спонзор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 Aug 2022 11:39:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спонзор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Официјално: Рома потпиша спонзорски договор со Тојота https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-roma-potpisha-sponzorski-dogovor-so-tojota/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-roma-potpisha-sponzorski-dogovor-so-tojota/#respond Wed, 17 Aug 2022 11:39:37 +0000 https://kurir.mk/?p=719887

Тојота станува главен глобален спонзор на Рома, италијанскиот клуб и официјално ја потврди соработката со автомобилскиот гигант од Јапонија. Рома информираше дека Тојота станува нов главен спонзор во клубот. Нивното име нема да биде на дресовите за време на мечевите, но ќе биде на се останото. „Рома со задоволство може да го соопшти договорот со Тојата Груп, со кој светскиот автомобилски бренд станува нов главен глобален партнер на клубот“, се вели во соопштението на Рома. Тие информираат дека брендот Тојота ќе биде на сите тренинг дресови и на машкиот и на женскиот клуб. Новиот спонзор ќе обезбеди Тојота и Лексус автомобили за тимот. Рома се заблагодари на Хјундај кој досега беше дел од спонзорите во клубот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-roma-potpisha-sponzorski-dogovor-so-tojota/feed/ 0
САД: Сенаторите бараат Русија да биде прогласена за „спонзор на тероризмот“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-senatorite-baraat-rusija-da-bide-proglasena-za-sponzor-na-terorizmot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-senatorite-baraat-rusija-da-bide-proglasena-za-sponzor-na-terorizmot/#respond Thu, 28 Jul 2022 13:20:33 +0000 https://kurir.mk/?p=711418

Американскиот Сенат, Горниот дом на Конгресот, едногласно ја одобри необврзувачката резолуција со која се повикува американскиот државен секретар Ентони Блинкен да ја прогласи Русија за „држава спонзор на тероризмот“ поради нејзините акции во Украина, Чеченија, Грузија и Сирија, пренесува Њујорк тајмс. Во резолуцијата, усвоена во средата, се тврди дека „вооружените сили на Руската Федерација извршиле бројни погубувања на невини цивили и се обиделе да ги прикријат злосторствата на масовните гробници низ Украина“. Претставничкиот дом, долниот дом на Конгресот, претходно донесе слична мерка, но само Стејт департментот има овластување да определи земја за спонзор на тероризмот. Сепак, со усвојувањето на резолуцијата во Сенатот се врши дополнителен притисок врз конгресмените на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да ја додадат Русија на листата на држави спонзори на тероризмот, во која веќе се Куба, Северна Кореја, Иран и Сирија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-senatorite-baraat-rusija-da-bide-proglasena-za-sponzor-na-terorizmot/feed/ 0
Пелоси: Русија да се прогласи за спонзор на тероризмот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-rusija-da-se-proglasi-za-sponzor-na-terorizmot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-rusija-da-se-proglasi-za-sponzor-na-terorizmot/#respond Sat, 07 May 2022 10:49:23 +0000 https://kurir.mk/?p=673310

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, која неодамна беше во посета на Украина, денеска изјави дека се залага американската администрација да ја прогласи Русија за држава што го спонзорира тероризмот и изрази загриженост поради извештаите на американските медиуми кои открија наводни детали за разузнавачката соработка меѓу Киев и Вашингтон. На прашањето дали го поддржува барањето на Украина, администрацијата на претседателот Џозеф Бајден и Конгресот да ја означат Русија како држава што го спонзорира тероризмот, Пелоси одговори потврдно во интервју за американската телевизиска станица MSNBC и нагласи дека за тоа се залага подолго време. – Ако Русија не е наведена како држава спонзор на тероризмот, искинете ја таа листа, нагласи Пелоси. Пелоси, која неодамна ненајавено го посети Киев и разговараше со Зеленски за натамошната помош за Украина, рече дека украинскиот Парламент по нејзиното заминување усвоил резолуција со која бара од американскиот Конгрес да ја стави Русија на таа листа и според неа таквата одлука треба да биде во надлежност на претседателот Бајден. Во разговорот, Пелоси изрази голема загриженост и поради медиумските написи, кои не сакаше да ги потврди или негира, за разузнавачката соработка меѓу САД и Украина, кои наводно му помогнале на Киев да го потоне рускиот команден брод и да ги ликвидира високите руски генерали. Таа нагласи дека овој тип на известување „не е од помош“. Во вчерашниот телефонски разговор со директорот на ЦИА Вилијам Барнс, директорката на националното разузнавање Аврил Хејнс и секретарот за одбрана Лојд Остин, пораката на Бајден беше дека таквите откритија „го одвлекуваат вниманието од нашата цел“, изјави официјален претставник на американската администрација за телевизијата Ен-Би-Си (Ен-Би-Си). Друг функционер истакна дека Бајден порачал оти таквото истекување на информации „ќе мора да престане“, наведува американската телевизија. Бајден разговараше со официјални претставници поради загриженоста во неговата администрација за медиумските извештаи, вклучително и од американските телевизии, за размена на разузнавачки информации меѓу Вашингтон и Киев. Ен-Би-Си во четвртокот објави дека американските разузнавачки служби и помогнале на Украина да го потопи рускиот команден брод „Москва“ минатиот месец. Извештајот дојде откако „Њујорк Тајмс“ во средата напиша дека САД му обезбедиле на Киев разузнавачки информации кои и помогнале на украинската армија да ликвидира некои руски генерали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-rusija-da-se-proglasi-za-sponzor-na-terorizmot/feed/ 0
„Пежо“, еден од главните спонзори на Ѓоковиќ ја раскина соработката со српскиот тенисер https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pezo-eden-od-glavnite-sponzori-na-gjokovikj-ja-raskina-sorabotkata-so-srpskiot-teniser/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pezo-eden-od-glavnite-sponzori-na-gjokovikj-ja-raskina-sorabotkata-so-srpskiot-teniser/#respond Tue, 01 Mar 2022 16:20:10 +0000 https://kurir.mk/?p=638808

Францускиот автомобилски гигант „Пежо“, еден од главните спонзори на Новак Ѓоковиќ, одлучи да ја раскине долгогодишната соработка со српскиот тенисер. Француската компанија во текот на јануари, додека траеше скандалот околу Ѓоковиќ и неговиот можен настап на Австралија Опен, јавно објави дека целата ситуација поврзана со српскиот тенисер нема да влијае на нивното партнерство. Сепак, еден месец подоцна, соработката е прекината, а причината за тоа, според британските медиуми, е ставот на Ѓоковиќ за време на пандемијата на коронавирусот и неговото мислење околу вакцинацијата. Соработката меѓу Ѓоковиќ и „Пежо“ започна во 2014 година, а нејзиниот крај дојде ден откако српскиот тенисер му го „препушти“ на Русинот, Данил Медведев местото број еден на АТП ранг-листата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pezo-eden-od-glavnite-sponzori-na-gjokovikj-ja-raskina-sorabotkata-so-srpskiot-teniser/feed/ 0
Интер го смени главниот спонзор за прв пат по 26 години https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/inter-go-smeni-glavniot-sponzor-za-prv-pat-po-26-godini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/inter-go-smeni-glavniot-sponzor-za-prv-pat-po-26-godini/#respond Thu, 22 Jul 2021 08:22:20 +0000 https://kurir.mk/?p=540145

Италијанскиот фудбалски шампион Интер најави промена на генералниот спонзор. Од претстојната сезона, логото на дресовите на Интер ќе биде апликацијата Socios.com. Според „Фудбал Италија“, договорот е вреден 20 милиони евра годишно. Да потсетиме дека последните 26 години (од 1995 година) титуларен спонзор на Интер е производителот на автомобилски гуми „Пирели“. Минатата сезона Интер стана шампион на Италија за прв пат по 11 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/inter-go-smeni-glavniot-sponzor-za-prv-pat-po-26-godini/feed/ 0
Леброн Џејмс ја замени „Кола-кола“ со „Пепси“ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/lebron-dzejms-ja-zameni-kola-kola-so-pepsi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/lebron-dzejms-ja-zameni-kola-kola-so-pepsi/#respond Sat, 16 Jan 2021 14:47:22 +0000 https://kurir.mk/?p=456250

Американската кошаркарска суперѕвезда Леброн Џејмс ја прекина соработката со „Кока-кола“ по цели 17 години и станува ново заштитно лице на конкурентската компанија „Пепси“. Џејмс соработуваше со американската компанија „Кока – кола“ од своето доаѓање во НБА лигата во 2003 година, но одлучи да не го продолжи договорот што истече минатиот месец. Повеќе американски медиуми објавија дека кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс договорил рекламирање на новиот енергетски напиток „Рајс енерџи“ (Rise Energy) на конкурентската компанија „Пепси“, додавајќи оти би можел да стане и нејзино заштитно лице. Се проценува дека Џејмс годишно од спонзорски договори заработува 60 милиони долари, со што го дели второто место на листата најплатени спортисти во светот, со голферот Тајгер Вудс. Најплатен светски спортист е швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, чија годишна заработка од реклами се проценува на 100 милиони долари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/lebron-dzejms-ja-zameni-kola-kola-so-pepsi/feed/ 0
Интер по 25 години го менува „Пирели“ со азиски спонзор на дресовите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/inter-po-25-godini-go-menuva-pireli-so-aziski-sponzor-na-dresovite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/inter-po-25-godini-go-menuva-pireli-so-aziski-sponzor-na-dresovite/#respond Sun, 03 Jan 2021 08:49:12 +0000 https://kurir.mk/?p=451478

Еден од најтрофејните италијански фудбалски клубови Интер наскоро може да добие нов спонзор, откако веќе 25 години на своите дресови го носи логото на производителот на автомобилски гуми „Пирели“. Како што објавија италијанските медиуми, Интер се надева дека ќе успее да склучи зделка со азиска компанија и во иднина на својот дрес да го носи логото на „Evergrande“, „Hisense“ или „Samsung“. Кинеската „Evergrande“ се занимава главно со продажба на станови и во последните неколку години е највредна компанија во светски рамки на пазарот на недвижности. „Hisense“, исто така, е кинеска компанија, што се занимава со производство на телевизори и бела техника, додека јужнокорејскиот „Samsung“ е најголем светски производител на електронски апарати. Во Интер се надеваат дека новиот спонзорски договор ќе им носи годишен приход меѓу 30 и 35 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/inter-po-25-godini-go-menuva-pireli-so-aziski-sponzor-na-dresovite/feed/ 0
Банкарски гигант застанува позади Европскиот првак Вардар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bankarski-gigant-zastanuva-pozadi-evropskiot-prvak-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bankarski-gigant-zastanuva-pozadi-evropskiot-prvak-vardar/#respond Thu, 13 Aug 2020 12:37:43 +0000 https://kurir.mk/?p=390243

Актуелниот европски првак Вардар влегува во новата сезона со големи амбиции. Утре ,,новиот” Вардар ќе го има првиот натпревар пред домашната јавност, а по тој повод денеска од РК Вардар го промовираа и дресот за оваа натпреварувачка сезона. Дресот уште оваа сезона ќе биде од компанијата „Хумел“ со традиционалните ,,црвено-црни” ленти, но на него сега има сосема поинакви спонзори. Банкарскиот гигант „Комерцијална банка АД Скопје“ ќе биде главен финансиер на вардарци. Покрај “Комерцијална Банка” , на дресот ќе го пишува името и на ,,Ватростална”, компанијата која е во сопственост на Михајло Михајловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bankarski-gigant-zastanuva-pozadi-evropskiot-prvak-vardar/feed/ 0
Хари Кејн стана спонзор на Лејтон Ориент https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/hari-kejn-stana-sponzor-na-lejton-orient/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/hari-kejn-stana-sponzor-na-lejton-orient/#respond Thu, 14 May 2020 17:17:05 +0000 https://kurir.mk/?p=345961

Капитенот на Англија и Тотенхем, Хари Кејн ги здружи силите со неговиот поранешен тим Лејтон Ориент, а напаѓачот ќе ги спонзорира дресовите на тимот за следната сезона и во исто време ќе донира средства за три благородни каузи. 26-годишниот Англичанец го направи своето деби со тимот на Лејтон Ориент во 2011 година. Дресовите на тимот ќе испратат порака до работниците во првите линии за време на пандемијата от коронавирус. Хари Кејн му се придружи на клубот кога имал 17 години, откако беше позајмен од Тотенхем. Потоа, тој постигна пет гола на 18 натпревари пред да се врати во „спарси“. Лејтон Ориент објави дека 10 отсто од секој продаден дрес ќе оди во благородна кауза. – Роден сум и израснат на само неколку километри од стадионот на Ориент и навистина сум среќен што имав можност да се вратам во клубот што ми го даде мојот прв професионален старт. Исто така, ми дава платформа да изразам благодарност до хероите и добротворните организации кои обезбедуваат грижа и поддршка во овие тешки времиња, рече Хари Кејн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/hari-kejn-stana-sponzor-na-lejton-orient/feed/ 0
Помпео: Иран е најголем спонзор на тероризмот во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-iran-e-najgolem-sponzor-na-terorizmot-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-iran-e-najgolem-sponzor-na-terorizmot-vo-svetot/#respond Mon, 05 Nov 2018 07:15:28 +0000 https://kurir.mk/?p=123441

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во интервјуа за американските телевизии Фокс њуз и Си-Би-Ес њуз ја бранеше одлуката на претседателот Доналд Трамп за враќање на санкциите кон Иран, кои денеска стапуваат во сила. Во интервју за Фокс њуз Помпео одлуката на Белата куќа мораше да ја брани од критики на некои конзервативци кои тврдат дека дека санкциите на Трамп „не се доволни за да ја осакатат иранската економија“. – Санкциите кои денеска ќе бидат повторно воведени се најтешките санкции некогаш воведени кон Исламската Република Иран. Нивната цел е само една – на најголемиот светски спонзор на теророт да му се ускрати способноста да прави работи како оние што ги правеше во последните неколку години, рече Помпео не прецизирајќи на што конкретно мисли. Си-Би-Ес њуз потсетува дека санкциите кон Иран беа укинати во 2015 година, во согласност со  меѓународниот нуклеарен договор со земјата, а Трамп во мај годинава одлучи да ги повлече САД од тој договор. Во интервју за Си-Би-Ес њуз Помпео рече дека „европските земји „веќе бегаат од Иран“. – Многу европските компании избегаа од Иран. Стотици бизниси го напуштија Иран. Цел свет сфаќа дека овие санкции се вистински, дека се важни, дека ја поттикнуваат шансата на иранскиот народ да направи промени во Иран кои толку очајнички ги сака и да го запре Иран богатството и парите да ги користи за поттикнување тероризам ширум светот, истакна Помпео. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-iran-e-najgolem-sponzor-na-terorizmot-vo-svetot/feed/ 0