споредба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 01 Aug 2020 13:42:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png споредба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонците плаќаат најскапа струја ако се споредува со просечната месечна плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedoncite-plakjaat-najskapa-struja-ako-se-sporeduva-so-prosechnata-mesechna-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedoncite-plakjaat-najskapa-struja-ako-se-sporeduva-so-prosechnata-mesechna-plata/#respond Sat, 01 Aug 2020 13:42:16 +0000 https://kurir.mk/?p=384812

Граѓаните на Македонија плаќаат втора најскапа струја во Европа, доколку се споредува цената на струјата со просечната месечна плата. На овој графикон може да се видат податоците од анализите и истражувањата на светските агенции во сооднос на цени на електричната енергија и процент од средна плата. Со овие податоци паѓаат во вода изјавите на владините претставници, но и владејачката СДСМ, дека Македонија има најниска цена на струјата во цела Европа и затоа не треба да не загрижува покачувањето. Имено вчера Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која цената на струјата се зголемува за 7, 4%. По ваквата одлука јавноста, односно граѓаните, експертите, аналитичарите, жестоко реагираа на социјалните мрежи. -Одлуката на Регулаторна комисија да ја зголеми цената на струјата е скандалозна, а уште поскандалозно е тоа што владејачката партија не’ уверува дека сме глупи – демек имаме најниска цена во Европа. За тоа дека имаме најниска цена во Европа, имаше одлични споредби и поенти дека треба да се споредува цената на струјата со просечната месечна плата. Така споредено излегува дека имаме меѓу најскапа струја во Европа. Образложението на Регулаторна комисија е скандалозно бидејќи се вели дека треба да се покријат загубите на фирмите што се во бизнисот со струјата. Браво мајстори. Од коронавирусот страдаат само фирмите во овој бизнис и сега треба сите ние како граѓани и фирми да ги покриваме!!!????, пишуваат стопанствениците на социјалните мрежи. На поскапувањето на цената на струјата реагираше и економскиот аналитичар и поранешен советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ, укажувајќи дека другите држави за време на криза ги намалувале трошоците за граѓаните. -Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки. Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци. Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас. Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%. Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци. Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа, напиша Јовановиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedoncite-plakjaat-najskapa-struja-ako-se-sporeduva-so-prosechnata-mesechna-plata/feed/ 0