спомен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 11:57:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спомен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Митровденска задушница – спомен за починатите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitrovdenska-zadushnitsa-spomen-za-pochinatite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitrovdenska-zadushnitsa-spomen-za-pochinatite/#respond Sat, 04 Nov 2023 08:09:33 +0000 https://kurir.mk/?p=896331

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните и се молат за покој на душите на упокоените. Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив. Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември). Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitrovdenska-zadushnitsa-spomen-za-pochinatite/feed/ 0
Тома Здравковиќ доби споменик во белградската Скадарлија https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/toma-zdravkovikj-dobi-spomenik-vo-belgradskata-skadarlija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/toma-zdravkovikj-dobi-spomenik-vo-belgradskata-skadarlija/#respond Sat, 02 Oct 2021 15:03:34 +0000 https://kurir.mk/?p=571881

Град Белград ја прифати иницијативата која ја поднесе претседателот на Социјалдемократската партија на Србите, Расим Љајиќ во својство на граѓаните, за Тома Здравковиќ да добие споменик во Белград, изјави заменик градоначалникот Горан Весиќ. По состанокот на кој присуствуваше и претседателот на Градската комисија за споменици и имиња на плоштади и улици, Андреа Радуловиќ, рече дека ќе се донесе одлука на следната седница на Собранието на Градот за поставување спомен обележје што треба да биде во Скадарлија, токму таму каде што пееше последниот пат, објави Беоинфо. Нагласувајќи дека Здравковиќ е дел од историјата на Белград, Весиќ изјави дека ќе биде распишан конкурс на кој ќе учествува Заводот за заштита на спомениците на културата, имајќи предвид дека Скадарлија е под државна заштита бидејќи припаѓа на културно-историската целина. При предавањето на иницијативата, Љајиќ посочи дека Тома Здравковиќ е единствен и познат не само во Белград и Србија, туку и во целата област на поранешна Југославија. - Човек кој го наслика својот живот со музички ноти, додека неговите песни се и денес популарни исто како и кога беа создадени, во секој град од нашата поранешна држава, рече Љајиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/toma-zdravkovikj-dobi-spomenik-vo-belgradskata-skadarlija/feed/ 0
Чествување на споменот на Ѓорче Петров https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestvuvanje-na-spomenot-na-gjorche-petrov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestvuvanje-na-spomenot-na-gjorche-petrov/#respond Mon, 28 Jun 2021 15:59:20 +0000 https://kurir.mk/?p=529023

Во 18:30 часот вечерва во паркот во Општина Ѓорче Петров, ќе се одржи честувување на споменот на Ѓорче Петров во организација на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ - Гоце Делчев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestvuvanje-na-spomenot-na-gjorche-petrov/feed/ 0