спор за име – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 May 2018 06:28:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спор за име – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Катругалос: Без уставна ревизија од соседот, договорот нема да дојде во грчкиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-bez-ustavna-revizija-od-sosedot-dogovorot-nema-da-dojde-vo-grchkiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-bez-ustavna-revizija-od-sosedot-dogovorot-nema-da-dojde-vo-grchkiot-parlament/#respond Wed, 23 May 2018 06:28:51 +0000 https://kurir.mk/?p=57304

Во однос на тоа дека ако не се реши прашањето со уставната ревизија, договорот нема да дојде во грчкиот Парламент. Со Каменос немаме различни позиции, вели алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, коментирајќи ги изјавите на лидерот на Независни Грци и коалиционен партнер во грчката влада, Панос Каменос. - Каменос јасно кажува дека ако не се реши прашањето со уставната ревизија, ако другата страна не ја изврши таа обврска, договорот нема да дојде во Парламентот и тоа е вистина. Ние сметаме дека решавањето на ерга омнес, општото прифаќање на името и во внатрешноста и во надворешноста со уставна ревизија е еден од предусловите на пакет договорот. Ова е нешто што и ние го имаме потенцирано и за ова немаме разлики со Независни Грци, вели Катругалос и додава дека во однос на неприфаќањето на сложено име со терминот Македонија од Панос Каменос, тоа е нешто што претседателот на Независни Грци, го има кажано и во минатото. Во изјава за медиумите, по конференција во Атина, алтернативниот шеф на грчката дипломатија не даде директен коментар, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа дали Никос Коѕијас индиректно го одби предлогот „Република Илинденска Македонија“ со изјавата од САД дека потребно е да се прифати име од предлозите на медијаторот. - Нашата цврста позиција е дека за името да биде прифатено треба да задоволува два критериуми. Едниот е да го разделува историскиот и грчкиот карактер на нашата Македонија од соседната земја и другото е дека не треба да содржи иредентистички елементи. Ова е нашата генерална позиција и очигледно е дека нема да коментирам нешто што е поврзано со преговорите што се во тек, рече Катругалос. На прашањето на МИА дали е сѐ уште умерен оптимист или веќе се движи кон само оптимист за решение, алтернативниот МНР на Грција, ја повтори метафоричната изјава на Ципрас дека „пред нас ги имаме последните 100 метри од маратонот, но тие 100 метри се и најтешките“. - Оптимист сум, но во никој случај го немаме договорот во џеб, додаде Катругалос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katrugalos-bez-ustavna-revizija-od-sosedot-dogovorot-nema-da-dojde-vo-grchkiot-parlament/feed/ 0
Иванов: ЕУ да овозможи паралелно преговори за членство и надминување на спорот за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-eu-da-ovozmozi-paralelno-pregovori-za-chlenstvo-i-nadminuvanje-na-sporot-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-eu-da-ovozmozi-paralelno-pregovori-za-chlenstvo-i-nadminuvanje-na-sporot-za-imeto/#respond Fri, 27 Apr 2018 17:27:06 +0000 https://kurir.mk/?p=47169

Ако ЕУ не ни ја обезбеди иднината, тогаш ние ќе се занимаваме со минатото, рече претседателот Ѓорге Иванов на прес-конференцијата по состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони. Оценувајќи дека врвните стратегиски цели на Република Македонија се членството во НАТО и во Европската Унија, Иванов рече дека долго време политиката на проширувањето потфрлуваше во случајот со Република Македонија не поради принципите и критериумите на Унијата, туку поради непочитувањето на тие принципи и критериуми од страна на една земја членка. - Како Претседател на Република Македонија ја повикувам Унијата да овозможи паралелно движење на преговорите за членство и надминување на билатералната разлика меѓу Македонија и Грција, изјави Иванов. Додаде дека по самата своја природа, проширувањето е политичко, а не само техничко прашање. - Конечниот збор го има Европскиот совет, а не Европската комисија. А политичкото прашање не може да се реши само со технички пристап и бара храброст, одлучност и креативност од Унијата. Нема подобар пример за тоа од Словенија и Хрватска кои со помош на Европската Унија, успеаја да најдат начин за паралелни преговори. Благодарение на таквиот европски пристап, денес Словенија и Хрватска се лидери на Процесот Брдо-Бриони, изјави Иванов. Истакнувајќи дека најважното нешто што ги поврзува земјите од регионот е желбата за членство во ЕУ, Иванов рече дека очекува Унијата да не ни дава празни ветувања бидејќи, членството во Унијата за нас не е празен идеал. Ги поздрави објективните критериуми за проширување на ЕУ со Западен Балкан со вреднување на заслугите на секоја земја поединечно. - Сепак, не можам, а да не го забележам следново. Стратегијата експлицитно истакнува дека нови отворени прашања нема да бидат увезувани во Унијата. Сакам да потсетам дека граничните прашања и идентитетските прашања имаат различна природа, а со тоа и различни последици. А прашањата со различни последици не можат да се третираат на идентичен начин. Република Македонија нема отворени територијални и гранични прашања, и затоа со право очекува поголема флексибилност од Унијата, нагласи Иванов. Додаде дека со новите процеси не се намалува, ниту исцрпува Порцесот Брдо-Бриони, кој, како што посочи има незаменлива уога да нуди стратегиски решенија. Денешниот состанок, рече тој се одржал во духот на поврзаноста, нагласувајќи оти семјите во него се ги поврзуваат економијата, безбедноста и инфраструктурата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-eu-da-ovozmozi-paralelno-pregovori-za-chlenstvo-i-nadminuvanje-na-sporot-za-imeto/feed/ 0
Кукан: Спорот за името може да се реши до јуни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kukan-sporot-za-imeto-moze-da-se-reshi-do-juni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kukan-sporot-za-imeto-moze-da-se-reshi-do-juni/#respond Thu, 19 Apr 2018 10:59:51 +0000 https://kurir.mk/?p=43082

Решавањето на спорот за името на Македонија може да се постигне пред одржувањето на седница на Европскиот совет во јуни, кога лидерите ќе ја разгледуваат препораката за почеток на преговори за членство во Унијата со Скопје. Ова во специјално интервју за „Хоризонт“ го истакнува европратеникот и известител во сенка за Македонија, Едуард Кукан, кој е и еден од покренувачите на „Жан Моне“ процесот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kukan-sporot-za-imeto-moze-da-se-reshi-do-juni/feed/ 0
Мицкоски: Владата се однесува егзибиционистички кон спорот со името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vladata-se-odnesuva-egzibicionistichki-kon-sporot-so-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vladata-se-odnesuva-egzibicionistichki-kon-sporot-so-imeto/#respond Tue, 03 Apr 2018 19:08:29 +0000 https://kurir.mk/?p=35972

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вечерашното емитување на  телевизија Телма во Топ Тема кажа дека владата на СДСМ и Заев се однесуваат егзибиционистички кон спорот со името помеѓу Македонија и Грција. Како што потенцираше Мицкоски на лидерската средба која што ја имале во минатото се договориле дека секој нареден чекор кој што ќе биде поврзан со преговорите за името, ќе бидат известени како опозиција. Но, тоа не се исполнило од страна на владата на СДСМ и Заев бидејќи сите информации ги дознавал од медиумите. -  Ќе имаме лидерска средба после Велигден и претпоставувам дека на таа средба ќе не информираат како течат преговорите. Но, она што повторно го прави егзибиционистички целиот процес е оној документ кој што Коѕијас го донесе во Македонија на 20 страни. Потоа СДСМ така брзоплето им врати документ на 5 страни и тоа го разбрав од медиумите, кажа Мицкоски. На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ има достапност до стратегијата која што грчката страна ја испратила во Македонија, и македонската стратегија во Грција, Мицкоски појасни дека тие немаат информации и не знаат ништо за тие стратегии, нарекувајќи го и овој потег егзибиционистички од страна на владата на СДСМ. Мицкоски посочи дека овој процес кој се води за спорот со името значи иднина на државата и за идните генерации, истакнувајќи дека оваа влада мора да се однесува одговорно, а не егзибиционистички како во моментот што тоа го прави. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и тој како претседател на партијата секогаш ќе бидат на страна на народот, бранејќи ги националните и државните интереси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vladata-se-odnesuva-egzibicionistichki-kon-sporot-so-imeto/feed/ 0
Виена – следен чекор кон решение за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viena-sleden-chekor-kon-reshenie-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viena-sleden-chekor-kon-reshenie-za-imeto/#respond Tue, 27 Mar 2018 06:06:23 +0000 https://kurir.mk/?p=33376

Оваа недела се очекува да биде клучна за можно поместување во преговорите за решавање на проблемот со името, со најавената средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, кои на средба во Виена во петок, заедно со посредникот на ОН Метју Нимиц, ќе се обидат да ги најдат допирните точки на двете страни. На средбата во Виена, на која што ќе присуствуваат и работните групи од двете министерства, ќе се процени досегашниот напредок во преговорите. Димитров на петочната средба во Скопје со Коѕијас најави дека по Виена, ќе отпатува за Атина на уште една средба со својот грчки колега. Димитров, инаку, изрази „претпазлив оптимизам“ по средбите со Коѕијас во Скопје. На досегашните средби е јасно дека грчката страна бара измени во македонскиот Устав, името да биде и за внатрешна и за надворешна употреба, но бара и договорот да е со непреведено име, додека „црвената линија“ за македонската страна е идентитетот. Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека на 30 март ќе знаеме во кој правец се движиме во однос на прашањето за името. - Фокусот е на 30 март кога очекувам суштина во самиот процес на преговорите, затоа што дури и кога стигнуваат текстовите тие се обично форма или рамка. Не може никој да стави нешто внатре додека нема некоја суштина во преговарачкиот процес. Очекувам дека ќе се направи следен чекор којшто ќе биде прифатлив за двете страни, рече Заев. Во меѓувреме, високи извори од грчкото МНР за „Катимерини“ изјавиле дека патот до решение може уште долго да трае. - На почетокот постоеше оптимизам дека периодот до Велигден може да доведе до конечен договор, што едноставно ќе се ратификуваше во април или мај, на начин на кој ќе одбереше секоја страна. ПЈРМ сигурно со референдум. Меѓутоа, во пракса разликите се покажаа многу посериозни од тоа што беа оценети на почетокот, не толку многу поради дипломатското растојание, туку поради сериозните политички пречки со кои што се соочуваа и двете влади во претходните месеци“, напиша „Катимерини“. Заменик министерот за надворешни работи на Грција Јанис Аманатидис, вчера за грчкото радио „Realfm“ изјави дека за одредени прашања има приближувања, за други се уште се преговара, направени се чекори, а позитивно е тоа што има политичка волја. - Постојат точки во кои постои многу добро доближување и точки за кои сѐ уште се разговара и се во преговори. Направени се чекори, постои политичка волја и од другата страна и покрај тешкотиите што постојат и во ПЈРМ, за преговорите да одат напред и ова е позитивно, вели заменикот на Коѕијас. Надеж дека што е можно побргу ќе се најде заемно прифатливо решение за прашањето за името, изрази портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос. Рече дека разговорите во Скопје биле во многу добра клима, но сепак, сѐ уште има долг пат да се помине и потребна е доста работа за постигнување договор. Тој смета дека постојат политички предуслови за решение, но останува да се најдат и техничките предуслови. Јоргос Кумуцакос, одговорен за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, пак, вели дека „како што преговорите се доближуваат до јадрото на проблемот, се појавуваат пречки и ќорсокак“. Според него, поверојатно е да има комликации, отколку решение. Вели дека прво треба да се види комплетниот предлог за решение, за НД да одлучи дали ќе поддржи евентуално решение во грчкиот Парламент. Независни Грци не отстапуваат од нивната позиција против употребата на терминот „Македонија“ во името на нашата земја. Ова, уште еднаш го повтори Мадалена Пападопулу, портпаролката на помалиот коалициски партнер во грчката Влада. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viena-sleden-chekor-kon-reshenie-za-imeto/feed/ 0
Уставни промени или меѓународен договор како гаранција за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavni-promeni-ili-megjunaroden-dogovor-kako-garancija-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavni-promeni-ili-megjunaroden-dogovor-kako-garancija-za-imeto/#respond Wed, 07 Mar 2018 07:06:54 +0000 http://kurir.mk/?p=27974

Грција и натаму останува на ставот за промена на Уставот во обидите за решавање на спорот со името, додека македонската страна бара почитување на меѓународната пракса. Македонската страна смета дека каква било промена на Уставот не подразбира и трајна гаранција за Грција. - Каква било промена во правниот систем на Македонија не значи трајна гаранција за Грција, бидејќи се што се менува може да се врати назад, порача вчера премиерот Зоран Заев. Побара држење до меѓународната пракса - меѓународни договори, ратификација во Парламентите, гласање во ОН, резолуција во ОН и смета дека сето тоа е најсериозната гаранција за Грција. - Мора да водиме грижа едни за други за да го сочувуваме достоинството на двата народа, на двете земји и на двете нации и секако зачувување на она што значи чувство, а тоа е идентитетот. Идентитетот е чувство и за него не можете да преговарате, да се ценкате. Јас верувам дека во тој дух, водејќи се внимателно  кон партнерите со кои преговараме ќе изнајдеме решение, рече Заев. Препорача да се отвори и Уставот на Грција и да видиме како тие водат грижа за Грците надвор од Грција. - Јас сум подготвен, како тие водат грижа  за Грците надвор од Грција, така и ние да водиме грижа за Македонците надвор од Македонија, соодветно исто, рече Заев. Грчката Влада останува на ставот дека потребна е промена на Уставот. Сигурно е дека уставното име треба да се промени за да може да важи условот ерга омнес, рече портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос во гостувањето во дебатна емисија на грчката државна телевизија ЕРТ. - За сложено име ерга омнес, за севкупна употреба, во секој случај предуслов е уставна ревизија, барем во однос на прашањето со уставното име. Според тоа, прашањето за промена на Уставот секако дека влегува, барем на овој степен. Останатите работи ќе се разговараат и на техничко ниво за тоа колку може да постојат толкувања на Уставот на соседната земја кои би можеле да се карактеризираат како иредентистички, но ова е прашање поврзано со толкувањето. Сигурно е дека уставното име треба да се промени за да може да важи условот ерга омнес, рече Ѕанакопулос. Појасни дека се потребни промени во македонскиот Устав, бидејќи во иднина „Уставниот суд на соседната земја може да одлучи дека Заев немал надлежност да го потпише конкретниот договор“, па затоа за Атина „единствен начин да се реши прашањето, барем, во однос на името е да има промена преку Уставот“. Според поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани , пак, перспективите за сериозно решавање на прашањето за името сѐ повеќе се намалуваат. Таа во интервју за радиото „Real fm“ вели дека грчката Влада имала вистинска можност да го реши проблемот, но со начинот на кој управувала со прашањето, сега води кон ќор-сокак. - Сакам да бидам јасна дека можноста ќе можеше да се искористи и ќе имавме позитивен резултат, ако имавме една сериозна влада. Во овој момент имаме владино мнозинство поделено во три дела, рече Бакојани. Ѕанакопулос откри дека нацрт спогодбата сѐ уште е во фаза на разработка од грчка страна, а за доставувањето до Македонија, официјално ќе биде соопштено од грчкото МНР. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavni-promeni-ili-megjunaroden-dogovor-kako-garancija-za-imeto/feed/ 0
Павлопулос: Промена на Уставот и име без иредентизам предуслови за договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pavlopulos-promena-na-ustavot-i-ime-bez-iredentizam-preduslovi-za-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pavlopulos-promena-na-ustavot-i-ime-bez-iredentizam-preduslovi-za-dogovor/#respond Mon, 05 Mar 2018 08:49:06 +0000 http://kurir.mk/?p=27434

Промена на Уставот и име кое нема да зрачи иредентизам, а ќе обезбеди три гаранции: „не“ за промена на границите, „не“ за етнички заедници вон границите и „не“ за јазик што би настојувал на права вон границите. Ова, според грчкиот претседател Прокопис Павлополус, се предусловите за решавање на спорот за името и постигнување договор меѓу Атина и Скопје. - Прво да го сменат нивниот Устав, а потоа, кога ќе стигнеме до каков било договор, во овој договор ќе има име кое нема да зрачи иредентизам. И кога велиме иредентизам мислиме на три работи: не може во никој случај ова име да подразбира промена на границите. Второ, не може ова име да упатува на етничка припадност вон границите на ПЈРМ. И трето, не може ова име да упатува на јазик надвор од границите, што би предизвикало малцински права и во оваа област. Овие три работи се факт, изјави Павлопулос, вчера од грчката општина Пиндас-Колиндру, каде што беше прогласен за почесен граѓанин. Како што јави дописникот на МИА од Атина, Павлопулос потенцираше дека е потребна промена на Уставот како основен предуслов за решение, но и „за заштита на самиот премиер на ПЈРМ“. - Не може во моментот кога доаѓаат да се договорат за компромисот кон кој и тие се стремат, да ти кажат: овој компромис ќе го направиме, но не можеме сега да го смениме Уставот, ќе го смениме во иднина. Дали е тоа демократска земја? Премиерот на оваа земја не разбира каква опасност предизвикува самиот кога изјавува дека е спремен да потпише еден договор што е спротивен со Уставот? Можете да си замислите некој лидер од Западот, од ЕУ, да кажеше такво нешто? – додаде Павлопулос, објави МИА. Според грчкиот претседател, ставот на Грција е јасен и е во согласност со меѓународното и европското право и не е „Грција одговорна доколку самите, со нивниот став, ја поткопуваат нивната НАТО и ЕУ перспектива“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pavlopulos-promena-na-ustavot-i-ime-bez-iredentizam-preduslovi-za-dogovor/feed/ 0
Скопје и Атина се позиционираат за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-i-atina-se-pozicioniraat-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-i-atina-se-pozicioniraat-za-imeto/#respond Tue, 27 Feb 2018 07:06:38 +0000 http://kurir.mk/?p=25199

Уставот е домашна книга и нема последници надвор од земјата, поради тоа нема потреба да се смени, порача вчера премиерот Зоран Заев во интервју за Еуроњуз. Тој смета дека доволна е ревизијата на Уставот од 1993 година која се направи поради чувствата на, како што рече, нашите пријатели Грците и за да се чувствуваат поудобно направена е и втора ревизија. Во однос на тоа дали и идентитетот е предмет на преговори, македонскиот премиер одговара негативно. Вели дека не постои разговор за идентитетот, односно за националноста, но постои параграф за државјанството. Во интервју за германски „Шпигел“, пак, Заев истакнува дека очекува да се најде решение со Грција и оти не може да си замисли неуспех на разговорите околу спорот за името. Повторува дека не е неопходно менување на Уставот и посочува дека евентуалниот договор може да се гарантира со меѓународен договор. Неприфатливо, како што наведува, е менување на името на државата со име кое нема да биде преведено. Актуелноста за спорот со името и вчера не ја заобиколи грчката јавност. Алтернативениот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос бара трајно и комплетно решение, кое во иднина нема да се промени и нема да остави простор за иредентизам, и дека тоа се двете карактеристики на договорот што Грција го посакува со Македонија. Додека пак, опозицијата која преку одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, упати остри критики до грчката Влада дека не ги информира ниту партиите, ниту граѓаните, за преговорите со името, а единствените информации пристигнуваат или од странство или од медиумите. Според весникот „Катимерини“, името, спектарот на употреба, јазикот, идентитетот, трговските употреби, кратенките и акронимите се седумте точки што ги содржи грчкиот предлог на нацрт спогодбата. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, овие впрочем се и точките што самиот Коѕијас ги спомена, во интервјуто за државната ТВ ЕРТ, минатиот месец, кога за прв пат откри дека Грција ќе и достави на Македонија предлог за потпишување спогодба. Весникот коментира дека идентитетот и јазикот од македонска страна се опишуваат како точки за кои не се преговара и вели дека едно прашање е дали Заев ќе го прифати предлогот на Ципрас и дека Македонија, во догледно време ќе треба да ги смени сите државни лични документи како што се лични карти, пасоши и возачки дозволи. Грчките медиуми ја коментираа и за посетата на Јункер на Македонија каде акцентот го ставаат на пораката од Јункер дека е потребно да се реши прашањето за името, но и на тоа дека по пристигнувањето во Скопје забележал дека работите се менуваат. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-i-atina-se-pozicioniraat-za-imeto/feed/ 0
Филипов: Меркел побара дискреција и брзо решение за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipov-merkel-pobara-diskrecija-i-brzo-reshenie-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipov-merkel-pobara-diskrecija-i-brzo-reshenie-za-imeto/#respond Thu, 22 Feb 2018 14:00:38 +0000 http://kurir.mk/?p=23983

Канцеларката Ангела Меркел од заедничката прес-конфернција во Берлин со македонскиот премиер Зоран Заев упати пораки на охрабрување до двете засегнати страни, македонија и Грција, да го решат прашањето за името, смета поранешниот амбасадор на Република Македонија во Германија Ѓорѓи Филипов. - Меркел ги охрабри двете земји да ги доведат преговорите до решение, кажувајќи дека разговарала и со грчкиот премиер Ципрас. И тој и Заев и рекле дека е можно наоѓање на решение. Меркел строго, но многу јасно потенцира дека преговорите или разговорите се водат премногу јавно, со што се ремети преговарчкиот процес давајќи им прилика на противниците на разговорите и на наоѓањето на решение од двата табора да го сопираат или да го насочуваат во погрешен правец, вели Филипов. Тој појаснува дека „нејзиниот став кој беше изразен повеќе како општа констатација за водење на преговори отколку како дирекнта „критика” кон двајцата шефови на влади, треба да вроди со плод и да даде резултати до мај годинава, за да можат оперативно да се спроведат некои чекори од евро-атланското приближување на РМ. Притоа, според него, таа не заборави, по кој знае кој пат, да потсети дека „компромисот што ќе се постигне ќе биде подеднакво болен за двете страни”. - И, тоа не е така заради Македонија и Грција, тука заради законите на преговарање што мора да се почитуваат доколку се сака да се изнајде решение за одредено прашање со преговори. На прес-конференцијата таа кажа дека таквото место (прес-конференција) не е место на кое би требало да се откриваат детали од преговорите, за кои, ете после  толку време, можно е нешто и вистинско да се случи. Притоа нагласи дека „брзањето” и „работа под притисок”  не се гаранција за изнаоѓање на најпогодно решение, вели Филипов во коментар за МИА. Смета дека Берлин не е инволвиран во решавањето на спорот за името. - Не сметам дека Германија „зад кулисите” игра одредена улога. Таа ја игра улогата отворено, како што видовме, се разбира имајќи свесност за реалниот распоред на нештата и земајќи ги предвид интересите на двете земји, особено дека едната земја (Грција) е членка на двете организации, каде што другата членка (Македонија), сака да влезе, и каде што важат принципите на комплетна согласност на сите веќе постоечки членки, за влез на членките аспиранти. Би додал само дека како и досега Меркел го употребуваше името Македонија и придавката македонски, а овој пат, на прес-конференцијата, тоа го повтори невообичаено голем број пати, па некои од присутните се прашуваа дали тоа евентуално нешто значи, подвлекува амбасадорот Филипов. Според она што тој имал можност да ги прегледа реакциите, а и од реакциите на негови пријатели од Грција посетата на Заев, неговите изјави и изјавите на канцеларката Меркел се позитивно прифатени и влеваат надеж дека е можно нешто вистинско да се случи. - Тука ја додавам и свесноста дека ниту едно екстремно барање на било која од страните нема да биде прифатено од спротивната страна и дека и двете страни еднакво ќе жалат и еднакво ќе се радуваат на евентуалното решение на спорот, наведува Филипов. Инаку, средбата на премиерот Зоран Заев со сојузната кацеларка Ангела Меркел, вели, очигледно, поминала во срдечна и искрена атмосфера, на која биле разменети мислења по многу прашања, а најмногу внимание покрај изгледите за зачленување на Македонија во НАТО, односно отпочнување на преговорите со ЕУ, и било дадено на економската соработка. Германија, нагласува Филипов, е најважен економски партнер на РМ со размена од 3.155 милијарди евра, а речиси 60 отсто од вкупниот извоз на Македонија во ЕУ е извоз во Германија. Секако дека улогата на Германија во Европската централна банка, во Светската банка и во ММФ е голема, оттаму и надворешната финансиска кредитна поддршка на земјата зависи многу и од оваа земја. Самите случувања со најновите позајмувања на РМ од надворешни извори, посочува тој, говорат дека РМ повторно добива поткрепа на овој план. Меркел го нагласила значењето на Берлинскиот процес за целиот регион на Западен Балкан, првенствено од економска, а потоа и од  политичка гледна точка. - Сметам дека посетата ќе придонесе за забрзување на некои процеси околу одобрување на средствата за економска поддршка на проекти од значење за Македонија и соседите, како што е на пример автопатот и пругата со Бугарија и сличните врски со Албанија, како и довршување на комплетното поврзување со автопат помеѓу Македонија и Србија и Македонија и Грција. Меркел призна дека до исплатата на средствата се доцни поради бавната администрација на проектите во Брисел, вели во изјавата за МИА амбасадорот Ѓорѓи Филипов. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipov-merkel-pobara-diskrecija-i-brzo-reshenie-za-imeto/feed/ 0
Грчка министерка смета дека преговорите се во идеален моментум за решение https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchka-ministerka-smeta-deka-pregovorite-se-vo-idealen-momentum-za-reshenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchka-ministerka-smeta-deka-pregovorite-se-vo-idealen-momentum-za-reshenie/#respond Sun, 18 Feb 2018 12:28:13 +0000 http://kurir.mk/?p=22662

Грчката министерка за административна реконструкција смета дека преговорите меѓу Македонија и Грција се наоѓаат во идеален моментум, наспроти тврдењата на лидерот на опозициската Нова демократија дека во овој момент нема околности за решение. Олга Геровасили, во интервју за грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ, вели дека грчката влада ги користи создадените услови, јавува дописникот на МИА од Атина. - Во овој момент, преговорите се во тек под покровителство на Обединетите нации. Се прават значителни напори и од двете страни. И покрај она што го кажува Мицотакис, моментумот е идеален. И ја користиме оваа ситуација, како што би направила секоја одговорна влада, покажувајќи разумност, преговарачки способност, а имајќи ја како единствен водечки критериум, одбраната на нашите национални интереси, вели Геровасили. Таа ги повтори грчките позиции за сложено име, ерга омнес и објасни дека ако не се постигне конечно решение, тогаш ќе се случи она што ги плашело оние кои излегле на протестите во Грција. - Денес над 100 земји, ПЈРМ ја имаат признаено како „Македонија“. Сакаме ова да остане вака? Нѐ интересира да се реши името, што е катализатор за целосна нормализација на билатералните односи? Или сакаме прашањето да се влече уште 20 години, како што предложи господинот Мицотакис?, прашува грчката министерка во интервјуто, упатувајќи критики до опозициската Нова демократија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchka-ministerka-smeta-deka-pregovorite-se-vo-idealen-momentum-za-reshenie/feed/ 0