спортисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 02 Apr 2023 08:33:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спортисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во војната загинаа и 262 украински спортисти, изјави украинскиот министер за млади и спорт Вадим Хутсаит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vojnata-zaginaa-i-262-ukrainski-sportisti-izjavi-ukrainskiot-minister-za-mladi-i-sport-vadim-hutsait/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vojnata-zaginaa-i-262-ukrainski-sportisti-izjavi-ukrainskiot-minister-za-mladi-i-sport-vadim-hutsait/#respond Sun, 02 Apr 2023 08:33:18 +0000 https://kurir.mk/?p=818993

Војната на Русија против Украина досега ги однесе животите на 262 украински спортисти и уништи 363 спортски објекти, изјави украинскиот министер за млади и спорт Вадим Хутсаит. На средбата со претседателот на Меѓународната гимнастичка федерација, Моринари Ватанабе, украинскиот министер кажа дека на ниту еден руски спортист не смее да му се дозволи да учествува на Олимпијадата или на други спортски натпревари,пренесе Хина. -Сите тие ја поддржуваат оваа војна и присуствуваат на настани што се одржуваат за поддршка на војната, изјави Хутсаит, а пренесе Интернет-страницата на претседателот Володимир Зеленски. Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) препорача постепено враќање на руските и белоруските спортисти на меѓународните натпреварувања, како неутрални натпреварувачи, иако се уште нема одлучено за нивното учество на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Украина во петокот соопшти дека на нејзините спортисти нема да им биде дозволено да учествуваат во квалификациите за Олимписките игри во 2024 година доколку мораат да се натпреваруваат против Русите, одлука што ја критикуваше ИОК. Бројката на загинати украински спортисти или уништени спортски објекти засега не може да се провери од независни извори. По инвазијата на Русија врз Украина на 24 февруари 2022 година, голем број украински спортисти доброволно го земаа оружјето за да ја одбранат својата земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vojnata-zaginaa-i-262-ukrainski-sportisti-izjavi-ukrainskiot-minister-za-mladi-i-sport-vadim-hutsait/feed/ 0
Карбинци годинава ќе ги поддржи спортистите и клубовите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/karbintsi-godinava-ke-gi-poddrzhi-sportistite-i-klubovite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/karbintsi-godinava-ke-gi-poddrzhi-sportistite-i-klubovite/#respond Tue, 07 Feb 2023 14:16:45 +0000 https://kurir.mk/?p=797332

Општина Карбинци и годинава ќе издвои средства за поддршка и развој на спортот. Градоначалникот Виктор Паунов истакна дека дополнително се инвестира и во изградба и реконструкција на нови спортски игралишта на територијата на општината. -Во изминатава 2022 година општината издвои 1.300.000 денари за поддршка во спортот на повеќе основи. Вложивме во општинскиот фудбалски клуб и еден дел во боречките клубови во Карбинци. Оваа година издвоивме исто толку средства, но се надевам дека ќе ги зголемиме, но и јавно повикувам општествено одговорни компании од територија на Општина Карбинци да се вклучат во помагање на спортските клубови, за афирмација на спортот во општината, рече Паунов. Тој најави и дека првпат оваа година манифестацијата „Спортист на годината“ за 2022 година ќе се одржи и во Општина Карбинци. Признанија и награди ќе се доделат на спортисти, спортски клубови и важни личности во спортот во Општина Катбинци за претходната година, а целта е да се развие спортот во општината. -Утре, среда, од 18 часот, првпат во Општина Карбинци ќе се организира манифестацијата „Спортист на годината“, ќе се доделат признанија на повеќе важни личности, од повеќе спортски клубови во Општина Карбиници, додаде Паунов. Очекува оваа манифестација да прерасне во традиција во Општина Карбинци. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/karbintsi-godinava-ke-gi-poddrzhi-sportistite-i-klubovite/feed/ 0
Десетина спортисти се водат за исчезнати во турскиот земјотрес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-sportisti-se-vodat-za-ischeznati-vo-turskiot-zemjotres/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-sportisti-se-vodat-za-ischeznati-vo-turskiot-zemjotres/#respond Mon, 06 Feb 2023 18:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=796918

Турските медиуми јавија вечерва дека најмалку 16 спортисти се водат за исчезнати по разорниот земјотрес што денеска ја погоди Турција. Според истите извори, спасувачките екипи трагаат под урнатините во градот Хатаја по 14 одбојкарки од локалниот клуб. Одбојкарките се наоѓале во станбен објект што се урнал како последица на силниот земјотрес. Под урнатините се наоѓа и фудбалерот на турскиот прволигаш Хатајаспор, Кристијан Атсу. Хатајаспор во неделата вечер ја совлада на домашен терен Касимпаша со 1-0, а Атсу беше стрелец на единствениот гол во 97. минута. Дел од турските медиуми јавија дека голманот на Малатисјапор, Ахмет Ејуп Туркаслан, загинал, но претседателот на турскиот второлигаш Ахмет Јаман ја демантираше информацијата. „Веста дека Ахмет Ејуп Туркаслан е мртов не е вистина. Се случи уште еден земјотрес додека спасувачките акции беа во тек. Затоа тимовите се повлекоа. Се надеваме дека ќе добиеме добри вести“, рече Јаман. Повеќе од 1.000 луѓе загинаа во Турција во земјотресот што со јачина од 7.8 степени според Рихтер ја погоди земјата во во близина на границата со Сирија. Турските власти соопштија дека по разорниот земјотрес што се случил рано изутрината, регистрирани се над 100 последователни потреси, од кои три биле со јачина од 6.0 степени според Рихтеровата скала.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-sportisti-se-vodat-za-ischeznati-vo-turskiot-zemjotres/feed/ 0
МОК бара Владата да го разреши Мојсовски: Незаконските дејанија се пракса во работењето на раководството на АМС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mok-bara-vladata-da-go-razreshi-mojsovski-nezakonskite-dejanija-se-praksa-vo-raboteneto-na-rakovodstvoto-na-ams/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mok-bara-vladata-da-go-razreshi-mojsovski-nezakonskite-dejanija-se-praksa-vo-raboteneto-na-rakovodstvoto-na-ams/#respond Fri, 03 Feb 2023 12:12:55 +0000 https://kurir.mk/?p=795696

Македонскиот олимписки комитет со јавно писмо и се обрати на Владата и вицепремиерката Славица Грковска, а во врска со работењето на Агенцијата за млади и спорт. -Согласно својата позиција и одговорност, должни сме да предупредиме дека и покрај општото јавно мнение и незадоволство од начинот на распределба на финансиските средства од страна на АМС во целост поткрепени со наодите на Комисијата за спречување на корупција и дефинитивно потврдено и докажано со заклучоците во Конечниот Извештај на Државниот завод за ревизија каде негативно е оценета работата на АМС по сите точки и основи, раководството на истата во ист и непроменет состав продолжува со истите криминални практики. Почитувана Г-ѓа Грковска, во изминатиов период во повеќе наврати со задоволство ги слушавме Вашите излагања во кои цврсто и одлучно повикувавте на неселективно доследно применување на принципите на одговорност, отчетност, транспарентност и добро владеење и управување со јавните финансиски средства за сите носители на јавни функции. Веруваме дека со должно внимание сте го прочитале Конечниот Извештај на Државниот завод за ревизија каде прецизно се констатирани сите незаконски дејанија кои за жал се пракса во работењето на раководството на АМС. Внимавајте, се работи за милионски суми распределени без никаква контрола и механизми. Дополнително, веруваме дека Ве загрижува фактот што од страна на Агенција за заштита е правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, АМС е рангирана на катастрофално 115 од 120 места како крајно нетранспарентна организација, што само по себе многу кажува!! Дојде време да покажете на јавна сцена пред сите нас кои работиме и живееме за и во спортот, дали Вашите зборови и заложби имаат суштина или се само празни политички флоскули. Согласно ова, ја повикуваме Владата и Вас лично како најодговорен функционер за оваа сфера, да го исполните јавно даденото ветување за чесно, одговорно и транспарентно работење на од Вас избраните и поставени функционери и да го разрешите директорот и комисиите поставени од него и да назначите нови, чесни и професионални лица кои доследно ќе го применуваат законот, правилниците и критериумите за доделување на средства на сите спортски субјекти. Со оглед на тоа што во моментов тече постапката за доделување на ваучери за 2023 година, бараме ИТНО ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА, се до именувањето на новите членови на Централната комисија. Одговорноста за брза и ефективна реакција е Ваша и е исклучиво во Ваши раце и нема простор за префрлање на вината кај нефункционалниот судски систем. Македонските спортисти тоа го заслужуваат, се вели во јавното писмо од МОК потпишано од претседателот Даниел Димевски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mok-bara-vladata-da-go-razreshi-mojsovski-nezakonskite-dejanija-se-praksa-vo-raboteneto-na-rakovodstvoto-na-ams/feed/ 0
Ова се најуспешните македонски спортисти годинава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nasha-gordost-ova-se-najuspeshnite-makedonski-sportisti-godinava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nasha-gordost-ova-se-najuspeshnite-makedonski-sportisti-godinava/#respond Tue, 27 Dec 2022 21:18:42 +0000 https://kurir.mk/?p=781399

Во организација на Агенцијата за млади и спорт, традиционално на крајот на годината се прогласуваат најуспешните македонски спортисти. На свечена церемонија вечерва во Скопје прогласени се спортистите на 2022 година во следниве категории: Спортист на годината: Владимир Егоров – борење Спортистка на годината: Оливера Наковска Бикова – спортско пара-стрелаштво, Великан на македонскиот спорт: Кирил Лазаров – ракомет Горан Пандев – фудбал Најуспешна национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија. Најуспешен тренер/селектор: Дејан Митровски – кикбокс Најуспешен машки национален тим: македонската ракометна репрезентација Најуспешен женски национален тим: македонската ракометна репрезентација Млад спортист на годината: Петар Арсовски – бокс Млада спортистка на годината: Јадранка Темелкова – кикбокс Подвиг на годината: Марко Пејчиновски кој десет пати го преплива Охридското Езеро Харис Бекири – еверестинг – најтешко искачување Најуспешна екипа во универзитетска конкуренција: Машкиот карате тим Најуспешен клуб од средните училишта: СОУ „Нико Нестор“ од Струга Најуспешен спортски клуб од основните училишта: ОУ „Васил Главинов“ од Велес. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nasha-gordost-ova-se-najuspeshnite-makedonski-sportisti-godinava/feed/ 0
Избор на најуспешните спортистки, спортисти, спортска екипа и тренер на Град Скопје за 2022 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/izbor-na-najuspeshnite-sportistki-sportisti-sportska-ekipa-i-trener-na-grad-skopje-za-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/izbor-na-najuspeshnite-sportistki-sportisti-sportska-ekipa-i-trener-na-grad-skopje-za-2022-godina/#respond Mon, 19 Dec 2022 06:45:47 +0000 https://kurir.mk/?p=777371

Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје денеска ќе ги доделат наградите за „Избор на најуспешните спортистки, спортисти, спортска екипа и тренер на Град Скопје за 2022 година“. Изборот на најуспешните спортисти на Град Скопје ќе се одржи напладне, во Големата сала на Советот на Град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/izbor-na-najuspeshnite-sportistki-sportisti-sportska-ekipa-i-trener-na-grad-skopje-za-2022-godina/feed/ 0
Општина Гази Баба ќе доделува стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-kje-dodeluva-stipendii-na-talentirani-uchenici-i-uchenici-sportisti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-kje-dodeluva-stipendii-na-talentirani-uchenici-i-uchenici-sportisti/#respond Thu, 06 Oct 2022 08:52:04 +0000 https://kurir.mk/?p=741738

Општина Гази Баба распиша Конкурс за доделување стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти од територија на општината за учебната 2022/2023 година. Ќе бидат доделени 21 стипендија на талентирани ученици и 21 стипендија на ученици спортисти. Рокот за поднесување пријави од заинтересираните кандидати е до 15 октомври 2022. -Стипендијата изнесува 3.000 денари месечно без пресметан персонален данок. Персоналниот данок на стипендијата го пресметува и плаќа општина Гази Баба. Стипендијата се исплаќа од 1 до 5 во текот на месецот за претходниот месец, девет месеци непрекинато во текот на учебната година, почнувајќи од септември од тековната календарска година заклучно со мај од наредната календарска година, е наведено во Конкурсот. Како што соопшти градоначалникот Бобан Стефковски, целта на стипендиите е финансиска поддршка на талентираните ученици и учениците спортисти од територија на општина Гази Баба. -Како градоначалник, изминатиот период имав можност да сретнам повеќе талентирани ученици и ученици спортисти кои бележат бројни успеси, што за мене беше показател дека општината треба да преземе чекор на стипедирање на овие ученици. Ги повикувам сите оние кои ги исполнуваат условите да аплицираат, напиша Стефковски на Фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-kje-dodeluva-stipendii-na-talentirani-uchenici-i-uchenici-sportisti/feed/ 0
Јавен повик за доделување стипендии на спортисти – средношколци од Град Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/javen-povik-za-dodeluvanje-stipendii-na-sportisti-srednoshkolci-od-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/javen-povik-za-dodeluvanje-stipendii-na-sportisti-srednoshkolci-od-grad-skopje/#respond Tue, 07 Jun 2022 07:24:23 +0000 https://kurir.mk/?p=687601

Град Скопје во дневните весници Слободен печат и Коха, како и на својата веб страница, објави јавен повик со кој продолжува со поддршката за развој и унапредување на младинскиот и средноучилишниот спорт со стипендирање на спортисти – средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на град Скопје. Со цел да се зголеми мотивираноста кај младите спортисти – средношколци да спортуваат, да продолжат и да останат понатаму во спортот, како и зголемување на опфатот на што повеќе ученици да се занимаваат со спорт и спортски активности, Градот Скопје ќе стипендира спортисти – средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на град Скопје. Врз основа на условите и критериумите утврдени со Правилникот за доделување стипендии на спортисти – средношколци ученици во средните училишта на подрачјето на град Скопје ќе се стипендираат спортисти, ученички и ученици од средните училишта на подрачјето на град Скопје, информираат од Град Скопје. 2. Општи услови и критериуми Право на добивање на стипендија имаат: а) Државјани на Република Северна Македонија; б) Жител/ка на Скопје чие место на живеење е на подрачјето на град Скопје (се однесува на десетте скопски општини Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари); в)Редовен или вонреден ученик/ученичка во средно училиште на подрачјето на град Скопје; г) Активен спортист/ка, член на спортски клуб регистриран на подрачјето на град Скопје и регистриран во матичната националнита спортска федерација на Република Северна Македонија; д)Високи спортски постигнувања во екипни и индивидуални спортови во претходната 2021 година, и постигнувања во 2022 година сé до завршување на Јавниот повик: освоени медали на светски, европски и балкански првенства во олимписки и неолимписки спортови, освојување на медали на светски и европски купови во олимписки спортови, освојување на домашно првенство или купот на Македонија, постигнување истакнати лични индивидуални резултати на репрезентативно ниво и поставување на државни рекорди на официјални натпревари. Апликантите треба да ги исполнуваат целите, условите и критериумите што се дадени во прилог на Јавниот повик објавен на официјалната веб страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk Во постапката за доделување стипендии ќе влезат во изборот апликантите средношколци - спортистки и спортисти кои врз основа на критериумите ќе обезбедат најмалку 50 бодови, од вкупно 100 бодови. Бодирањето на апликантите ќе го врши Комисија за спроведување постапка за стипендирање на спортисти – средношколци ученици во средните училишта на подрачјето на градот Скопје, жители на Скопје, за 2022 година, формирана од страна на Градоначалникот на Град Скопје. Избраните стипендисти ќе добиваат секој од нив поединечно стипендија во вкупен нето износ од 24.000 (дваесетичетириилјади) денари за тековната 2022 година. Финансиските средства наменети за стипендирање на спортисти – средношколци ученици во средните училишта на подрачјето на градот Скопје, жители на Скопје, за 2022 година, се обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2022 година. Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета посебна пријава што може да се подигне во архивата на Градот Скопје (барака 16) или да се преземе од официјалната веб страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk Апликантите, покрај пријавата задолжително треба да ги достават и следните документи: • копија од извод од матична книга на родени на апликантот; • потврда од средното училиште каде апликантот е редовен или вонреден ученик во учебната 2021/2022 година; • копија од свидетелството за завршена учебна 2020/2021 година; • потврда од клубот дека е член на истиот; • потврда од матичната национална федерација дека е член репрезентативец во својата генерација; • апликантите да достават потврда од матичната национална федерација за постигнатите спортски резултати од 01.01.2021 година, сé до завршување на Јавниот повик во 2022 година. Јавниот повик трае 11 календарски дена, од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање и на веб страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk Јавниот повик се објавува на 07.06.2022 година и трае до 17.06.2022 година. Апликациите треба да се достават до Град Скопје, преку пошта на адреса: Булевар ИЛИНДЕН бр.82 1000 Скопје, или во Архивата на Градот Скопје (барака 16), најдоцна до 17.06.2022 година до 15:00 часот, со назнака: за “ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СПОРТИСТИ – СРЕДНОШКОЛЦИ УЧЕНИЦИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАДОТ СКОПЈЕ, ЖИТЕЛИ НА СКОПЈЕ, ЗА 2022 ГОДИНА“. Апликациите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, без означување на апликантот кој ја поднесува пријавата. Неуредните пријави што не се доставени на начин како што се бара во горенаведниот текст, односно содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и тие што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да се разгледуваат. Дополнителни информации можат да се добијат на телефон 3297-238 и 3297-320.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/javen-povik-za-dodeluvanje-stipendii-na-sportisti-srednoshkolci-od-grad-skopje/feed/ 0
Општина Битола објави јавен повик за доделување на финансиски средства на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти, здруженија на граѓани и фондации https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-objavi-javen-povik-za-dodeluvanje-na-finansiski-sredstva-na-sportski-klubovi-sportski-zdruzenija-i-sportisti-zdruzenija-na-gragjani-i-fondacii/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-objavi-javen-povik-za-dodeluvanje-na-finansiski-sredstva-na-sportski-klubovi-sportski-zdruzenija-i-sportisti-zdruzenija-na-gragjani-i-fondacii/#respond Thu, 12 May 2022 10:08:10 +0000 https://kurir.mk/?p=675592

Општина Битола, го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општината на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2022 година. Финансиската поддршка за овој повик, согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2022 изнесува 1.500.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 500.000,00 денари за индивидуални спортисти. Начинот на аплицирање и условите кои треба да ги исполнуваат апликантите се достапни на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/jave-povik-sportski-klubovi-sportski-zdruzenija/. Покрај овој повик, на веб страната на општината на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-zdruzenija-i-fondacii/, објавен е и јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2022 година. Средствата од овој повик, ќе бидат доделени за проекти во приоритетните области и цели кои се однесуваат на локален економски развој, образование, култура, еднакви можности, здравство и екологија. Вкупниот буџет за повикот изнесува 1.000.000, 00 денари. Критериумите и условите кои треба да ги исполнуваат апликантите, се наведени во јавните повици, а рокот за пријавување е до 26.05.2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-objavi-javen-povik-za-dodeluvanje-na-finansiski-sredstva-na-sportski-klubovi-sportski-zdruzenija-i-sportisti-zdruzenija-na-gragjani-i-fondacii/feed/ 0
Меѓународниот параолимписки комитет сепак ги суспендираше руските и белоруските спортисти од учество на Игрите во Пекинг https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/megjunarodniot-paraolimpiski-komitet-sepak-gi-suspendirashe-ruskite-i-beloruskite-sportisti-od-uchestvo-na-igrite-vo-peking/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/megjunarodniot-paraolimpiski-komitet-sepak-gi-suspendirashe-ruskite-i-beloruskite-sportisti-od-uchestvo-na-igrite-vo-peking/#respond Thu, 03 Mar 2022 07:53:59 +0000 https://kurir.mk/?p=639860

Меѓународниот параолимписки комитет (ИПЦ) ги суспендираше руските и белоруските спортисти од учество на Зимските параолимписки игри во Пекинг. Вчера IPC им дозволи на Русите и Белорусите да се натпреваруваат со неутрален статус. – Во последните 12 часа не контактираа огромен број учесници. Тие рекоа дека ако не ја преиспитаме нашата одлука, тогаш таа најверојатно ќе има сериозни последици за Зимските Параолимписки игри во Пекинг 2022 година. Бројни национални параолимписки комитети, од кои некои биле контактирани од нивните влади, тимови и спортисти, се закануваат дека нема да се натпреваруваат. Обезбедувањето на безбедноста на спортистите е од огромно значење за нас, но ситуацијата во селата ескалира и сега стана неприфатлива. Како дел од нашата параолимписка мисија, мора да се погрижиме Параолимписките игри да бидат успешни, да преовладува духот на фер-плејот, да се забрани насилството, да се контролираат здравствените ризици за спортистите и да се почитуваат основните етички принципи. Со оглед на горенаведеното, а со цел да се зачува интегритетот на овие игри и безбедноста на сите учесници, решивме да ги исклучиме спортистите од Параолимписките комитети на Русија и Белорусија од учество, рече Ендрју Парсонс, шеф на ИПЦ. Параолимписките игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 13 март. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/megjunarodniot-paraolimpiski-komitet-sepak-gi-suspendirashe-ruskite-i-beloruskite-sportisti-od-uchestvo-na-igrite-vo-peking/feed/ 0