спор со грција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Feb 2018 09:23:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спор со грција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Груби: Спорот со името веќе е решен, останува да се договорат само деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-sporot-so-imeto-vekje-e-reshen-ostanuva-da-se-dogovorat-samo-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-sporot-so-imeto-vekje-e-reshen-ostanuva-da-se-dogovorat-samo-detalite/#respond Fri, 09 Feb 2018 09:23:08 +0000 http://kurir.mk/?p=19828

Пратеникот Артан Груби од ДУИ е дел од македонската парламентарна делегација која неделава е во официјална посета на Вашингтон, и која вчера присуствуваше на Националниот молитвен појадок  организиран од претседателот на САД. Според него, спорот со името е веќе решен. Во наредните недели треба само да се договорат деталите, за договорот со Грција да биде достоинствено и компромисно решение за двете страни. – Со Грција започнавме да разговараме со јазик на пријатели, а не преку нишанот на историјата и градбите како досега. Имаме мерки за градење на доверба, веќе ги преименувавме автопатот и аеродромот. Идентитетот, културата, името и државата ќе ги заштитиме само ако бидеме дел од големото европско семејство, истакна Груби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-sporot-so-imeto-vekje-e-reshen-ostanuva-da-se-dogovorat-samo-detalite/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните имаат право да знаат дали освен за географска одредница, Заев е подготвен на отстапки за идентитетските одредници како јазикот, нацијата и меѓународните кодови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-gragjanite-imaat-pravo-da-znaat-dali-osven-za-geografska-odrednica-zaev-e-podgotven-na-otstapki-za-identitetskite-odrednici-kako-jazikot-nacijata-i-megjunarodnite-kodovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-gragjanite-imaat-pravo-da-znaat-dali-osven-za-geografska-odrednica-zaev-e-podgotven-na-otstapki-za-identitetskite-odrednici-kako-jazikot-nacijata-i-megjunarodnite-kodovi/#respond Wed, 07 Feb 2018 14:12:24 +0000 http://kurir.mk/?p=19259

Процесот на разговори околу проблемот што го има Република Грција со нашето име не е прашање кое го засега само премиерот Зоран Заев или членовите на Владата на Република Македонија. Прашањето ја засега Република Македонија и целиот народ, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека Владата не смее да молчи и да крие детали околу процесот на разговори. -Премиерот Зоран Заев вчера кажа дека била прифатлива географска одредница, но не кажа во чие име говори и која е таа одредница што за него е прифатлива. Не кажа ниту кој би бил опсегот на употреба, а премолчи и околу тоа дали станува збор само за географска одредница која би била за меѓународна употреба или тоа значи промена и на Уставот, односно уставното име, националноста и јазикот. Исто така, остана неодговорено и прашањето дали оваа географска одредница би имала англиска транскрипција или не. Во вакви околности, кога се кријат останатите детали, крајно несериозно и многу опасно е јавното лицитирање со одредниците кои се прифатливи. Настапот на премиерот Заев може да има сериозни последици по целиот процес и драматично да ги наруши македонските преговарачки позиции, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека тој е прв човек на Владата на Република Македонија и мора да биде свесен дека неговите настапи не се настапи само во негово лично име или во име на СДСМ. -Граѓаните се интересираат и имаат право да знаат дали освен подготвеноста на Заев за географска одредница, тој е подготвен и на отстапки во однос на идентитетските одредници како јазикот, нацијата и меѓународните кодови. Премиерот Заев беше повикан од грчкиот министер за надворешни работи да ја информира македонската јавност во врска со договорот кој што го постигнале со премиерот Алексис Ципрас во Давос. Македонската јавност очекува да слушне што точно прифатил Заев на средбата во Давос. Доколку не бил постигнат договор во Давос, информациите кои се лиферуваат од грчка страна треба да бидат демантирани, за да не се вознемируваат граѓаните, стои во партиското соопштение. Во врска со преименувањето на аеродромот и автопатот, ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема иредентизам во актуелните имиња и добро би било граѓаните да слушнат дали одлуката на владата е дел од некоја поширока стратегија или повторно станува збор за еднострани постапки од кои Република Македонија нема никаква корист.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-gragjanite-imaat-pravo-da-znaat-dali-osven-za-geografska-odrednica-zaev-e-podgotven-na-otstapki-za-identitetskite-odrednici-kako-jazikot-nacijata-i-megjunarodnite-kodovi/feed/ 0
Влада: Јавноста е целосно информирана, изнаоѓање взаемно прифатливо решение е можно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-javnosta-e-celosno-informirana-iznaogjanje-vzaemno-prifatlivo-reshenie-e-mozno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-javnosta-e-celosno-informirana-iznaogjanje-vzaemno-prifatlivo-reshenie-e-mozno/#respond Tue, 06 Feb 2018 12:26:47 +0000 http://kurir.mk/?p=18734

На билатералната средба меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на Економскиот форум во Давос, прв пат после две децении се откочија процесите кои водат кон достоинствено решение на отворените прашања на Република Грција и Република Македонија како две соседни европски земји. За демонстрираната добра волја од двете страни јавноста беше целосно информирана, соопшти денеска прес-службата на македонската Влада. - Изнаоѓањето взаемно прифатливо решение е можно и за таа цел во тек е преговарачки процес. Потребна е добра волја и компромис од двете страни да се дојде до решение кое ќе ги почитува достоинството и идентитет на граѓаните на двете држави. За секој следен значителен исчекор во текот на преговорите јавноста ќе биде повторно целосно информирана, се наведува во соопштението од Владата]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-javnosta-e-celosno-informirana-iznaogjanje-vzaemno-prifatlivo-reshenie-e-mozno/feed/ 0
Коѕијас му порачал на Нимиц дека не е надлежен да говори за грчките ставови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-mu-porachal-na-nimic-deka-ne-e-nadlezen-da-govori-za-grchkite-stavovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-mu-porachal-na-nimic-deka-ne-e-nadlezen-da-govori-za-grchkite-stavovi/#respond Sat, 03 Feb 2018 09:06:30 +0000 http://kurir.mk/?p=17728

Јасно и строго му потенцирав дека не е надлежен да говори која е политиката на Атина, ниту да ја опишува, и тоа на погрешен начин, соопштува шефот на грчката дипломатија во однос на тоа што му кажал и што точно му порачал на Нимиц во телефонскиот разговор, по враќањето од Скопје. Преку соопштение испратено до медиумите доцна синоќа, јавува дописникот на МИА од Атина, министерот за надворешни работи на Грција ги коментира последните случувања за решавање на прашањето за името. - Имав долг разговор со личниот претставник на Генералниот секретар на Обединетите Нации, со господинот Нимиц, кој се врати од Скопје. Јасно и строго му потенцирав дека не е надлежен да говори која е политиката на Атина, ниту да ја опишува, и тоа на погрешен начин. – соопштува Никос Коѕијас и додава дека преговорите треба да се водат врз основа на она што било договорено во Давос, но и врз основа на ставовите што се поклопуваат. Се додава дека врз основа на брифингот што го имав за разговорите што ги имаше господинот Нимиц во Скопје, разјаснив дека преговорите не можат да се водат поинаку освен во продолжение на договореното во Давос. Покрај тоа, секои добронамерни преговори се водат врз база на конвергенциите што веќе се постигнати, пишува во соопштението од шефот на грчката дипломатија. Никос  Коѕијас ја поздравува изјавата на вселенскиот патријарх Вартоломеј кој упати повик за трезвеност и воздржаност. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-mu-porachal-na-nimic-deka-ne-e-nadlezen-da-govori-za-grchkite-stavovi/feed/ 0