специјални сили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Jan 2022 07:13:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png специјални сили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Канада испрати трупи на специјалните сили во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-isprati-trupi-na-specijalnite-sili-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-isprati-trupi-na-specijalnite-sili-vo-ukraina/#respond Tue, 18 Jan 2022 07:13:33 +0000 https://kurir.mk/?p=620625

Канада испрати мал контингент од воените сили за специјални операции во Украина, објавија канадски медиуми, повикувајќи се на неименувани извори. Според нив, таквиот потег е „дел од напорите на сојузниците во НАТО да ја запрат руската агресија и да најдат начини за поддршка на украинската влада“. Друга задача што им е доделена на специјалните сили е да ги евакуираат канадските дипломати во случај на влошување на ситуацијата во Украина, се наведува во извештајот. Претходно медиумите објавија дека Канада испратила 200 војници во Украина за да помогнат во обуката на локалните војници. гт/ 2022-01-18 07:56:48, од Габриела Точко]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-isprati-trupi-na-specijalnite-sili-vo-ukraina/feed/ 0
Нацев: Трансформацијата на специјалните единици на Армијата е лошо замислена и не треба да се одвива на начинот како што е планирана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-transformacijata-na-specijalnite-edinici-na-armijata-e-losho-zamislena-i-ne-treba-da-se-odviva-na-nachinot-kako-shto-e-planirana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-transformacijata-na-specijalnite-edinici-na-armijata-e-losho-zamislena-i-ne-treba-da-se-odviva-na-nachinot-kako-shto-e-planirana/#respond Mon, 07 Oct 2019 13:18:27 +0000 https://kurir.mk/?p=248825

Трансформацијата на специјалните единици на Армијата на Република Макеоднија е лошо замислена и не треба да се одвива на начинот како што е планирана, пишува во својот најнов статус на својот Фејсбук профил просесорот Александар Нацев. -Во мојот претходен статус на оваа тема, истакнав дека трансформацијата на специјалните единици на Армијата на Република Макеоднија е лошо замислена и не треба да се одвива на начинот како што е планирана. Пред отприлика шест месеци, во неколку наврати, најпрво со делегација предводена од Заменикот Командант на НАТО Штабот за специјални операции, бригадниот генерал Робин Стефенсон, а месец дена потоа и со Командантот на НАТО Штабот за специјални операции вице-адмиралот Колин Килрајн, одржани се експертски средби со цел да се дадат насоки за идниот развој на специјалните сили на АРМ и е разговарано за трансформацијата и интеграцијата на специјалните сили на Армијата по нашето членство во Алијансата, како и понатамошниот развој и можности за соработка. На овие средби се донесени заклучоци дека е потребна трансформација на Полкот за специјални операции, со цел подобро организирање на сегашната структура на стратешко, оперативно и тактичко ниво, но никаде во овие разговори не се зборувало за гаснење на Полкот за специјални операции и разводнување на специјалните сили и досега изградените капацитети. Сепак, заради ветените политички игри и одредени концесии кон други политички структури, за Пендаровски и за Шеќеринска, најлесно решение е да се растури Полкот со цел да се вратат одредени политички долгови. Значи, не станува збор за систематски и професионален пристап кон унапредување на армиските капацитети, туку за чисти партиски и коалициони интереси и политизација на процесот. Како што веќе напишав, овој потег не само што е контра евро-атлантските заложби, бидејќи и НАТО и ЕУ ја препознааваат потребата од вложување во специјалните единици на Армијата на Република Македонија, туку и нашите партнери од НАТО имале сериозни забелешки дека соодветно на денешните безбедносни услови, специјалните сили треба да бидат ударната игла на Армијата и да ги извршуваат најкомплексните задачи. Овие забелешки биле презентирани пред Генералштабот на Армијата и пред Министерството за одбрана, но оттаму остануваат неми на оваа тема. Наместо реакција, се молчи и немо се набљудува како под превезот на реформи се одвива молскавичното растурање на единицата, со цел да се искористи првиот бран на шок и неверица во јавноста дека најелитната единица на Армијата на Република Македонија се растура заради политички комбинаторики, вели професорот Нацев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-transformacijata-na-specijalnite-edinici-na-armijata-e-losho-zamislena-i-ne-treba-da-se-odviva-na-nachinot-kako-shto-e-planirana/feed/ 0