувања и нивната реализација се тие „мали“ нешта што ги вадат работите од колосек ги револтираат докторите го уништуваат здравството. Ако министерот не може да распознае јавноста посочува по социјалните мрежи, поради ваквото лажење и манипулација на јавноста, пациентите и докторите, ги губиме здравствените работници и бегаат од државата, стои во текстот на порталот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-mk-eve-ja-platata-od-100-000-denari-za-doktorite-specijalisti/feed/ 0
Синдикатот на клинички центри не го прифаќа зголемувањето на основната плата од пет отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-klinichki-centri-ne-go-prifakja-zgolemuvanjeto-na-osnovnata-plata-od-pet-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-klinichki-centri-ne-go-prifakja-zgolemuvanjeto-na-osnovnata-plata-od-pet-otsto/#respond Thu, 23 Aug 2018 13:03:04 +0000 https://kurir.mk/?p=91202

За да се оствари програмата на Владата 2017-2020 година за „двојно зголемување на основните плати на сите здравствени работници и платите на докторите специјалисти во терциерното здравство кои скалесто ќе се зголемуваат и ќе изнесуваат минимум 100.000 денари, односно 1.600 евра до 2020 година“, во наредните две години основната плата на доктор специјалист од терциерно здравство би требало да се покачи за 146 проценти, а на медицинска сестра со средна стручна спрема 91 отсто, реагира денеска Синдикатот на клинички центри. Синдикатот ја поддржува одлуката на Владата за покачување на вредноста на бодот за најниската плата за најнизок степен на сложеност од 13.286 денари, но не го прифаќа зголемувањето на основната плата во здравството од пет отсто за 2018 година. Според Синдикатот, со пет проценти покачување сегашната основна плата на доктор специјалист од терциерно здравство од 38.827 денари би изнесувала 40.767 денари, односно би се зголемила за 1.940 денари, а за медицинска сестра со средна стручна спрема со сегашна основна плата од 18.027 денари би изнесувала 18.927 денари или би се зголемила за 900 денари. - Со оваа динамика и вакво „скалесто покачување“ останува нејасно како ќе се спроведе програмата на Владата што Синдикатот на клинички центри во целост ја поддржува. Доколку е така планирано, би било единствено покачување на основната плата на здравствените работници во периодот од 2017 година до крајот на 2018 година, велат од Синдикатот. За Синдикатот се неприфатливи и пресметки кои вклучуваат додатоци на плата какви што се дежурствата во толкување на остварување на Програмата на Владата 2017-2020 година која се однесува исклучиво на покачување на основната плата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-klinichki-centri-ne-go-prifakja-zgolemuvanjeto-na-osnovnata-plata-od-pet-otsto/feed/ 0
Недостасуваат специјалисти, а тој по медицинска биохемија распределен како диспечер во Итна помош  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedostasuvaat-specijalisti-a-toj-po-medicinska-biohemija-raspredelen-kako-dispecher-vo-itna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedostasuvaat-specijalisti-a-toj-po-medicinska-biohemija-raspredelen-kako-dispecher-vo-itna-pomosh/#respond Sat, 31 Mar 2018 10:25:53 +0000 https://kurir.mk/?p=34733

Тројца лекари кои завршиле специјализација по медицинска биохемија, кадар кој го нема во поликлиниките, наместо да бидат распоредени во лабораториите тие се преместени во службата за итна помош. Едниот е на работно место диспечер, друг оди на терен во домашна посета или итна помош, третиот е прераспределен во ноќна служба или на дежурства во поликлиника Чаир. Практично од  десетина организациони единици на Здравствен дом Скопје во само една од нив има доктор специјалист по медицинска биохемија и тое е во Ѓорче Петров, а во останатите работат само биохемичари. Во здравствената установа во Ченто, која покрива четири општини Гази Баба, Илинден, Петровец и Арачиново,  кои имаат околу 120 илјади жители пак нема ниту биохемичари. Таму работи биолог, па дел од испитувањата воопшто не се реализираат. Специјализантите  откако ќе ги завршат сите турнуси од специјализацијата, на крај полагаат специјалистички испит. Но, на истите не им се плаќа испитот, а тоа е обврска бидејќи станува збор за специјализанти финансирани од државата. Тоа значи дека со ова свесно им се одолговлекува специјализацијата, односно завршувањето на дошколувањето. Тоа е особено значајно затоа што во здравството има дефицит од кадри во речиси сите области.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedostasuvaat-specijalisti-a-toj-po-medicinska-biohemija-raspredelen-kako-dispecher-vo-itna-pomosh/feed/ 0