спиро ристовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Apr 2023 13:36:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спиро ристовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Апелација ја укина првостепената пресуда за „Организатори на 27-ми април“ – случајот вратен на повторно судење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelatsija-ja-ukina-prvostepenata-presuda-za-organizatori-na-27-mi-april-sluchajot-vraten-na-povtorno-sudene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelatsija-ja-ukina-prvostepenata-presuda-za-organizatori-na-27-mi-april-sluchajot-vraten-na-povtorno-sudene/#respond Mon, 03 Apr 2023 13:36:46 +0000 https://kurir.mk/?p=819563

Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите и ја укина првостепената пресуда за случајот Организатори на 27 Април од 26.07.2021 година и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје. - Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-121/21, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите Т.В., С.Р., М.Ј., сите од С. и В.А од Д., со привремено престојувалиште во С., ја укина првостепената пресуда КОК.бр.2/20 од 26.07.2021 година и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје, Специјализирано судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција, се вели во соопштението од Апелација. Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во оваа фаза на постапката, Апелациониот суд одлучи дека е беспредметна. Мерките за претпазливост спрема обвинетите Т.В од С. и В.А од Д. со привремено престојувалиште во С., остануваат во сила. -Поради големиот интерес и транспарентност во работењето, судискиот совет на Апелациониот суд Скопје информира дека при разгледување на првостепената пресуда, оцени дека при постапувањето по овој кривичен предмет сторени се суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 1 точка 11 и став 3 од Законот за кривичната постапка, кои придонеле првостепениот суд да не биде во можност правилно да го примени материјалното право – Кривичниот законик, посочуваат од Апелација. Ова, од причина што првостепениот суд врз основа на расположивиот доказен материјал во недоволна мера ги расправил сите спорни околности и не ги утврдил со сигурност сите решителни факти што го чинат обележјето на кривичното дело и го определуваат неговото дејствие на извршување, при утврдување на фактичката состојба не утврдил со сигурност во што се состојат дејствијата на секој од обвинетите преземени во насока на остварување на битието на кривичното дело за кое се обвинети, ако се има предвид дејствието на извршување на предметното кривично дело, за кое правната теорија и судската пракса се едногласни дека покрај умислата во субјективното битие како субјективен елемент на противправноста влегува и намерата за загрозување на уставниот поредок или безбедноста на РМ. Првостепениот суд, се вели во соопштението од Апелација, сторил и суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 3 од Законот за кривична постапка, односно го повредил правото на одбрана на обвинетите која влијаела врз законитото и правилното донесување на пресудата и врз правото на обвинетите на правично судење, бидејќи не го расправил во доволна мера прашањето за одредбите кои се однесуваат за амнестија на кривичното гонење. - Првостепниот суд не ги утврдил правилно и со сигурност сите решителни факти по однос на преземените процесни дејствија кои го исклучуваат кривичното гонење во смисла на член 416 став 1 точка 3 в.в со член 113 од Кривичниот законик. Ова, од причини што при постпувањето и одлучувањето во предметот, првостепениот суд ги занемарил истакнатите приговори, како во формална, така и во материјална смисла по однос на примената на Законот за амнестија (Сл.весник на РМ бр.233/2018) кој во член 1 став 1 и 2 ги пропишува условите кои се однесуваат на лицата поврзани со настаните од 27 април 2017 година, за ослободување од кривично гонење, за запирање на поведените постапки и ослободување од издржување на казната затвор, се вели во соопштението од Апелација. Вака донесената одлука, посочуваат од Апелација, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите. Основниот кривичен суд Скопје на 26 јули 2021 година им изрече вкупно 25 години затвор на четворицата обвинети за случајот познат во јавноста како „Организатори на 27 април“ и тоа 6 и пол години казна затвор за поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, 6 години и три месеци казна затвор за екс-министерот за образование Спиро Ристовски, и 6 години и три месеци казна затвор за министерот за транспорт Миле Јанкиески, додека на екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски шест години казна затвор. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelatsija-ja-ukina-prvostepenata-presuda-za-organizatori-na-27-mi-april-sluchajot-vraten-na-povtorno-sudene/feed/ 0
Спиро Ристовски излегува од куќен притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spiro-ristovski-izleguva-od-kukjen-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spiro-ristovski-izleguva-od-kukjen-pritvor/#respond Tue, 08 Feb 2022 15:01:44 +0000 https://kurir.mk/?p=628728

Поранешниот министер Спиро Ристовски, осуден на шест години и три месеци затвор од Кривичниот суд Скопје, за случајот „Организатори на 27 април”, излегува од куќен притвор. Според последната одлука на Кривичниот совет, на осудениот Ристовски му е прифатен гаранцијата од недвижен имот и од кога истата ќе биде впишана во катастар ќе стапи во сила одлуката за укинување на мерката куќен притвор. Предметот за случајот „Организатори на 27 април” е во Апелациониот суд Скопје, кој треба одржи јавна седница и да се произнесе за жалбените наводи на странките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spiro-ristovski-izleguva-od-kukjen-pritvor/feed/ 0
Претседател на Собрание без дамка во кариерата и успешни министри само во Северна можат да бидат терористи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatel-na-sobranie-bez-damka-vo-karierata-i-uspeshni-ministri-samo-vo-severna-mozat-da-bidat-teroristi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatel-na-sobranie-bez-damka-vo-karierata-i-uspeshni-ministri-samo-vo-severna-mozat-da-bidat-teroristi/#respond Thu, 29 Jul 2021 10:19:55 +0000 https://kurir.mk/?p=543401

Каква ни е државата, такво ни е и судството. Државата обезличена, со сменето име преку два политички потписи, без напредок во ниту еден сектор, сиромашна, оспорувана, газена, предмет на трговија. Судството ја следи во секој епитет. Одекна пресудата за “терористите“ на 27-ми април. Сите видовме што се случи тој ден, но не бевме сведоци на ниту еден доказ, туку на претпоставки и изјави од сведок без трошка кредибилитет. За да можеме да анализираме кој и за што беше осуден, треба да знаеме кои се всушност Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. Трајко Вељаноски Трајко Вељаноски по професија е правник. Како политичар, станува осмиот по ред претседател на Собранието на Република Македонија. Должноста ја вршел од 2008-ма до 2016-та година. Во Собранието ги вршел и должностите како претседател на комисијата за уставни прашања и шеф на делегација на Собранието на Македонија во интерпарламентарната унија. Во 1999-та година е избран за потсекретар во Министерството за правда на Владата на Република Македонија, каде што набргу станува и заменик - министер. Притоа, посебено е активен во подготвувањето на закони, но има и активно учество во процесот на нивното донесување во Собранието и собраниските работни тела. Исто така, учествува во подготвките на повеќе меѓународни билатерални и мултилатерални договори, како и учество на меѓународни средби, коференции и семинари. Во овој период е и член на Комисијата за претставки и предлози на претседателот на Република Македонија, а исто така е член и на Управниот одбор на Центарот за европски интеграции. Во повеќе изборни циклуси, како што се претседателските, парламентарните и локалните е ангажиран како член на Државната изборна комисија. На парламентарните избори во 2006-та година, Трајко Вељаноски е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и во тој мандатен период до април 2008 година е претседател на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. На изборите во јуни 2008-ма година повторно е избран за пратеник, а на конститутивната седница на новиот собраниски состав е избран за претседател на Собранието на Република Македонија. Осум години седи на претседателското столче во македонското Собрание. Се сменија низа пратеници, се донесоа безброј закони и измени на закони. Вељаноски во целиот овој период нема дамка во својата кариера. На последната седница со која тој претседава одбива да го прекрши деловникот, останува професионалец до крај, а подоцна поради ова е прогласен за терорист. На пресудата ќе се вратиме подолу во овој текст. Спиро Ристовски Македонски политичар, по професија правник. Додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, тој е на челото на две важни институции. Беше министер за труд и социјална политика во периодот 2011–2013, а министер за образование и наука во периодот 2013-2014 година. Неговите мандати се одбележани со многубројни проекти. Не правеше никаков компромис кога интересите на граѓаните се во прашање. На 10-ти јули 2014-та година бил назначен за заменик министер за образование и наука и оваа функција ја извршувал до 31-ви мај 2017-та. Спроведува и реализира бројни проекти и реформи почитувајќи ги сите вредности во општеството. Најкритикуван е кога промовирајќи ги своите ставови јасно дава на знаење дека нема да поддржи склопување на геј бракови и нема да дозволи истополовите двојки да посвојуваат деца. Тоа беше единствен пат да се реагира јавно против него, кога невладини организации вербално го нападнаа поради изјавата дека “бракот е заедница меѓу маж и жена и за ова прашање отстапки нема да има се додека е ВМРО-ДПМНЕ на власт“. Миле Јанакиески Цели 9 години ја извршуваше функцијата министер за транспорт и врски. На ова место доаѓа во август 2006-та и останува до мај 2015-та година. Дипломирал менаџмент и бизнис админстрација на Американскиот колеџ во Солун во 2001-ва година. Јанакиески до изборот за министер бил генерален директор на ЈП Водовод и канализација-Скопје од август 2005 година. Од 2001 до 2004-та извршувал функции на сектори во министерството за финансии, каде што од ноември 2001-ва до ноември 2002 година бил советник, а потоа и шеф на кабинетот на министерот за финансии. Бил претседател на асоцијацијата за водовод, канализација и пречистување на урбани отпадни води. Ова е профилот на тројцата политичари кои работеле во Република Македонија. Во некоја нова, на политички потписи создадена држава – Северна, овие луѓе се терористи! Скандалозни пресуди Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски е осуден на шест години и шест месеци затворска казна, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, на шест години и три месеци, а поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, на шест години. „Виновни се затоа што по неуспешните преговори за формирање Влада, изготвиле план со намера да го загрозат уставниот поред и безбедност на Македонија со акти на насилство за да не се предаде мирно власта. Како отежителни околности се тежината на кривичното дело е позицијата на обвинетите, умислата на обвинетите, општествената опасност од таквиот вид кривични дела бидејќи се повреди сржта на претставничката демократија, степенот на кривична одговорност кои делувале како организатори, што се посегна по редовното функционирање на Собранието. Според судот, овој кривично правен настан е плански мотивиран, смислен, реален за да се зачува власта“ – изјави во својата пресуда судијата Илија Трпков. Не обелодени ниту еден доказ дека направиле сериозно кривично дело, кое по ниту еден основ не може да се карактеризира како тероризам. Но, јасно покажа како функционира судскиот систем во моментов. Кривичен суд донесе одлука да им определи куќен притвор на четворицата неправосилно осудени, откако претходно поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, реагираше на барањето на Обвинителството да биде однесен во притвор во истражниот затвор Скопје. „Секој ден ме чуваат над осум полициски службеници и секое возило што влегува и излегува од мојата зграда е детално претресено. Бидејќи е топло, полицајци стојат во ходник и сум по 24-часовен надзор. Имам многу предмети за кои треба да се спремам и нечовечки ќе биде по четврти пат да се носам од дома до Шутка. Пет години сум под мерки и мислам дека нема потреба од притвор", рече Јанакиески. Судењето траеше година ипол и се одвиваше во услови на пандемија. Обвинителката Вилма Русковска во последен момент го смени обвинението и сакаше да ги направи организатори и на протестите пред Собранието што реално никако не можат да бидат бидејќи протестите си имаа уредно пријавени организатори. Не е јасно ЗА ШТО се осудени Адвокатот на одбраната, Еленко Миланов вели дека по пресудата останува нејасно за што е донесена таа, дали за тоа што се случило на 27 април или за протестите на „Заедничка Македонија“. „Во образложението никаде не слушнав ниту еден факт за дејствија на кој било од моите тројца штитениците за датумот 27-ми април. И оваа пресуда покажа дека имаме дежурни сведоци, дежурни лица кои даваат искази и се главни за сите предмети, тоа е Александар Василевски Нинџа на кога уште еднаш му се поклонува верба и покрај сите факти што си изнесе одбраната“, рече адвокатот кој најави жалба на пресудата. Кривичното дело кое им се става на терет е „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Едниот во тој момент водел седница, не паѓајќи под притисок да го прекрши деловникот. Екс-министрите, според пресудата, во тој момент пратиле неколку пораки по Вибер. За тоа се виновни тројцата. Во каква држава може да има ваква пресуда? Само во ваква, како нашата сега. Во Северна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatel-na-sobranie-bez-damka-vo-karierata-i-uspeshni-ministri-samo-vo-severna-mozat-da-bidat-teroristi/feed/ 0
Адвокатот Миланов оцени дека нема докази за „Организаторите на 27 април“, главната расправа продолжува на 14 јули https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatot-milanov-oceni-deka-nema-dokazi-za-organizatorite-na-27-april-glavnata-rasprava-prodolzuva-na-14-juli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatot-milanov-oceni-deka-nema-dokazi-za-organizatorite-na-27-april-glavnata-rasprava-prodolzuva-na-14-juli/#respond Mon, 12 Jul 2021 16:53:30 +0000 https://kurir.mk/?p=535660

Со завршни зборови од страна на обвинетиот Миле Јанакиевски на 14 јули продолжува главната расправа за случајот „Организаторите на 27 април“. Денешното судско рочиште заврши со завршните зборови на адвокатот Еленко Миланов, во одбрана на обвинетите Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски. Тој на почетокот се осврна на Законот за амнестија, нагласувајќи дека по сила на закон обвинението не смеело да ја види „светлоста на денот“, да биде покренато, затоа што Обвинителството ги знаело одредбите на тој Закон. – Овој обвинителен акт и оваа постапка не можеше да започне, не можеше воопшто да биде водена, поради Законот за амнестија којшто е прогласен со указ од тогашниот претседател Ѓорге Иванов. Со овој закон за амнестија се ослободуваат од кривично гонење, се запираат поведени кривични постапки и целосно се ослободваат од издржување на казна затвор, лица за кои постои основано сомневаење дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Сорабанието на РМ од 27 април 2017 година. Се ослободваат од кривично гонење според КЗ и друг Закон на РМ, лицата за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието од 27 април 2017, наведе адвокатот Миланов. Додаде дека согласно ставот три од членот 1 од Законот за амнестија, истиот не се однесува за лица осомничени, обвинети, правосилно осудени, како и лица кои издржуваат казна затвор за овие настани за кои пости основано сомение дека учесгвувале во подготвување или организирање на настаните во РМ или се правосилно осудени, а кои до денот на влегување во сила на овој Закон сториле кривично дело здружување заради непријателска дејност. – Овој исклучок за гонење не може да биде применет во овој предмет, затоа што вашата правна квалификација, поставена од Обвинителството и со изменетото обвинение е членот 313, што значи дека не можа да се користи овој дел за лица со учество во организирање или подготвување. Законот не се однесува исто така на лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила, лица кои сториле насилство, кои неовластено носеле оружје или распрскувачки материјали. Ништо што е внесено во овој исклучок не може да се однесува на ниту еден од овие кои како обвинети се наоѓаат во оваа судска сала и за кои вие постапувате, потенцираше Миланов. Тој посочи дека Законот за кривична постапка е небулозен, со што Судечкиот совет не може да прекине постапка без одобрение од Обвинителството. На таа основа, побара од Судечкиот совет да донесе ослободителна пресуда. При изнесувањето на завршните зборови прочита голем број цитати од пратеници кои сведочеле за овој случај. – Овие искази беа пред вас, ги слушавте и сите тие јасно потврдуваат дека ниту постоеше организација на пратеници, ниту пак таква организација правеле Спиро Ристевски или Миле Јанакиевски. Поради настапување на околности поради кои не постои можност за кривично гонење, односно согласно одредбата 402 став 1 точка 6, барам да го одбиете ова обвинение за Спиро Ристевски и Миле Јанакиевски за коишто тоа го истакнувам во овој нивен завршен збор, но исто така и за Вељановски. Сите докази верувам дека доволно Ве убедија дека овие тројца обвинети не го сториле кривичното дело кое им се става на товар, заклучи Миланов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatot-milanov-oceni-deka-nema-dokazi-za-organizatorite-na-27-april-glavnata-rasprava-prodolzuva-na-14-juli/feed/ 0
Како може Вељаноски, Јанакиески и Ристовски да бидат организатори кога од 30.000 пораки нема никаква комуникација меѓу нив? – прашува адвокатот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-moze-veljanoski-janakieski-i-ristovski-da-bidat-organizatori-koga-od-30-000-poraki-nema-nikakva-komunikacija-megju-niv-prashuva-advokatot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-moze-veljanoski-janakieski-i-ristovski-da-bidat-organizatori-koga-od-30-000-poraki-nema-nikakva-komunikacija-megju-niv-prashuva-advokatot/#respond Tue, 06 Jul 2021 10:58:47 +0000 https://kurir.mk/?p=532765

„Вељаноски воопшто нема комуникација со обвинетиот Владимир Атанасовски, ниту со Никола Бошкоски. Триесет илјади пораки беа извадени од мобилниот на Вељаноски, ниедна комуникација нема со овие двајца. Вељаноски и Јанакиески во овој критичен период, немаат апсолутно никаква комуникација. Тоа се виде и од листинзите од телефонот на Јанакиески”. Ова денеска во Основниот кривичен суд Скопје како завршни зборови го истакна Еленко Миланов, адвокатот на обвинетите Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спире Ристовски. Тој истакна дека обвинението не може да се потврди. -Обвинителство сака да ве убеди дека бил загрозен уставниот поредок, но ајде сега да се вратиме пред инкриминираниот дел од обвинението, односно почетокот на 2017 година па заклучно со 27 април. Уставниот поредок во тој период е парламентарна демократија и уставниот поредок после 27-ми април е исто така парламентарна демократија. Истата оваа одредба ги предвидува и дејствијата со кои некој можел да го загрози уставниот поредок , а како дејствие се наведуваат предизвикување или закана со експлозија, пожар или друго опасно дејствие, а ништо таквво не се ни става на товар на било кој од обвинетите во оваа постапка. Тоа што треба да се стави на товар е акт на насилство, рече Миланов. Миланов истакна дека од 30.000 пораки од Велјановски, воопшто нема комуникација меѓу него и Атанасовски, Бошковски и Јанакиевски. -Од ниту еден сведок од обвинителството не слушнавме дека Трајко Вељаноски имал комуникација со Владимир Атанасовски и Никола Бошковски. Во овој период Велјановски нема апсолутно никаква комуникација со Миле Јанакиевски. Додека, има шест пораки меѓу него и обвинетиот Спиро Ристоски, кој во тоа време бил министер за образование, рече Миланов. Од сите изнесени докази, и вербални и материјални, нагласи Миланов, само се потврди дека Трајко Вељаноски конститутивната седница во Собранието ја водел строго според Деловникот. Миланов истакна дека е бесмислено што обвинителството тврди дека е нарушен уставниот поредок, но не и дека е нарушена безбедноста на земјата што никаде не се споменува. -Обвинителството сака да го увери судот дека бил нарушен уставниот поредок на земјата. Уставниот поредок на земјата и пред и после 27 април е парламентарна демократија. Нема никаков навод дека тоа тоа е променето. Ниту еден услов не е исполнет дека обвинетите го сториле кривичното дело за кое се теретат. Трајко Вељаноски немал никаква комуникација со Владимир Атанасовски и Никола Бошковски. Исто така Вељаноски и Јанакиески немале никаква комуникација во критичниот период. Немало комуникација, тоа е јасно. И сега тие треба да бидете убедени дека постои некаков план, праша Миланов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-moze-veljanoski-janakieski-i-ristovski-da-bidat-organizatori-koga-od-30-000-poraki-nema-nikakva-komunikacija-megju-niv-prashuva-advokatot/feed/ 0
Русковска го промени обвинението за Јанакиески и Ристовски – не поседувала докази https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-go-promeni-obvinenieto-za-janakievski-i-ristovski-ne-poseduvala-dokazi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-go-promeni-obvinenieto-za-janakievski-i-ristovski-ne-poseduvala-dokazi/#respond Thu, 01 Jul 2021 16:18:11 +0000 https://kurir.mk/?p=530688

Обвинителката Русковска во завршница на судењето за 27 април го промени обвинението за Јанакиески и Ристовски. Вели, тоа го сторила бидејќи не поседувала докази за дејствијата кои предходно им ги припишуваше. Според одбраната, тоа било пораз за обвинителството бидејќи не успеало да докаже тероризам и загрозување на уставниот поредок. Русковска вели, измените се направени оти обвинителството не обезбеди докази дека Јанакиески и Ристовски ги организирале општинските и месни комитети на партијата. „Бидејќи немаме таков материјален доказ за тоа, за тоа и се направија измените. Значи само во однос на организирање на протестите“, изјави Вилма Русковска, Јавен обвинител. Судењето за 27-ми ќе продолжи идната недела со завршни зборови на обвинетите и нивните адвокати. Прилогот на Сител погледнете го во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-go-promeni-obvinenieto-za-janakievski-i-ristovski-ne-poseduvala-dokazi/feed/ 0
Ексклузивно: Каква била комуникацијата на 27-ми април меѓу обвинетите Трајко Вељаноски и Спиро Ристовски? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekskluzivno-kakva-bila-komunikacijata-na-27-mi-april-megju-obvinetite-trajko-veljanoski-i-spiro-ristovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekskluzivno-kakva-bila-komunikacijata-na-27-mi-april-megju-obvinetite-trajko-veljanoski-i-spiro-ristovski/#respond Mon, 07 Jun 2021 19:59:20 +0000 https://kurir.mk/?p=520248

На денешното рочиште во случајот за т.н. организација на 27-ми април беа презентирани дополнителни докази од страна на обвинителството, но и од страна на обвинетите и нивните адвокати. Покрај пораките кои Вилма Рускоска ги промовираше како докази, а во кои се зборува меѓу другото и за поддршката на Бајага и Блага Петреска на протестите за Заедничка Македонија, вниманието го привлече и еден друг факт - доказ за комуникација помеѓу Спиро Ристовски и Трајко Вељаноски на 27-ми април, кој беше занемарен од страна на обвинителството на Рускоска. Поточно, пред неколку месеци кога Обвинителката ги презентираше своите докази, зборувајќи за пораките пронајдени во телефонот на Трајко Вељаноски констатираше дека екс-спикерот на Собранието на 27-ми април имал комуникација со Спиро Ристовски, и обајцата обвинети за наводно организирање на настаните на 27-ми април, но ниту Рускоска ниту нејзиното помладо алтер-его Ивана Трајчева не навлегоа во деталите за комуникацијата меѓу двајцата обвинети на денот на упадот во Собранието. Чудно, нели? Веројатно е така за сите кои се уште веруваат во теоријата на случајот поставена од Рускоска, а врз „плеќите“ на дежурниот сведок на обвинителството Александар Василевски Нинџа, чии неколку различни верзии на настаните не само што го трасираа патот за драконските казни изречени од Добрила Кацарска во претхониот случај, туку и ги поставија основите за креирање обвинение и за т.н. организатори на настаните, за што меѓу другите се обвинети и Вељаноски и Ристоски. Но, назад на содржината на пораките кои Рускоска не ги презентираше во јавност, а не им ги даде на увид и презентација ниту на обвинетите во моментите на истражната постапка, за што има законска обвска. ШТО СОКРИ РУСКОСКА ОД ДОКАЗИТЕ „ПРОТИВ“ ВЕЉАНОСКИ И РИСТОВСКИ? На рочиштето на кое презентираше докази од телефонот на Вељаноски, Обвинителството само штуро и набрзина констатира, согласно податоците, дека na 27-ми април ИМАЛО комуникација меѓу Спиро Ристовски и Трајко Вељаноски, но истата никогаш не ја изложи, иако за тоа е должно согласно Законот за кривична постапка. Имено, член 302, став (5) од ЗКП вели дека „Јавниот обвинител е должен да го запознае обвинетиот со доказите што во истражната постапка ги прибавил против него, како и да му ги открие доказите за кои дознал, а кои можат да бидат од полза за одбраната“. Но, тоа не е случај кога е во прашање доказниот материјал собран при анализа на телефонските комуникации на обвинетиот Трјако Вељаноски со обвинетиот Спиро Ристовски. Доколку се анализираат пораките помеѓу Вељаноски и Ристовски, ќе се забележи дека тие во период од 25-ти април 2017 до 15-ти мај 2017 комуницираат на една специфична тема, која нема никаква врска со насилен упад во Собранието, организирање и спроведуање на некаков план за терористичко загрозување на уставниот поредок. Напротив, Вељаноски се интересира за одредена специфична стручна тема кај Ристовски, кој во моментот е Заменик-министер за образование. ШТО ЗБОРУВАЛЕ ОБВИНЕТИТЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ НА 27-МИ АПРИЛ МЕЃУСЕБЕ? Човек би помислил дека две лица кои се обвинети за страшен заговор против државата на самиот ден на немилите настани контактирале на некоја страшна тема поврзана со упадот во Собранието, организирање на немилите настани и се преостанато за што во обвинението ги товари Рускоска. Но, не е така. Вељаноски и Ристовски на 27-ми април, како и два дена претходно, но и 18 дена подоцна, си пишуваат пораки бидејќи Вељаноски се интересира за одреден инспекциски надзор на Штуловиот универзитет во Тетово, а Ристовски му одговара согласно сознанијата кои ги има. Пораки од 25 април ТВ: „Спире, дали отиде комисија во штуловиот универзитет? СР: „Утре се таму“ ТВ: „Па после тоа нека ти кажат и пренеси ми што пронашле“ СР: „Обавезно“ Пораки од 27 април ТВ: „Што направија овие во Тетово?“ СР: „Работат“ ТВ: „Изгледа има добар материјал“ СР: „Камбовски и бил во комисија. Тоа е уште поинтересно.“ ТВ: „Мутно е.“ СР: „Да.“ Пораки од 3 мај ТВ: „Здраво, ај прашај што констатирала комисијата“ ТВ: „Спире, праша за комисијата што пронашла?“ СР: „Не е уште готов предметот, најверојатно утре ќе е“ ТВ: „Во ред. Кажи ми што пронашле“ СР: „Договорено“ Пораки од 5 мај ТВ: „Спире, праша дали им е готов предметот“ СР: „Да, донесовме решение ама се однесува на документаијата за трудови, празно е досието.“ СР: „Ова ми пратија.“ Пораки од 15 мај ТВ: „Прашај го инспекторот што направил во Тетово“ Значи не само на два дена пред настаните кога наводните организатори (според теоријата на Рускоска) би комуницирале за случувањата во Собранието, ниту на самиот ден на немилите настани, а ни 18 дена подоцна не размениле пораки кои имаат било каква врска со обвинението со кое се соочени Вељаноски и Ристовски. ДАЛИ „ТЕРОРИСТИ“ НА ДЕНОТ НА „ТЕРОРИЗМОТ“ ЌЕ ЗБОРУВААТ ЗА ИНСПЕКЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО? На оние на кои им е јасна политиката во обвиненијата за 27-ми април, ова веројатно не им е ниту чудно бидејќи се свесни каква цел имаше првиот случај, но и вториот кој служи „да го оправда првиот“ повеќе од билошто друго. Но, колку и да е исполитизирано и неточно обвинението, Рускоска, Трајчева и колегите од Обвинителството за гонење организиран криминал имаат законска обврска на обвинетите да им ги предочат и доказите кои ги пронашле, а се од корист за обвинетите. Ако обвинителите не сметаат дека од корист за обвинетите е меѓусебна СМС комуникација на самиот ден 27-ми април, во која зборуваат на „десетта тема“, а воопшто не зборуваат за настаните за кои се обвинети, тогаш имаме проблем не од логичка, туку веројатно од психолошка природа. Во секој случај, намерното криење докази кои може да ја докажат невиноста на неправедно обвинет човек претставува кривично дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekskluzivno-kakva-bila-komunikacijata-na-27-mi-april-megju-obvinetite-trajko-veljanoski-i-spiro-ristovski/feed/ 0
На 21-ви февруари почнува судењето на Вељаноски, Ристовски и Јанакиески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-21-vi-fevruari-pochnuva-sudenjeto-na-veljanoski-ristovski-i-janakieski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-21-vi-fevruari-pochnuva-sudenjeto-na-veljanoski-ristovski-i-janakieski/#respond Fri, 31 Jan 2020 13:50:57 +0000 https://kurir.mk/?p=297558

Судењето за собраниските инциденти од 27-ми април 2017 година е закажано за 21 февруари. Оваа информација ја кажа обвинителката Вилма Русковска на денешното рочиште за предметот „Рекет“, на кое побара да нема судење на 21-ви февруари бидејќи ќе почнело судењето за 27 април. Во тој случај обвинети се поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски, екс-министрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. Обвинет е и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се теретат за “терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-21-vi-fevruari-pochnuva-sudenjeto-na-veljanoski-ristovski-i-janakieski/feed/ 0
Ристовски и Атанасовски одат во куќен притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristovski-i-atanasovski-odat-vo-kukjen-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristovski-i-atanasovski-odat-vo-kukjen-pritvor/#respond Fri, 31 May 2019 15:03:27 +0000 https://kurir.mk/?p=203998

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд ја замени мерката притвор со куќен за Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски кои се обвинетите за нападот во Собранието на 27 април 2017 година, а на Миле Јанакиевски му го продолжи куќниот притвор уште за 30 дена. Кривичниот совет одлучуваше по барање на Обвинителството за организиран криминал кое денеска подигна обвинение за четири лица- обвинети дека се организатори на наислниот упад. –Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, а во однос на денеска поднесниот обвинителен акт за настаните од 27 април 2017 година, кои се случија во Собранието, Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кои го прифати предлогот и на двајца од обвинетите мерката притвор им ја замени со мерка куќен притвор, а на еден од обвинетите мерката куќен притвор му ја продолжи за 30 дена, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Што се однесува до обвинителниот акт истиот ќе биде распореден согласно АКМИС системот на Совет за оценка на обвинителен акт. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, претходно денеска информира, дека е поднесен обвинителен акт против четири лица. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело – терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. За две лица, кои во моментов се недостапни на органите на прогонот, постапката е запрена до нивно пронаоѓање. Како што соопшти Јавното обвинителство, наодите од истражната постапка укажуваат дека обвинетите, на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада на Република Македонија, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство. За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ што кулминираа со насилното влегување во Парламентот на 27 април 2017 година. Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието. Криичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување на насилство. Во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети. Во исто време, еден од осомничените, за кого постапката е прекината поради недостапност, со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот „Жена Борец“ донел огнено оружје и панцирни елеци наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард дисковите од собраниските камери. Со сите овие усогласени и поврзани дејствија и активности обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, а притоа дел од пратениците и новинарите се здобиле со телесни повреди. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите, додека за двајца обвинети предложи определената мерка притвор да биде заменета со мерка куќен притвор. Во соопштението од ЈОРМ не се посочува идентитетот на четворицата обвинети за организирање на собраниските настани на 27 април 2017. Во предистражната постапка, Обвинителството за огранизирање на „27 април“ ги сомничеше поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и Владимир Атанасовски и Никола Бошковски од УБК. За насилствата во Собранието, на 15 март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristovski-i-atanasovski-odat-vo-kukjen-pritvor/feed/ 0
Обвинителството побара: Ристовски и Атанасовски да излезат од „Шутка“ и да одат во куќен притвop https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-pobara-ristovski-i-atanasovski-da-izlezat-od-shutka-i-da-odat-vo-kukjen-pritvop/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-pobara-ristovski-i-atanasovski-da-izlezat-od-shutka-i-da-odat-vo-kukjen-pritvop/#respond Fri, 31 May 2019 14:09:23 +0000 https://kurir.mk/?p=203970

Екс министерот Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, да бидат пyштeни од истpaжниот затвop „Скопје“ и притвopoт да продолжат да го издржуваат дома, односно да им биде одреден куќен притвop. Исто така, Миле Јанакиески и понатаму да остане во куќен притвop. Ова се барањата на Oбвинитeлcтвoто за организиран кpиминал и кopупција, откако денеска поднесоа oбвинeниe за организаторите на нacилниот yпaд во Собранието, што се случи на 27 април. Со oбвинeниeтo е опфатен и пратеникот Трајко Вељаноски, но за него обвинитeлcтвoтo не бара мерка на oбeзбeдyвање, најверојатно бидејќи тој ужива пратенички имyнитeт. За екс премиерот Никола Груевски кој е во бeгcтвo во Будимпешта, и поранешениот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој е во бeгcтвo во Грција, пocтапката е запpeна до нивно пpoнаоѓање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-pobara-ristovski-i-atanasovski-da-izlezat-od-shutka-i-da-odat-vo-kukjen-pritvop/feed/ 0