Спомен-куќа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 14:18:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Спомен-куќа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Спомен-куќата на Блаже Конески во Небрегово ставена на туристичката мапа за задолжителни посети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/spomen-kukata-na-blazhe-koneski-vo-nebregovo-stavena-na-turistichkata-mapa-za-zadolzhitelni-poseti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/spomen-kukata-na-blazhe-koneski-vo-nebregovo-stavena-na-turistichkata-mapa-za-zadolzhitelni-poseti/#respond Thu, 07 Sep 2023 14:18:14 +0000 https://kurir.mk/?p=875771

Спомен-куќата на великанот Блаже Конески во Небрегово и официјално се става на туристичката мапа за задолжителна посета при екскурзиите на учениците и при посетите на странските туристи. Иницијативата е на Културно-едукативниот центар „Небрегово“. Со пригоден собир пред родната куќа на Конески е потпишана и декларација. Мимоза Конеска, туристички работник од агенцијата „Војаџер“, вели дека ова е достоен чин за Блаже Конески. За догодина се најавуваат голем број странски туристи. -По иницијатива на Културно-едукативниот центар „Небрегово“ спомен-куќата на великанот Блаже Конески во Небрегово се става на туристичката мапа на Македонија. Спомен-куќата ќе биде поставена во програмата на сите основни и средни училишта и во сите програми за посета на странските туристи во Македонија. Горди сме што оваа иницијатива е доведена до реализација. Тоа ќе значи многу повеќе туристи за Прилеп, за Небрегово, за спомен-куќата и многу повеќе информации стигнати до основните и до средните училишта, онаму каде што треба за тоа што значи Блаже Конески и што значи спомен куќата во Небрегово. За 20-ина дена со Здружението ќе излеземе со податоци за најавата на странски туристи кои ќе дојдат во посета во Македонија. Денес се потпишува декларацијата со која официјално, целата програма за Спомен-куќата, заедно со цената на чинење, заедно со локалните информации за пред и после посетата на Небрегово. Инаку, најавите за странски гости за наредната година се големи. На минимум 60 насто од програмите е веќе ставена како задолжителна посета, изјави Конеска. Официјализирањето на иницијативата е симболично во пресрет на големиот празник - Денот на независноста зашто Конески е втемелен во државноста и македонскиот културен идентитет. -Блаже Конески се вградил, и како човек и со неговото епохално дело во националните обележја, во нашиот културен, национален идентитет и во нашата опстојба. Тоа е главната причина што Блаже Конески треба да се најде на туристичката мапа на Македонија. И не само Спомен-домот. Во Прилепско-долненскиот регион има уште неколку обележја кои го заслужуваат тоа, рече Атанас Конески, секретар на Културно-едукативниот центар „Небрегово“. Спомен-куќата на Блаже Конески е споменик на културата од 1 август 2005 година. Во книгата на посети впечатоци запишале преку 1 300 од посетителите и гостите. -Интересот за посета е голем. Со оваа нова иницијатива, посетеноста уште повеќе ќе се зголеми, зашто Блаже Конески го заслужува тоа. Овде има посети од ученици, студенти, посетители, се прават повеќе проекти. И ние како Завод и музеј кој се грижи за спомен-домот на Конески, нашите проекти ги правиме токму во Спомен-куќата, рече Лилјана Неделкоска од прилепскиот Завод и музеј. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/spomen-kukata-na-blazhe-koneski-vo-nebregovo-stavena-na-turistichkata-mapa-za-zadolzhitelni-poseti/feed/ 0
Спомен-куќата на Тоше во Крушево одбележува 11 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/spomen-kukjata-na-toshe-vo-krushevo-odbelezuva-11-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/spomen-kukjata-na-toshe-vo-krushevo-odbelezuva-11-godini/#respond Thu, 21 Apr 2022 12:47:42 +0000 https://kurir.mk/?p=666562

Со музичко-сценски настан, со изложба и во духот на хуманоста денеска во Спомен-куќата „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево е одбележана 11-годишнината од отворањето на овој еден од најпосетуваните музеи во земјава и на Балканот, спомен-домот посветен на Тоше Проески, кој е најголемо обележје на животот и делото на големата музичка ѕвезда. На одбележувањето беа доделени хуманитарни ваучери на пет социјално ранливи семејства. Се одржа литературно читање на тема „Твојот и мојот непребол“ со творби од поетеси кои ги читаа учениците од Основното крушевско училиште „Никола Карев“, а со истиот наслов беше отворена и изложбата на дела на Снежана Лазарова. Пред присутните со преработки на песните на Тоше настапи саксофонистот Горан Папаз. На вработените им беа доделени и јубилејни награди за 10 години работење во Спомен-куќата „Тодор Проески“. Директорката на спомен-куќата Лефкија Гажоска вели дека за 11 години бројот на посетители се приближува до еден милион. – Единаесет години во спомен-домот се чуваат спомените за Тоше Проески, се чува секоја негова насмевка, се чуваат неговите лични предмети, оние што ги добивал од фановите, се слуша неговата музика и постојано имаме посетители. Ја одбележуваме 11-годишнината од Спомен-домот онака како што му прилега на Тоше, со музика, со сеќавања, изложба, со творби и со хуманост. Тоа е скромен настан со кој, на некој начин по пандемиското време, ги отвораме вратите на Спомен-куќата за поголема посетеност. Во спомен-куќата се 360 експонати, а за овие 11 години ја посететиле близу еден милион гости и тоа од речиси цел свет. Сме имале посетители од Кина, Тајван, од европските земји и секако од балканските земји, изјави Гажоска. Уметникот Снежана Лазарова во техника со ориз изложи 33 дела. – Идејата беше да прикажам дека во светот на темнината и светлината, преовладува светлоста, вели Лазарова. Исклучителното архитектонско здание, Спомен-куќата „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево има и меѓународни признанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/spomen-kukjata-na-toshe-vo-krushevo-odbelezuva-11-godini/feed/ 0