спречување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Oct 2022 06:56:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png спречување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Белгиски универзитет објави откритие за спречување на метастазирање на ракот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiski-univerzitet-objavi-otkritie-za-sprechuvanje-na-metastaziranje-na-rakot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiski-univerzitet-objavi-otkritie-za-sprechuvanje-na-metastaziranje-na-rakot/#respond Tue, 04 Oct 2022 06:56:04 +0000 https://kurir.mk/?p=740707

Универзитет во Лувен, Белгија, открил начин на кој се отвора можност за стопирање на метастазите кај болните од рак, јави дописничката на МИА од Брисел. Истражувачката екипа на професорот Пјер Сонво во белгискиот универзитет Лувен објаснува за што станува збор: откривање на еден вид сензор кој испраќа сигнал до клетките со тумор, кај ракот на дојка, дека треба да сопрат во мозокот, што им овозможува да развијат метастази во мозокот. Со ова откритие, ако се отстрани тој сензор, клетките нема да застанат во мозок и таму да развијат метастази, се вели во соопштението на истражувачкиот тим. Всушност универзитетот успеал да го разбере системот на заболените клетки во организмот кога напаѓаат одреден орган и создаваат метастази. Како што објаснува професорот за медиумите во Белгија, тие тргнале од теоријата дека секоја клетка заболена од рак е “подесена“ на начин да нападне одреден орган. Некои органи пак никогаш не се инфицираат од рак како на пример прстите од нозете. Поаѓајќи од модел на човечки рак на дојка кај глушец, тимот успеал да идентификува протеин кој врши улога на сензор за заболената клетка и ја води кон создавање метастази во органот каде што добил “наредба“ да “застане“, во овој случај мозокот. Протеинот се нарекува Кокс7б. Ако се отстрани протеинот, клетка не застанува во тој орган и метастазите не се развиваат. Сега истражувачката екипа се надева дека ова откритие ќе помогне и за други видови ракови и други органи на крајна дестинација освен мозокот. Потенцијалот на ова откритие е да се спречат метастазите во иднина и со тоа да се зголемат шансите за победа врз ракот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiski-univerzitet-objavi-otkritie-za-sprechuvanje-na-metastaziranje-na-rakot/feed/ 0
ЕЦДЦ: Итно да се спречи преоптоварувањето на здравствените системи во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecdc-itno-da-se-sprechi-preoptovaruvanjeto-na-zdravstvenite-sistemi-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecdc-itno-da-se-sprechi-preoptovaruvanjeto-na-zdravstvenite-sistemi-vo-evropa/#respond Fri, 23 Oct 2020 14:48:59 +0000 https://kurir.mk/?p=419876

Европските влади мора да преземат итни мерки насочени кон јавното здравство за да се спречи преоптоварувањето на здравствени системи со зголемување на бројот на лица заразени со Ковид-19, соопштии денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). Ранливоста на популацијата кон инфекции е сè уште висока, нивото на имунитет е пониско од 15 проценти во повеќето области, а вкупната стапка на смртност се зголемува повеќе од еден месец, наведува ЕЦДЦ во ажурираната проценка на ризикот. „Влијанието во однос на притисокот врз здравствените услуги и смртноста станува сè поочигледно, изјави директорката на ЕЦДЦ, Андреа Амон. Според неа, „со високото ниво на пренос во заедниците, заштитата на ранливите лица станува сè потешка“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecdc-itno-da-se-sprechi-preoptovaruvanjeto-na-zdravstvenite-sistemi-vo-evropa/feed/ 0
Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-drzavnata-komisija-za-sprechuvanje-na-korupcijata-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-drzavnata-komisija-za-sprechuvanje-na-korupcijata-2/#respond Mon, 24 Aug 2020 06:37:56 +0000 https://kurir.mk/?p=394385

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе одржи седница на која на дневен ред е постапување по конкрети предмети. Како што информираат, имајќи ги предвид препораките на Владата на Република Северна Македонија донесени во насока на спречување на ширењето на Ковид-19, како и немањето услови за присуство на медиуми во овој период, 37-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се одржи без присуство на медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-drzavnata-komisija-za-sprechuvanje-na-korupcijata-2/feed/ 0
Јадете ги редовно- еве која болест ја спречува малината https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/jadete-gi-redovno-eve-koja-bolest-ja-sprechuva-malinata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/jadete-gi-redovno-eve-koja-bolest-ja-sprechuva-malinata/#respond Wed, 17 Jul 2019 18:31:04 +0000 https://kurir.mk/?p=219553

Ако редовно јадете малини ќе имате поубав тен, посилна коса, подобро дигестивно здравје и кардиоваскуларен систем, посилен имунитет и помал ризик од воспаление. Ова вкусно бобичесто овошје има силни антиоксидантни својства. Тоа значи дека ги намалува ефектите на слободните радикали и така штити од рак на дебелото црево, дојка, грлото на матката, хранопроводникот и простатата. Фитонутриентите во малината спречуваат ширење на клетките на рак, така што ги потикнува на апоптоза, односно самоуништување. Двесте грама од ова овошје содржи препорачаната количина на витамин Ц. Богати се со влакна, фолна киселина, витамин К, E5, манган, магнезиум, бакар, калиум и омега 3 масни киселини. Оние, чија исхрана е богата со малини имаат помал ризик да се здебелат и да се разболат од дијабетес. Кетоните во овие црвени плодови се одговорни за контрола на гликозата во крвта. Тие го потикнуваат метаболизмот на масти и ги намалуваат масните наслаги. Внесувањето малини го активира хормонот адипонектин, од чиј недостаток страдаат луѓе од дијабетес тип 2. Адипонектинот ја враќа рамнотежата во крвта, го намалува ризикот од срцев удар и други болести кои го следат дијабетес тип 2. Предноста на исхраната со малини е тоа што кожата ја прави поотпорна на штетните зраци на сонцето. За таа цел корисно е и маслото од малини кое одлично ја штити кожата, затоа што содржи високо ниво на омега 3 и омега 6 есенцијални масни киселини и витамин E. Се проценува дека заштитниот фактор на ова масло е помеѓу 30 и 50. Освен за заштита од сонце, маслото од малини е добро и за нега на кожата. Особено за намалување на брчки, стрии, егзема, дерматитис и воопшто сите воспалителни состојби на кожата. Не е лековит само плодот, туку и листот од малина. Чај од листот од оваа билка помага кај менструални грчеви, тешки крварења и вагинален исцедок. Се применува по породувањето, го забрзува закрепнувањето на матката и го стимулира производството на млеко. Овој чај може да се користи и за зајакнување на непцата, дезинфекција на крајниците, спречување на дијареа и заболувања на очите. Подготовка на чај: лажица лист од малина прелијте го со топла вода. Процедете по 10 минути и испијте го топол, две до три чаши на ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/jadete-gi-redovno-eve-koja-bolest-ja-sprechuva-malinata/feed/ 0