спомен плоча – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Apr 2022 12:34:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спомен плоча – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пендаровски и Ѓукановиќ во Бар: Поставување на спомен-плоча на Владимир и Косара во чест на македонско-црногорското пријателство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-i-gjukanovikj-vo-bar-postavuvanje-na-spomen-plocha-na-vladimir-i-kosara-vo-chest-na-makedonsko-crnogorskoto-prijatelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-i-gjukanovikj-vo-bar-postavuvanje-na-spomen-plocha-na-vladimir-i-kosara-vo-chest-na-makedonsko-crnogorskoto-prijatelstvo/#respond Wed, 13 Apr 2022 12:34:01 +0000 https://kurir.mk/?p=662446

На вториот ден од официјалната посета на Црна Гора, претседателот Стево Пендаровски денеска во Бар присуствуваше на поставувањето на спомен-плочата на Владимир и Косара, која е изработена во Северна Македонија, во чест на македонско-црногорското пријателство. Претседателот Пендаровски посочи дека поставувањето на ова спомен обележје претставува симбол на блискост и културно-историската врска помеѓу Северна Македонија и Црна Гора, и се реализира на иницијатива на Здружението за македонско-црногорското пријателство и Заедницата на Црногорците во Република Северна Македонија. Плочата е во спомен на ликот на црногорскиот кнез Владимир, неговата храброст и човечките идеали, како и легендата за неговата љубов со македонската принцеза Косара, ќерката на цар Самоил, која е опеана во „Летописот на попот Дукљанин“. Спомен-плочата е изработена од страна на македонскиот скулптор Томе Аџиевски и е поставена во Бар, каде најмногу се негува култот кон кнезот Владимир, кој се смета за заштитник на градот. Плочата е поставена на плоштадот „Владимир и Косара“ кој е во фаза на реконструкција и наскоро треба да биде завршен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-i-gjukanovikj-vo-bar-postavuvanje-na-spomen-plocha-na-vladimir-i-kosara-vo-chest-na-makedonsko-crnogorskoto-prijatelstvo/feed/ 0
Со графити нагрдена спомен-плочата пред паметникот посветен на жртвите во бродската несреќа на Охридското Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-grafiti-nagrdena-spomen-plochata-pred-pametnikot-posveten-na-zrtvite-vo-brodskata-nesrekja-na-ohridskoto-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-grafiti-nagrdena-spomen-plochata-pred-pametnikot-posveten-na-zrtvite-vo-brodskata-nesrekja-na-ohridskoto-ezero/#respond Thu, 12 Aug 2021 15:28:50 +0000 https://kurir.mk/?p=549800

Непознати сторители со испишани графити ја нагрдиле спомен плочата поставена пред паметникот на бугарските туристи кои трагично настрадаа во бродската несреќа на Охридското Езеро. На таблата пред споменикот се забележуваат испишани графити, но самиот споменик или таблата не е оштетена. Споменикот што се наоѓа во неспоредна близина на Студенчишкиот канал беше откриен минатата година, на 11-годишнината од бродската несреќа во која загинаа 15 туристи од Бугарија. Несреќата се случи на 5 септември 2009 година во 10:30 часот, кога потона бродот „Илинден“ што со 57 патници сообраќаше на релација од Охрид за Свети Наум. „Илинден“ се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“. Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица од општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-grafiti-nagrdena-spomen-plochata-pred-pametnikot-posveten-na-zrtvite-vo-brodskata-nesrekja-na-ohridskoto-ezero/feed/ 0
Уништена спомен-плоча на бранителите кај тетовско Гајре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unishtena-spomen-plocha-na-branitelite-kaj-tetovsko-gajre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unishtena-spomen-plocha-na-branitelite-kaj-tetovsko-gajre/#respond Sat, 19 Jun 2021 14:18:24 +0000 https://kurir.mk/?p=525462

Уништена е спомен-плочата поставена на патот над тетовско Гајре на 5 јуни во чест на петмината армиски бранители убиени во 2001 година, информираат денеска од Одборот на бранители. Членовите на Одборот извршиле увид на местото по што констатирале дека плочата поставена пред две недели веќе ја нема. -Сквернавење на спомен белезите на загинатите бранители и натаму продолжува. Како што е познато овде загинаа петмина бранители во конфликтот во 2001 година. Одборот на бранители како и на други места и овде постави спомен плоча и по кој знае кој пат на дрзок начин истата е отстранета. Обврска е на органите на државата да ги заштитуваат и чуваат истите. Меѓутоа овде тоа не е случај. Згрозени сме од настанот и по којзнае кој пат ги повикуваме органите да посериозно си ја извршуваат оваа обврска. Многу чудно е што досега ништо не е откриено, иако секогаш сме укажувале и апелирал на заштита на спомен белезите. Иако оваа спомен плоча издржа најдолго од поставувањето сепак вандализмот и врз неа не изостана. Трпението кај бранителите, родителите на загинатите и граѓаните се исцрпува. Ова нека биде последен повик до органите да си ја извршуваат својата службена обврска, да се стават во заштита на спомен обележјата и чувствата на граѓаните, изјави претседателот на Одборот на бранители, Марин Најдов. Во 2001 година кја Гајре загинаа Исак Руфати од тетовско Одри, Влатко Миленковски и Благојче Сиљанов од Битола, Пеце Матичевски од битолско Новаци, Кољо Китанов од струмички Сарај. Претходно, на 14 мај, беше констатирано дека се оштетени и уништени двете плочи за убиените осум припадници на Армијата и полицијата кај Вејце кои беа поставени на 28 април по повод 20 години од масакрот извршен на тоа место. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unishtena-spomen-plocha-na-branitelite-kaj-tetovsko-gajre/feed/ 0
(ФОТО) Уништена спомен плочата за загинатите кај Карпалак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-unishtena-spomen-plochata-za-zaginatite-kaj-karpalak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-unishtena-spomen-plochata-za-zaginatite-kaj-karpalak/#respond Tue, 14 May 2019 07:59:25 +0000 https://kurir.mk/?p=197609

Искршена и искорната е спомен плочата за загинатите војници во масакрот кај Карпалак кој се случи за време на конфликтот во 2001. Фотографиите кои граѓани ги објави порталот Лидер, покажуваат дека малата спомен плоча поставена на банкината од Автопатот Скопје – Тетово, е извадена и веќе не е единствен потсетник за масакрот. Останува непознато дали спомен плочата е извадена од државата, или е сквернавена од непознати лица. Оваа плоча беше единствен потсетник за масакрот кај Карпалак, кој е најброен масакр врз војници во воениот конфликт во 2001 година. На 8 август 2001 година 10 резервисти беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одел кон Тетово. Кај месноста Карпалак конвојот бил начекан во терористичка заседа во 9:30 часот и врз него бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи. Едно транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што загинале осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Со ракетен фрлач бил погоден и еден од автобусите. Борбите за извлекување на преживеаните 108 луѓе траеле повеќе часови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-unishtena-spomen-plochata-za-zaginatite-kaj-karpalak/feed/ 0
Погрдни графити на спомен одбележјето на Јосип Броз Тито на градскиот плоштад во Куманово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pogrdni-grafiti-na-spomen-odbelezjeto-na-josip-broz-tito-na-gradskiot-ploshtad-vo-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pogrdni-grafiti-na-spomen-odbelezjeto-na-josip-broz-tito-na-gradskiot-ploshtad-vo-kumanovo/#respond Sat, 26 May 2018 08:13:47 +0000 https://kurir.mk/?p=58454

Непознати сторители напишале погрдни графити на спомен плочата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито на градскиот плоштад во Куманово. На плочата нацртан е кукаст крст, а на плочникот пред одбележјето испишани се погрдни графити. Настанот се случил ноќта спроти 25 мај. Поддржувачите на Тито вчера го одбележаа овој ден. Настанот го осуди и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитреивски, преку социјалните мрежи и побара надлежните да го пронајдат сторителот и да го изведат пред лицето на правдата. - Не е прв пат да се сквернават споменици од НОБ. Ваквите нечовечки акти нема да не поколебаат да ги негуваме придобивките на партизаните од НОБ и Јосип Броз Тито кои се бореа против најголемо зло на човештвото фашизмот и ни овозможија ние денеска да живееме во слободна и независна држава Република Македонија, напиша Димитриевски. Освен, градоначалникот и граѓаните на Куманово го осудија ваквиот чин и бараат надлежните органи да го расветлтат овој случај. Од МВР потврдија дека случајот е пријавен во кумановската полиција во 50 минути по полноќ и оттаму додадваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pogrdni-grafiti-na-spomen-odbelezjeto-na-josip-broz-tito-na-gradskiot-ploshtad-vo-kumanovo/feed/ 0