спортски ден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Mar 2023 14:55:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спортски ден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Спортски ден за основците од Охрид и Дебрца https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sportski-den-za-osnovtsite-od-ohrid-i-debrtsa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sportski-den-za-osnovtsite-od-ohrid-i-debrtsa/#respond Fri, 03 Mar 2023 14:55:29 +0000 https://kurir.mk/?p=807696

По повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров денеска во организација на Основното училиште „Живко Чинго“ и Сојузот за училишен спорт, во охридското село Велгошти се одржува „Спортски ден“ за учениците од основните училишта од Охрид и Дебрца. Како што беше истакнато на отворањето на манифестациајта, охридската локална самоуправа секогаш ќе биде подготвена да ги поддржи ваквите манифестации, кои значат правилен психо-физички и социјален развој на децата. - Со спортската игра и натпреварувањето децата ќе имаат можност да научат како да не се возгордеат во победата, но и да не се разорачуваат во поразот. Спортот ќе ги научи дека постојаноста и посветеноста се најважни, а тие карактеристики ќе им помогнат така да се однесуваат и во сите други области од нивниот живот, рече советникот Наум Јамандиев. Во рамки на „Спортскиот ден“ ќе се одржат натпреварувања во фудбал за ученици од шесто и седмо одделение, кошарка за ученици од осмо и девето одделение, шах за ученици од прво до девето одделение и пинг-понг за ученици од шесто до девето одделение. Постигнатите резултати ќе бидат вреднувани во рамките на училишните спортски игри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sportski-den-za-osnovtsite-od-ohrid-i-debrtsa/feed/ 0