специјализанти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Sep 2022 14:43:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png специјализанти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Специјализанти на стоматологија се жртви на нередовна исплата, му се обратија на премиерот Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalizanti-na-stomatologija-se-zrtvi-na-neredovna-isplata-mu-se-obratija-na-premierot-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalizanti-na-stomatologija-se-zrtvi-na-neredovna-isplata-mu-se-obratija-na-premierot-kovachevski/#respond Mon, 12 Sep 2022 14:43:32 +0000 https://kurir.mk/?p=731745

Отворено писмо до премиерот Ковачевски испратија приватните специјализанти на стоматологија. Истото го пренесуваме во продолжение: Ние како Специјализанти по Стоматологија ви се обраќаме за да бидеме слушнати бидејќи се соочуваме со сурово одбивање и игнорирање од повисоките институции. Жртви сме на нередовна исплата на средства за кои имаме апсолутно право, согласно потпишан договор во кој е наведено дека Стоматолошкиот Клинички Центар “Св. Пантелејмон” ќе врши исплата на истите во времетраење на целата специјализација. Прекинувањето на исплатата беше направено без никакво официјално соопштение и оправдение. Ние како специјализанти нашиот труд го даваме со обезбедување на професионални услуги кон пациентите во Стоматолошкиот Клинички Центар “Св. Пантелејмон” согласно нашиот договор со Универзитетот и Клиниката. Првично не радуваше фактот дека после повеќе обиди успеавме да се избориме за соодветна исплата како специјализанти/доктори која што е и пракса во секоја земја членка на Европската Унија, насока на која се стремиме и ние како држава да поставиме слични стандарди. Изминатите два месеци наместо да бидеме фокусирани на нашата дејност, повеќе колеги вршеа административни работи за да се надмине овој проблем и се трудеа да бидат “мост” меѓу соодветните институции (Стоматолошка Клиника, ФОНД, Министерство за Здравство). За ажурирање на нашите податоци како специјализанти, има соодветни одговорни лица кои примаат плата за нивната работа. Нивните пропусти не смеат да се одразуваат негативно во однос на нашата клиничка работа и нашата исплата. Нашата работа како специјализанти/доктори е на клиника со пациенти. Има специјализанти кои имаат прекинат работен однос за да обавуваат специјализација и не примаат никакви други средства освен специјализантската плата, а со зголемувањето на инфлацијата и трошоците дали некој се прашува како тие доктори врзуваат крај со крај без никакви други примања?! Дали е ова начинот со кој државата сака своите доктори и специјалисти да ги зачува во земјата?! Овој проблем кој наводно не треба ни да постои, може многу лесно да се поправи, меѓутоа треба малку волја и поттик. Затоа ние како специјализанти по стоматологија, одлучивме да ви го пратиме ова отворено писмо со надеж дека ќе успееме да најдеме разбирање од ваша страна и ќе ни излезете во пресрет. Нашата професија е хумана, ние сме академски граѓани, доктори и заслужуваме подобар третман од институциите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalizanti-na-stomatologija-se-zrtvi-na-neredovna-isplata-mu-se-obratija-na-premierot-kovachevski/feed/ 0
Од јануари ќе се исплаќа месечен надомест за специјализантите кои започнаа со специјализација во септември годинава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-januari-kje-se-isplakja-mesechen-nadomest-za-specijalizantite-koi-zapochnaa-so-specijalizacija-vo-septemvri-godinava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-januari-kje-se-isplakja-mesechen-nadomest-za-specijalizantite-koi-zapochnaa-so-specijalizacija-vo-septemvri-godinava/#respond Tue, 21 Dec 2021 10:28:03 +0000 https://kurir.mk/?p=611129

Од јануари 2022 година ќе почне да им се исплаќа месечниот надомест на приватните специјализанти кои започнаа со специјализација од септември 2021 година, информира Министерството за здравство. -На специјализантите ќе им се исплатат и заостанатите месечни надоместоци, односно од септември заклучно со крај на 2021 година, соопшти Министерство за здравство. Од министерството посочуваат дека првпат, почнувајќи од 2018 година, приватните специјализанти за својот труд земаат месечен надомест во висина од просечна плата на општ лекар. Претходно приватните специјализанти, за време на специјализацијата работеа без пари. Освен месечен надомест, од 2021 година, на приватните специјализанти им се плаќа здравствено осигурување и платени им се дежурствата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-januari-kje-se-isplakja-mesechen-nadomest-za-specijalizantite-koi-zapochnaa-so-specijalizacija-vo-septemvri-godinava/feed/ 0
Специјализантите се уште без здравствено осигурување и платени дежурства, а максимално вклучени во ковид центрите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalizantite-se-ushte-bez-zdravstveno-osiguruvanje-i-plateni-dezurstva-a-maksimalno-vklucheni-vo-kovid-centrite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalizantite-se-ushte-bez-zdravstveno-osiguruvanje-i-plateni-dezurstva-a-maksimalno-vklucheni-vo-kovid-centrite/#respond Tue, 20 Apr 2021 09:30:24 +0000 https://kurir.mk/?p=499711

Специјализантите преку соопштение до медиумите повторно ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат и бараат реализација на нивните проблеми. Тие посочуваат дека се уште немаат здравствено осигурување, а платата која во моментов ја земаат е помала од просечната во државата. - Три месеци изминаа откако министерот јавно, на сите медиуми и јавни гласила вети дека проблемот со здравственото осигурување на приватните специјализанти е решен. Ја известуваме јавноста дека по тоа прашање сеуште не е постапено.  За потсетување платата на приватните специјализанти остана 26000 денари од 2018 год., што во моментов е за 2500 ден под просечна плата во Македонија. Досега ниедно покачување на личен доход, кое во неколку наврати опфаќаше и не медицински персонал кој работи во здравствениот сектор не не опфати нас како приватни специјаизанти, се вели во нивното соопштение. Специјализантите посочуваат дека сеу ште немаат платени дежурства иако овој проблем се изнесе пред Министерството за здравство уште во 2019 год.,кога добиле уверување дека наскоро ќе биде решен. -ЗЛС направи неколу пресметки кои ги опфаќаат државните и приватните доктори на специјализација по однос на платени дежурства. Истите не изнесуваат повеќе од 27.000 евра на месечно ниво за која што сума добивме одобрување од МЗ. Покрај се специјализантите се уште обавуваат 24ч дежурство за нула денари. Дел од овие неплатени дежурста колегите ги релизираат во ковид центрите.Покрај помпезната најава дека се обезбедени средства за вработувања на 250 приватни специјализанти во декември 2020, три месеца подоцна ниту еден конкурс не е реализиран. Со порастот на бројот на активни случаи и во недостаток на медицински кадар повторно се бара од оваа група на маргинализирани лекари да работи во ковид центрите кои се отвараат ширум државата. Бројот на ЗАРАЗЕНИ приватни специјализанти, кои работат во Ковид центрите континуирано расте. А во меѓувреме колегите херојски се борат со КОВИД-19 под овие услови веќе една година. Но во рамките на сопствената држава, не за долго, велат од ЗЛС. Специјализантите апелираат на итно решавање на горе наведените ставки и нивна конечна реализација, во пракса, во најбрз можен рок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalizantite-se-ushte-bez-zdravstveno-osiguruvanje-i-plateni-dezurstva-a-maksimalno-vklucheni-vo-kovid-centrite/feed/ 0
Писмо до Заев и Филипче: Младите доктори-специјализанти бараат решавање на нивните проблеми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismo-do-zaev-i-filipche-mladite-doktori-specijalizanti-baraat-reshavanje-na-nivnite-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismo-do-zaev-i-filipche-mladite-doktori-specijalizanti-baraat-reshavanje-na-nivnite-problemi/#respond Tue, 22 Dec 2020 11:22:24 +0000 https://kurir.mk/?p=446627

Групата на приватни специјализанти при Медицинскиот факултет објавуваат јавно писмо до премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче. Тие си ги бараат своите права кои им беа ветени, а не се исполнети. Бараат здравствено осигурување за сите приватни специјализанти, платени дежурства, покачување на основната базична плата и покривање барем на дел од трошоците за специјализација. Владата покажа голема негрижа за овие млади доктори кои работат пожртвувана професија, а се обесправени во повеќе аспекти. Целите нивни барања и писмото до Заев и Филипче ви ги пренесуваме во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismo-do-zaev-i-filipche-mladite-doktori-specijalizanti-baraat-reshavanje-na-nivnite-problemi/feed/ 0
Лекарите специјализанти до Заев: Спротивно на основните човечки приципи e да се бара специјализант без здравствено осигурување да работи во Ковид центар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarite-specijalizanti-do-zaev-sprotivno-na-osnovnite-chovechki-pricipi-e-da-se-bara-specijalizant-bez-zdravstveno-osiguruvanje-da-raboti-vo-kovid-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarite-specijalizanti-do-zaev-sprotivno-na-osnovnite-chovechki-pricipi-e-da-se-bara-specijalizant-bez-zdravstveno-osiguruvanje-da-raboti-vo-kovid-centar/#respond Thu, 12 Nov 2020 11:30:19 +0000 https://kurir.mk/?p=428495

Здружението на лекари специјализанти преку отворено писмо му се обраќа на премиерот Зоран Заев, бидејќи како што велат, вистината не смее да се премолчува. -Здружението на лекари специјализанти ЗЛС сака да потенцира дека во време на кризни моменти за македонското здравство и општеството воопшто, кога се соочуваме со скоро исполнети болнички кревети и исцрпен кадар, секој специјализант посакува да му се овозможат хумани услови за да може да се приклучи на борбата и со тоа придонесе кон унапредување на здравствената состојба на пациентите. А од друга страна да спречи колапс на здравствениот систем, што е особено значајно во овој момент. Уште еднаш апелираме до Вас и пошироката јавност дека е спротивно на основните човечки приципи да се побарува специјализант без здравствено осигурување да работи во Ковид центар, се наведува во отвореното писмо. Лекарите специјализанти посочуваат дека правото на живот и здравје е загарантирано со конвенција за човекови права, а приватните специјализанти не треба да бидат исклучок од тоа. -Сечиј труд треба да биде признаен преку негова адекватна валоризација. Во име на тоа мора да има платени дежурства за секој специјализант до крајот на специјализацијата. До кога Државата и Министерството ќе дозволуваат и толерираат специјализантот да биде поставен на маргините на здравствениот систем? До кога ќе биде потребно јавно да апелираме за стекнување на основните права и услови кои ни следуваат? Не претставувајте не пред општеството како да бараме премногу. Запомнетe, ние го бараме само основното, порачуваат од ЗЛС. Тие нагласуваат дека приватните специјализанти, потребно е да лечат пациенти во јавно здравствените установи, но доколку тие самите станат потенцијални пациенти, тогаш за нив јавното здравство не постои. - ЗЛС уште од мминатата година изработи неколку симулации на буџет за дежурства кој ги опфаќа сите државни и приватни специјализати и истиот на месечно ниво изнесува нешто помалку од 25 илјади евра, сума која не би го оптоварила ФЗОМ. Не помалку важно во оваа ситуација е и непостоењето на јасни критериуми кои ќе ги регулираат категориите на лекари специјалзанти кои од оправдани причини би биле изземени од работа во Ковид-19 центрите, како што е тоа случај со специјалистите. Во тој контекст, мора да се дефинираат јасни насоки за тоа кои категории на лекари се иземени од работа во Ковид-19 центрите и истите би биле ангажирани во зелените зони. Овозможете ни да им помогнеме на нашите пациенти и истоштениот систем, рамо до рамо со останатите колеги. Се надеваме дека од Вас, г-дин Зоран Заев ќе наидеме на слух и разбирање и заеднички ќе ги решиме овие горливи проблеми еднаш засекогаш, посочуваат тие во отвореното писмо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarite-specijalizanti-do-zaev-sprotivno-na-osnovnite-chovechki-pricipi-e-da-se-bara-specijalizant-bez-zdravstveno-osiguruvanje-da-raboti-vo-kovid-centar/feed/ 0
Додека македонските специјализанти дежураат за без пари, европарламентот донесе Резолуција за спречување на неплатената работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-makedonskite-specijalizanti-dezuraat-za-bez-pari-evroparlamentot-donese-rezolucija-za-sprechuvanje-na-neplatenata-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-makedonskite-specijalizanti-dezuraat-za-bez-pari-evroparlamentot-donese-rezolucija-za-sprechuvanje-na-neplatenata-rabota/#respond Sun, 11 Oct 2020 11:02:56 +0000 https://kurir.mk/?p=415043

Медицинскиот кадар, и во овие исклучиво тешки поменти, се почесто иднината ја гледа надвор од границите на Македонија. Најчеста причина за заминувањето на младите лекари и специјализантите, односно целокупниот медицински кадар се ниските плати и неможноста да се добие посакуваното работно место. Специјализантите, кои сами си ја финансираат нивната специјализација, после долги години се изборија за добивање на месечен паричен надоместок од 26 000 денари. Нивниот секојдневен ангажман и труд на скопските клиники изнесува само 26 000 денари. Ноќниот труд и 24 часовните дежурства не им се платени, односно специјализантите дежуваат про боно, што би се рекло, волонтираат за без пари. Заради ниските примања и условите под кои се добива работното место, како и лошите услови за работа и едукација, младиот медицински кадар мигрира и чарето го бара по европските развиени држави. И додека нашиот медицински кадар, работи за без пари или пак преживува со примањата кои ги добива, Европскиот парламент изгласа усвојување на Резолуција која има за цел да ги поддржи младите во обезбедувањето ввалитетни можности за вработување. Резолуцијата ја осудува праксата на неплатена пракса, стажирање и дежурства која обично ја користат работодавците и повикува на правни инструменти со кои ќе се спроведе нивното правично плаќање. На Резолуција, се чини дека, најмногу им се израдуваа македонските млади лекари и специјализанти, кои на социјалата мрежа Фејсбук ја споделија веста за да може да се информира секој млад лекар и специјализант. „Европскиот Парламент кажа НЕ на неплатената работа! Платени дежурства за сите специјализанти“, стои на Фејсбук страната на Асоцијацијата на спесијализанти и млади лекари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-makedonskite-specijalizanti-dezuraat-za-bez-pari-evroparlamentot-donese-rezolucija-za-sprechuvanje-na-neplatenata-rabota/feed/ 0
АСМЛ во целост ги поддржува колегите во нивното барање за отпочнување на ветената 6-месечна платена пракса https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asml-vo-celost-gi-poddrzuva-kolegite-vo-nivnoto-baranje-za-otpochnuvanje-na-vetenata-6-mesechna-platena-praksa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asml-vo-celost-gi-poddrzuva-kolegite-vo-nivnoto-baranje-za-otpochnuvanje-na-vetenata-6-mesechna-platena-praksa/#respond Thu, 06 Feb 2020 19:21:11 +0000 https://kurir.mk/?p=300335

Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ во целост ги поддржува колегите во нивното барање за отпочнување на ветената 6-месечна платена пракса. „Млади лекари со лиценца за работа, веќе скоро втор месец чекаат на отпочнување на шест месечната платена пракса. Истата е предвидена со закон и е услов за запишување на специјализација. Колегите ги имаат уредно доставени сите потребно документи, а официјален став за отпочнување на истата нема! Овој допис е поддржан од 60+ млади лекари кои се директно засегнати од проблемот, и уште многу кои ќе бидат засегнати во наредните месеци. Овие млади лекари моментално се без работа и заблуда за својата професионална иднина. Тие се сериозна бројка на млади лекари кои вeќе размислуваат за иселување од државата! Дополнителен проблем е правната дилема дали овие млади лекари ќе можат да потпишуваат договори после 12-ти Февруари? Итно очекуваме официјален став од МЗ и временска рамка за отпочнување“- се наведува во нивното соопштение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asml-vo-celost-gi-poddrzuva-kolegite-vo-nivnoto-baranje-za-otpochnuvanje-na-vetenata-6-mesechna-platena-praksa/feed/ 0
Kофинансираните приватни специјализанти најавија протест: Ова се нивните причини и барања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kofinansiranite-privatni-specijalizanti-najavija-protest-ova-se-nivnite-prichini-i-baranja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kofinansiranite-privatni-specijalizanti-najavija-protest-ova-se-nivnite-prichini-i-baranja/#respond Fri, 15 Nov 2019 20:42:53 +0000 https://kurir.mk/?p=264685

На 18.11.2019 година, ќе се организира протест на кофинансираните приватни специјализанти пред просториите на Министерството за здравство. Тие ги објавија причините поради кои излегуваат на протест, а нивното соопштение го пренесуваме во целост: Нашите кофинансирани приватни специјализации не се вклопуваат во законот за здравствена заштита, бидејќи содржат елементи и од приватни и од државни и не се целосно дефинирани.
  1. Договорот за вработување во клиниката на неопределено време после завршување на специјализација има огромна правна празнина и можност за слободна интерпретација, така што после завршување на специјализација немаме загарантирано работно место.
(Почитувањето, односно непочитувањето на договорот од страна на Јавните здравствени установи за трансформација на работниот однос од определено на неопределено време по завршувањето на специјализацијата сеуште претставува проблем, со тоа што, млади доктори кофинансирани кои се завршени специјалисти добиваат плата во висина на една просечна плата на ниво на Р.С. Македонија)
  1. И покрај тоа што земаме пониска плата од нашите колеги кои немаат никаква обврска кон државата (ниту да работат во одредена институција, ниту да враќаат енормни суми на државата), плаќаме одреден дел од нашата партиципација за специјализација сами и годините што треба да ги одработиме за установата се исти како и државните специјализанти, финансиите што треба да ги вратиме се повисоки од тие на државните специјализанти кои се во однос 1:2 а ние кофинансираните сеуште остануваме со однос 1:5 (5 пати повисоки од износот кој што е кофинансиран) доколку би се откажале од истата(беше направен обид за корегираање на одност 1:5 во 1:2 со отварање на ЗЗЗ по скратена постапка на 24.07.2019 за кофинансираните специјализанти но, неуспешно и не се спроведува) Тоа е огромна празнина во законот и крајно нефер обврзувачки договор.
  1. Висината на нашата плата изнесува колку една просечната плата на ниво на Р.С. Македонија која е пониска од платата на државен специјализант во иста ‘’ЈЗУ’’ кој е со иста ангажираност, исти услови, ист обврзувачки договор како и кофинансираниот. (со што нас како група кофинансирани специјализанти не не опфаќа никакво покачување на плата за лекари специјализанти предвидено со закон)
Очигледно овој пилот проект на кофинансирана специјализација има суштински проблеми кои треба детално да се разгледаат.  Бараме трансформација на работнит однос од определено во неопределено, и прецизно дефинирање и усогласување на решенијата за горе наведените проблеми во најкраток можен рок. Протестот ќе се одржи во периодот од 10-12 часот, со што во 10:30 ќе биде дадена изјава пред медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kofinansiranite-privatni-specijalizanti-najavija-protest-ova-se-nivnite-prichini-i-baranja/feed/ 0
Специјализантите стоматолози без плата од септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalizantite-stomatolozi-bez-plata-od-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalizantite-stomatolozi-bez-plata-od-septemvri/#respond Mon, 10 Dec 2018 13:42:54 +0000 https://kurir.mk/?p=138185

Четириесет специјализанти по стоматологија кои приватно го плаќаат школувањето не го добиле ветениот паричен надомест уште од септември годинава, и покрај тоа што редовно ги извршуваат работните обврски во Стоматолошкиот клинички центар. – Нашите барања за месечен паричен надомест не се реализирани.Сакаме да потсетиме на изјавата на министерот за здравство во која вели дека септемвриската плата се прима во октомври, но денеска е 10 декември, а ние се уште немаме видено ниту потпишано договори за истото. Ние не сме субјект за манипулација и бараме да бидеме почитувани согласно нашиот придонес. Цело време телефонираме во министерствата за здравство и за финансии, во Фондот за здравствено осигурување. Одговорите се „ние потпишавме, другото министерство е одговорно за вас“, „се прават нови списоци“, „се менуваат списоците“, изјави доктор Милан Ацевски, специјализант на одделот за болести на устата и парадонтот при Стоматолошкиот клинички центар. Посочи дека немаат конкретен одговор и затоа одлучиле да ја запознаат јавноста дека иако доаѓаат секој ден ништо не добиле за возврат. – На списокот сме 43, а добиме информација дека во новиот список за исплата се ставени 40 специјализанти. Доаѓаме и прва и втора смена на работа. Имаме и дополнителни патни трошоци. Некои од нас доаѓаат и од други градови. Изреволтирани сме од односот на министерствата, на сите субјекти бидејќи не третираат како деца, а ние сме возраст. Си играат играчки со нас. Немаме информација го каде се договорите и реализацијата на ветеното. Ова е последна шанса да се разбереме со надлежните институции, а потоа дополнително ќе известиме за нашите натамошни чекори кои верувам дека би требало да бидат малку порадикални, додаде Ацевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalizantite-stomatolozi-bez-plata-od-septemvri/feed/ 0
Незадоволни идните стоматолози: За едни специјализанти има пари, за други нема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezadovolni-idnite-stomatolozi-za-edni-specijalizanti-ima-pari-za-drugi-nema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezadovolni-idnite-stomatolozi-za-edni-specijalizanti-ima-pari-za-drugi-nema/#respond Tue, 18 Sep 2018 15:21:08 +0000 https://kurir.mk/?p=102741

Незадоволство и кај специјализантите по стоматологија. Ако долго се натегаа дали ќе има или не пари за специјализантите по медицина, сега и оние по стоматологија бараат да имаат рамноправен третман. Имале средби со министерот за здравство Венко Филипче, а на крај одговорот бил нема пари. Сега тие се обраќаат до премиерот Зоран Заев. Еве што му пишуваат на Заев, пренесува порталот Здравство.мк. „По низата неуспешни обиди да се слушне нашиот глас во министерството за здравство и да се реализираат нашите барања, одлучивме да Ви се обратиме Вам како наша последна надеж за да го вратиме достоинството кое одамна го изгубија докторите специјализанти на стоматологија во нашава држава. Имено, бевме многу задоволни кога слушнавме дека конечно се обезбедени и пуштени финансиски средства за исплата на колегите специјализанти на медицина, што секако е за поздравување. Ни влеавте надеж дека сепак здравствените власти се грижат за нас, младите специјализанти, и дека имаме некаква перспектива, останувајќи да работиме и да ја градиме нашата иднина тука. Да се биде доктор по стоматологија, а уште повеќе и специјалист по одредена област во стоматологијата, е истовремено привилегија и престиж во било која држава надвор од нашава. Но, за жал, општо познат е фактот дека во се поголем број наши незадоволни колеги ја напуштаат државата во потрага по подобра егзистенција. Изминативе години, се поевидентен е трендот на промена на стоматологијата како професија, главно поради ниските примања кои ги добиваат младите доктори стоматолози, како и експлоатацијата која се јавува како чест феномен на денешницата. Впрочем, сите сме сведоци и знаеме како е да се прима паричен надомест кој не е доволен да се покријат ниту патните трошоци до работа и назад, што е многу далеку од создавањето на услови за пристоен живот на еден доктор стоматолог, кој треба да оформи свое семејство, да продолжи со сопствена континуирана едукација и понатамошно усовршување во професијата, од аспект на специјализација. Програмата на Владата ветуваше многу за младите доктори на специјализација, меѓутоа мал дел од тие ветувања се исполнети. На панел дискусијата одржана на ден 11.06.2018 г. во Музејот на современа уметност, на која учествувавте и Вие заедно со Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче и останати претставници на Министерството за здравство, како и на повеќе асоцијации на специјализанти и млади лекари, истакнавте дека исклучително важна цел на оваа Влада е да се задржи младиот медицински кадар во земјава со создавање на нови подобри услови и спроведување на соодветни мерки кои дополнително ќе влијаат на остварување на оваа цел. Беше посочено дека се издвоени финансиски средства и дека ќе започне месечна исплата на сите приватни специјализанти, вклучувајќи ги и специјализантите на стоматологија, меѓутоа беа исплатени само колегите специјализанти на медицина и тоа делумно. Ние ја подржуваме оваа Ваша иницијатива за позитивни промени во здравството, меѓутоа бараме рамноправно и подеднакво спроведување на истата. Бараме валоризација и на нашиот труд, а досега единствено што почувствувавме е апсолутна дискриминација на специјализантите на стоматологија и деградација на истите и на стоматолошката фела во целост. Од одржаната панел дискусија поминаа повеќе од 3 месеци, а од долгоочекуваниот ветен паричен надоместок за приватните специјализанти на стоматологија, ниту трага! Воедно, би сакале да напоменеме дека изминативте 5-6 месеци нашата работна група оствари повеќе средби со Министерот за здравство, со дел од неговите советници и останати претставници од Министерството, но сите беа без било каков конкретен резултат и завршуваа со празни ветувања. Сепак, најоптимистичка беше нашата трета средба одржана на 01.06.2018 г., кога присуствувваше и Директорот на Секторот за финансиски прашања при ФЗОМ, г-дин Миле Сугарев, кој лично изјави дека во месец септември 2018 година Фондот за здравствено осигурување ќе успее да обезбеди финансиски средства и дека тогаш ќе започне месечната исплата на истите. Во меѓувреме, се што беше побарано од наша страна беше и реазлизирано, ги комплетиравме списоците на приватни специјализанти со бараните податоци во најкраток можен рок. Целата документација беше подготвена за да се испрати до ФЗОМ од каде што требаше да бидат одобрени средства и истите да се распределат на соодветните стоматолошки клиники. Подоцна на наше инсистирање добивме информација дека буџетот за исплата на нашите веќе одамна ветени плати всушност се уште не е обезбеден, односно не постои! Според приложеното, очигледно е дека целиов процес е се уште на самиот почеток, а се добива впечаток дека цела една генерација на млади доктори по стоматологија е тотално изигнорирана и изиграна. Ние веруваме во Вас како претседател на Владата на Р. Македонија и во Вашата определба кон позитивни промени со цел задржување на нас младите, но во исто време се прашуваме каде сме ние во целата оваа приказна? До каде е процесот за одобрување на средства за исплата на месечен паричен надоместок и на специјализантите по стоматологија? Ние сме спремни за зајакнување на нашите научни и стручни капацитети и усовршување на нашите практични способности, но колку е сето тоа изводливо со минимален или никаков приход? Дополнително, пред нас следува тежок финансиски период, односно почеток на новиот семестар и подмирување на трошоците за специјализација кон Стоматолошкиот Факултет – Скопје, кои се дополнителен товар на младиот специјализант. Во повеќе наврати беше кажано дека оваа Влада е детерминирана кон унапредување на здравствениот сектор и дека и ние треба да се ангажираме и заедно за дејствуваме за подобро здравство. Ние сме тука и веќе работиме и придонесуваме. Единствено што бараме е реално вреднување на нашиот труд и ветениот месечен паричен надоместок. Вие ние сте последната искра надеж дека некој во оваа држава се грижи и за нас, докторите стоматолози на специјализација, и длабоко сме уверени дека ќе создадете подобри услови за сите нас. Затоа, бараме ургентно актуелизирање и решавање на ова за нас исклучително сериозно и значајно финансиско прашање. Ве замолуваме да ја искористите Вашата позиција со цел рамноправен, правичен и еднаков третман на сите приватни специјализанти“, се вели во Отвореното писмо до премиерот Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezadovolni-idnite-stomatolozi-za-edni-specijalizanti-ima-pari-za-drugi-nema/feed/ 0