спогодба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 May 2023 13:00:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спогодба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судот ја прифатил спогодбата, Јувентус ќе плати само парична казна за нелегалното исплаќање на своите фудбалери https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sudot-ja-prifatil-spogodbata-juventus-ke-plati-samo-parichna-kazna-za-nelegalnoto-isplakane-na-svoite-fudbaleri/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sudot-ja-prifatil-spogodbata-juventus-ke-plati-samo-parichna-kazna-za-nelegalnoto-isplakane-na-svoite-fudbaleri/#respond Tue, 30 May 2023 13:00:42 +0000 https://kurir.mk/?p=840450

Предлогот за спогодба на Јувентус со обвинителството за обвинението за неправилности при исплаќање на плати на фудбалерите е прифатена од Националниот федерален суд и клубот ќе помине само со голема парична казна. Откако беше казнет од федерацијата со 10 одземени бодови поради обвинението за вештачко зголемување на вредноста на дел од своите фудбалери при трансферите, Јувентус денеска се соочуваше со уште една слична казна, но обвинителството и судот ја прифатиле спогодбата. Тоа значи дека на Јувентус нема да му бидат одземени бодови, а првичната информација е дека ќе мора да плати 718.000 евра како дел од оваа спогодба. Потенцирано е и дека клубот не смее да поднесува било какви жалби за одлуката, која е дефинитивна. За разлика од клубот, поранешниот претседател Андреа Ањели не сакал спогодба и ќе мора да се појави пред судот на 15. јуни и за него ќе се води класичен процес по кој веројатно ќе заработи одредена суспензија. Со ваквиот епилог, Јувентус ќе остане на актуелната позиција на табелата и веќе не се соочува со казна во пресрет на новата сезона. Сепак останува можноста УЕФА да го казни клубот и да му забрани учество во европските купови следната сезона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sudot-ja-prifatil-spogodbata-juventus-ke-plati-samo-parichna-kazna-za-nelegalnoto-isplakane-na-svoite-fudbaleri/feed/ 0
Седуммина обвинети во случајот „Планина“ признаа вина и се спогодија со Обвинителството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedummina-obvineti-vo-sluchajot-planina-priznaa-vina-i-se-spogodija-so-obvinitelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedummina-obvineti-vo-sluchajot-planina-priznaa-vina-i-se-spogodija-so-obvinitelstvoto/#respond Fri, 16 Jul 2021 11:56:30 +0000 https://kurir.mk/?p=537702

По донесената наредба за спроведување истражна постапка, седуммина припадници на т.н. група од Гази Баба, осомничени во предметот „Планина“, откако беа запознаени со доказите што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги прибави во текот на спроведувањето на предистражната и истражната постапка, го признаа извршувањето на кривичното дело за кое се товарат, информира Јавното обвинителство на Република Македонија. Врз основа на признание на вина, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучило Предлог – спогодби со осомничените. Судијата на претходна постапка при Основиот кривичен суд – Скопје ги прифатил Предлог – спогодбите и ги огласил за виновни за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори сите седум обвинети. -Со пресуда на обвинетите им е изречена казна затвор во која се пресметува и времето поминато во притвор и тоа на осомничените А.Р. (31) и Е.С.(25) во траење од четири години и шест месеци, на осомничениот А.И.(20) во траење од четири години и на осомничените С.И. (22), А.К.Б.(19), Ф.А.(20) и Р.И.(21) во траење од три години, информираат од Обвинителството. Во периодот од месец март 2020 година до месец март 2021 година сега осудените како повеќе лица, со умисла, се здружиле за вршење на кривични дела со преземање на временски меѓусебно поврзани дејствија. Искористувајќи исти прилики и други слични околности тие повеќекратно неовластено набавувале, држеле и продавале наркотична дрога и психотропни супстанции. А.Р. и Е.С. во повеќе наврати неовластено набавиле наркотичната дрога од НН лица, па откако кратко време ја држеле кај себе, ја предавале на чување на А.И., С.И., А.К.Б. и Ф.А. кои вршеле неовластена продажба. А.Р., Е.С. и А.И. имале воспоставени контакти со купувачи на подрачје на Градот Скопје и договорената количина и вид на наркотична дрога соодветно спакувана ја предавале на купувачите, а остварената корист од неовластената продажба во договорени делови меѓусебно ја распределувале. -Согласно член 215 став 6 од Кривичниот законик, во корист на Република Македонија, како предмети што се употребени за извршување и кои потекнуваат од кривичното дело, се одземени: едно патничкото моторно возило марка Volkswagen Golf – Голф, црна боја, 18 мобилни телефони, еден таблет, еден ланец со кралска плетка со жолта боја, една жолто сребрена алка, еден прстен со жолта боја, 2880 евра во банкноти во различни апоени, 157.300,00 денари во банкноти во различни апоени, 21 пакување кокаин со вкупна тежина од 10,08 грама и 1 пакување марихуана со вкупна тежина од 3,11 грама, се вели во денешното соопштение од Обвинителството. Обвинетите се упатени на издржување на изречената казна, за двајца осомничени предметот е отстапен на надлежно постапување во ОЈО Скопје, а за останатите од групата во Грчец истражната постапка е во тек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedummina-obvineti-vo-sluchajot-planina-priznaa-vina-i-se-spogodija-so-obvinitelstvoto/feed/ 0
Коцарев: МАНУ треба и мора да понуди научна и аргументирана анализа на Спогодбата од Преспа и на Договорот со Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocarev-manu-treba-i-mora-da-ponudi-nauchna-i-argumentirana-analiza-na-spogodbata-od-prespa-i-na-dogovorot-so-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocarev-manu-treba-i-mora-da-ponudi-nauchna-i-argumentirana-analiza-na-spogodbata-od-prespa-i-na-dogovorot-so-bugarija/#respond Tue, 01 Dec 2020 20:31:27 +0000 https://kurir.mk/?p=437181

МАНУ треба и мора да понуди научна и аргументирана анализа, водејќи сметка за достоинството на сите, вклучувајќи ги и Македонците, рече во вечерашното интервју во емисијата „Што не е јасно“ претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев. Потреба за научна и објективна анализа на Спогодбата од Преспа и Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија постои веќе подолго време. Така на пример, МАНУ и другите институции во државата треба повторно да проговорат за различните толкувања на членовите во Спогодбата и импликациите што тие ги имаат врз иднината на Македонија. Уште повеќе што во 2021 година една реномираната англиска издавачка куќа ќе објави книга со наслов Македонија и идентитетската политика по Спогодбата од Преспа, во која е поместен текст на проф. Виктор Фридман, член на МАНУ надвор од работниот состав, насловен „Чаша полна до половина или пехар со отров? Спогодбата од Преспа и современиот македонски јазик“. Според Фридман „ако формулацијата се толкува на тој начин, или ако Македонија е принудена од ЕУ да ги прифати бугарските негирања за постоењето на македонските дијалекти, тогаш Спогодбата од Преспа ќе биде повеќе пехар со отров“. Член 3б од Спогодбата, на англиски јазик "The nationality of the Second Party shall be Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia, as it will be registered in all travel documents", на македонски јазик е преведен како: „Државјанството на Втората страна ќе биде македонско / граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи“. Категоријата ‘државјанство’ се изведува од терминот граѓанин, на англиски јазик: citizenship и citizen. Така, во англиската верзија, членот 3б јасно разликува две категории: ‘националност’ и ‘државјанство’ (или граѓанин, жител). Уште повеќе, во англискиот член кај националност е наведен зборот „македонска“, а кај државјанство синтагмата „граѓанин на Република Северна Македонија“. Оттука, може да се констатира дека македонскиот превод нотира само една категорија. Во него е испуштена категоријата националност, а зачувано е само државјанството (граѓанин). Не навлегувајќи подетално во оваа тема, само би напоменал дека термините националност и државјанство не се синоними и имаат различни значења. Интересно е да е спомне дека во член 15 (1 и 2) од Универзалната декларација за правата на човекот на Обединетите нации, стои: „Секој има право на националност“ и „Никој не смее самоволно да биде лишен од својата националност, ниту од правото да ја промени националноста“. Исто така, Универзалната декларација за правата на човекот на Обединетите нации во ниеден член не го спомнува терминот државјанство. Кои се мотивите, уште повеќе кои се последиците од тоа што терминот nationality во Спогодбата е преведен со државјанство, а не со националност? Ако преводот е погрешен, зарем тоа не треба да се смени? Ако за некои мислители не е спорен македонскиот идентитет и македонската етничка припадност, дали Спогодбата од Преспа (веќе) доведе до истребување, лишување на македонската националност? Дали со Спогодбата е доведен во прашање суверенитетот на нашата држава? Ова се само мал дел од прашањата за коишто МАНУ треба и мора да понуди научна и аргументирана анализа, водејќи сметка за достоинството на сите, вклучувајќи ги и Македонците, истакна академик Коцарев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocarev-manu-treba-i-mora-da-ponudi-nauchna-i-argumentirana-analiza-na-spogodbata-od-prespa-i-na-dogovorot-so-bugarija/feed/ 0
По пожарот во септември, велешка „Маслодајна“ спогодбено се обврза да плати 50.000 евра https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-pozarot-vo-septemvri-veleshka-maslodajna-spogodbeno-se-obvrza-da-plati-50-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-pozarot-vo-septemvri-veleshka-maslodajna-spogodbeno-se-obvrza-da-plati-50-000-evra/#respond Mon, 18 Nov 2019 15:35:31 +0000 https://kurir.mk/?p=265585

Раководниот тим на велешката Фабрика за масло „Благој Ѓорев“се обврзал во рок од 15 дена да плати глоба во износ од 50 илјади евра во денарска противвредност поради пожарот во силос полн со 400 тони пелети од сончогледови лушпи, што изби на 27 септември годинава. Во пожарот, кој тлееше една недела, изгореа 400 тони пелети, што предизвикаа црн чад и тешка реа кои им го нарушуваа здравјето на велешани, а кои поради тоа остро реагираа во јавноста. Со брза и правилна интервенција на Противпожарната единица од Велес беше избегната и поголема катастрофа, бидејќи можеше да дојде до поголема експлозија во силосот и загрозување на околните згради и куќи. Како што денеска информира од Општина Велес, спогодбеното плаќање на „Маслодајна“ било договорено на седницата на Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање одржана на 13 ноември, на која присуствувале претставници од А.Д. „Благој Ѓорев“ и овластениот инспектор за животна средина на Општина Велес, Билјана Шуркова Манаскова, која и ја водеше инспекциската постапка. Како што денеска појаснија од Општина Велес спогодбата има сила на извршна исправа. Покрај ова, на одговорните во правното лице, односно извршниот директор на А.Д. „Благој Ѓорев“ и одговорниот претставник за животна средина им се изречни казни од по 15.000 евра во денарска противвредност, кои ќе се извршат доколку во рок од една година од денот на склучување на спогодбата тие сторат нов прекршок од областа на животната средина. Според општинските власти, „Благој Ѓорев“ се уште нема Б интегрирана еколошка дозвола, но фабриката работи врз основа на тоа што има дозвола за усогласување. За добивање Б интегрирана еколошка дозвола постапка е започната во 2013 година, а пречка се трите котли на фабриката од кои два работат на мазут, а еден на пелети од сончогледови лушпи. Инаку за време на пожарот во еден од силосите каде беа сместени пелетите од сончогледови лушпи кои се самозапалија, неисправна беше сондата која ја мери температурата. Поради нејзината неисправност, не можело да се реагира навреме, информираше тогаш инспекторката Шуркова Манаскова, која по пожарот направи увид и надзор во запалениот силос на „Маслодајна“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-pozarot-vo-septemvri-veleshka-maslodajna-spogodbeno-se-obvrza-da-plati-50-000-evra/feed/ 0