спејс икс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 26 Aug 2023 10:46:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спејс икс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вселенското летало на „Спејс Икс“ со четворица астронаути полета за Меѓународната вселенска агенција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vselenskoto-letalo-na-spejs-iks-so-chetvoritsa-astronauti-poleta-za-megunarodnata-vselenska-agentsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vselenskoto-letalo-na-spejs-iks-so-chetvoritsa-astronauti-poleta-za-megunarodnata-vselenska-agentsija/#respond Sat, 26 Aug 2023 11:15:35 +0000 https://kurir.mk/?p=871151

Вселенското летало „ Кру Драгон“ (Crew Dragon) на компанијата на Илон Маск „Спејс ИКС (SpaceX) денеска полета кон Меѓународната вселенска станица (ISS) од вселенскиот центар Кенеди, во Флорида, соопшти НАСА. Членови на мисијата „Кру-7“ се астронаутот на НАСА, Џасмин Могбели, астронаутот на Европската вселенска агенција, Андреас Могенсен, космонаутот на Роскосмос, Константин Борисов, и астронаутот на Јапонската вселенска агенција, Сатоши Фурукава, пренесува Тасс. Леталото треба да слета на МВС во 14:50 часот по средноевропско време. Екипажот на „Кру-7“ ќе учествува во повеќе од 200 научни експерименти кои, меѓу другото, вклучуваат собирање на примероци од микроби од надворешноста на МВС и проучување на спиењето на астронаутите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vselenskoto-letalo-na-spejs-iks-so-chetvoritsa-astronauti-poleta-za-megunarodnata-vselenska-agentsija/feed/ 0
ВИДЕО: Ракетата „Старшип“ на „Спејс Икс“ успешно лансирана, но по неколку минути експлодира https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-raketata-starship-na-spejs-iks-uspeshno-lansirana-no-po-nekolku-minuti-eksplodira/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-raketata-starship-na-spejs-iks-uspeshno-lansirana-no-po-nekolku-minuti-eksplodira/#respond Thu, 20 Apr 2023 16:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=826017

Компанијата на Илон Маск, „Спејс Икс“ (SpaceX) денеска за прв пат успешно ја лансираше ракетата „Старшип“ (Starship) од новата генерација, но таа експлодира во воздухот неколку минути подоцна. Ракетата висока 120 метри беше лансирана на својот прв пробен лет без екипаж од полигонот на „Спејс Икс“ источно од Браунсвил, Тексас. „Спејс Икс“ се надеваше дека ќе лета во најдобар случај 90 минути. Меѓутоа, по помалку од четири минути лет, горната етапа на ракетата не се одвоила од долната етапа и леталото експлодирало. И покрај ова, претставниците на „Спејс Икс“ беа задоволни од успешното лансирање и ја прогласија кратката епизода за успешен пробен лет. „Честитки до екипажот на „Спејс Икс“ за овој одличен пример на пробен лет. Научивме многу за идниот пробен лет што ќе следи за неколку месеци“, напиша Маск на Твитер. Американската вселенска агенција НАСА го избра вселенското летало „Старшип“ за превоз на астронаути на Месечината на крајот на 2025 година. Мисијата позната како Артемис III е прва таква мисија од крајот на програмата Аполо во 1972 година. НАСА ќе носи астронаути во орбитата на Месечината во ноември 2024 година користејќи ја сопствената ракета „Систем за вселенско лансирање“ (Space Launch System), која се развива повеќе од една деценија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-raketata-starship-na-spejs-iks-uspeshno-lansirana-no-po-nekolku-minuti-eksplodira/feed/ 0
„Спејс-Икс“ побарал од Пентагон да го преземе плаќањето на сметките за Старлинк во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spejs-iks-pobaral-od-pentagon-da-go-prezeme-plakjanjeto-na-smetkite-za-starlink-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spejs-iks-pobaral-od-pentagon-da-go-prezeme-plakjanjeto-na-smetkite-za-starlink-vo-ukraina/#respond Fri, 14 Oct 2022 10:52:40 +0000 https://kurir.mk/?p=745296

Компанијата „Спејс-Икс“ на милијардерот Илон Маск, неодамна го информирала Пентагон дека не може повеќе да го финансира сателитскиот интернет сервис Старлинк во Украина, јави синоќа Си-ен-ен. Извештаи од фронтот во источна Украина укажуваат дека Старлник на многу места не работи, што ги отежнува акциите на украинската војска во ослободување на териториите окупирани од Русите. Во писмото се бара таму каде што Старлинк е во служба на украинската Влада и армија финансирањето да го преземе Пентагон, што, според „Спејс-Икс“ би чинело повеќе од 120 милиони долари до крајот на 2022 година и приближно 400 милиони долари за наредните 12 месеци. -Не сме повеќе во состојба и натаму да донираме терминали за Украина, или да ги финансираме постоечките терминали во недогледно време, напишал во писмото директор за владини закупи на „Спејс-Икс“. Во други документи од „Спејс-Икс“ испратени до Пентагон е и барањето на генералот на украинската армија Валериј Залужниј директно испратено до Маск во јули за речиси 8.000 нови Старлинк терминали. Од почетокот на војната, компанијата во Украина донирала околу 20.000 сателитски терминали за интернет. Во писмото до Маск, генералот Залужниј ги пофалил Старлинк како „извонреден сервис“ укажувајќи дека околу 4.000 терминали биле дадени на армијата. Сепак, околу 500 терминали месечно биле уништувани во борбите. Залужниј затоа побарал нови 6.200 терминали за украинската армија и разузнавачите служби и плус 500 месечно, како резерва за уништените. На ова од „Спејс-Икс“ подоцна одговориле наместо кај нив, генералот да се обрати кај Министерството за одбрана на САД. Подоцна, Маск на Твитер објави свои идеи за разрешување на воениот конфликт меѓу Русија и Украина, кои според мноумина набљудивачи всушност се слични на барањата на Путин до Киев за Украина да ги отстапи источните територија и Крим и да остане неутрална. Имаше и извештаи дека пред да ги објави своите идеи тој разговарал со рускиот лидер, но Маск веднаш го демантираше тоа. Си-ен-ен дознава дека по критиките од многу страни и поединци, Маск во приватен разговор изјавил дека тој „се уште многу ја поддржува Украина“, но се плаши од „огромна ескалација“. Во разговорот тој, исто така, спорел зошто Украина не сака мировни преговори сега и дека ако тие би оделе со неговиот план „Русија би ги прифатила условите“. -Украина знае дека нејзините тековни владини и воени напори се целосно зависни од Старлкинк. Одлуката дали Старлинк ќе работи или не зависи главно од еден човек. Тоа е Илон Маск. Тој не е избран, никој не одлучил да му ја даде таа власт. Тој ја има поради од него изградените технологија и компанија, изјави извор кој учествувал во разговорите. Од Пентагон јавуваат дека барањето на „Спејс-Икс“ финансирањето да го покрие владата е неосновано, бидејќи околу 85 отсто од 20.000 терминали, и оваа бројка претходна ја потврди и „Спејс- Икс“ , биле платени или делумно платени од земји како САД или Полска. Овие ентитети исто така платиле околу 30 отсто од интернет конекцијата, која според „Спејс-Икс“ чини 4.500 долари месечно за терминал со најнапредни перформанси. Извор од Пентагон за Си-ен-ен истакнал дека обраќањето на „Спејс-Икс“ е во полза на негување позитивен имиџ на компанијата во јавноста, „тие да изгледаат како херои, додека другите плаќаат високи сметки, и сега добиваме фактури од десетици милиони долари“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spejs-iks-pobaral-od-pentagon-da-go-prezeme-plakjanjeto-na-smetkite-za-starlink-vo-ukraina/feed/ 0
„Спејс Икс“ лансира 52 сателита „Старлинк“ во орбитата на Земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spejs-iks-lansira-52-satelita-starlink-vo-orbitata-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spejs-iks-lansira-52-satelita-starlink-vo-orbitata-na-zemjata/#respond Sun, 25 Sep 2022 12:11:10 +0000 https://kurir.mk/?p=737204

Компанијата „Спејс Икс“ (SpaceX) синоќа лансираше 52 сателити „Старлинк“ (Starlink) во орбитата на Земјата. Сателитите беа лансирани со ракетата Фалкон девет (Falcon). Со овој носач на ракети претходно беа извршени четири мисии, три мисии „Старлинк“ и едно лансирање на СЕС-22.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spejs-iks-lansira-52-satelita-starlink-vo-orbitata-na-zemjata/feed/ 0
Илон Маск испрати уште 46 сателити Starlink во орбитата https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ilon-mask-isprati-ushte-46-sateliti-starlink-vo-orbitata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ilon-mask-isprati-ushte-46-sateliti-starlink-vo-orbitata/#respond Tue, 16 Aug 2022 08:54:42 +0000 https://kurir.mk/?p=719190

Американската компанија „Спејс Икс“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Starlink, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата. Лансирањето во петокот, од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи во 14:40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити. По етапата во која сателитите ќе се одвојат од „Фалкон 9“, леталото ќе се врати на земјата, а првата фаза од ракетата веќе е искористена во девет лансирања. Мрежата Starlink е создадена за да обезбеди пристап до Интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми. „Space X“, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкупно 11.000 сателити и нивното пуштање во употреба ќе чини 10 милијарди долари. Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Starlink во орбитата, објави ТАСС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ilon-mask-isprati-ushte-46-sateliti-starlink-vo-orbitata/feed/ 0
„Спејс Икс“ испрати уште 46 сателити „Старлинк“ во орбитата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spejs-iks-isprati-ushte-46-sateliti-starlink-vo-orbitata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spejs-iks-isprati-ushte-46-sateliti-starlink-vo-orbitata/#respond Sat, 13 Aug 2022 08:33:42 +0000 https://kurir.mk/?p=717933

Американската компанија „Спејс Икс“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Старлинк, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата. Лансирањето од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи вчера во 14:40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити. Мрежата Старлинк е создадена за да обезбеди пристап до интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми. „Спејс Икс“, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкупно 11.000 сателити и нивното пуштање во употреба ќе чини 10 милијарди долари. Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Старлинк во орбитата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spejs-iks-isprati-ushte-46-sateliti-starlink-vo-orbitata/feed/ 0
НАСА му додели договор за лансирање на вселенски телескоп на SpaceX https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nasa-mu-dodeli-dogovor-za-lansiranje-na-vselenski-teleskop-na-spacex/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nasa-mu-dodeli-dogovor-za-lansiranje-na-vselenski-teleskop-na-spacex/#respond Mon, 25 Jul 2022 06:35:22 +0000 https://kurir.mk/?p=709780

НАСА во вторникот му додели нов договор на SpaceX за лансирање на следниот телескоп на агенцијата во вселената во 2026 година. Се очекува НАСА да плати на SpaceX 255 милиони долари за лансирање на вселенски телескоп Nancy Grace од својата ракета Falcon Heavy во Центарот за вселенски летови на НАСА Кенеди во Флорида, се вели во соопштението за печатот од агенцијата. Планираниот датум за лансирање е октомври 2026 година. Nancy Grace Roman Space е следниот голем вселенски телескоп за НАСА по популарниот Џејмс Веб, кој штотуку објави блескави слики овој месец од универзумот кој гледа наназад милијарди години во времето. Webb е трансформативна технологија која може да фати ѕвезди и галаксии оддалечени светлосни години во инфрацрвеното светло. Според НАСА, Nancy Grace Roman Space вселенски телескоп е следната авантура на вселенската агенција. Телескопот „ќе се справи со извонредните прашања во космологијата, вклучувајќи ги ефектите на темната енергија и темната материја, како и истражувањето на егзопланетите“. Телескопот претходно беше познат како Wide Field InfraRed Survey Telescope, но беше преименуван во чест на првата жена што имаше извршна позиција во НАСА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nasa-mu-dodeli-dogovor-za-lansiranje-na-vselenski-teleskop-na-spacex/feed/ 0
Најмалку петмина вработени во „Спејс Икс“ добиле отказ поради што го критикувале Маск https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-petmina-vraboteni-vo-spejs-iks-dobile-otkaz-poradi-shto-go-kritikuvale-mask/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-petmina-vraboteni-vo-spejs-iks-dobile-otkaz-poradi-shto-go-kritikuvale-mask/#respond Tue, 21 Jun 2022 14:04:02 +0000 https://kurir.mk/?p=693711

Њујорк тајмс објави дека најмалку пет вработени во „Спејс Икс“ (SpaceX) добиле отказ откако во јавно писмо го критикувале однесувањето на извршниот директор на компанијата, Илон Маск. Во писмото, што за ден и половина го потпишале 400 вработени, се наведува дека однесувањето на Маск често предизвикува непријатност и го одвлекува вниманието за вработените. Во писмото се бара компанијата јавно да се обрати и да го осуди однесувањето на Маск на Твитер. – Маск се смета за лице на „Спејс Икс“, бидејќи тој е наш извршен директор и најистакнат портпарол, а секој твит што го објавува станува јавна изјава на компанијата. Важно е да им дадеме до знаење на нашите тимови и потенцијалниот собир на таленти дека пораките на Маск не ја одразуваат нашата работа, мисија и вредности, се наведува во писмото. -Претседателката на „Спејс Икс“, Гвин Шотвел писмото на вработените го оцени како прекумерен активизам. „Бизнис инсајдер“ (Business Insider) минатиот месец објави дека Маск недолично се однесувал и сексуално вознемирувал стјуардеса на „Спејс Икс“ за време на приватен лет, а компанијата им исплатила 250.000 долари на вработените да молчат за инцидентот. Шотвел тогаш го бранеше Маск, наведувајќи дека тоа се лажни обвинувања. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-petmina-vraboteni-vo-spejs-iks-dobile-otkaz-poradi-shto-go-kritikuvale-mask/feed/ 0
„Спејс-Икс“ изврши три вселенски мисии за помалку од два дена https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/spejs-iks-izvrshi-tri-vselenski-misii-za-pomalku-od-dva-dena/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/spejs-iks-izvrshi-tri-vselenski-misii-za-pomalku-od-dva-dena/#respond Tue, 21 Jun 2022 13:16:46 +0000 https://kurir.mk/?p=693685

„Спејс-Икс“ лансира и заврши три вселенски мисии за помалку од два дена. Последното од трите лансирања се случи на 19 јуни, кога двофазна ракета „Фалкон 9“ беше лансирана од космодромот „Кејп Канаверал“, на Флорида и во Земјината Орбита однесе комуникациски сателит развиен од „Глобалстар“. Сателитот беше во орбитата по вкупно час и 50 минути. Тоа беше трета мисија на американската вселенска компанија за помалку од 36 часа. На 17 јуни „Спејс-Икс“ лансираше ракета со 53 сателити „Старлинк“ од вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА на Флорида, а на 18 јуни беше лансиран радарски сателит за германската војска од базата „Вандерберг“ во Калифорнија. Треба да се напомни и дека за време на мисијата „Старлинк“ спроведена во петокот, беше поставен рекорд за користење на првата фаза од ракетата „Фалкон 9“, која полета во орбитата и слета на Земјата по 13-ти пат.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/spejs-iks-izvrshi-tri-vselenski-misii-za-pomalku-od-dva-dena/feed/ 0
Четворица астронаути полетаа кон МВС https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chetvorica-astronauti-poletaa-kon-mvs/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chetvorica-astronauti-poletaa-kon-mvs/#respond Thu, 11 Nov 2021 08:44:08 +0000 https://kurir.mk/?p=593988

НАСА и „Спејс-Икс“ испратија четворица астронаути на Меѓународната вселенска станица (МВС) во земјината Орбита, каде што треба да пристигнат утре. Астронаутите од екипажот „Кру-3“ – Раџа Чари, Кајла Барон и Том Маршбурн од САД, и Матијас Маурер од Германија полетаа со капсула „Кру драгон“ прикачена на ракета „Фалкон 9“ синоќа во 21:03 часот по локално време од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида. Мисијата е дел од партнерството на НАСА со „Спејс-Икс“ на Илон Маск, чија цел е да се обнови капацитетот на САД за вселенски летови со луѓе. Летот првично беше закажан за 31 октомври, но беше одложен, прво поради временските услови, а потоа и поради „ситни медицински проблеми“ поврзани со посадата. НАСА соопшти дека овие причини немаат врска со Ковид-19. Астронаутите ќе минат шест месеци на МВС и ќе спроведат различни истражувања кои треба да дадат потребни податоци за идните истражувања на подалечното вселенско пространство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chetvorica-astronauti-poletaa-kon-mvs/feed/ 0