списоци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Oct 2022 10:59:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png списоци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Објавени списоци за примени бруцоши во студентските домови и резултати од приговори на студенти од повисоките години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-spisoci-za-primeni-brucoshi-vo-studentskite-domovi-i-rezultati-od-prigovori-na-studenti-od-povisokite-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-spisoci-za-primeni-brucoshi-vo-studentskite-domovi-i-rezultati-od-prigovori-na-studenti-od-povisokite-godini/#respond Tue, 04 Oct 2022 10:59:18 +0000 https://kurir.mk/?p=740830

Министерството за образование и наука на својата веб-страница објави резултати од конкурсот за сместување бруцоши во студентски домови, како и резултати од приговори за сместување во студентски домови за студенти од втора и повисоки години на студии. Електронското пријавување за сместување студенти од втора до шеста студиска година и апсолвенти во државните и приватните студентски домови треше од 18 јули до 5 август, а за сместување на студентите од прва година, рокот за аплицирање беше од 5 до 16 септември 2022, односно по завршувањето на првиот рок за упис на факултетите за академската 2022/2023 година. Според Конкурсот на МОН, слободни беа 4834 легла за редовни студенти на додипломски студии во 12 домови во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово. Од вкупниот број, 3669 легла беа наменети за студентите од втора до шеста година и апсолвенти, а 1165 се за студенти кои ќе се запишат во прва година. Со најмногу слободни места (1186) располага студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Следни по број на слободни места, според конкурсот, беа: ДСД „Пелагонија“ во Скопје со 997 места и „Стив Наумов“ – трета зграда со 601 легло, покрај 138-те легла во новите бараки во овој студентски дом во главниот град. Студентите се сместуваат и во домовите: „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје, „Кочо Рацин“ во Битола, „Никола Карев“ во Охрид, „Орде Чопела“ во Прилеп, ПСД „УЈИЕ“ во Тетово и во четири домови во Штип: ДСД „Браќа Миладиновци“, ПСД „Оаза“, ПСД „Хилјадников“ и ПСД „Логос“. Според Конкурсот, доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе продолжи сѐ до нивното пополнување, но најдоцна до 15 ноември 2022. Согласно роковите за сместување наведени во Конкурсот, студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од десет дена од објавениот конечен список.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-spisoci-za-primeni-brucoshi-vo-studentskite-domovi-i-rezultati-od-prigovori-na-studenti-od-povisokite-godini/feed/ 0
Нацев до Шеќеринска: Министерке, одговерете дали имало манипулација со списоците на лицата кои требало да заминат на мисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-do-shekjerinska-ministerke-odgoverete-dali-imalo-manipulacija-so-spisocite-na-licata-koi-trebalo-da-zaminat-na-misija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-do-shekjerinska-ministerke-odgoverete-dali-imalo-manipulacija-so-spisocite-na-licata-koi-trebalo-da-zaminat-na-misija/#respond Sun, 15 Dec 2019 16:57:40 +0000 https://kurir.mk/?p=277900

Министерке,нервозна сте, а да бидам искрен и треба да бидете. Доказите за криминалот не се бришат и прецртуваат како што вие прецртувате имиња по списоци, стои во реакцијата на професорот Александар Нацев, откако претходно МО и министерката Радмила Шеќеринска преку реакција порачаа да не се чепкаат војниците. -Професионализацијата на Армијата и доброто на војниците ве интересира колку што Заев го интересира расчистување на случајот "Рекет". Повеќе време имате за гледање фудбалски натпревари со Боки 13, отколку за решавање на проблемите на професионалните војници, кои одат во искинати чизми и униформи, пишува во својата објава Нацев. Смирете се малку. Фокусирајте се и не бегајте од темата. Одговорете на прашањата кои се едноставни: - Дали сите кои заминаа во последната мировна мисија во Авганистан конкурираа за мисијата? - Дали сите кои заминаа ги поминаа физичките, здравствените и останатите проверки? - Што се случи со списокот кој го добивте со прворангираните на конкурсот? - Дали е точно дека некој прецртувал имиња и дали тоа е правено лично од Вас или по Ваша наредба?, прашува професорот Нацев. -За ваквите понижувања и потценувања на Армијата одговорност ќе има. Војниците не заслужуваат ваков третман. Русковска може и нема да покрене истрага со оглед на тоа што не ја прошири истрагата и со тоа ве амнестираше и за "Рекет". Сепак, после 12ти април, правдата ќе биде еднаква за секого и ќе треба да одговарате и на посериозни прашања од оние “За кого навивавте кога со Боки гледавте фудбал?”, порачува Нацев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-do-shekjerinska-ministerke-odgoverete-dali-imalo-manipulacija-so-spisocite-na-licata-koi-trebalo-da-zaminat-na-misija/feed/ 0
МОН ги објави списоците за сместување во студентските домови со доцнење од пет дена откако студентите излегоа на протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-gi-objavi-spisocite-za-smestuvanje-vo-studentskite-domovi-so-docnenje-od-pet-dena-otkako-studentite-izlegoa-na-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-gi-objavi-spisocite-za-smestuvanje-vo-studentskite-domovi-so-docnenje-od-pet-dena-otkako-studentite-izlegoa-na-protest/#respond Tue, 04 Sep 2018 10:42:38 +0000 https://kurir.mk/?p=96153

Изгледа потребно беше студентите да излезат на протест за Министерството за образование и наука, со пет дена задоцнување да ги објави резултатите од конкурсот за сместување на студентите во студентските домови. Од министерството информираат дека резултатите конкурсот за прием на студенти на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во  Република Македонија за студиската 2018/2019 година се објавени на интернет страницата www.mon.gov.mk. Приговори по однос на резултатите се доставуваат во рок од 5 дена од денот на објавата. Инаку, студентите утринава гневни и револтирани од состојбите во образованието во Република Македонија излегоа на протест, а причина беше токму доцнењето со објавувањето на списоците, кои доцнат, а поради тоа студентите не можеа да обезбедат легло во тек на сесија за полагање. -Секоја година излегуваат на 31 август, а сега веќе е четврти септември, а не сме ни почнати со вселувањето. Студентите одат со куфери, бидејќи некои имаат за полагање, а не сме ни сместени во домот, вели еден од студентите кои денеска протестираа пред Министерството за образование. Друг студент пак вели дека вчера биле во министерството од каде им било кажано дека минути се во прашање за резултатите да бидат објавени, но дека се уште нема ништо. -Чекаме веќе два дена, од вчера сабајле, седевме во управат во Кузман додека да заврши работното време и денеска од сабајле сме пак во студентските домови, ама нема никаква информација кога ќе добиеме резултати. Значи чекаме веќе многу време, чекаме пет дена, вели една студентка. Уште една студентка се пожали за состојбата. -Ништо, ќе останеме да си чекаме, сепак ние сме студенти. Нашиот глас дали ќе се слушне, дали не не знаеме, а имаме за учење, зошто професорите нема да не прашаат кога сме учеле како сме учеле, дали сме учеле, туку треба да покажеме знаење. Единствено што бараме е легло, за да одиме да учиме, вели уште една студентка. Тие се жалеа дека од министерството се уште ништо не им кажувале, дека резултатите ќе бидат те за еден час, те утре. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-gi-objavi-spisocite-za-smestuvanje-vo-studentskite-domovi-so-docnenje-od-pet-dena-otkako-studentite-izlegoa-na-protest/feed/ 0