спортска академија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Apr 2023 10:47:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спортска академија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јавен повик за проверка на спортски вештини на учениците заинтересирани да се запишат во Спортската академија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javen-povik-za-proverka-na-sportski-veshtini-na-uchenitsite-zainteresirani-da-se-zapishat-vo-sportskata-akademija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javen-povik-za-proverka-na-sportski-veshtini-na-uchenitsite-zainteresirani-da-se-zapishat-vo-sportskata-akademija/#respond Fri, 28 Apr 2023 10:47:26 +0000 https://kurir.mk/?p=828650

Спортската академија почнува потрага по спортски таленти од земјава кои ќе бидат дел од ДСУ Спортска академија во паралелки за фудбал, ракомет, кошарка и тенис од учебната 2023/2024 година. Покрај во Скопје, предвидени се паралелки во состав на јавните средни училишта уште во девет општини. Во СОУ „Кузман Шапкарев” – Битола ќе има паралелки за фудбал и ракомет, во „Перо Наков“ – Куманово и во „Ѓорче Петров“ – Кавадарци - за кошарка, паралалеки за фудбал ќе бидат отворени во „Ванчо Питошевски“ – Охрид, „Мирче Ацев“ – Прилеп, „Никола Карев” – Струмица, „Кирил Пејчиновиќ“ – Тетово, „Кочо Рацин“ – Велес, „Гостивар“ – Гостивар и „Коле Нехтенин” – Штип. Учениците ќе бидат селектирани во фази: скаутирање од стручни лица, селекција од стручен тим и тестирање на психофизичките способности од страна на стручна комисија. На учениците кои ќе бидат примени, а кои не се од регионот каде што ќе ја посетуваат наставата, ќе им биде обезбедено сместување и храна, а превоз до училиштето и до спортските терени ќе биде обезбеден за сите ученици, во согласност со закон. Во јавниот повик достапен на веб-страницата на МОН е објвена листата на локации и датуми на кои ќе се спроведе првичната селекција од конкретната спортска федерација. Целта на Спортската академија, посочува МОН во повикот, е учениците - спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис. - Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена, креирана програма за образование и тренинг. За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик и физиотерапевт. Кандидатите за упис во прва година средно училиште ќе бидат селектирани од стручна комисија, е наведено во објавениот повик на МОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javen-povik-za-proverka-na-sportski-veshtini-na-uchenitsite-zainteresirani-da-se-zapishat-vo-sportskata-akademija/feed/ 0
Манчестер сити ќе гради спортска академија во Драч https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/manchester-siti-ke-gradi-sportska-akademija-vo-drach/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/manchester-siti-ke-gradi-sportska-akademija-vo-drach/#respond Thu, 27 Apr 2023 10:49:06 +0000 https://kurir.mk/?p=828274

Манчестер сити ќе има Фудбалска академија и школа во албанскиот пристанишен град Драч. Премиерот Еди Рама, кој е во посета на Велика Британија објави дека е потпишан договорот со „Сити Фудбал Груп“, со кој Албанија ќе има соодветна фудбалска академија, на еден од најпознатите клубови. Според него благодарение на помошта на пријателите од Обединетите Арапски емирати(ОАР) Албанија сега се приклучува на многу земји каде Манчестер Сити има фудбалска школа. Покрај таленти од Албанија, можност да бидат дел од тренинг кампусите ќе имаат и млади фудбалски ѕвезди од регионот. - Да...Академија на клубот на Манчестер Сити и негова детска фудбалска школа ќе има регионален кампус во Драч. Новото поглавје од приказната за пријателството и иднината штотуку започна, на заеднички пат на успех со нашите непроценливи пријатели од Обединетите Емирати, благодарение на чија поддршка Албанија влегува на престижната мапа на CITY FOOTBALL GROUP, заедно со Англија, Шпанија, Франција. , Италија, Белгија, САД, Австралија, Бразил, Уругвај, Јапонија, Индија и Кина, напиша Рама на Фејсбук. Од албанска страна договорот го потпишале министерката за образование и спорт Евис Куши, како и градоначалничката на Драч, Емирјана Сако. Медиумите наведуваат дека на потпишувањето присуствувал и познатиот бизнисмен од ОАР, Мохамед Алабар кој доби концесија за "трансформација на Драч како Дубаи".]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/manchester-siti-ke-gradi-sportska-akademija-vo-drach/feed/ 0