спектакл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Sep 2023 09:50:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спектакл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Спектакл за паметење: Партизан под отворено небо ја декласира Фуенлабрада https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spektakl-za-pametene-partizan-pod-otvoreno-nebo-ja-deklasira-fuenlabrada/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spektakl-za-pametene-partizan-pod-otvoreno-nebo-ja-deklasira-fuenlabrada/#respond Thu, 14 Sep 2023 09:50:24 +0000 https://kurir.mk/?p=877960

Белградски Партизан го претстави тимот за следната сезона и одигра пријателски натпревар против шпанска Фуенлабрада, кој убедливо го доби со резултат 93-63. „Гробарите“ и останатите навивачи беа воодушевени од изданието на своите миленици, а најголеми импресии добија новите странски засилувања, Френк Камински, Пи Џеј Доузер, Огњен Јарамаз и Матеуш Понитка. Новите аквизиции на „црно-белите“ беа во делириум од атмосферата што ја создадоа навивачите и првпат ја почуствуваа жестокоста со која српските фанови навиваат за кошаркарскиот гигант. Натпреварот се одигра под отворено небо, во паркот „Ташмајдан“, и беше вистински спектакл за сите присутни. Партизан уште на почетокот покажа дека е мотивиран и уште по првото полувреме водеше со 20 поени разлика, а на крајот резултатот беше 93-63. Кевин Пантер беше најдобар кај победничкиот тим со 14 поени, а еден помалку додаде Полјакот Камински. Тренерот Жељко Обрадовиќ беше задоволен од изданието на неговите играчи и рече дека „резултатот од овој меч е најмалку важен, затоа што е дел од подготовките за новата сезона“. Партизан одново има силен тим и годинава повторно ќе се обиде да стигне до самата завршница во Евролигата, каде лани во четвртфиналето беа спречени од актуелниот шампион, Реал Мадрид. извор: gol.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spektakl-za-pametene-partizan-pod-otvoreno-nebo-ja-deklasira-fuenlabrada/feed/ 0
Спектакуларно отворање на Мундијалот: Катар бара изненадување против Еквадор (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spektakularno-otvoranje-na-mundijalot-katar-bara-iznenaduvanje-protiv-ekvador-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spektakularno-otvoranje-na-mundijalot-katar-bara-iznenaduvanje-protiv-ekvador-foto-video/#respond Sun, 20 Nov 2022 15:25:57 +0000 https://kurir.mk/?p=763812

Конечно го дочекавме почетокот на Мундијалот во Катар, каде што првиот меч се игра на стадионот „Ал Бајт“ од 17 часот меѓу домаќинот и Еквадор, а претходно се одржа церемонијата за отворањето на Светското првенство, кое се игра во необичен термин. Домаќините им посакаа добредојде на гостите од целиот свет, кои ќе се борат за трофејот на најголемото светско натпреварување, а претходно се одржаа остантите манифестации, по што селекторите на Катар и Еквадор ги избраа борцит за денешниот натпревар. Катар напаѓа во формација 3-4-3, и тоа со Ал Шеб на голот, Хасан Куки и Ал Рави во одбраната, по што во средниот ред од теренот следат Ахмед, Хатем, Будиаф и Педро Мигуел, а во нападот се Афиф, Алмоез и Ал Хејдос. Еквадор ќе игра во формација 4-4-2, и тоа со Галиндез на голот, па Пресиадо, Торес, Хинкапи и Еступијан во одбраната. Во редот за врска се Плата, Мендез, Каисидо и Ибара Мина, додека во нападот се Естрада и Валенсија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spektakularno-otvoranje-na-mundijalot-katar-bara-iznenaduvanje-protiv-ekvador-foto-video/feed/ 0
До крајот на месецот може да уживаме во редок спектакл на небото (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/do-krajot-na-mesecot-moze-da-uzivame-vo-redok-spektakl-na-neboto-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/do-krajot-na-mesecot-moze-da-uzivame-vo-redok-spektakl-na-neboto-video/#respond Thu, 21 Apr 2022 14:42:09 +0000 https://kurir.mk/?p=666623

До крајот на април секое утро пред разденување на југоисточниот дел на небото може да се види вистински небесен спектакл, релативно ретко порамнување на Јупитер, Венера, Марс и на Сатурн кои се наоѓаат распоредени дијагонално на небото а ним потоа ќе им се придружи и месечината. Да се видат планетите на Сончевиот систем наредени во права линија е едно од многуте доживувања кои предизвикуваат стравопочит кога се работи за посматрањето на ѕвездите, а до крајот на април ќе имаме прилика тоа да го видиме со свои очи. Од средината на месецот, кога се гледа од северната хемисфера, пред зори, може да се видат Сатурн, Марс, Венера и Јупитер, сите наредени во речиси совршено планетарно порамнување. Низата почнала да се формира околу 17 април, но највидлива била утрото на 20 април. На хоризонтот, под услов условите за набљудување да бидат добри, сите четири планети треба да се видат наредени по небесен ред, иако, како што некои истакнаа, близината на Јупитер до хоризонтот може да го отежне набљудувањето. Како што веројатно веќе знаат страсните набљудувачи на ѕвездите, Сатурн, Марс и Венера всушност се „собираат“ од крајот на март, но Јупитер и се приклучи на забавата дури во средината на април. Околу 23 април – порамнувањето треба да стане уште поспектакуларно, бидејќи од десната страна ќе им се придружи Месечината, која неодамна беше полна и сега е во опаѓање. Овој распоред на небесни тела, се разбира, може да се види само кога се гледа од Земјата. Гледано од друга локација во вселената, позицијата на секоја планета би била сосема различна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/do-krajot-na-mesecot-moze-da-uzivame-vo-redok-spektakl-na-neboto-video/feed/ 0
Спектакл на небото по 36 години- ќе може да се види во среда https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/spektakl-na-neboto-po-36-godini-kje-moze-da-se-vidi-vo-sreda/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/spektakl-na-neboto-po-36-godini-kje-moze-da-se-vidi-vo-sreda/#respond Mon, 29 Jan 2018 13:08:41 +0000 http://kurir.mk/?p=15957

Редок астромомски настан - „супер сина крвава Месечина“ ќе може да се види во среда, по 36 години. На 31 јануари ќе се спојат три необични лунарни појави: супермесечина, сина Месечина и целосно затемнување на Месечината. Но, тоа нема да може да се види од Европа, туку само од Северна Америка, Азија, Блиски Исток, Русија и Австралија. - Тоа е редок астрономски триплет, изјави Кели Бити, уредник на списанието „Скај енд телескоп“ (Sky and Telescope). Феноменот се јавува на секои две години и осум месеци. Супермесечина се појавува кога Месечината е најблиски до Земјата во својата орбита. Во таа точка, наречена перигеј, Месечината изгледа за 14 отсто поголема и 30 проценти посјајна. Тие две појави не се толку ретки, но 36 години немало во комбинација со затемнување на Месечината. За време на затемнувањето Месечината ќе биде во сенка на Земјата, а белиот диск постепено ќе добива портокалова или црвена боја. Така „сината“ Месечина ќе стане „крвава“. Порамнувањето на Сонцето, Месечината и Земјата ќе трае еден час и 16 минути. Во западниот дел на САД ии Канада ќе биде видливо пред зора, а на Блискиот Исток, во источна Русија, во Австралија и на Нов Зеланд навечер. За разлика од затемувањето на Сонцето, Месечината може да се набљудува со голо око. Астрономскиот триплет последен пат се случи на 30 декември 1982 година и тогаш можеше да се види во Европа, во Африка и во западна Азија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/spektakl-na-neboto-po-36-godini-kje-moze-da-se-vidi-vo-sreda/feed/ 0
ВИДЕО: Навивачите на Унион Берлин приредија спектакл https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-navivachite-na-union-berlin-priredija-spektakl/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-navivachite-na-union-berlin-priredija-spektakl/#respond Wed, 27 Dec 2017 08:16:03 +0000 http://kurir.mk/?p=2945

Пред 14 години фановите на Унион Берлин, незадоволни од лошите резултати провалија на стадионот и почнаа да пеат со цел барем за момент да заборават на лошата ситуација во клубот. И годинава околу 30 илјади поддржувачи на Унион Берлин ја продолжија традицијата, без оглед на солидниот пласман (6. место) на нивниот миленик во Втората Бундеслига. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-navivachite-na-union-berlin-priredija-spektakl/feed/ 0