спор со име – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Jun 2018 12:04:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спор со име – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заев е спремен со еден телефонски разговор да го смени името: Дури и неговите сопартијци се против https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-e-spremen-so-eden-telefonski-razgovor-da-go-smeni-imeto-duri-i-negovite-sopartijci-se-protiv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-e-spremen-so-eden-telefonski-razgovor-da-go-smeni-imeto-duri-i-negovite-sopartijci-se-protiv/#respond Mon, 11 Jun 2018 12:04:07 +0000 https://kurir.mk/?p=64546

Во емисијата „Во Центар“, новинарот Васко Ефтов посочи дека премиерот Зоран Заев е единствениот политичар во Македонија кој преговара и најверојатно ќе го смени Уставното име на Република Македонија. Она што другите не се осмелија да го направат и на тој начин да се откажат од она што нашите предци се бореле со векови за ова парче земја, Зоран Заев е спремен да го направи буквално со еден телефонски разговор. Досега во светот не е забележано вакво однесување од еден политичар кој доброволно се има одлучено на ваков чекор. Дури и неговите сопартијци се против Заев. Илинка Митрева, поранешната министерка за надворешни работи која имаше можност да биде дел од ова горко прашање која не мачи 27 години вели дека ова барање од страна на Грција е барање без преседан во историјата на меѓународните односи. Таа додава дека во овој случај односно Заев дава нешто на сметка на Грција која не дава ништо односно дава само ветување дека ќе го почитува она што претходно веќе се согласила, а тоа дека нема да ја блокира Македонија кон нејзиниот пат во евроатланските односни. - Од Македонија се бара да го смени уставот и новото решение да го применува според грчкото толкување на ерга омнес и дома. Тоа е она што Македонија го внесува како свој прилог во спорот. Што внесува Грција. Грција внесува обврска која што и стои уште од привремената спогодба да не го оневозможува меѓународното интегрирање на Република Македонија. Тоа стоеше во привремента спогодба. Хаг заклучи дека ја прекрши и сега она што Грција го внесува во спорот е ветување дека ќе го почитува меѓународното право и дека ќе и дозволи на Република Македонија да продолжи со своите евро-атлански аспирации. Имаме нешто за нешто. Во случајов имаме нешто за ништо, вели Митрова. Дури и покојниот Киро Глигоров кој се има согласено покрај уставното име да стои и додавката Скопје се со цел да се зачува државната територија, се има спротиствено на промена на Уставот на Република Македонија. - Како дополнителен чекор за компромис и како израз на добра волја би можеле да изразиме спремост за додавка на името за употреба на термин што дополнително ја прецизира државната територија иако тоа е непотребно со името на главниот град во заграда. Одлука за тоа би се донела зависно од исходот на состанокот во Единбург. Тоа не би бирало промена на Уставот на Република Македонија, изјавил во неговото обраќање пред пратениците Киро Глигоров. И Владимир Милчин, поранешниот член на ЦО на СДСМ и поранешен прв човек на фондацијата Сорос вели дека има црвени линии кој не би сакал да бидат поминати. -Мојата црвена линија е дека мора да биде Македонци, Македонец, македонски јазик. И не Уставот да се менува. Апсолутно сум против тоа пред Македонија да се става нешто. Дали тоа била Северна, Јужна, Западна, Горна, Долна, Вардарска. Тоа значи дека идентитетот ќе биде сменет, вели Милчин. Дека Заев ги менува своите ставови како ќе му текне не е непозната работа. Во неколкуте интервјуа и гостувања по медиумите таа негова конфузија нема граници. Ја обвинуваше претходната влада што има прифатено само додавка односно да се врати стариот предлог на Република Македонија- Скопје за подоцна да прифати дека сепак се можни некакви формулации за името. - Имиња пред Република Македонија или какви било други формулации се за разгледување, но без притоа да се чепне Уставот на државата, мојот национален јазик, мојата национална посебност, мојата култура како Македонец, рече Заев во 2013 година во Струга. Во 2016-та година Заев ќе каже дека црвените линии на СДСМ се дека нема промена на уставното име, идентитетот и самиот Устав што со последните потези се демантира самиот себе. -Барањето за промената на Уставот во разговорите за името се грчки став, но ние имаме наш. Македонија го промени својот Устав во 1993 година да го допрецизира членот 49 вградувајќи го амандманот 2. Ние направивме голем чекор за да го отстраниме иредентизмот, рече тогаш Заев. Како што не убедува владината ПР машина разговорите се при крај. Останува уште тој фамозен телефонски разговор што треба да го направат Заев и Ципрас. Што има прифатено Заев никој не знае освен двајца или тројца луѓе од неговиот кабиенет. Но една работа е сигурна дека ова ќе му ја одреди политичката судбина не само него туку и на СДСМ како партија. Само за потсетување- на референдумот за територијата поделба што се одржа во 2004-та година, тогаш СДСМ настапи со слоганот некои прашања не заслужуваат одговор, ја загушија дебатата и го истераа и спроведоа онака како што мислеа дека е најдобро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-e-spremen-so-eden-telefonski-razgovor-da-go-smeni-imeto-duri-i-negovite-sopartijci-se-protiv/feed/ 0
Та неа: Атина се пазари со Берлин за решение на името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ta-nea-atina-se-pazari-so-berlin-za-reshenie-na-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ta-nea-atina-se-pazari-so-berlin-za-reshenie-na-imeto/#respond Sun, 15 Apr 2018 10:59:33 +0000 https://kurir.mk/?p=40876

 Ако се реши прашањето за името, тогаш антикризната мерка - кратење на пензиите, ќе се одложи за шест месеци подоцна, ова според грчкиот весник „Та неа“ е ветувањето од Берлин до Атина, во разговорите меѓу Германија и Грција за затворање на долгогодишниот спор, но и што грчката страна би добила од тоа. Како што јави дописничката на МИА од Атина, весникот повикувајќи се на европски извори, пишува дека веќе изгласаната мерка за кратење на пензиите што треба да стапи во сила од 1 јануари 2019, би се одложила за шест месеци подоцна, како германски „подарок“ до Грција, доколку се постигне договор за името. Нешто што би му одело во прилог на Ципрас и на неговите изборни планови. - Веродостојни европски извори, пренесувајќи ги за „Та неа“ разговорите што во позадина се водат меѓу Атина и Берлин, ги претставуваат Германците дека му ветиле на Алексис Ципрас размена со силна политичка корист за него и за СИРИЗА, во случај да постигне договор за името на Скопје со неговиот колега Зоран Заев. Станува збор за префрлање за шест месеци подоцна на мерката за кратење на пензиите, пишува весникот и додава дека со тоа владата би можела да земе даде длабок здив и ќе му го отвори патот на Ципрас кон распишување избори во мај 2019. Текстот во „Та неа“, наиде на бура реакции во Грција, како од опозицијата која ја обвини владата за тајни преговори така и од владата која побара сериозност од Нова демократија. - Владата треба да им ја каже вистината на Грците: преговара тајно решение на скопското прашање за да добие во замена шестмесечно одложување на кратење на пензиите, што е обврска која самата влада ја презеде со нејзината политика.  Да или не? Грците треба да знаат, вели портпаролката на Нова демократија, Марија Спираки. Од грчкото МНР за грчката новинска агенција АНА-МПА побарале сериозност од портпаролката на опозициската партија, додека пак од кабинетот на Ципрас велат дека се недостојни за коментирање секојдневните „бедни натписи во медиумите“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ta-nea-atina-se-pazari-so-berlin-za-reshenie-na-imeto/feed/ 0
Меркел: Спорот за името се приближува кон решение https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/merkel-sporot-za-imeto-se-priblizuva-kon-reshenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/merkel-sporot-za-imeto-se-priblizuva-kon-reshenie/#respond Wed, 21 Feb 2018 13:58:14 +0000 http://kurir.mk/?p=23653

Спорот меѓу Македонија и Грција за името треба да биде решен, но врз процесот не се влијае позитивно, ако се врши притисок, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференцијата со македонскиот премиер Зоран Заев во Берлин.- Спорот меѓу Македонија и Грција треба да биде решен, притисокот во преговорите не носи корист. Имам впечаток дека двете страни по долго време имаат интерес за решавање на спорот. Тоа е добар предуслов, рече Меркел, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали на средбата со Заев се разговарало за спорот со Грција и дали истото прашање било тема на вчерашниот телефонски разговор со Алексис Ципрас. Германската канцеларка истакна дека Македонија е поблиску од кога и да е во изминатата декада до решение за спорот со Грција околу името, кој го попречува интегрирањето на земјата во ЕУ и НАТО. - Ме претставува големо задоволство тоа што има придвижување во преговорите. Во изминатите десет години решението не било толку блиску, како што е сега и би било извонредно доколку двете страни успеат да ги премостат препреките, истакна Меркел. Таа напомена дека и двете страни се однесуваат одговорно во обновените преговори и оти и Грција и Македонија знаат што можат да дадат за да се постигне компромис. - Компромисите се секогаш болни, но и неопходни. Тоа е дипломатска уметност и за тоа не треба да се зборува на прес-конференции, туку зад затворени врати. Верувам дека јавните изјави повеќе може да му наштетат, отколку да му користат на процесот, додаде германската канцеларка. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/merkel-sporot-za-imeto-se-priblizuva-kon-reshenie/feed/ 0
Теодоракис: Прифаќаме име Горна Македонија, без превод https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teodorakis-prifakjame-ime-gorna-makedonija-bez-prevod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teodorakis-prifakjame-ime-gorna-makedonija-bez-prevod/#respond Mon, 12 Feb 2018 09:29:58 +0000 http://kurir.mk/?p=20650

Без превод на грчки јазик, името Горна Македонија, како што се изговара на македонски, е прифатливо решение за Ставрос Теодоракис, лидерот на грчката партија Река. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, под слоганот „Времињата бараат храброст и одговорност“, Теодоракис, пред членовите на највисокиот орган на движењето, говореше за последните случувања во Грција, меѓу кои и прашањето за името и случајот со фармацевтската компанија Новартис. - Ние се осмелуваме и ја преземаме одговорноста и велиме дека го прифаќаме терминот Горна Македонија, непреведено како што им беше предложено на нашите соседи. Бараме да ги променат нивните учебници, бараме да се ослободат од иредентизми, но им велиме, кога сето ова ќе се направи, ќе си подадеме раце и ќе се договориме, затоа што како што рече Ками, а тоа важи и за нив и за нас: „Премногу ја сакам мојата татковина за да бидам националист“, рече Теодоракис. Во однос на протестите за „одбрана на Македонија“, лидерот на Река, истакна дека тие немаат никакви заеднички точки со говорниците и слоганите од собирите, со оние кои бранат „една исплашена Грција, Грција што секаде гледа заговори“. - Грција нема да доминира на Балканот затоа што ќе става вето. Ќе доминира, ако доминира, како примарна сила во економијата и културата, рече Ставрос Теодоракис, пренесува МИА. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teodorakis-prifakjame-ime-gorna-makedonija-bez-prevod/feed/ 0
Бошњаковски за географската одредница: Детали во оваа фаза од преговорите нема да се соопштуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boshnjakovski-za-geografskata-odrednica-detali-vo-ovaa-faza-od-pregovorite-nema-da-se-soopshtuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boshnjakovski-za-geografskata-odrednica-detali-vo-ovaa-faza-od-pregovorite-nema-da-se-soopshtuvaat/#respond Wed, 07 Feb 2018 11:20:48 +0000 http://kurir.mk/?p=19161

Нова средба на премиерите на Република Македонија Зоран Заев и на Република Грција Алексис Ципрас сеуште не е закажана, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Во врска со најавите од официјална Атина дека  во рамки на преговорите за спорот за името дека ќе побара менување на членовите 3 и 49 од Уставот на Република Македонија, Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање истакна дека во моментов не се разговара за такво нешто. Коментирајќи за информации во грчки медиуми дека македонската страна на средбата во Давос прифатила се што било побарано од грчката страна, Бошњаковски посочи дека средбата во Давос на премиерите на двете земји беше јасна и транспарентна и се што било договорено било соопштено на прес-конференцијата по средбата. - Се што беше договорено јавно на прес-конференција го кажаа премиерите која можеше и јавно да се проследи. Тоа што е направено во Давос е сериозен исчекор кон изнаоѓање решение на проблемот кој што Република Грција го има во врска со нашето уставно име. Дополнително сите работи што се договорени во Давос, премиерот Ципрас ги кажа на прес-конференцијата, истакна Бошњаковски. Тој подвлече дека на разговорите во Давос всушност е постигнато откочување на евроинтегративните процеси на државата кои беа блокирани од 2009 година. Додаде дека според договореното во Давос, како што вчера истакна и премиерот Заев, Владата ги донесе одлуките за преименување на автопатот и на скопскиот аеродром. Запрашан која географска одредница Македонија е подготвена да прифати, како и во однос на опсегот на употребата на договореното име, портпаролот Бошњаковски како и многупати досега повтори дека детали околу преговорите во оваа фаза нема да соопштуваат. - Преговорите се од сериозно значење за Република Македонија. Нема што да додадам од тоа што го кажа премиерот Заев дека сме подготвени за географска одредница, рече портпаролот на Владата Бошњаковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boshnjakovski-za-geografskata-odrednica-detali-vo-ovaa-faza-od-pregovorite-nema-da-se-soopshtuvaat/feed/ 0
Османи: Коцките се наместени, треба да се најде решение за името оваа година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-kockite-se-namesteni-treba-da-se-najde-reshenie-za-imeto-ovaa-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-kockite-se-namesteni-treba-da-se-najde-reshenie-za-imeto-ovaa-godina/#respond Mon, 05 Feb 2018 21:18:18 +0000 http://kurir.mk/?p=18558

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи смета дека 2018. е година кога треба да се реши спорот со Грција за името, оти веќе следната година настануваат нови околности, чиј исход не може да се предвиди. - Коцките се наместени, треба да се најде решение и тоа да се материјализира во конкретни чекори. Во 2019. коцките се изместуваат. Причините за јасни. Во 2019 година цела Европа е на избори за Европскиот парламент, Грција има избори и Македонија исто така и тешко ќе биде и внатре во државите да најдеме можност за решение. Затоа велам дека 2018. е без алтернативна, истакна Османи во интервју за емисијата „Само вистина“ на Канал 5. Додава дека доколку оваа година не се пронајде решение, се влегува во еден непредвидлив период, сличен на тој по Самитот во Букурешт. - Како одговорни политичари не смееме една мала, фрагилна држава да ја оставиме сама во еден непредвидлив период, изајви Османи. Вицепремиерот Османи очекува опозицијата да се врати во Собранието и да се обезбеди потребниот консензус за реформските закони. Во однос на Законот за јазиците и огромниот број амандмани поднесени од опозицијата Османи очекува дека таа ќе се вразуми и ќе ги повлече. ДУИ останува на ставот дека има потреба од консензуален кандидат за претседателските избори наредбата година, затоа што, како што рече Османи претседателот е кохезивен фактор на општеството и треба да ја рефлектира волјата барем на двете етнички заедници. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-kockite-se-namesteni-treba-da-se-najde-reshenie-za-imeto-ovaa-godina/feed/ 0