Специјално обвинителство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Nov 2020 10:00:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Специјално обвинителство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Специјално обвинителство во Хаг: Во тек се операции во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/specijalno-obvinitelstvo-vo-hag-vo-tek-se-operacii-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/specijalno-obvinitelstvo-vo-hag-vo-tek-se-operacii-vo-kosovo/#respond Fri, 06 Nov 2020 09:59:36 +0000 https://kurir.mk/?p=425762

Специјалното обвинителство во Хаг денеска соопшти дека во тек се операции на Специјалното обвинителство на Косово кои се одвиваат со поддршка на косовската полиција и мисијата на Европската мисија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС). Подетални информации ќе бидат доставени наскоро, пишува во соопштението. Припадници на ЕУЛЕКС вршат претрес во седиштето на Демократската партија на Косово (ДПК) и семејните куќи на претседателот во оставка на Косово, Хашим Тачи, поранешниот претседател на ДПК, Кадри Весели и шефот на парламентарната група на движењето Самоопределување Реџеп Селими. На сите пред Специјалното обвинителство во Хаг им е потврдено обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото. Пред зградата на ДПК и семејните куќи има и припадници на косовската полиција кои го обезбедуваат пристапот до објектите. Тачи вчера поднесе оставка на функцијата претседател, откако Специјалниот суд го потврди неговото обвинение. По доброволното предавање и апсењето во седиштето на ЕУЛЕКС, Тачи, Весели и Селими вчера беа префрлени во притворската единица на Специјалниот суд во Хаг. Судот за злосторства на ОВК во Хаг синоќа ги повика жртвите на кривичните дела споменати во обвиненијата против Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи да се јават и да учествуваат во судската постапка. Судот во соопштение наведе дека жртвите можат да се пријават ако можат да покажат дека претрпеле штета, вклучително и физичка, душевна или материјална, како директен резултат на кривичните дела од потврденото обвинение. – Гласот на жртвите е неопходен за остварување на правдата. Преку нивниот претставник, жртвите кои учествуваат во постапката можат да ги остварат правата што им се дадени според нашите важечки регулативи и да се погрижат нивниот глас да биде слушнат пред надлежните судии, рече претседателката Екатерина Трендафилова. Говорејќи за важноста на учеството на жртвите, обвинителот Џек Смит рече дека кривичните дела во обвинението се сериозни и оти во грижата за тоа правдата да се задоволи, не смеат да се заборават страдањата на жртвите. – Учеството во постапката може да им даде сила на жртвите и да обезбеди нивниот глас да се слушне, рече обвинителот Смит. И лидерот на ДУИ, Али Ахмети реагираше во врска со потврдата на обвиненијата за водачите на ОВК, и на Фејсбук напиша дека „војната на Ослободителната Војска на Косово беше праведна војна на албанската нација за слобода и самоопределување, но исто така и за правда и владеење на правото, демократско и кохезивно општество, ориентирано кон евро-американските вредности“. – Знам, како јас така и моите другари, ако имавме уште по еден живот, втора можност да се бориме за слобода и еднаквост, ќе го сторевме тоа повторно затоа што верувавме и веруваме во правото на нашата нација, напиша Ахмети. Тој истакна дека владеењето на правото и вистинската неселективна правда се целта на сите и им честита на лидерите на Косово кои, како што напиша, „на најдостоинствен начин одговорија на повикот за правда“ и им посака брзо враќање на нивните должности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/specijalno-obvinitelstvo-vo-hag-vo-tek-se-operacii-vo-kosovo/feed/ 0
Претседателот Хашим Тачи во Хаг https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelot-hashim-tachi-vo-hag/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelot-hashim-tachi-vo-hag/#respond Mon, 13 Jul 2020 07:00:44 +0000 https://kurir.mk/?p=374965

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска треба да биде сослушан во Хаг од Специјалното обвинителство за Косово, што кон крајот на јуни го обвини за голем број воени злосторства извршени на Косово. Приштинската телевизија „Клан Косова“ јави дека Тачи „вчера околу 15 часот го напуштил аеродромот во Тирана“ за да пристигне на „сослушувањето во Хаг, каде ќе го брани британскиот адвокат Џефри Најс“. Во обвинителството наведуваат дека тие како институција никогаш претходно не давале податоци за предметите, ниту ќе даваат во иднина. Тачи на својот профил на Фејсбук во средата соопшти дека во Хаг ќе разговара со обвинителите откако Специјалното обвинителство на 24 јуни објави дека против него поднело обвинение за воени злосторства, како и против Кадри Весели и други поранешни членови на ОВК. Со оглед на постапките на ова обвинителство, кои никогаш досега не сакаа да потврдат или да кажат дали некој е повикан кај нив и во кое својство – осомничен или сведок, соопштението на обвинителството дека ги обвини Тачи, Весели и другите лица беше изненадување за пошироката јавност. Обвинителот посочи дека изјавата за обвинението е дадена заради континуираните обиди на Хашим Тачи и Кадри Весели да ја опструираат и поткопаат работата на Специјализираните совети, со желба тие да бидат укинати, а со цел да се избегне појавувањето пред правдата. Обвинението сега е кај судијата надлежен за неговото преиспитување  и донесување решение за потврдување, објави Специјалното обвинителство на крајот на јуни. Според обвинителот, Тачи, Весели и другите осомничени во обвинението се товарат за речиси 100 убиства. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelot-hashim-tachi-vo-hag/feed/ 0
Стано: ЕУ силно ја поддржува работата на Специјалното обвинителство за Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-eu-silno-ja-poddrzuva-rabotata-na-specijalnoto-obvinitelstvo-za-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-eu-silno-ja-poddrzuva-rabotata-na-specijalnoto-obvinitelstvo-za-kosovo/#respond Wed, 24 Jun 2020 16:41:03 +0000 https://kurir.mk/?p=362291

По информациите за обвинението против Хашим Тачи , Кадри Весели и други осомничени за голем број злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и убиства, од Брисел порачаа дека ЕУ силно ја поддржува работата на Специјалното обвинителство за Косово. Портпаролот на ЕУ, Питер Стано за Танјуг изјави дека ЕУ не ги коментира процедурите спроведени од Специјалното обвинителство за Косово, но, исто така, оценува дека Судот е важен показател за определеноста на Косово за спроведување на владеењето на правото. – Владеењето на правото е клучен елемент за напредокот на Косово на патот кон интеграцијата во ЕУ, како и целокупниот ангажман на ЕУ со Западен Балкан, рече Стано. Тој додаде дека е важно да се дозволи Специјалното обвинителство за Косово да продолжи со својата работа самостојно и без какво било надворешно влијание.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-eu-silno-ja-poddrzuva-rabotata-na-specijalnoto-obvinitelstvo-za-kosovo/feed/ 0