спикер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 09:36:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спикер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од Белата куќа се надеваат на брз избор на спикер на Претставничкиот дом, да нема прекин во помошта за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-belata-kuka-se-nadevaat-na-brz-izbor-na-spiker-na-pretstavnichkiot-dom-da-nema-prekin-vo-pomoshta-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-belata-kuka-se-nadevaat-na-brz-izbor-na-spiker-na-pretstavnichkiot-dom-da-nema-prekin-vo-pomoshta-za-ukraina/#respond Wed, 04 Oct 2023 09:36:57 +0000 https://kurir.mk/?p=884999

Администрацијата на претседателот Џо Бајден располага со доволно средства за финансирање на помошта за Украина за подршка на офанзивата на Киев и да не се направи прекин во снабдувањето за што потребна е помош од Конгресот, изјави синоќа Џон Кирби, официјален претставник за национална безбедност во Белата куќа. Мала група тврдокорни републиканци во Претставничкиот дом се противат на испораките на воената помош и спречената блокада на финансирањето на американската влада, што вклучува и помош за Украина, беше причина за разрешувањето на нивниот лидер, спикерот Кевин Мекарти. Ова ги втурна републиканците во Конгресот во политичка криза. Додека Белата куќа порача брз избор на нов спикер на долниот дом на американскиот Конгрес. -Претседателот Бајден јасно стави до знаење дека под никакви околности не смееме да дозволиме прекин во подршката на Америка за Украина, изјави Кирби. Тој рече дека рокот на истекување на тековните финансии за Украина е „околу два месеца и нешто“. Исто како и претседателот Бајден, и тој ја критикуваше малата група републиканци во Претставничкиот дом кои иницираа блокада на финансиите за Украина, истакнувајќи дека мнозинство од републиканците во Конгресот го подржуваат Киев. -Таков прекин во подршката ќе направи (рускиот претседател Владимир) Путин да поверува дека тој може да не исчека и може да продложи со тој конфликт до тогаш додека ние и нашите сојузници и партнери не се предадеме, изјави Кирби. Според него, ова може да му донесе победа на Путин. Можната блокада на владата и пресвртот со изгласување на привремен буџет до 15 ноември е причината зошто спикерот на долниот дом синоќа беше разрешен од финкцијата, процес инициран токму од таа мала група тврдокорни републиканци кои се противат на помошта на Украина. За разрешувањето гласаа и сите демократски претставници. По овој повод, од Белата куќа изјавија дека се надеваат на брз избор на нов спикер. -Американскиот народ заслужува лидери кои мислат на прашања што се животно важни за Американците“ изјави Жан Пјер Карин, портпарол на Белата куќа. -Претседателот Бајден повеќекратно демонстрираше спремност за работа со двете партии во Конгресот од име на американскиот народ... Неодложните проблеми исправени пред нашата земја не можат да чекаат, претседателот се надева дека Претставничкиот дом ќе избере спикер мошне брзо, изјави таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-belata-kuka-se-nadevaat-na-brz-izbor-na-spiker-na-pretstavnichkiot-dom-da-nema-prekin-vo-pomoshta-za-ukraina/feed/ 0
УМРЕ ДРУГАРОТ ТИТО: Ова е спикерот кој прв и соопшти на Југославија за неговата смрт, нозете му се пресекле особено од овој детаљ во студиото (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/umre-drugarot-tito-ova-e-spikerot-koj-prv-i-soopshti-na-jugoslavija-za-negovata-smrt-nozete-mu-se-presekle-osobeno-od-ovoj-detalj-vo-studioto-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/umre-drugarot-tito-ova-e-spikerot-koj-prv-i-soopshti-na-jugoslavija-za-negovata-smrt-nozete-mu-se-presekle-osobeno-od-ovoj-detalj-vo-studioto-video/#respond Wed, 04 May 2022 18:00:53 +0000 https://kurir.mk/?p=671908

На денешен ден пред 42 години почина Јосип Броз Тито, а човекот кој ја соопшти ваквата вест пред цела Југославија беше спикерот Миодраг Здравковиќ. „Почина другарот Тито... Тоа вечерва го соопштија од Централниот комитет на Сојузот на комунисти на Југославија и Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија на работничката класа и граѓаните, народите и народностите на СФРЈ. Наскоро ќе емитуваме извештај од седницата на Претседателството на Централниот комитет на Сојузот на комунисти на Југославија и Претседателството на СФРЈ”, изговорил Здравковиќ на 4-ти мај 1980 година нешто пред 19 часот. Спикерот таа 1980 година за „RTV” опишал како се чувствувал кога му била зададена таа задача. „На 14-ти февруари ми кажаа да не се оддалечувам од Белград и постојано да бидам во контакт со телевизијата и со својата редакција. Никој не ми кажа зошто, но тоа го насетив читајќи го соопштението од лекарите за здравствената состојба на претседателот”, се присетил Здравковиќ. „Некаде кон средината на март, моите уредници во редакцијата ми дадоа до знаење за каква тешка задача сум одреден”, рекол тој и додал: „Се присилував себеси да расудувам како новинар, професионалец, но бев длабоко потресен. Замислував како ќе изгледа тоа. Се охрабрував себеси дека, со оглед на моето искуство, ќе можам да го направам тоа на еден професионален и достоинствен начин. Тоа се бараше и очекуваше од мене, но како да не го знаев тоа. Зборовите кои требаше да ги изговорам не се ни осудував да ги кажам во себе. И повторно ја одложував таквата мисла: Тоа сепак нема да се случи”. „Не се сеќавам на моментот ниту точното време кога го добив соопштението кое требаше да го прочитам. Во ходникот кој води кон студиото доживеав уште едно изненадување – тука веќе беше филмската екипа која го снимаше моето доаѓање и тоа некако ме „пресече”. На онаа полна мера одговорност и концентрација која ја имав, тоа додаде уште нешто, не знам што точно но чувствував дека најголемата криза е на повидок”, изјавил спикерот. „Знам дека некако влегов во студиото, седнав и бев страшно задишан, како да сум трчал со километри. Ми пријде Милан Вукос, нашиот генерален директор уште еднаш да го погледне текстот и ми кажа да ја допишам третата реченица. Автоматски почнав да го пишувам она што го диктираше и наеднаш застанав – за момент не можев да се сетам како службено се нарекува нашата земја... Сето тоа беа делчиња од секунда кои за мене изгледаа многу долго. Кога го прочитав текстот ... не знам. Свесен бев само дека во еден момент застанав на некој збор, но некако прочитав сè до крај”, заклучил Здравковиќ. Познатиот спикер почина на 11-ти мај 2017 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/umre-drugarot-tito-ova-e-spikerot-koj-prv-i-soopshti-na-jugoslavija-za-negovata-smrt-nozete-mu-se-presekle-osobeno-od-ovoj-detalj-vo-studioto-video/feed/ 0
Денеска Собранието ќе го добие старо-новиот претседател: Џафери повторно ќе го води законодавниот дом https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-sobranieto-kje-go-dobie-staro-noviot-pretsedatel-dzaferi-povtorno-kje-go-vodi-zakonodavniot-dom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-sobranieto-kje-go-dobie-staro-noviot-pretsedatel-dzaferi-povtorno-kje-go-vodi-zakonodavniot-dom/#respond Thu, 20 Aug 2020 07:16:35 +0000 https://kurir.mk/?p=392921

Талат Џафери денеска повторно ќе биде избран за претседател на Собранието. Извори од Собранието за „360 степени“ велат дека иако официјално не е закажана седница, веќе има најави за денешниот избор. Ова го најави и лично лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по вчерашната седница на Централниот совет на партијата. „Ова владеење е владеење на рамноправноста. Утре ќе го избереме претседателот на Собранието, нашиот пријател Талат Џафери, а потоа и нашите други пријатели“, рече Али Ахмети вчера, соопштувајќи ги владините кадри од неговата партија. Талат Џафери беше претседател на Собранието и во претходниот парламентарен состав, а во новиот состав како претседавач ја започна конститутивната седница, со верификација на мандатите на пратениците. Новото парламентарно мнозинство го сочинуваат 62 пратеници и тоа коалицијата “Можеме”, предводена од СДСМ, со 46, ДУИ со 15 и еден од ДПА. Вчера, по седницте на највисоките партиски тела на СДСМ и ДУИ беше соопштен новиот владин состав.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-sobranieto-kje-go-dobie-staro-noviot-pretsedatel-dzaferi-povtorno-kje-go-vodi-zakonodavniot-dom/feed/ 0
Албанија: Парламентарната опозиција на средба со спикерот Ручи за изборната реформа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-parlamentarnata-opozicija-na-sredba-so-spikerot-ruchi-za-izbornata-reforma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-parlamentarnata-opozicija-na-sredba-so-spikerot-ruchi-za-izbornata-reforma/#respond Wed, 17 Jun 2020 16:43:45 +0000 https://kurir.mk/?p=359169

Групата пратеници од албанската парламнетарна опозиција, во која е и Васил Стерјовски, од Македонска алијанса за еворпска интеграција, попладнево оствари средба со претседателот на Парламентот, Грамоз Ручи. Средбата е реализирана по барање на пратениците а со цел да му бидат доставени нивните барања околу новиот изборен законик. -Парламентарниот спикер Ручи го запознавме со нашите седум барања. Прво тоа е моето барање за загарантирани места во албанскиот законодавен дом за малцинствата,за кое добив целосна подршка од оваа група пратеници. И пред него го изнесов мојот став дека доколку се гарантираат пратенички места за малцинствата, што го има во многу поразвиени земји, Албанија ќе се вброи во најдемократските земји, изјави Стерјовски за МИА. Останатите барање според него се :Албанија да биде една изборна единица, да има отворени листи, да гласа и дијаспората, да се деполитизираат изборните комисии и одбори, да се обезбеди електронско броење на гласовите и да нема финансирање на партиите од буџетот на државата. Ручи од своја страна им гарантирал дека предлозите ќе бидат доставени до законоданва и другите парламентарни комисии, како и на пленарна седница на парламентот. -Парламентарната процедура, која ќе се следи, нема да го загрози никого, туку целосно ќе го почитува правото на секој пратеник да предлага, дискутира, разлегува, да гласа или да се спротивстави на законската иницијатива која ќе биде прзентирана во Парламентот,-додал Ручи. Барањата веќе се доставени и до сите странски амбасади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-parlamentarnata-opozicija-na-sredba-so-spikerot-ruchi-za-izbornata-reforma/feed/ 0
Спикерот на заминување Џафери на Самит на претседатели на парламентите на земјите од Западен Балкан и ЕП во Брисел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spikerot-na-zaminuvanje-dzaferi-na-samit-na-pretsedateli-na-parlamentite-na-zemjite-od-zapaden-balkan-i-ep-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spikerot-na-zaminuvanje-dzaferi-na-samit-na-pretsedateli-na-parlamentite-na-zemjite-od-zapaden-balkan-i-ep-vo-brisel/#respond Mon, 27 Jan 2020 12:03:48 +0000 https://kurir.mk/?p=295235

Спикерот на заминување Талат Џафери ќе учествува на Самитот на претседатели на парламентите на земјите од Западен Балкан и на Европскиот Парламент, што ќе се одржи денеска во Брисел, во организација на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли. На самиот, соопшти Кабинетот на Џафери, ќе учествуваат претседателите на парламентите на Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Црна Гора, Република Македонија и Република Србија, а во својство на претставник на земјата претседавач со Советот на ЕУ, ќе учествува и претседателот на Парламентот на Хрватска. Главна тема на Самитот, како што се посочува, ќе биде зајакнувањето на парламентарната димензија на процесот на проширување и улогата на парламентите во реформската агенда за ЕУ. На крајот на состанокот предвидено е да биде усвоена заедничка декларација со која ќе се потврди цврстата волја на парламентите во регионот да бидат вистински двигатели на реформите и да испорачаат конкретни мерки за исполнување на европските аспирации на граѓаните, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spikerot-na-zaminuvanje-dzaferi-na-samit-na-pretsedateli-na-parlamentite-na-zemjite-od-zapaden-balkan-i-ep-vo-brisel/feed/ 0