спор со името – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Dec 2021 09:25:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спор со името – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Радев најави дека во првата половина на јануари ќе го свика Консултативниот совет за темата Република Северна Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-najavi-deka-vo-prvata-polovina-na-januari-kje-go-svika-konsultativniot-sovet-za-temata-republika-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-najavi-deka-vo-prvata-polovina-na-januari-kje-go-svika-konsultativniot-sovet-za-temata-republika-severna-makedonija/#respond Mon, 20 Dec 2021 09:25:02 +0000 https://kurir.mk/?p=610681

Бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност (КСНС) во врска со темата за Република Северна Македонија ќе биде свикан во првата половина на јануари. Ова го соопшти бугарскиот претседател Румен Радев пред новинарите по свеченоста на која Централната изборна комисија им ги врачи уверенијата на избраните претседател и потпретседател на Бугарија. Важно е да имаме став на ова политичко тело, за кој и партиите ќе имаат јасна позиција за тоа што треба да се направи за да се забрза процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ, но имајќи го предвид и почитувајќи го бугарскиот национален интерес, изјави Радев. Како главни приоритети во својата работа во неговиот втор мандат тој го истакна зајакнувањето на државноста, поголема правда, повеќе законитост, заштита на националните интереси и создавање на сите потребни услови и поддршка на институциите во нивната работа, со цел Бугарија да се развива како просперитетна модерна европска земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-najavi-deka-vo-prvata-polovina-na-januari-kje-go-svika-konsultativniot-sovet-za-temata-republika-severna-makedonija/feed/ 0
Грчката Влада ќе го разгледа барањето на Каменос за гласање на договорот кога ќе дојде време https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-kje-go-razgleda-baranjeto-na-kamenos-za-glasanje-na-dogovorot-koga-kje-dojde-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-kje-go-razgleda-baranjeto-na-kamenos-za-glasanje-na-dogovorot-koga-kje-dojde-vreme/#respond Wed, 04 Jul 2018 13:37:41 +0000 https://kurir.mk/?p=73010

Кога и доколку дојде време, ќе разговараме за предлогот на Каменос во врска со 180 гласови за ратификацијата. Кога ќе дојде тој момент ќе ги разгледаме сите технички детали и ќе донесеме одлука, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во однос на барањето на коалицискиот партнер, Панос Каменос, договорот од Преспа во грчкиот Парламент да се гласа со зголемено мнозинство.  Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите објасни дека грчкиот Устав само во одредени случаи предвидува зголемено парламентарно мнозинство од 180 пратеници наместо 151, а договорот од Преспа не е во таа категорија. Сепак, рече дека предлогот на коалицискиот партнер ќе биде предмет на дискусија и консултација во грчката Влада, кога ќе дојде време. - Предлогот на Каменос, што е политички предлог, како и секој друг предлог што го доставува коалицискиот партнер ќе биде предмет на разговор, на консултации во владата за кога ќе дојде време и доколку дојде време да се донесат неопходните политички одлуки, рече портпаролот на грчката Влада. Говорејќи за грчката телевизија Антена, како што утрово објави МИА, Панос Каменос рече дека ќе бидат потребни две години, Македонија да ги заврши обврските за договорот од Преспа да дојде во грчкиот Парламент. На прашање на дописничката на МИА од Атина во однос на овој временски период, портпаролот на грчката Влада не сакаше да дава временски проценки или предвидувања кога решението би се нашло пред грчките пратеници. - Јас не можам временски да проценам, договорот одредува конкретни чекори што треба да се исполнат за овој договор да дојде за ратификација во грчкиот Парламент. Потсетувам кои се овие чекори: треба да има референдум во поранешната југословенска Република Македонија што ќе треба да има позитивен исход, потоа да следат процедурите за уставна ревизија и промена на уставното име на соседот. Оттука, штом се направи сѐ ова и се завршат овие чекори, тогаш и само тогаш грчката Влада ќе го донесе договорот во грчкиот Парламент за ратификација. Не можам да правам временски предвидувања во однос на тоа колку време ќе и биде потребно на соседната земја за да ги заврши чекорите што се потребни, рече Ѕанакопулос. Портпаролот на грчката Влада на денешниот редовен брифинг со грчките новинари и странските дописници, уште еднаш повтори дека избори во Грција ќе има на крајот од четиригодишниот мандат на актуелната влада. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-kje-go-razgleda-baranjeto-na-kamenos-za-glasanje-na-dogovorot-koga-kje-dojde-vreme/feed/ 0
Грција сепак ќе го блокира влезот на Македонија во НАТО? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-sepak-kje-go-blokira-vlezot-na-makedonija-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-sepak-kje-go-blokira-vlezot-na-makedonija-vo-nato/#respond Wed, 04 Jul 2018 12:09:42 +0000 https://kurir.mk/?p=72940

Скопје не може да се приклучи на НАТО додека не ги исполни своите обврски од Договорот потпишат во Преспа, изјави денеска грчкиот министер за одбрана Панос Каменос. -Скопје ќе биде повикано да се приклучи на НАТО само тогаш кога ќе ги исполни сите обврски од преспанскиот договор, рече Каменос, пренесува агенцијата АНА. Каменос посочил дека Македонија треба да ги исполни спефицичните обврски пред грчкиот парламент да го ратификува договорот, без што не може да стане членка на НАТО. -Принципот на едногласност постои во НАТО. Дури и ако еден член не се согласува, земјата не може да стане членка, рече Каменос. Договорот меѓу Атина и Скопје за ново име на Македонија беше потпишан на 17. јуни на грчкиот дел од Преспанското езеро, по спорот долг 27 години. Според договорот, новото име на Македонија ќе биде „Република Северна Македонија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-sepak-kje-go-blokira-vlezot-na-makedonija-vo-nato/feed/ 0
Ладен туш од Фајненшал Тајмс: Димитров ќе ги задржи доматите до следната година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/laden-tush-od-fajnenshal-tajms-dimitrov-kje-gi-zadrzi-domatite-do-slednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/laden-tush-od-fajnenshal-tajms-dimitrov-kje-gi-zadrzi-domatite-do-slednata-godina/#respond Wed, 27 Jun 2018 09:15:36 +0000 https://kurir.mk/?p=70209

Фајненшал Тајмс во неделниот бриф за случувањата во Еврозоната пишува за последните случувања околу датумот за отпочнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ и оти тие ќе бидат поместени за следната година, наместо годинава, како што ветуваше премиерот Зоран Заев. Весникот пишува дека македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров ќе треба да си ги задржи доматите до следната година, откако вети дека на сите оние кои ќе ја поддржат земјава ќе им испрати домати. -Преговорите на Македонија околу членството во Европската унија беа одложени за 12 месеци во компромисен одраз на скептицизмот за проширувањето од Франција и Холандија. Владите на ЕУ ветија на ова прашање ќе му се посветат во јуни 2019. година - по изборите во Европскиот парламент. Македонскиот министер за надворешни работи - кој вети домати во замена за напредок - ќе мора да ги задржи уште малку, пишува Фајненшал Тајмс.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/laden-tush-od-fajnenshal-tajms-dimitrov-kje-gi-zadrzi-domatite-do-slednata-godina/feed/ 0
Грција во понеделник ќе ги достави писмата до ЕУ и НАТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grcija-vo-ponedelnik-kje-gi-dostavi-pismata-do-eu-i-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grcija-vo-ponedelnik-kje-gi-dostavi-pismata-do-eu-i-nato/#respond Fri, 22 Jun 2018 14:04:40 +0000 https://kurir.mk/?p=68659

 Во недела ќе бидат потпишани од шефот на грчката дипломатија, а во понеделник наутро ќе бидат испратени писмата до ЕУ и НАТО, дека Грција нема да се противи за европска и евро-атлантска  интеграција на Македонија. Ова го откри самиот Никос Коѕијас, говорејќи пред новинарите на крајот од Конференцијата за стабилност и безбедност на грчкиот остров Родос. Како што јави дописничката на МИА од Атина, министерот за надворешни работи на Грција, рече дека минатиот петок, пред потпишувањето на договорот, без да биде обврзан, испратил писмо до генералниот секретар на НАТО, во кое го известува и ги поставува предусловите со кои треба да биде поврзана поканата за членство, односно оние услови што ги предвидува самиот договор. Во однос на новите писма, Коѕијас потврди дека ја добил нотата од македонското МНР дека договорот беше ратификуван, а во понеделник Грција ќе го исполни нејзиниот дел од обврските. - Во мојата дипломатска канцеларија ги имаме од завчера подготвени писмата. Одбрав да ги потпишам самиот во Брисел во недела за во понеделник наутро да се достават до Европската унија и НАТО. Тоа се писма кои велат дека бев известен од другата страна за ратификацијата на договорот во Собранието и дека врз основа на обврските и предусловите кои ги имам поставено, може да продолжат напред, рече Коѕијас и објасни дека за да има напредок „потребен е позитивен договор на Советот за општи работи, а таму постоја тешкотии“, бидејќи, како што рече, има земји што се спротивставуваат во овој момент да се даде датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ. - Нема да биде добро да се случи такво нешто, коментираше шефот на грчката дипломатија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grcija-vo-ponedelnik-kje-gi-dostavi-pismata-do-eu-i-nato/feed/ 0
Мицкоски: Граѓаните треба да живеат со последиците од Договорот, Заев ги прифати сите грчки позиции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-gragjanite-treba-da-ziveat-so-posledicite-od-dogovorot-zaev-gi-prifati-site-grchki-pozicii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-gragjanite-treba-da-ziveat-so-posledicite-od-dogovorot-zaev-gi-prifati-site-grchki-pozicii/#respond Fri, 22 Jun 2018 10:41:24 +0000 https://kurir.mk/?p=68559

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашното гостување на емисијата „На патот кон“ на телевизијата Алсат-М истакна дека неговата партија стои на ставот оти за идентитетските прашања не се преговара. - Со самото тоа што тие во овие преговори кажуваат дека успеале да постигнат нешто, а лажат, самото тоа вели дека они преговараат за нешто за што не треба да се преговара, ниту пак некој им дала право да преговараат. Кој му дава право на Заев или на Димитров да преговара за нешто што е веќе стекнато право?, праша Мицкоски. Вели тој е Македонец, и оти така се идентификува, а со Договорот со Грција за промена на името, нему му го негираат правото да се самоопределува. -Јас сум Македонец, се идентификувам како Македонец и по моите корени и по она што ќе го оставам позади себе и никој нема право тоа да го порекне, а со овој договор мене ми го негираат правото да се самоопределам како Македонец и да живеам во македонска држава, истакна Мицкоски. Потенцира дека за ВМРО-ДПМНЕ Договорот со Грција е капитулантски и срамен. -Тоа е прифаќање на сите грчки позиции, 100 проценти. Решението требаше да се бара во рамки на некои наши позиции, но ние капитулиравме и прифативме ултиматум. Можеби не можеше да биде 50-50, нека беше асимитреичен во наша загуба, но никако не смееше да биде 100-0. Имавме капитулантско водење преговори кои очекувано донесоа апсолутна катастрофа, рече Мицкоски. Рече дека досега никој од Владата не ги демантираше изјавите на премиерот и министерот за надворешни работи на Грција дека не постои македонска нација. -Сега веќе не сме Македонци, туку сме граѓани на Република Северна Македонија и тоа недвосмислено го кажува премиерот на соседната држава, Ципрас, претходно министерот Коѕијас, а јас од наша страна на нивните изјави не слушнав ниту еден демант. Дека тоа што тие го говорат не е точно. Напротив, слушам молк, а молчењето многу пати во минатото подразбирало и одобрување, рече Мицкоски. Вели дека не е точен аргументот на Владата на Република Македонија и премиерот Зоран Заев дека се сочувани националниот идентитет на Македонците и јазикот. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека сите граѓани на Република Македонија треба да живеат со последиците од Договорот. Мицкоски направи споредба меѓу Договорот со Грција и договорите кои Соединетите Американски Држави ги потпиша со Камбоџа и Северна Кореја, велејќи дека граѓаните на овие две држави ги поддржуваат договорите, но во Македонија не е така. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека ставот на партијата е оти за идентитетските прашања не се преговара. - Резолуцијата од Обединетите нации точно се однесува на разликите што нашиот јужен сосед ги има со нашето уставно име, со името Република Македонија, појасни Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-gragjanite-treba-da-ziveat-so-posledicite-od-dogovorot-zaev-gi-prifati-site-grchki-pozicii/feed/ 0
Жежов: Со Договорот за капитулација се редефинира македонската историја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zezov-so-dogovorot-za-kapitulacija-se-redefinira-makedonskata-istorija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zezov-so-dogovorot-za-kapitulacija-se-redefinira-makedonskata-istorija/#respond Fri, 22 Jun 2018 10:26:04 +0000 https://kurir.mk/?p=68540

Професорот по историја Никола Жежов, во емисијата „Ѕид“ на Алфа ТВ детално ги објасни последиците од членот 7 од Договорот со Грција за промена на името кој беше потпишан од владите на двете држави. Професорот појасни дека со овој договор не се решава македонското прашање на позитивен начин и оти дополнително се разгорува со вештачката поделба која се прави во Договорот. Со него Македонија станува уникатен пример во светот поради откажувањето од своите национални малцинства во соседните држави. - Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција за надминување на разликите околу името, во суштина претставува обид за редефинирање на македонската нација, промена на нашето уставно име и промена на сите атрибути на државноста кои што ни беа познати и беа засновани на одлуките на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, вели Жежов. Истакна дека голем дел од членовите од договорот, особено оние каде што тој е компетентен се штетни и оти со нив се прави хируршки рез во македонското национално ткиво и вештачка поделба. Професорот ги потенцираше Членовите 7 и 8 од Договорот со Грција, во кои се наведени сите работи кои што се антимакедонски кои што го уништуваат македонскиот национален идентитет со редефинирање на македоската историја. - Во членот 7 се дефинираат поимите за тоа како ќе се дефинираат термините „Македонија“ и „македонски“ кај двете страни. Претставува обид за вештачка поделба на македонското прашање и обид да се создаде впечаток пред меѓународната јавност дека постојат две македонски прашања, што не е точно и е надвор од секоја логика. Македонското прашање е едно, нема повеќе македонски прашања и секој обид за вакво вештачко решавање на македонските прашања, на само што нема да ги реши туку и дополнително ќе ги искомплицира, објаснува Жежов. Вели дека со вакви одредби од Договорот односите меѓу двете држави уште повеќе ќе се влошат. Тој потенцира дека македонското прашање на овој начин не се затвора, туку оти дополнително се разгорува со ваквиот обид за вештачко решавање. Жежов појасни дека членот 7 јасно укажува оти Република Македонија се откажува од своето национално малцинство во соседните држави. Појасни дека длабоко е убеден и смета оти тоа е уникатен пример во целиот свет. Професорот кажува дека не познава држава која нема национални малцинства во соседните држави. Ваквото дефинирање на македонското прашање со еден став од овој член е обид да се создаде перцепција дека ние сме навистина вештачка нација. Тоа оди во прилог на тезите пласирани во минатото дека Македонија наводно е измислица на „Коминтерната“, дека ние сме донесени на овој простор дека не сме афтохтон народ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zezov-so-dogovorot-za-kapitulacija-se-redefinira-makedonskata-istorija/feed/ 0
Мицкоски: Со последиците на Договорот на Заев треба да живееме сите ние https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-posledicite-na-dogovorot-na-zaev-treba-da-ziveeme-site-nie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-posledicite-na-dogovorot-na-zaev-treba-da-ziveeme-site-nie/#respond Thu, 21 Jun 2018 20:43:47 +0000 https://kurir.mk/?p=68393

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на телевизијата Алфа рече дека сите граѓани на Република Македонија треба да живеат со последиците од Договорот со Грција за промена на името кое го потпишаа владите на двете држави. Мицкоски направи споредба меѓу Договорот со Грција и договорите кои Соединетите Американски Држави ги потпиша со Камбоџа и Северна Кореја, велејќи дека граѓаните на овие две држави ги поддржуваат договорите, но во Македонија не е така. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека ставот на партијата е оти за идентитетските прашања не се преговара. -Со самото тоа што тие (владата) во овие преговори кажуваат дека успеале да постигнат нешто, а лажат, не е така. Самото тоа вели дека тие преговараат за нешто, за што не треба да се преговара, ниту пак некој им дал да преговараат. Резолуцијата од Обединетите нации точно се однесува на разликите што нашиот јужен сосед ги има со нашето уставно име, со името Република Македонија. Кој му дал право на Заев или на Димитров да преговара за нешто, што е веќе стекнато право?, праша Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-posledicite-na-dogovorot-na-zaev-treba-da-ziveeme-site-nie/feed/ 0
Мицкоски: Ако се толку сигурни дека договорот е добар, зошто одат на кршење на процедурите во Собранието? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ako-se-tolku-sigurni-deka-dogovorot-e-dobar-zoshto-odat-na-krshenje-na-procedurite-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ako-se-tolku-sigurni-deka-dogovorot-e-dobar-zoshto-odat-na-krshenje-na-procedurite-vo-sobranieto/#respond Thu, 21 Jun 2018 20:12:53 +0000 https://kurir.mk/?p=68382

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „На патот кон“ на телевизијата Алсат-М праша зошто, ако Владата е толку сигурна дека договорот е успешен, нема славење по улиците низ Македонија. -Зошто луѓето еуфорично не излегуваат на улиците? Зошто мораа да му стават европско знаменце  и да биде по скратена постапка? Зошто мораше да се смени матичната комисија во друга комисија?, праша Мицкоски. Вели дека за него Договорот со Грција за промена на името е капитулација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ako-se-tolku-sigurni-deka-dogovorot-e-dobar-zoshto-odat-na-krshenje-na-procedurite-vo-sobranieto/feed/ 0
„Алфа“ објави ексклузивни документи: Идентитетот и јазикот кои што биле извојувана победа, сега Заев ги напушта со прифаќање на широки толкувања на идентитетот и јазикот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-objavi-ekskluzivni-dokumenti-identitetot-i-jazikot-koi-shto-bile-izvojuvana-pobeda-sega-zaev-gi-napushta-so-prifakjanje-na-shiroki-tolkuvanja-na-identitetot-i-jazikot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-objavi-ekskluzivni-dokumenti-identitetot-i-jazikot-koi-shto-bile-izvojuvana-pobeda-sega-zaev-gi-napushta-so-prifakjanje-na-shiroki-tolkuvanja-na-identitetot-i-jazikot/#respond Wed, 20 Jun 2018 21:11:35 +0000 https://kurir.mk/?p=68015

Емисијата „60 минути“ со Горан Момировски која се емитува на Телевизија Алфа ексклузивно објави документи во која се гледа дека македонската Влада ги прифатила сите барања на Атина, а сега „одбраната“ на идентитетот сака да го претстави како голема историска победа. Документ од август 2001. година од Советот за безбедност на Обединетите нации покажува дека организацијата бара да се почитува етничкиот идентитет и интересите на сите граѓани на Република Македонија.

-Со ова, ОН де факто го признаваат идентитетот на македонските граѓани, меѓу нив и на Македонците, и затоа е чудно што сега Владата тврди дека токму таа се изборила за македонскиот идентитет, вели Момировски во „60 минути“. Истото се споменува и во документ од 14. јуни годинава, односно, во писмена комуникација меѓу овластени луѓе на светската организација и грчкиот преговарачки тим. -Во документите јасно се гледа дека СБ дава потврда за македонскиот идентитет и јасно е дека се манипулира со огромна историска победа и заштита на нашиот идентитет, кој никој не можел да ни го одземе, ако македонската страна била малку разумна. Оваа апсурдна ситуација во која Македонија изгубила добиена позиција најдобро се гледа во преговарачки материјали од 2008. година каде што јасно е наведено дека името на нацијата е „македонска“, а јазикот „македонски“, објавува Алфа.

 Ова е особено важно да се објасни зашто јазикот и придавката, како националноста, не се предмет на преговори затоа што според забелешката на ОН воопшто не треба да бидат дел од формален договор. -Во забелешката се наведува дека употребата на овие предмети во ОН треба да бидат презентирани административно до СБ од Генералниот секретар, кој што пак, препорачува да се користи „македонски“ за јазикот, придавката и националноста. Уште оттогаш нема простор за Грција да се противи на употребата на „македонски“ за т.н. идентитетски прашања на неексклузивна основа, нешто што сега премиерот ни го покажува како голема победа, објавува Алфа.

Заев практично се согласил да се прекрши позицијата на ОН со прифаќање на двојната придавка „македонски“ и „граѓани на Република Северна Македонија“. Од документите се гледа дека Македонија ги прифатила сите барања на Грција, а не опстанала на ниту една од своите позиции градени уште од 1991. година. Во овој контекст, принципот „ерга омнес“ е еден од најголемите апсурди во целиот пакет. Македонија во случајот не прифатила само класична дефиниција на „ерга омнес“ која се користи само во контекст само во меѓународна употреба на одреден принцип, туку се согласила на проширена употреба која што досега не е забележана во историјата на меѓународното право. -Ако се земат Северна и Јужна Кореја кои се споменуваат како примери во одбарана на Договорот, ќе се види дека официјалните имиња на земјите внатре не се исти со тие под кои што се запишани во ОН. Па така, Северна Кореја за „дома“ е Демократска Република Кореја, а Јужна Кореја е само Република Кореја, согласно домашните правила и устави, се вели во емисијата „60 минути“. Македонија е единствената земја на светот која што прифатила странска држава да и го менува Уставот и со тоа целосниот идентитет на нацијата, граѓаните и културата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-objavi-ekskluzivni-dokumenti-identitetot-i-jazikot-koi-shto-bile-izvojuvana-pobeda-sega-zaev-gi-napushta-so-prifakjanje-na-shiroki-tolkuvanja-na-identitetot-i-jazikot/feed/ 0