спомен соба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 May 2023 14:09:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спомен соба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отворен ден за посета на спомен собата на Киро Глигоров во Штип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-za-poseta-na-spomen-sobata-na-kiro-gligorov-vo-shtip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-za-poseta-na-spomen-sobata-na-kiro-gligorov-vo-shtip/#respond Tue, 02 May 2023 14:09:10 +0000 https://kurir.mk/?p=829764

Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ утре организира отворен ден за посета на спомен собата на Киро Глигоров. Кирил Панајотов вработен во Општина Штип вели дека по повод денот на раѓањето на Глигоров, граѓаните може да ја посетат спомен собата и да се запознаат преку фотографии, предмети, експонати со личниот и професионален живот на Глигоров. -Ја продолжуваме таа традиција, утре е отворен ден на спомен собата на Глигоров и ќе дојдат има веќе најавено и организирани посети ама и граѓани кои по сопствена инцијатива ќе дојдат да ја посетат спомен собата. Ние во рамките на тоа ќе им понудиме да може да ја погледнат изложбата од фотографии кои го отсликуваат животот на Глигоров, од неговото раѓање, школување, учеството во НОБ, во СФРЈ, сведоштво од двата мандати на претседателот Глигоров, како и фотографии од неговиот личен живот, вели Панајотов. Тој истакна Глигоров беше скромна личност и за која вреди да се научи нешто плус. -Во суштина претседателот Глигоров беше многу скромна личност. Тој не истакнуваше некои работи кои навистина биле важни, значајни чекори кои ги преземал и како функционер, но и како човек. Лично задоволство ми е што имав прилика да допрам до документи кои многу малку се знаат од јавноста за Глигоров и тука неговата скромност доаѓа до израз, рече Панајотов. Тој ги повика граѓаните да ја посетат спомен собата на Глигоров која утре е отворена. Забележува дека оваа спомен соба може да се посети и секој работен ден од понeделник до петок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-za-poseta-na-spomen-sobata-na-kiro-gligorov-vo-shtip/feed/ 0
Свечено отворање на подновената спомен-соба на Крсте Мисирков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svecheno-otvoranje-na-podnovenata-spomen-soba-na-krste-misirkov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svecheno-otvoranje-na-podnovenata-spomen-soba-na-krste-misirkov/#respond Wed, 03 Mar 2021 06:26:05 +0000 https://kurir.mk/?p=476343

По речиси две децении од последното реновирање денеска свечено ќе биде отворена подновената спомен-соба на Крсте Мисирков во Институтот за македонски јазик во Скопје. Од Институтот посочуваат дека старите документи од претходната поставка се зачувани во електронска форма и заедно со нови фотографии и документи, сведочат за целиот живот на Мисирков, почнувајќи од детството, преку училишните клупи и студиите до образовната, научната, дипломатската и револуционерната активност на првиот кодификатор на македонскиот јазик. Посебно место зазема книгата „За македонцките работи“, објавена во револуционерната 1903 година, пред цели 118 години. Со оваа подновена и осовременета поставка се одбележува 95-годишнината од смртта на великанот Крсте Мисирков. На отворањето, како што е најавено, ќе присуствуваат и министерка за образование и наука Мила Царовска и градоначачник на Град Скопје, Петре Шилегов. Единствената спомен-соба посветена на животот и дејноста на Крсте Мисирков над четириесет години се наоѓа во Институтот за Македонски јазик „Крсте Мисирков“, а минатата година МОН финансиски ја поддржа иницијативата на Советот на Институтот за македонски јазик за реставрирање и подновување на Спомен-собата на Мисирков, на што се приклучи и Градот Скопје. До минатата година Спомен-собата на Мисирков ја имаат посетено повеќе илјади ученици од целата земја. За сите посетители (ученици, професори и научници од земјава и странство) изложбата е бесплатна. Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ достојно го проучува и го негува македонскиот јазик преку научната, образовната и издавачката дејност, за чија реализација ја добива целосната поддршка од Министерството за образование и наука при Владата на РСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svecheno-otvoranje-na-podnovenata-spomen-soba-na-krste-misirkov/feed/ 0