спортски обложувалници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Dec 2022 18:37:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спортски обложувалници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Скопјанец ограбил две спортски обложувалници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-ograbil-dve-sportski-oblozuvalnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-ograbil-dve-sportski-oblozuvalnici/#respond Mon, 19 Dec 2022 18:37:08 +0000 https://kurir.mk/?p=777781

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.М.(29) од Скопје , поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“. Пријавениот, на 20.08.2022 во спортски обложувалници на ул.„Кемал Сејфула“ и на ул.„Џон Кенеди“ со закана кон вработените одзел пари.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-ograbil-dve-sportski-oblozuvalnici/feed/ 0
ПО 4 ГОДИНИ ЗАБРАНА: Спортските обложувалници повторно ќе работат во Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-4-godini-zabrana-sportskite-oblozuvalnici-povtorno-kje-rabotat-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-4-godini-zabrana-sportskite-oblozuvalnici-povtorno-kje-rabotat-vo-albanija/#respond Mon, 24 Oct 2022 10:33:19 +0000 https://kurir.mk/?p=749814

Албанската влада ја враќа можноста за спортско обложување во земјата. Во Предлог-буџетот за 2023 година, стартот на оваа активност е предвиден од 1 јануари следната година. Оваа одлука доаѓа четири години откако владата го прогласи коцкањето за незаконско.
Неодамна премиерот Еди Рама на средба со целни групи рече дека „обложувачката активност продолжила на црно и дека повторното враќање на легалното спортско обложување ќе донесе приход во буџетот што ќе и помогне на економијата во ова време на криза”. Во предлог-буџетот е предвиден и финансискиот ефект врз основа на кој се проценува дека ќе се соберат 2 милијарди лека( над 17,2 милиони евра).

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-4-godini-zabrana-sportskite-oblozuvalnici-povtorno-kje-rabotat-vo-albanija/feed/ 0
Приведени скопјани, извршиле разбојништво во спортски обложувалници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-skopjani-izvrshile-razbojnishtvo-vo-sportski-oblozuvalnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-skopjani-izvrshile-razbojnishtvo-vo-sportski-oblozuvalnici/#respond Fri, 10 Dec 2021 11:21:19 +0000 https://kurir.mk/?p=606600

На 09.12.2021 во 10.30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и ЕВР ОКР Гази Баба ги лишиле од слобода Б.Т.(54) и Р.Ш.(30), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека во текот на овој месец на подрачјето на Гази Баба извршиле две кривични дела „разбојништво“ во спортски обложувалници. -При извршен претрес од полициски службеници од ЕВР ОКР Гази Баба, по претходна судска наредба, во домот кај Р.Ш. бил пронајден и одземен предмет со кој биле извршени кривичните дела. Притоа, Б.Т. се барал по централна потерница од Казнено-поправна установа Затвор Прилеп за издржување на затворска казна, соопштува МВР. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-skopjani-izvrshile-razbojnishtvo-vo-sportski-oblozuvalnici/feed/ 0
Поведена постапка против едно лице – извршил три разбојништва во спортски обложувалници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-postapka-protiv-edno-lice-izvrshil-tri-razbojnishtva-vo-sportski-oblozuvalnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-postapka-protiv-edno-lice-izvrshil-tri-razbojnishtva-vo-sportski-oblozuvalnici/#respond Wed, 10 Nov 2021 12:05:03 +0000 https://kurir.mk/?p=593619

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило три кривични дела – Разбојништво и тоа две согласно член 237 став 4 и едно согласно член 237 став 1 од Кривичниот законик. Во два наврати, на 24 февруари и на 8 мај, осомничениот извршил разбојништва во иста спортска обложувалница на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Се преправал дека пополнува ливче, по што станувал од масата и со нож им се заканувал на вработените за да ги принуди да му ги дадат парите. Првиот пат одзел 21.918 денари, а вториот пат – 20.400 денари од работните фиоки зад наплатниот пулт. На 18 мај, осомничениот 26-годишник влегол во спортска обложувалница на улицата „Никола Тримпаре“ во Скопје и на вработениот му се заканил со зборовите: „Надвор сме тројца, да не ја правиме голема, дај ги парите“. Оштетениот, исплашен дека би можеле да го нападнат, ги извадил парите од фиоките и му ги дал. На овој начин осомничениот противправно происвоил 70.000 денари и избегал од местото. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците/оштетените или да го повтори делото.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-postapka-protiv-edno-lice-izvrshil-tri-razbojnishtva-vo-sportski-oblozuvalnici/feed/ 0
Измените на Законот за игри на среќа ќе ја збришат индустријата – без работа остануваат повеќе од 8.000 луѓе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-zakonot-za-igri-na-srekja-kje-ja-zbrishat-industrijata-bez-rabota-ostanuvaat-povekje-od-8-000-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-zakonot-za-igri-na-srekja-kje-ja-zbrishat-industrijata-bez-rabota-ostanuvaat-povekje-od-8-000-lugje/#respond Mon, 12 Apr 2021 11:43:06 +0000 https://kurir.mk/?p=495984

Предлог измените на Законот за игрите на среќа и забавните игри поставени на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) ќе ја збришат целата стопанска гранка, апелираат приредувачите на игри на среќа во земјава и упатуваат на несогледливите последици со кои ќе се соочи државата. Од оваа стопанска гранка во земјава директно егзистираат повеќе од 8.000 семејства, а индиректно повеќе од 50.000 во други стопански гранки. Ако се имплементираат законските измени кои се однесуваат на растојанието од 500 м на деловните објекти на приредувачите на игри на среќа од образовните институции, тие ќе треба да стават клуч на врата. Со тоа, се брише една стопанска гранка која сама по себе има силен социо-економски придонес во државата, а неизбежно ќе се случи домино ефект врз целото стопанство, укажуваат приредувачите на игрите на среќа. Велат, ако се затворат нивните деловни објекти, тоа ќе предизвика силен удар и врз сите останати гранки во целиот синџир на вредности - наем на простор, мебел, ИТ опрема, софтверски решенија и уште низа други. Минатата недела во соопштение за медиуми, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) изнесе категоричен став дека, за нив, одалечувањето на деловните објекти е целосно неприфатливо. Растојанието од 500 м оддалеченост на нашите деловни објекти од образовните институции значи затворање на 98% од уплатно-исплатните места и гасење на целата гранка, посочија од АСОМ. Во повеќе наврати до сега, приредувачите на игри на среќа укажуваат дека законското решение кое се предлага би можело да има несогледливи последици врз, и така кревката, економија која е силно погодена од ковид-кризата. Предупредуваат дека државната каса би останала покуса за повеќе од 250 милиони евра кои приредувачите годишно ги уплаќаат во буџетот и велат дека гасење на оваа стопанска гранка која значајно придонесува кон економската стабилност на државата во било кое време, а особено сега во време на најголема криза, е несфатливо и неприфатливо за никого.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-zakonot-za-igri-na-srekja-kje-ja-zbrishat-industrijata-bez-rabota-ostanuvaat-povekje-od-8-000-lugje/feed/ 0
Измените на Законот за игри на среќа ќе остават без работа повеќе од 8.000 луѓе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/izmenite-na-zakonot-za-igri-na-srekja-kje-ostavat-bez-rabota-povekje-od-8-000-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/izmenite-na-zakonot-za-igri-na-srekja-kje-ostavat-bez-rabota-povekje-od-8-000-lugje/#respond Mon, 12 Apr 2021 11:31:12 +0000 https://kurir.mk/?p=495974

Предлог измените на Законот за игрите на среќа и забавните игри поставени на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) ќе ја збришат целата стопанска гранка, апелираат приредувачите на игри на среќа во земјава и упатуваат на несогледливите последици со кои ќе се соочи државата, пишува Фактор.мк. Од оваа стопанска гранка во земјава директно егзистираат повеќе од 8.000 семејства, а индиректно повеќе од 50.000 во други стопански гранки. Ако се имплементираат законските измени кои се однесуваат на растојанието од 500 м на деловните објекти на приредувачите на игри на среќа од образовните институции, тие ќе треба да стават клуч на врата. Со тоа, се брише една стопанска гранка која сама по себе има силен социо-економски придонес во државата, а неизбежно ќе се случи домино ефект врз целото стопанство, укажуваат приредувачите на игрите на среќа. Велат, ако се затворат нивните деловни објекти, тоа ќе предизвика силен удар и врз сите останати гранки во целиот синџир на вредности - наем на простор, мебел, ИТ опрема, софтверски решенија и уште низа други. Минатата недела во соопштение за медиуми, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) изнесе категоричен став дека, за нив, одалечувањето на деловните објекти е целосно неприфатливо. Растојанието од 500 м оддалеченост на нашите деловни објекти од образовните институции значи затворање на 98% од уплатно-исплатните места и гасење на целата гранка, посочија од АСОМ. Во повеќе наврати до сега, приредувачите на игри на среќа укажуваат дека законското решение кое се предлага би можело да има несогледливи последици врз, и така кревката, економија која е силно погодена од ковид-кризата. Предупредуваат дека државната каса би останала покуса за повеќе од 250 милиони евра кои приредувачите годишно ги уплаќаат во буџетот и велат дека гасење на оваа стопанска гранка која значајно придонесува кон економската стабилност на државата во било кое време, а особено сега во време на најголема криза, е несфатливо и неприфатливо за никого.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/izmenite-na-zakonot-za-igri-na-srekja-kje-ostavat-bez-rabota-povekje-od-8-000-lugje/feed/ 0
Спортските обложувалници бараат итна средба во Владата: Законските измени ќе остават без работа 8.000 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sportskite-oblozuvalnici-baraat-itna-sredba-vo-vladata-zakonskite-izmeni-kje-ostavat-bez-rabota-8-000-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sportskite-oblozuvalnici-baraat-itna-sredba-vo-vladata-zakonskite-izmeni-kje-ostavat-bez-rabota-8-000-lica/#respond Mon, 08 Feb 2021 11:45:42 +0000 https://kurir.mk/?p=465773

Ако ставиме клуч на врата, државата ќе загуби повеќе од 250 милиони евра, предупредија денеска сопствениците на спортските обложувалници. Испровоцирани од предлог-измените на Законот за игри на среќа кои веќе се изготвуваат во Министерството за финансии, а наскоро треба да бидат објавени и на ЕНЕР, обложувалниците побараа итна средба во Владата со цел креирање ново, поинакво и, како што рекоа, издржано решение, согласно европските стандарди, во насока на развој на компаниите, заштита на граѓаните и целосно регулирање на пазарот. Покачување на даноците и оддалечување на деловните објекти 500 метри од училишта и високообразовни институции, се само некои од измените што предизвикаа револт кај сопствениците на обложувалниците. Тоа, според нив, ќе значи целосно затворање на индустријата, но и згаснување на илјадници работни места, како и огромни загуби за државниот буџет. Измените на Законот, реагираат, се неевропски и со нив директно се загрозува егзистенцијата на речиси 8.000 семејства. Вкупно 8.000 лица преку ноќ ќе останат без работа, а негативни последици ќе бидат предизвикани и врз повеќе од 50.000 работни места во други стопански гранки, кои индиректно зависат од оваа индустрија. Дополнително, сметаат спортските обложувалници, носењето на овој закон значи ризик за отворање целосно илегален пазар на игри на среќа и „диви“ обложувалници. – Растојанието од 500 метри оддалеченост на нашите деловни објекти од училишта и високообразовни институции, според анализите кои ги направивме, значи затворање на 98 отсто од уплатно-исплатните места, односно гасење на цела индустриска гранка. Ова не е европски закон. Ниту една европска земја не ја ни разгледува можноста за забрани, туку работи на квалитетно регулирање на игрите на среќа. Ниту еден европски закон не предвидува одалеченост на објектите, бидејќи тоа нема никаков ефект врз навиките. Ние сме подготвени да прифатиме кој било од законите во земјите членки на ЕУ, но ваков закон кој е нелогичен, неефикасен и има за цел затворање на индустријата нема да прифатиме, истакна на прес-конференција претставникот на Групацијата за спортски обложувалници при Стопанската комора на Македонија, Васко Илијевски. Тој додаде дека густата населеност во поголемите градови и близината на училиштата меѓу себе не остава простор за ниту еден објект за игри на среќа во урбаните средини. Ова е особено изразено во помалите градови кои се состојат од една главна улица и неколку споредни. -Во земјава, индустријата на игрите на среќа плаќа највисоки даноци во Европа. Зголемувањето на ионака највисоките даноци во Европа кои и сега ги плаќаме, со цел, како што се наведува, зголемување на средства во буџетот, воопшто не кореспондира со предлогот за оддалеченоста. Предлозите се сами по себе нелогични и контрадикторни. Зошто се покачуваат даноци ако практично планот е да се затвораат објектите? Кој ќе биде економскиот ефект од тоа и зошто без издржана економска анализа се пласираат вакви идеи и предлози, рече Илијевски, додавајќи дека е нејасно дали Владата со ваквото законско решение сака да направи целосно нерегулиран пазар. Групацијата бара да биде активно вклучена во изготвувањето на законските измени. Потсетува и дека во изминатиот период постојано доставувала предлози за унапредување на сите аспекти од работењето на оваа индустријата, во интерес на сите чинители. Предлозите биле во делот на покачување на приходите на државата од игрите на среќа преку ефикасни европски модели на оданочување, поголема безбедност за играчите, повисоки казни за прекршување на законските одредби, поддршка на професионални организации и поединци, како и на развој на програми за едукација и превенција за одговорно приредување на игрите на среќа по примерот на земјите од ЕУ. -Бараме веднаш прием во Владата за да ги образложиме нашите предлози за закон по европски терк кој ќе гарантира безбедност на сите учесници во играта, поволна и фер бизнис клима и силен социо-економски придонес во земјата. Бараме стопирање на целиот процес на носење предлог-закон и вклучување на сите засегнати страни во подготовка на нов предлог-закон по европски терк, како и транспаренна дискусија што и доликува на земја со европски аспирации, рече Илијевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sportskite-oblozuvalnici-baraat-itna-sredba-vo-vladata-zakonskite-izmeni-kje-ostavat-bez-rabota-8-000-lica/feed/ 0
Новиот закон за игри на среќа ја брише целата индустрија! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-zakon-za-igri-na-srekja-ja-brishe-celata-industrija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-zakon-za-igri-na-srekja-ja-brishe-celata-industrija/#respond Fri, 29 Jan 2021 13:22:25 +0000 https://kurir.mk/?p=461515

Во ниту една земја членка на Европската унија не постојат законски решенија какви што моментално се предлагаат во Македонија – ограничување на работата на компаниите од индустријата на игри на среќа со воведување на уредба за задолжително растојание на локалите од образовните институции (дури 500 метри). Се работи само за популистички обиди на одредени интересни групи под изговорот за заштита на населението од претерана изложеност на игрите на среќа да се воведат рестриктивни одредби. Ваквите предлози се косат со секоја европска пракса, на приредувачите им се одзема правото на работа и остварување на приход од регистрирани дејности на места во кои со години има вложувано огромна сума на пари и стекналe доверба од клиентите, а би имале катастрофални последици врз веќе кревката економија и криза заради пандемијата на коронавирусот. Почетокот на процесот на изработка на законот за измена и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри наиде на остри осуди кај јавноста и кај самите приредувачи, бидејќи усвојување на истиот може да има несогледливи последици не само по индустријата која би била згасната, туку и по целата економија. Добро регулираниот пазар на игри на среќа носи прилив од 280 милиони евра во државната каса, овозможува 10.000 работни места, односно 70.000 индиректно вработени, а било какви лоши законски решенија значат само едно – гасење на индустријата која придонесува кон економската стабилност на државата дури и во време на најголема криза, а цветање на црниот пазар, сивата економија, одлив на стотина милиони евра од земјата на странски сајтови за обложување, неможност за заштита на играчите и чувствителните групи како што се малолетниците на кои илегалното обложување ќе им биде на дофат на раце. Воведувањето на било какво минимално растојание е невозможно и неизводливо на терен, поради фактот дека во помалите градови на државата, кои имаат само една главна улица и неколку споредни, образовните институции се наоѓаат во централниот дел на градот, каде истовремено се лоцирани и деловни објекти, со што во целост се спречува отворањето на уплатно-исплатните места во сите мали градови ширум Република Македонија.

ИСТРАЖУВАЊА ПРЕТВОРЕНИ ВО ЗАКОНОДАВНА ПРАКСА

Студија на Институтот за ментално здравје во Торонто, како и студија на Универзитетот Метрополитен во Манчестер и многу други, покажуваат на тоа дека не постои влијание на оддалеченоста на објектите врз порастот на учество на малолетниците во игрите на среќа. Резултатите од истражувањето покажале дека присутноста на местата за обложување и конзумирањето на игри на среќа не влијаат на развојот на самата патологија. Резултатите на тие истражувања преточени се дури и во законодавна пракса во повеќето земји, кои не познаваат ограничувања на оддалеченост, туку превенцијата се врши со целосна забрана за влез на малолетници и големи казни за прекршување. Во постоечкиот Закон за игри на среќа прашањето за забрана на учество на малолетници веќе е строго пропишано со членот дека „лицата под 18 години не можат да учествуваат во игрите на среќа“ и дополнително со став 3 од истиот член според кој „на лицата помлади од 18 години не им е дозволен влез во казино, во простории во кои се организира томбола од затворен тип, во обложувалници и во автомат клубови“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-zakon-za-igri-na-srekja-ja-brishe-celata-industrija/feed/ 0
Ќе има ли онлајн обложување, се чека одговор од Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-ima-li-onlajn-oblozuvanje-se-cheka-odgovor-od-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-ima-li-onlajn-oblozuvanje-se-cheka-odgovor-od-vladata/#respond Tue, 22 Dec 2020 08:33:36 +0000 https://kurir.mk/?p=446526

Денеска истекува рокот на уредбата со која што на приредувачите на игри на среќа шест месеци имаа дадена можност од Владата да организираат онлајн-обложување во текот на корона-кризата. Обложувалниците велат дека денеска се гасат сервисите, а државата ризикува да изгуби стотици милиони денари. Ова право единствено и останува на Видеолотарија на Македонија. – Клиентите веќе стекнаа навика да се обратат кај домашните лиценцирани приредувачи на интернет игри на среќа. Ако не се најде решение, ќе ја загубиме довербата кај играчите и кај странски сајтови ќе се губат до 50 милиони евра. Со носењето на уредбата пред шест месеци во меѓувреме од наша страна се направени инвестиции во софтвер, хардвер, маркетинг и човечки ресурси, што сега би биле залудно вложени средства, рече вчера Васко Илијевски, претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници. Тој ја повика Владата да најде правно решение за да се продолжи законски рокот. Заради тоа до Владата и до Министерството за финансии испратено е предлог-решение за имплементација во законот, за кое приредувачите на игри на среќа бараат итно да се донесе. – Во ова обложување има и придовивки за здравјето, а од мај годинава до декември , од ова услуга се слеале околу 100 милиони денари во буџетот, додаде Илијевски. Само шест месеци беше уредбата за онлајн-обложувањето, играчите ги стекнаа тие навики. Тоа беше само уште еден механизам за играчите, а бевме межу првите кои беа затворени, Бевме два месеци комплетно затворени. Но ако сега се прекине и не се најде соодветно правно решение за продолжување на он-лајн обложувањето тоа ќе предизвика недоверба кај играчите и нивно повторно враќање кон нелегалното он-лајн обложување на странските сајтови. Играчите едноставно ќе бараат алтернатива, апелираат од АСОМ, а државата ќе нема контрола врз обложувањето. Парите за данокот, наместо во буџетот, ќе се одлеваат надвор од државата, според некои проценки станува збор за 40 до 50 милиони евра, средства кои се од значаен интерес за нашата домашна економија, одржувањето и отворањето на нови работни места и инвестиции. „Немањето подзаконски акти значи дека никој не може да приредува интернет игри на среќа, па ни ДВЛМ бидејќи без овие акти никој неможе да ги добие потребните дозволи и лиценци за приредување на интернет игрите на среќа. И во периодот додека важеше Уредбата со законска сила за примена на Законот за игрите на среќа и забавните игри за време на вондредна состојба ДВЛМ работеше според постоечкиот закон и не ја применуваше Уредбата онака како што беше истата пропишана. Сето ова отвора сомневање за селективен пристап кон различни категории на приредувачи на игри на среќа и повластена положба на одредени субјекти во приредувањето на интернет игрите на среќа.“ – истакнуваат од АСОМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-ima-li-onlajn-oblozuvanje-se-cheka-odgovor-od-vladata/feed/ 0
Спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги по 18 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sportskite-oblozuvalnici-nema-da-nudat-ugostitelski-uslugi-po-18-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sportskite-oblozuvalnici-nema-da-nudat-ugostitelski-uslugi-po-18-chasot/#respond Fri, 18 Dec 2020 09:14:46 +0000 https://kurir.mk/?p=445086

Асоцијацијата на спортски обложувалници соопшти дека откако Владата ги усвои препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе новите мерки за заштита од Ковид-19 со кои, меѓу другото, се скрати работното време на угостителските објекти до 18 часот, согласно истите, ниту спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги по 18 часот. – Во спортските обложувалници на нашите членки, почнувајќи од денеска по 18 часот нема да работат шанковите и нема да се послужуваат пијалоци. Ова е во согласност со новите мерки на Владата за заштита од ширење на вирусот Ковид-19, кои ние како Асоцијација во целост ќе ги почитуваме, истакнуваат од АСОМ и додаваат дека спортските обложувалници доследно се придржуваат до протоколите за работа и сите мерки кои досега ги донесе Владата во насока на превенција и заштита на здравјето на граѓаните. Дополнително, АСОМ информира дека сите објекти на спортските обложувалници кои се членки на асоцијацијата, на 31 декември ќе работат до 19 часот. Како и досега, Асоцијацијата на спортски обложувалници апелира на одговорност и максимално почитување на мерките за лична заштита од страна на играчите и придржување кон протоколот по кој работат спортските обложувалници. АСОМ е формирана 2013 година, а членки на асоцијацијата се: Моцарт, Спорт Лајф, Златна Копачка, Евротип и Марбет. Повеќе информации за Асоцијација на спортcки обложувалници на Македонија се достапни на веб страницата www.asom.org.mk , стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sportskite-oblozuvalnici-nema-da-nudat-ugostitelski-uslugi-po-18-chasot/feed/ 0