спор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Jun 2022 12:10:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 БНР: До крајот на денот францускиот предлог за Македонија ќе биде испратен до бугарската влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bnr-do-krajot-na-denot-francuskiot-predlog-za-makedonija-kje-bide-ispraten-do-bugarskata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bnr-do-krajot-na-denot-francuskiot-predlog-za-makedonija-kje-bide-ispraten-do-bugarskata-vlada/#respond Thu, 16 Jun 2022 12:10:01 +0000 https://kurir.mk/?p=691680

Француската амбасадорка во Бугарија Флоранс Робин денеска имаше средба со пратеници од Групата за пријателство со Франција во бугарскиот Парламент. На средбата која не беше официјално најавена, учествуваа и претставници на опозицијата, јави дописникот на МИА од Софија. Како што пренесе Бугарското национално радио, се очекува во текот на денов и официјално да биде испратен до бугарската влада францускиот предлог за отстранување на ветото наметнато од Бугарија на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Францускиот предлог, кој ќе биде испратен до сите земји-членки на ЕУ, според објавените неофицијални информации, предвидува укинување на ветото, а ЕУ да стане гарант дека Скопје ќе ги исполни условите на Софија. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bnr-do-krajot-na-denot-francuskiot-predlog-za-makedonija-kje-bide-ispraten-do-bugarskata-vlada/feed/ 0
Османи очекува да се усогласат ставовите во Бугарија бидејќи „топката“ е таму, порача да не се наседнува на провокации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-ochekuva-da-se-usoglasat-stavovite-vo-bugarija-bidejkji-topkata-e-tamu-poracha-da-ne-se-nasednuva-na-provokacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-ochekuva-da-se-usoglasat-stavovite-vo-bugarija-bidejkji-topkata-e-tamu-poracha-da-ne-se-nasednuva-na-provokacii/#respond Wed, 18 May 2022 10:35:09 +0000 https://kurir.mk/?p=678345

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се уште е на констатацијата дека „топката“ е во Бугарија и според него таму треба да се консолидираат ставовите по однос на тоа што понатаму со процесот меѓу Скопје и Софија. – Ние тоа што го имавме го кажавме на сите средби, дури го формализиравме во различни документи, така што ние не работиме на нешто ново од тоа што досега го разговараме. Очекуваме Република Бугарија да има консолидиран став на Владата по однос на тоа што понатаму со овој процес. За жал, комуникација има, но конкретни разговори, се додека не го слушнеме тој консолидиран став од Бугарија немаме, изјави министерот Османи одговарајќи на новинарско прашање на денешната тематска конференција за Преспа Форум за Дијалог 2022. Министерот негира дека се подготвуваат или разгледуваат конкретни предлози и теми. – Мислам дека и тие знаат дека не може процесот да се врзе така директно, односно да се предуслови почетокот на преговори со финализирање на уставните измени, мислам дека има добар предлог на маса кој е компромисен меѓу нивното барање тоа да се заврши пред и нашето барање да биде пред самото членство и мислам дека предлогот што е на маса е добро решение. Мислам дека и во Република Бугарија се свесни за тоа, повеќе мислам дека е прашањето на не консолидирање на ставот таму за да може да се комуницира до нашето МНР, рече Османи. Прашан да ја коментира изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека „нема да дозволи македонизам да влезе во ЕУ“, Османи потенцира дека има чинители во Бугарија кои се обидуваат преку провокации и блокади да направиме грешка во последните недели од циклусот. – Има чинители во Бугарија, не можам конкретно да го апострофирам Радев, кои не само што сакаат блокадата да продолжи, туку по можност вината да е наша пред светот и затоа има обиди за блокада и провокации, за да наседнеме, да направиме грешки во последните недели од овој циклус и ако не само ние, барем да бидеме изедначени на масата пред ЕУ како заеднички виновни. Досега е црно бела состојбата. Република Северна Македонија нема ниту една забелешка од кого било по однос на пристапот во овој процес, сите велат, вклучувајќи ги 26-те на масата завчера, дека топката е во Бугарија, вели Османи. Според него, многу е важно овие денови и недели да бидеме внимателни да не наседнеме на провокациите кои имаат за цел и да сме блокирани и да сме виновни за тоа. – Наша цел е да се деблокираме, да изградиме коректни односи со Бугарија, така што ќе продолжиме конструктивно во наредниот период, а таквите провокации ги отфрламе и осудуваме, рече Османи. Коментирајќи ја изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел, дека доколку до 30 јуни Северна Македонија и Албанија не ги почнат преговорите, регионот би можел да влезе во криза, Османи оцени дека „станува збор за криза на кредибилитет“. – Сите анкети на јавно мислење покажуваат дека довербата дека ЕУ може да стои зад својот збор паѓа на земја, кај нас е падната на 9 отсто. Да не се разбереме погрешно, не е тоа поддршката за членство во ЕУ, таа е висока кај нас. Но, дали тоа што го збори Унијата може да го испорача, граѓаните ја губат довербата, а силата на европската порака е во довербата, потенцира Османи. ЕУ, вели тој, го трансформираше регионот токму преку кредибилитетот на својата порака. – Основната формула овие 20 години беше ако вие испорачате и ние ќе испорачаме. Ако се губи довербата во линкот меѓу „вие испорачувате, ние испорачуваме“, тогаш ослабнува влијанието на ЕУ во регионот, а во геополитиката вакуум нема, ако ослабнува едното се зајакнува другото. Без влијание не останува ниту еден регион во геополитиката и затоа Борел и сите се вознемирени бидејќи во засложништво е најуспешната политика на ЕУ во последните 75 години, а тоа е политиката на проширување. Е таа политика е ставена под заложништво и тука веќе не е само наша битка за европска судбина, туку битка за самата ЕУ, смета Османи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-ochekuva-da-se-usoglasat-stavovite-vo-bugarija-bidejkji-topkata-e-tamu-poracha-da-ne-se-nasednuva-na-provokacii/feed/ 0
Борел: Ако не се реши спорот меѓу Скопје и Софија пред јули, ќе бидеме во длабока криза со регионот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-ako-ne-se-reshi-sporot-megju-skopje-i-sofija-pred-juli-kje-bideme-vo-dlaboka-kriza-so-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-ako-ne-se-reshi-sporot-megju-skopje-i-sofija-pred-juli-kje-bideme-vo-dlaboka-kriza-so-regionot/#respond Mon, 16 May 2022 18:19:12 +0000 https://kurir.mk/?p=677527

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека поставува временска рамка за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, до крајот на француското претседателство, на 30 јуни, јави дописничката на МИА од Брисел. Борел ова го изјави вечерва на прес – конференцијата по Министерскиот совет за надворешни работи, на кој се одржа и посебна седница со министрите за надворешни работи од Западен Балкан за прв пат. -Длабоко навлеговме во прашањето за односите со Бугарија, кое го блокира процесот, за време на дебатата помеѓу земјите членки на ЕУ, и ова е нешто што мора да биде надминато, има политичка волја во Советот за да се избегне криза што би се случила ако не се реши до крајот на француското претседателство ставам временски рок. Ако не се случи ќе имаме сериозна криза во односите со земјите од Западниот Балкан, и ќе продолжиме да вршиме притисок врз двете страни да се изнајде решение, изјави Борел вечерва од Брисел. Тој потсети и дека Северна Македонија, заедно со Албанија и Црна Гора, се целосно усогласени со надворешната политика на ЕУ и со санкциите на ЕУ против Русија, како и дека Северна Македонија и Албанија се наоѓаат на списокот на непријателски земји на Москва. Сево ова, посочи, ќе има цена. -Треба да започнеме преговори со Северна Македонија и Албанија, и се надевам, повеќе од надеж и желба, дека тоа ќе се случи за време на француското претседателство, сметаме дека ова одлагање е неодржливо, рече Борел, додавајќи и дека двете земји ги исполнуваат сите услови што се бараат од нив, и ако немаат перспектива за ЕУ тоа ќе ја чини Европа многу во смисла на кредибилитет, а ќе претставува и подарок за Русија. За Борел процесот на кандидатура на Украина не е поврзан со процесот на проширување кон Западен Балкан. На прашање дали се разгледува економска и финансиска помош за Северна Македонија и регионот поради последиците што ги трпат овие земји, Борел истакна дека не влегле во детали на оваа тема денеска. -Знаеме дека Северна Македонија и други ќе имаат потреба од макрофинансиска помош, ќе го инкорпорираме Западниот Балкан во нашиот одговор на кризата, но да бидам искрен, не навлеговме во ниту едно прашање за компензации или макрофинансиска помош поради санкциите специфично, порача Жозеп Борел. Тој претходно повика да не се смета кризата како последица од санкциите, туку од војната на Русија, и оцени дека треба да води битка во делот на „наративот“ околу санкциите, исто така. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-ako-ne-se-reshi-sporot-megju-skopje-i-sofija-pred-juli-kje-bideme-vo-dlaboka-kriza-so-regionot/feed/ 0
Мицкоски за спорот со Бугарија: Од тоа „ајде само уште ова“ грлото ни е преполно со кнедлите што ги голтнавме, а таму во Европа обезличени не се оди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-sporot-so-bugarija-od-toa-ajde-samo-ushte-ova-grloto-ni-e-prepolno-so-knedlite-shto-gi-goltnavme-a-tamu-vo-evropa-obezlicheni-ne-se-odi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-sporot-so-bugarija-od-toa-ajde-samo-ushte-ova-grloto-ni-e-prepolno-so-knedlite-shto-gi-goltnavme-a-tamu-vo-evropa-obezlicheni-ne-se-odi/#respond Wed, 06 Apr 2022 19:14:23 +0000 https://kurir.mk/?p=659391

Навистина е нејасно зошто се радува Бугарија, а Владата на Македонија молчи. Нејасно е и на што се должеше тоа што двете страни го опишуваат како придвижување во разговорите, за да на крај ни кажат дека договориле заедничко чествување на Цар Самоил. А истово ова го соопшти и Заев дека го договорил уште пред 2 години, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во говорот пред Унијата на млади сили во врска со спорот со Бугарија. Мицкоски вели дека сега власта играјќи на картата на кратко помнење на народот сакаат да ни кажат дека треба повторно да се радуваме за продавање на работа која веќе ја продале во 2019-та година. - А воедно кога ќе го прашаат Ковачевски кога датум за преговори со ЕУ? Тој ќе одговори, не робувал на датум. Може Ковачевски не робува на датуми ама изгледа и не робува и на ветувања, затоа што партијата чијшто претседател е, дојде на власт со ветување дека ЕУ ќе дошла веднаш и сега. А гледаме дека со СДСМ нема ниту ЕУ, а нема ниту иднина, туку само криминал и тендери, рече Мицкоски. Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ за прашањето со Бугарија има многу јасни позиции, и е против каков било чин или чекор кој ќе значи нарушување на идентитетот, јазикот или срамно решение кое ќе значи откажување од нашето историско наследство. - Ние сме за решение кое ќе ги одразува и зачувува националните и државни интереси и нема повеќе отстапки кои Владата ги опишува со реченица „Ајде само уште ова и само што не дошло подобро време“. Од тоа „ајде само уште ова“ грлото ни е преполно со кнедлите што ги голтнавме, а таму во Европа обезличени не се оди. Туку такви какви што сме Македонци, со богата историја, со свој јазик и идентитет, нагласи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-sporot-so-bugarija-od-toa-ajde-samo-ushte-ova-grloto-ni-e-prepolno-so-knedlite-shto-gi-goltnavme-a-tamu-vo-evropa-obezlicheni-ne-se-odi/feed/ 0
Николоски: Изјавата на Димитров потврдува дека СДСМ и владата имаат намера да направат национално предавство во однос на Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-izjavata-na-dimitrov-potvrduva-deka-sdsm-i-vladata-imaat-namera-da-napravat-nacionalno-predavstvo-vo-odnos-na-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-izjavata-na-dimitrov-potvrduva-deka-sdsm-i-vladata-imaat-namera-da-napravat-nacionalno-predavstvo-vo-odnos-na-bugarija/#respond Wed, 12 Jan 2022 14:48:49 +0000 https://kurir.mk/?p=618467

Тоа што го видовме денес од изјавата Димитров, јасно покажува дека СДСМ и Владата имаат јасна намера да направат национално предавство во однос на Бугарија и тоа е нешто што загрижува, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Велес, при што додаде дека Македонија има изгласана Резолуција и владата не смее да бега од неа. - Јас сум навистина загрижен, ние подолг временски период сугерираме дека се води капитулантска политика во однос на Бугарија. Мислам дека ставот на Македонија е јасен и е усогласен во Собранието и изгласан од сите пратеници со заедничката декларација која што ВМРО-ДПМНЕ ја предложи, а сите пратеници вклучувајќи ги и пратениците од СДСМ и ДУИ ја гласаа, рече Николоски. Тој посочи дека постојат големи сомнежи власта да не ја почитува Резолуцијата од причина што едно од барањата е да секаков договор или било какви заклучоци кои се во однос помеѓу односите на Македонија и Бугарија дојде на разгледување во Собрание, а владата бега од таква дијалог. - Гледаме дека владата тивко ретерира од таа работа, а исто така гледаме сервилност. На пример Слави Трифунов целосно го навредуваше македонскиот народ, јас побарав да има реакција од МНР тоа не се случи, а тоа човек чија партија е втора партија во рамки на бугарската влада, потенцираше Николоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-izjavata-na-dimitrov-potvrduva-deka-sdsm-i-vladata-imaat-namera-da-napravat-nacionalno-predavstvo-vo-odnos-na-bugarija/feed/ 0
Франција е подготвена да посредува меѓу Софија и Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/francija-e-podgotvena-da-posreduva-megju-sofija-i-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/francija-e-podgotvena-da-posreduva-megju-sofija-i-skopje/#respond Sat, 08 Jan 2022 17:30:52 +0000 https://kurir.mk/?p=617031

Француската амбасадорка во Бугарија, Флоренс Робин, изјави дека за нејзината земја прашањето за проширувањето на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е исклучително важно и како претседавач со ЕУ во првата половина на 2022 година Франција ќе понуди посредување за справување со спорот меѓу Софија и Скопје. На овој начин, како што вели во изјавата за радио Дарик, ќе може да се реши спорот меѓу двете земји и ќе се потврди европската определба на Париз. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според амбасадорката Робин, Западен Балкан е дел од Европа и е прашање на безбедност регионот да биде вклучен повеќе во политиките на ЕУ, економскиот развој и размената воопшто. Амбицијата на Франција е да ја потврди својата европска посветеност кон Западен Балкан, а особено кон Северна Македонија и Албанија. Флоренс Робин изјави дека има спорови меѓу соседните земји, и изрази уверување дека со добра волја и преку дискусии и промовирање на почитувањето на граѓанските права и почитувањето на малцинствата, тие ќе може да одговорат на овие предизвици. Според неа, навистина е важна стабилноста и одржувањето на добри односи, а „со разбирање и слушање, работите може да се средат“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/francija-e-podgotvena-da-posreduva-megju-sofija-i-skopje/feed/ 0
Мицкоски: За нас беспредметни се обидите на Бугарија да се асимилира македонскиот народ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-nas-bespredmetni-se-obidite-na-bugarija-da-se-asimilira-makedonskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-nas-bespredmetni-se-obidite-na-bugarija-da-se-asimilira-makedonskiot-narod/#respond Sat, 01 Jan 2022 18:24:01 +0000 https://kurir.mk/?p=615427

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното гостување на телевизија Алфа се осврна и на прашањето за спорот со Бугарија за што вели за нас беспредметни и будалести се обидите на Бугарија да се асимилира македонскиот народ. „Радев вели дека е едно од барањата да се вклучат Бугарите во Уставот на Македонија, што значи целата сказна нема да заврши тука. И тоа е навреда за нас и наместо да зборуваме за европски вредности ние зборуваме за национал романтични идеи. Знаете Заев даде едно интервју во кое рече дека Бугарите не се окупатори, туку администратори. Ние повикаме на протести на кои народот излезе на улица, извршивме притисок и Заев ретерираше“, рече Мицкоски. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија има и најголема одговорност. „За нас беспредметни и будалести се обидите на Бугарија да се асимилира македонскиот народ. Ценам дека со активностите ВМРО-ДПМНЕ придонесе да нема таков будалест договор. Преговори треба, ама не и асимилација“, посочи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-nas-bespredmetni-se-obidite-na-bugarija-da-se-asimilira-makedonskiot-narod/feed/ 0
Борисов: Би поддржале отстапки што би ги направила Владата на Петков кон Скопје https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-bi-poddrzale-otstapki-shto-bi-gi-napravila-vladata-na-petkov-kon-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-bi-poddrzale-otstapki-shto-bi-gi-napravila-vladata-na-petkov-kon-skopje/#respond Sat, 25 Dec 2021 09:12:06 +0000 https://kurir.mk/?p=612907

Ако бугарската Влада направи отстапки кон Македонија и ги достави до Парламентот, ние сме подготвени да ги поддржиме, изјави поранешниот бугарски премиер и лидер на најголемата опозициска партија во земјата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов во интервју за најтиржниот бугарски весник „24 Часа“. Запрашан дали планот предложен од новиот бугарски премиер Кирил Петков за формирање работни групи за дијалог со земјава би функционирал, Борисов нагласува дека може „само да му посака успех“ и „ако му треба поддршка, ќе му ја даде“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов во интервјуто потсетува дека неговата Владата го склучи Договорот за добрососедство со Македонија, потег што го оценува како „огромен чекор напред“. – За време на бугарското претседавање со ЕУ, имаше средби меѓу грчкиот и македонскиот премиер Алексис Ципрас и Зоран Заев, како и со (францускиот претседател Емануел) Макрон и други. Договорот од Преспа се роди во Софија, како можност по Договорот со Бугарија, потенцира Борисов, говорејќи за постигнувањата на неговата Влада. Според Борисов, тогаш на земјава и било кажано дека има „две-три теми што треба да се решат – малцинствата, да се смени Уставот, да се разјасни историјата – и потоа да продолжи понатаму“. – Бугарија во никој случај не ја запре Македонија, тврди Борисов, додавајќи дека „не е можно да се влезе во ЕУ и да се внесат проблеми“, па затоа Софија „само ги успорила“ Скопје и Тирана. Борисов во интервјуто нагласува и дека му посакува на новиот бугарски владин Кабинет да води добри преговори со земјава и ако неговата Влада нешто згрешила да го исправи тоа. – За Бугарија ќе биде подобро Македонија и Албанија да бидат дел од ЕУ, дециден е Борисов. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-bi-poddrzale-otstapki-shto-bi-gi-napravila-vladata-na-petkov-kon-skopje/feed/ 0
Димитров смета дека за решението со Бугарија треба да се разговара и во Собранието, Николоски вели дека има недостиг од здрава дебата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-smeta-deka-za-reshenieto-so-bugarija-treba-da-se-razgovara-i-vo-sobranieto-nikoloski-veli-deka-ima-nedostig-od-zdrava-debata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-smeta-deka-za-reshenieto-so-bugarija-treba-da-se-razgovara-i-vo-sobranieto-nikoloski-veli-deka-ima-nedostig-od-zdrava-debata/#respond Tue, 21 Dec 2021 14:39:14 +0000 https://kurir.mk/?p=611263

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров смета дека секое решение до кое би дошле Македонија и Бугарија, а кое би овозможило кревање на бугарското вето за почеток на преговори на земјава со ЕУ, би требало да дојде пред пратениците во Собранието. Со ова се согласија и пратениците од опозицијата и власта кои денеска на седница на собранискиот Национален совет за евроинтеграции расправаа за заклучоците на Советот за општи работи на Европската унија за проширувањето. -Мое лично уверување е дека ова прашање е прашање на нацијата и државата и ги надминува интересите на една или на друга влада или на една или друга опозиција. Со оглед на тоа што во коалицискиот договор на новата бугарска Влада проминентно место има и Собранието во Софија каде секое евентуално решение ќе оди на дебата, а исто така имајќи ја предвид и резолуцијата донесена во нашето Собрание каде се утврдуваат црвените линии по ова прашање од највисок национален интерес мислам дека има логика и ќе го зголеми легитимитетот доколку и ние чекор по чекор изградиме политичка атмосфера во насока дека какво било решение, што мора да биде европско и достоинствено, ќе дојде на дебата и на некаква валидација во нашиот Парламент, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров. Соња Мираковска од НСДП се согласува со вицепремиерот Димитров, и додава дека во решавањето на спорот со Бугарија од ЕУ се бара да бидат изричито почитувани човековите права и правото на самоопределување. Права, кои, како што нагласи, нам ОН како и на сите други нации им ги дава. Според неа, само на тој начин може да се реши спорот. – Тоа е единствениот начин да почнеме по патот кон Европската Унија. Мислам дека можеме, но на тој пат, да ве замолам да бидеме единствени. Се согласувам со она што го кажа Димитров, а и дел од колегите од опозицијата – да, овде во Собранието ќе мора да се расправа за чекорите кои се прават и тука треба да се донесат важните одлуки. Процесот треба да биде потранспарентен, се разбира онолку колку се може и пратениците треба да знаат што се случува, рече Мираковска. Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николовски, кој е пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во расправата истакна дека недостига здрава дебата и здрав консензус меѓу политичките партии, дека се злоупотребува процесот на пристап на земјава во ЕУ од страна на власта. -Бесрамно тој процес се злоупотребува континуирано со цел одредени политички структури да останат на власт, но и да се отворат нови процеси како Отворен Балкан, кои имаат пред себе многу прашалници за кои нема одговори, а се однесуваат на иднината на државата и на регионот и стабилноста на границите, рече Николоски. Во врска со спорот со Бугарија, Николовски нагласува дека има впечаток оти не постои посериозен притисок врз Бугарија. -Постои декларативен пристисок и на зборови, тоа го гледаме сите, но, сериозен политички притисок врз Бугарија не гледаме во изминативе години. Затоа можам да се согласам со Димитров дека какво било решение треба да дојде и да се усвои во македонското Собрание, но, прашањето кое ми се поставува е дали ќе има било какво решение бидејќи нема притисок врз другата страна. Ако се очекува дека решението ќе е само со конкретен притисок со нашата страна мислам дека тоа се нереални очекувања, рече Николовски. Пратеникот Антонио Милошоски смета дека земјава и со последните заклучоци на Советот на ЕУ не го добила она што го заслужува од 2009 година. Ако пред неколку години изговор беше соседна Грција, нагласи, сега изговор е соседна Бугарија. – Иако се смета дека ова не е координирано или дека се самостојни потези на поедини соседни земји членки, сметам дека тоа е во една добра дискретна координација со повлијателни актери во ЕУ, затоа што процесот на проширување очигледно е дека во последните 10 години не е, барем не за сите, приоритетен или суштински процес на ЕУ, рече Милошоски. Тој не е оптимист дека нешто ќе се промени во оваа насока во наредната година. Затоа, нагласи, сите заедно треба да работиме да се исполнат рефорите и да се постигне напредок, за кога ќе нема политички опструкции земјава да ги почне преговорите без кој било дÐ ° има реална замерка дека ништо не сме исполниле од условите. Пратеникот Арбер Адеми од ДУИ смета дека решение за спорот со Бугаија може да има, ако има волја на двете страни. -Мојот став е дека со политичка волја на двете страни билатералниот спор со Бугарија би можел да се реши доколку ги надминеме разликите за време на француското претседавање со Унијата кое почнува во јануари следната година, рече Адеми додавајќи дека тоа не би било во интерес само на нашата земја, туку и на Европската унија. Побара заедно да се работи на овој процес, а не тој да се претвора во политиканство и можност за добивање политички поени. Земјите-членки на ЕУ на заседанието на Советот за општи работи (ГАК) на 14-ти овој месец, не постигнаа договор за одржување на првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија до крајот на оваа година и покрај јавно изнесените надежи на словенечкото претседателство за старт на преговорите со двете земји годинава. Во заклучоците од состанокот изостана временската одредница „до крајот на годината“ како рок за одржување на првите меѓувладини конференции со Скопје и Тирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-smeta-deka-za-reshenieto-so-bugarija-treba-da-se-razgovara-i-vo-sobranieto-nikoloski-veli-deka-ima-nedostig-od-zdrava-debata/feed/ 0
Дали Заев планира да остави ЕУ да го реши спорот со Бугарија, а како дел од преговорите да биде договорот за добрососедство ?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-zaev-planira-da-ostavi-eu-da-go-reshi-sporot-so-bugarija-a-kako-del-od-pregovorite-da-bide-dogovorot-za-dobrososedstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-zaev-planira-da-ostavi-eu-da-go-reshi-sporot-so-bugarija-a-kako-del-od-pregovorite-da-bide-dogovorot-za-dobrososedstvo/#respond Thu, 18 Nov 2021 15:40:27 +0000 https://kurir.mk/?p=597035

Пред официјалното напуштање на премиерската функција Зоран Заев подготвува решение на спорот со Бугарија кое повторно ќе биде на штета на Македонија и на македонските национални интереси. Како што дознава „Република“, планот на Заев е решавањето на отворените прашања со Бугарија да и го остави на Европската унија и Договорот за добрососедство да влезе во преговарачката рамка. Со други зборови, спорот со источниот сосед, од билатерален ќе стане европски што никако не ни одговара. Што предвидува планот на Заев? Договорот за пријателство ќе влезе во делот за добрососедските односи а Бугарија во знак на добра волја ќе се согласи Македонија да ги почне преговорите. Бугарија со тоа нема ништо да загуби, напротив ќе излезе кооперативна и во очите на Европа ќе биде пофалена дека дозволила Македонија, а со тоа и Албанија да ги почне преговорите. Сите отворени прашања, во однос на толкувањето на историјата, јазикот, внесувањето на Бугарите во Уставот, ќе треба да се решаваат во текот на преговорите а Бугарија ќе може да стави рампа кога сака.Но, тоа нема да биде грижа на Заев туку на неколку влади после него бидејќи преговорите ќе траат најмалку десетина години. Бидејќи малку е веројатно Бугарија да избере нова влада до 14 декември за кога е закажан Самитот на ЕУ, ветото за Македонија ќе го тргне претседателот Румен Радев. Заев и ЕУ тоа ќе го претстават како голема победа со што ќе ги оправда сите игри со пропаднатиот обид за гласање недоверба на владата. Дознаваме и дека се разработува посебна стратегија од „пиарџиите“ на Заев како тоа да се „продаде“ на јавноста за премиерот да испадне херој кој ги решава отворените прашања со соседите. Откако и тоа ќе биде исполнето, Заев навистина планира да се повлече од премиерката функција на почетокот на следната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-zaev-planira-da-ostavi-eu-da-go-reshi-sporot-so-bugarija-a-kako-del-od-pregovorite-da-bide-dogovorot-za-dobrososedstvo/feed/ 0