споменици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Oct 2022 14:31:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png споменици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оштетени спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров, одземени и бистите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/oshteteni-spomenicite-na-kole-nedelkovski-i-nikola-vapcarov-odzemeni-i-bistite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/oshteteni-spomenicite-na-kole-nedelkovski-i-nikola-vapcarov-odzemeni-i-bistite/#respond Mon, 03 Oct 2022 14:31:46 +0000 https://kurir.mk/?p=740491

На 02.10.2022 во 09:52 часот во СВР Скопје било пријавено во Градски парк во Скопје биле оштетени спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров, а биле одземени и бистите од спомениците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/oshteteni-spomenicite-na-kole-nedelkovski-i-nikola-vapcarov-odzemeni-i-bistite/feed/ 0
ФОТО:Градоначалникот на Кратово, Бојаџиев со поддршка од Заев ќе подигаат споменици на бугарските окупатори во центарот на Кратово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gradonachalnikot-na-kratovo-bojadziev-so-poddrshka-od-zaev-kje-podigaat-spomenici-na-bugarskite-okupatori-vo-centarot-na-kratovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gradonachalnikot-na-kratovo-bojadziev-so-poddrshka-od-zaev-kje-podigaat-spomenici-na-bugarskite-okupatori-vo-centarot-na-kratovo/#respond Sat, 05 Dec 2020 18:23:01 +0000 https://kurir.mk/?p=439341

Градоначналникот на Кратово, Љупчо Бојаџиев, со потекло од Струмица, родното место на Зоран Заев, а сега со место на живеење во Кратово на својот Фејсбук профил сподели објава од Спирдон Спирдонов, кој инаку е близок соработник на вицепремиерот на Република Бугарија, Красимир Каракачанов, на која што пишува дека во Кратово ќе се подигаат споменици на бугарски фашистички окупатори - војници кои загинале во 1944 година во Страцинско-кумановска операција. Инаку, во Страцин има најмногу загинати војници кои што се бореле против бугарската окупација, односно против фашизмот. Имено, овој договор е уште од март месец, како што може да се види по датумот на објавата на Спирдонов, а сега се афирмира со поддршка на Зоран Заев, што буквално би значело бугаризација на Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gradonachalnikot-na-kratovo-bojadziev-so-poddrshka-od-zaev-kje-podigaat-spomenici-na-bugarskite-okupatori-vo-centarot-na-kratovo/feed/ 0
САД: Демонстранти уриваа статуи на Колумбо и Џеферсон Дејвис (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-demonstranti-urivaa-statui-na-kolumbo-i-dzeferson-dejvis-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-demonstranti-urivaa-statui-na-kolumbo-i-dzeferson-dejvis-video/#respond Thu, 11 Jun 2020 07:30:37 +0000 https://kurir.mk/?p=356437

Статуи на Кристофер Колумбо и поранешниот претседател на Конфедеративните Американски Држави, Џеферсон Дејвис беа урнати за време на протестите против расизмот и полициската бруталност во сојузните држави Минесота, Вирџинија и Масачусетс. Искршена е главата од статуа на Христофер Колумбо во Бостон, соопшти полицијата синоќа, по повици на демонстранти за отстранување на статуи кои се знак на сеќавање на колонизатори и робовладетели, што ги зафаќаат САД по протестите против расизмот. Статуа на Колумбо, исто така, беше вандализирана во центарот на Мајами, а друга беше отстранета и фрлена во езеро во неделата во Ричмонд, Вирџинија. Демонстрантите со помош на јажиња ја урнаа бронзената статуа на Колумбо во градот Сент Пол во Минесота. Демонстрантите наведоа дека според нив, Колумбо е симбол на геноцид врз Индијанците. Додадоа дека неколкупати се обиделе да ја отстранат статуата преку политички процес, но не успеале. Државните патролни војници, со шлемови што го обезбедуваа комплексот Капитол во Минесота, стоеја на оддалеченост, и не се обидоа да ги запрат демонстрантите, кои подоцна го прославија уривањето на статуата пеејќи индијански песни. Сличен инцидент се случи во Ричмонд, каде демонстрантите ја урнаа статуата на претседателот на Конфедерацијата Џеферсон Дејвис. Минатата недела гувернерот на Вирџинија нареди отстранување на статуа на еден од хероите на Конфедерацијата, генерал Роберт Лиј. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-demonstranti-urivaa-statui-na-kolumbo-i-dzeferson-dejvis-video/feed/ 0
Пароли со зборовите „предавници“ и „не си го дадов животов за вие да ја распродавате Македонија“ се појавија во Скопје (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paroli-so-zborovite-predavnici-i-ne-si-go-dadov-zivotov-za-vie-da-ja-rasprodavate-makedonija-se-pojavija-vo-skopje-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paroli-so-zborovite-predavnici-i-ne-si-go-dadov-zivotov-za-vie-da-ja-rasprodavate-makedonija-se-pojavija-vo-skopje-foto/#respond Fri, 13 Mar 2020 20:05:20 +0000 https://kurir.mk/?p=316297

Различни пароли денеска се појавија на неколку споменици во центарот на Скопје. Станува збор за пароли поврзани со власта која како што велат од ВМРО-ДПМНЕ е во заминување на 12 април годинава. Имено на споменикот Гоце Делчев во градскиот парк се појавија паролите „Не си го дадов животов за вие да ја распродавате Македонија“ и „Предавници“, додека под споменикот на Јосип Броз Тито се појави пораката „Нисам вам дао државу да је распродате“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paroli-so-zborovite-predavnici-i-ne-si-go-dadov-zivotov-za-vie-da-ja-rasprodavate-makedonija-se-pojavija-vo-skopje-foto/feed/ 0
Клупите и детските игралишта слободно крши ги, ама за плочката ќе има стражар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klupite-i-detskite-igralishta-slobodno-krshi-gi-ama-za-plochkata-kje-ima-strazar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klupite-i-detskite-igralishta-slobodno-krshi-gi-ama-za-plochkata-kje-ima-strazar/#respond Sun, 18 Aug 2019 07:56:14 +0000 https://kurir.mk/?p=230739

Скопје е полно со искршени клупи, уништени цвеќиња во парковите, демолирани детски игралишта… и на тој вандализам се одговара млако. Но вчера наеднаш Град Скопје се разбуди и најави дека засилено ќе контролира кој крши, ама само околу спомениците на кои се фамозните плочки каде се тројазичните објаснувањата за античката историја, објавува СкопскоЕхо. – Како тргнале, стражари ќе постават до споменикот, а ене подолу на кејот се е искршено и ниту да го споменат тоа, беше реакцијата на еден наш сограѓанин кој синоќа беше дошол на главниот плоштад за да ја види фамозната плочка. Скопјани очекуваат дека за плочките ќе фрчат и казни затоа што како што велат – власта е решена приоритет да им биде договорот Заев – Ципрас, другото ќе почека…]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klupite-i-detskite-igralishta-slobodno-krshi-gi-ama-za-plochkata-kje-ima-strazar/feed/ 0
Заев: Постои иницијатива за размена на споменици со Атина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-postoi-inicijativa-za-razmena-na-spomenici-so-atina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-postoi-inicijativa-za-razmena-na-spomenici-so-atina/#respond Tue, 02 Apr 2019 07:30:49 +0000 https://kurir.mk/?p=181383

Премиерот Зоран Заев во својот вчерашен краток разговор со новинската агенција Франс Прес, меѓудругото, сепак откри дека постојат контакти помеѓу официјално Скопје и официјална Атина за размена на споменици и други дела кои во земјата асоцираат на хеленската култура од античкиот период. „Има иницијативи за институционална размена на споменици, како размена на подароци меѓу две пријателски земји", додаде тој, без да го објасни дополнително својот одговор. Според Преспанскиот договор, од Скопје се бара да го преиспита статусот на спомениците кои потекнуваат од грчката историја. Говорејќи за АФП, Заев рече дека метални плакати ќе бидат поставени пред некои локации зада "појаснат дека тоа е дел од глобалното културно наследство". Пред еден месец Владата во Скопје и грчката министерка за култура Мирсини Зорба ја демантираа информација објавена во грчките медиуми, според кои споменикот „Воин на коњ“ би заминал за Атина, а атинскиот „Тркач“ да пристигне во Скопје. Оваа информација за медиумите ја објави скулпторот на „Тркачот“ Костас Вароцос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-postoi-inicijativa-za-razmena-na-spomenici-so-atina/feed/ 0
Влада: Не постои иницијатива за размена на споменици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-ne-postoi-inicijativa-za-razmena-na-spomenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-ne-postoi-inicijativa-za-razmena-na-spomenici/#respond Tue, 12 Mar 2019 10:08:43 +0000 https://kurir.mk/?p=173867

Нема иницијатива за размена на споменици, велат од Владата за МИА по објавените шпекулации во грчките медиуми дека министерката за култура на Грција предложила споменикот „Воин на коњ“ да замине за Атина, а атинскиот „Тркач“ да пристигне во Скопје. -Преспанскиот договор е потпишан со цел да се унапреди соработката помеѓу двете земји што ќе придонесе и во економски развој на регионот. Ние сме фокусирани на имплементацијата на Преспанскиот договор. Според Договорот, во наредниот период сите споменици кои припаѓаат на хеленската историја ќе бидат означени како такви. Во моментов не постои друга иницијатива во Владата на Република Северна Македонија, стои во реакцијата од Владата. Како што јави дописничката на МИА од Атина, според тврдењата на скулпторот и автор на споменикот „Тркач“, Костас Вароцос за грчките медиуми, идејата споменикот „Воин на коњ“ да замине за Атина, а атинскиот „Тркач“ да пристигне во Скопје била на министерката за култура на Грција, која му била пренесена на средба во Министерството за култура во петокот. Веста од синоќа е една од главните теми во медиумите во Грција, а министерката за култура, Мирсини Зорба, категорично демантира дека постоел разговор за размена на споменици.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-ne-postoi-inicijativa-za-razmena-na-spomenici/feed/ 0
Споменикот на Александар Македонски ќе се сели во Солун или ќе добие натпис дека е дел од грчката култура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spomenikot-na-aleksandar-makedonski-kje-se-seli-vo-solun-ili-kje-dobie-natpis-deka-e-del-od-grchkata-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spomenikot-na-aleksandar-makedonski-kje-se-seli-vo-solun-ili-kje-dobie-natpis-deka-e-del-od-grchkata-kultura/#respond Wed, 13 Jun 2018 09:52:35 +0000 https://kurir.mk/?p=65354

Спомениците на Александар Македонски и Филип Втори, кои се наоѓаат во центарот на Скопје, ќе бидат преместени во Солун, согласно договорот постигнат меѓу премиерите на двете земји, пишува грчкиот дневен весник „Катимерини“. Како што наведува весникот, договорот предвидува спомениците на антички херои да бидат преселени во Солун, или пак Македонија ќе биде обврзана да им постави плочки на кои ќе стои објаснување дека се работи за симболи на грчката култура. -Нашите соседи веќе го сменија името на аеродромот, нивниот автопат и нивниот стадион. Ќе има размена на споменици со општина Солун или ако размената не се одвива, договорот предвидува дека соседната земја ќе има плакети на статуите и споменици за да стане јасно дека тие се симболи на грчката култура (на пр. Скопски плоштад ќе има натпис дека се однесува на хеленистичкиот период и ќе биде обележан како симбол на пријателството на Грција – Македонија), пишува „Катимерини“ како една од точките на договорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spomenikot-na-aleksandar-makedonski-kje-se-seli-vo-solun-ili-kje-dobie-natpis-deka-e-del-od-grchkata-kultura/feed/ 0
Охрид го бара споменикот на Цар Самоил: Заев е запознаен со барањето, се чека ревизија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohrid-go-bara-spomenikot-na-car-samoil-zaev-e-zapoznaen-so-baranjeto-se-cheka-revizija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohrid-go-bara-spomenikot-na-car-samoil-zaev-e-zapoznaen-so-baranjeto-se-cheka-revizija/#respond Thu, 24 May 2018 17:22:17 +0000 https://kurir.mk/?p=58085

Општина Охрид сака дел од спомениците од „Скопје 2014“ да се префрлат во Охрид. Градоначалникот Јован Стојановски вели дека за почеток бараат да биде дислоциран споменикот на Цар Самоил, за кој вели дека местото му е во Охрид. Но, ќе почекаат да заврши целата ревизија на проектот која ја води комисија во рамките на Министерството за култура. -Нашиот став е дека местото на Цар Самоил е во Охрид и затоа имаме намера во понатамошниот дел, до завршувањето на ревизијата, да побараме тој споменик да биде дислоциран во Охрид. Да почекаме и очекуваме во скоро време позитивен исход, рече Стојановски. Стојановски вели дека досега имале разговори и со премиерот и со Министерството за култура по однос на ова прашање. Вели дека размислуваат и за можна локација каде споменикот би бил поставен. Неодамна и од здружението Богојавление од Охрид испратиле барање до локалната самоуправа да се заложи споменикот на Христо Узунов кој исто така е дел од проектот „Скопје 2014“ да биде донесен во Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohrid-go-bara-spomenikot-na-car-samoil-zaev-e-zapoznaen-so-baranjeto-se-cheka-revizija/feed/ 0
Белград ќе го менува изгледот: Ќе се градат 54 фонтани и споменици https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belgrad-kje-go-menuva-izgledot-kje-se-gradat-54-fontani-i-spomenici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belgrad-kje-go-menuva-izgledot-kje-se-gradat-54-fontani-i-spomenici/#respond Mon, 30 Apr 2018 13:57:52 +0000 https://kurir.mk/?p=48042

Во следните неколку години во Белград ќе бидат изградени 54 фонтани и секоја од нив ќе претставува мало уметничко дело, изјави денеска менаџерот на градот Белград, Горан Весиќ. - Фонтаните ќе имаат неправилен облик и ќе бидат поставени во парковите, на платоа, на плоштади, крстосници... Некои ќе бидат мали, а некои ќе чинат 10.000, 20.000 евра. Но ниту една нема да биде со големина како онаа на Славија, поради малиот простор, изјави Весиќ за весникот „Политика“. Тој додаде дека одделни фонтани ќе имаат и скулптури и дека тие ќе бидат лоцирани на места кои сега изгледаат напуштено, како што се кружните текови во Нов Белград, Богословија и Топчедарска ѕвезда, Мањеж, Савскиот плоштад, Автокоманда итн. Според Весиќ, бројката од 54 фонтани не е произволно избрана, туку за толку локации е утврдено дека ги исполнуваат условите за градски фонтани и за нив се добиени дозволи од надлежните институции. - За повеќето фонтани ќе се распише архитектонски конкурс, а за некои не, истакна градскиот менаџер, додавајќи дека нивната изградба ќе заврши за четири до шест години. Иницијативата за изградба на 54 фонтани во Белград ја даде српскиот претседтаел Александар Вучиќ. Минатата година на плоштадот Славија беше изградена Музичката фонтана, која има 800 метри квадратни водена површина, 350 млазеви и над 400 рефлектори во боја, а нејзината изградба чинеше 1,8 милиони евра. Покрај фонтаните, од 2014 година се реализира проектот „Белград на вода“, инвестиција вредна 3,5 милијарди евра, а веќе се почнати четири деловни згради, вклучувајќи го најголемиот трговски центар во регионот, кула од 122 метра, дел од хотелскиот комплекс, станбени објекти. Паралелно, во Белград се подигнуваат и споменици. По поставувањето на споменикот посветен на кинескиот филозоф Конфучие на Нов Белград, на рускиот цар Николај, на Гаврило Принцип и на мајорот Тепиќ, идејата за нови споменици зема замав со иницијативата за подигнување споменик на Слободан Милошевиќ од страна на Социјалистичката партија на Ивица Дачиќ, за што се води остра полемика дали неговиот лик и дело заслужуваат обележје. Белграѓани се уште чекаат на веќе донесената одлука за подигнување споменик на убиениот премиер Зоран Ѓинѓиќ, за кој е веќе изработен проект. Споменикот, кој требаше минатиот месец да биде подигнат во Студентскиот парк, доцни, а ќе биде во форма на стрели високи шест ипол метри, во бело сребро, а ќе има звучна инсталација од која ќе се слушаат зборовите на Ѓинѓиќ и звуци на градот. Минатиот месец заврши и конкурсот за изградба на споменик на средновековниот српски владетел Стефан Немања. Споменикот, кој е висок 15 метри и тежок 60 тони, ќе се наоѓа на средина на Савскиот плоштад, со што сегашната Железничка станица ќе се дислоцира во станицата Прокоп на Дедиње и ќе прерасне во Музеј на средновековна Србија. Во Белград за време на градските избори најавено е дека ќе почне и изградба на метро. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/belgrad-kje-go-menuva-izgledot-kje-se-gradat-54-fontani-i-spomenici/feed/ 0