„Спутник V“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Mar 2022 11:47:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Спутник V“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО: Пролонгиран е процесот на евалуација на руската вакцина Спутник V https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-prolongiran-e-procesot-na-evaluacija-na-ruskata-vakcina-sputnik-v/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-prolongiran-e-procesot-na-evaluacija-na-ruskata-vakcina-sputnik-v/#respond Thu, 17 Mar 2022 11:47:47 +0000 https://kurir.mk/?p=648826

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека поради војната меѓу Русија и Украина, процесот на евалуација на руската вакцина против коронавирус Спутник V е пролонгиран. Експертскиот советник Марианџела Симао изјави вчера пред новинарите во Женева дека експертскиот тим на СЗО требаше да отпатува во Русија на 7 март поради процесот на евалуација и донесување одлука за одобрување на употребата на Спутник V во итни случаи, но дека процесот е пролонгиран поради моменталната состојба во регионот. – СЗО ќе одреди нов датум за посета на Русија колку е можно поскоро, истакна Симао. На крајот на минатата година, СЗО објави дека сериозно ја разгледуваат идејата за издавање дозвола за употреба на руската вакцина Спутник В. Со такво одобрение, вакцината ќе биде вклучена во програмата Ковакс што ја спроведуваат Обединетите нации за дистрибуција на вакцини против Ковид-19 во сиромашните и земјите во развој. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-prolongiran-e-procesot-na-evaluacija-na-ruskata-vakcina-sputnik-v/feed/ 0
Путин изрази надеж дека СЗО наскоро ќе ја одобри Спутник В https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-izrazi-nadez-deka-szo-naskoro-kje-ja-odobri-sputnik-v/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-izrazi-nadez-deka-szo-naskoro-kje-ja-odobri-sputnik-v/#respond Mon, 06 Dec 2021 07:40:55 +0000 https://kurir.mk/?p=604569

Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека Светската здравствена организација (СЗО) наскоро ќе ја одобри вакцината против коронавирусот Спутник В, велејќи дека овој потег е суштински за зголемување на глобалните резерви. Во разговор со претседателот на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческо Роко, Путин рече дека е неопходно одобрение од СЗО за Русија да им помогне на другите земји испорачувајќи им Спутник В, меѓу другото и бесплатно. – Планираме да ја прошириме таквата помош, рече Путин. Одобрувањето на СЗО би било знак за меѓународна доверба во вакцината по ригорозниот процес на тестирање и може да го отвори патот за вклучување на вакцината во програмата Ковакс, во чии рамки агенцијата на ОН и клучните партнери испраќаат вакцини против Ковид во десетици земји низ светот, зависно од потребите. Рускиот лидер исто така рече дека одобрението на СЗО ќе им овозможи на Русите и на другите кои ја примиле вакцината Спутник В слободно да патуваат, а ги има околу 200 милиони ширум светот. Путин, кој постојано повторуваше дека вакцинацијата треба да остане доброволна и покрај зголемувањето на бројот на инфекции во Русија, нагласи дека властите користат „убедување, а не притисок“ и оти се борат со „предрасудите и митовите кои предизвикуваат аверзија кон вакцинацијата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-izrazi-nadez-deka-szo-naskoro-kje-ja-odobri-sputnik-v/feed/ 0
СЗО ја запре постапката за итно одобрување на Спутник В https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ja-zapre-postapkata-za-itno-odobruvanje-na-sputnik-v/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ja-zapre-postapkata-za-itno-odobruvanje-na-sputnik-v/#respond Wed, 13 Oct 2021 17:15:46 +0000 https://kurir.mk/?p=578542

Запрена е постапката за итно одобрување за употреба на руската вакцина Спутник В, соопшти денеска Светската здравствена организација. Постапката е запрена бидејќи недостасуваат одреден број податоци и усогласеност на правните процедури. -Речиси секојдневно работиме со руското Министерство за здравство на решавање на преостанатите прашања кои треба да ги достави Рускиот фонд за директни инвестиции, соопшти Маријанѓела Симао, помошничка на генералниот директор на СЗО, задолжена за пристап до лекови и здравствени производи. Таа изрази надеж дека постојните недостатоци наскоро ќе бидат отстранети. Симао потврди дека СЗО повторно ќе го отвори случајот, ќе ги процени доставените податоци и ќе ги продолжи инспекциите на производствените капацитети во Русија дури и ако досието биде „се уште нецелосно“. -Сите поднесоци што ги имаме се обработуваат на ист начин, рече таа, но не го наведе крајниот рок кога може да заврши процесот за одобрување на руската вакцина за внесување на листата на дозволени за употреба вакцини против ковид. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ja-zapre-postapkata-za-itno-odobruvanje-na-sputnik-v/feed/ 0
Унгарија ќе започне со производство на Спутник В во 2022 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-kje-zapochne-so-proizvodstvo-na-sputnik-v-vo-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-kje-zapochne-so-proizvodstvo-na-sputnik-v-vo-2022-godina/#respond Tue, 24 Aug 2021 16:56:21 +0000 https://kurir.mk/?p=554581

Унгарија очекува да ги добие потребните технологии до крајот на оваа година и да започне со производство на руската вакцина „Спутник В“ до крајот на 2022 година, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто на заедничка прес-конференција по разговорите со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. – До крајот на оваа година ќе можеме да го завршиме процесот на трансфер на технологија, а до крајот на 2022 година ќе биде можно да се произведе вакцината „Спутник В“ под руска лиценца, рече Сијарто. Според него, на овој начин може да се намали ранливоста на земјата, како и да се искористат придобивките од надворешната политика преку испорака на вакцини на странски пазари. Производствениот погон на „Спутник В“ ќе се гради во градот Дебрецен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-kje-zapochne-so-proizvodstvo-na-sputnik-v-vo-2022-godina/feed/ 0
„Недостигаат валидни податоци за одобрување на Спутник В“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nedostigaat-validni-podatoci-za-odobruvanje-na-sputnik-v/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nedostigaat-validni-podatoci-za-odobruvanje-na-sputnik-v/#respond Wed, 04 Aug 2021 08:56:41 +0000 https://kurir.mk/?p=546028

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен смета дека Европа е добро подготвена за можно давање на третата доза од вакцината против коронавирус и посочи дека за одобрување на руската вакцина „Спутник В“ недостигаат валидни податоци. – Нарачавме 1,8 милијарди дози од Бионтек/Фајзер до 2023 година. Тоа е најголемата нарачка во светот и е доволно за можна трета доза во ЕУ, како и за адаптација на новите соеви, изјави Фон дер Лајен за германската медиумска мрежа РНД. Кога станува збор за одобрување на руската вакцина „Спутник В“ од Европската агенција за лекови (ЕМА), таа рече дека овој процес се уште е неизвесен. „Досега, производителот не можеше да обезбеди доволно валидни податоци за да ја докаже безбедноста на вакцината“, објасни таа, додавајќи дека ова покренува голем број прашања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nedostigaat-validni-podatoci-za-odobruvanje-na-sputnik-v/feed/ 0
Путин конечно откри која вакцина ја примил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-konechno-otkri-koja-vakcina-ja-primil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-konechno-otkri-koja-vakcina-ja-primil/#respond Wed, 30 Jun 2021 09:55:50 +0000 https://kurir.mk/?p=529812

Рускиот претседател Владимир Путин точно на пладне по московското време започна да одговара на прашања на руските граѓани на традиционалната ТВ програма „Директна линија“. Путин, кој одговара по прашањата на граѓаните по 18-ти пат, на почетокот на програмата рече дека не поддржува задолжителна вакцинација, но рече дека понатамошното ширење на инфекцијата може да се спречи само благодарение на вакцинацијата. Како одговор на прашањето на граѓаните која вакцина ја примил, Путин рече дека го замолиле да не кажува за да не создаде конкуренција, но денес тој одлучи да го открие, наведувајќи дека станува збор за вакцината „Спутник V“. - По добивањето на втората вакцина, имав температура од 37,2 степени навечер, и 36,6 наутро - рече Путин, како што пренесе „Спутник“ · Соопштено е дека за рускиот претседател се примени околу два милиони прашања и дека тие продолжуваат да пристигнуваат, пренесува руската агенција ТАСС. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-konechno-otkri-koja-vakcina-ja-primil/feed/ 0
ЕМА ќе го одложи одобрението за „Спутник В“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-kje-go-odlozi-odobrenieto-za-sputnik-v/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-kje-go-odlozi-odobrenieto-za-sputnik-v/#respond Thu, 17 Jun 2021 06:45:01 +0000 https://kurir.mk/?p=524607

Одобрувањето за вакцината „Спутник В“ во Европската унија ќе се одложи затоа што е пробиен рокот за доставување дополнителни податоци, изјавија за британските медиуми две лица запознаени со случајот, со што се намалуваат шансите на ЕУ да се бори против пандемијата на коронавирусот. Еден од изворите, член на германската Влада, изјави дека неуспехот да се достават потребните клинички податоци до Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ја одложи одлуката на Европската унија најрано до септември. -Одобрувањето на „Спутник В“ најверојатно ќе се одложи до септември, а можеби и до крајот на годината, изјави германскиот владин претставник, кој сакаше да остане анонимен. ЕМА се очекуваше до крајот на мај или во јуни да ја заврши ревизијата на „Спутник В“. Друг извор додаде дека рокот за доставување на документацијата бил пробиен на 10 јуни, а производителот, рускиот институт „Гамалеја“, наводно соопштил дека документацијата ќе ја испрати следната недела или најдоцна до крајот на месецот. Рускиот Фонд за директни инвестиции, што се занимава со маркетингот на вакцината, соопшти и дека ревизијата на ЕМА е во тек. „Сите информации за „Спутник В“ и клиничките испитувања се предадени на една од службите на ЕМА и ревизијата е завршена и испратена до првите луѓе на ЕМА“, соопшти РДИФ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-kje-go-odlozi-odobrenieto-za-sputnik-v/feed/ 0
Словачка втора држава во ЕУ што почна имунизација со Спутник В https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-vtora-drzava-vo-eu-shto-pochna-imunizacija-so-sputnik-v/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-vtora-drzava-vo-eu-shto-pochna-imunizacija-so-sputnik-v/#respond Mon, 07 Jun 2021 11:00:17 +0000 https://kurir.mk/?p=520064

Словачка е втора држава во Европската унија што почна со имунизација со руската вакцина Спутник В, која се уште не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА). Словачка ја одобри вакцината на 26 мај и има на располагање 200.000 дози. Досега само 5.000 луѓе се пријавија за Спутник В, а првата земја на ЕУ што го одобри тоа беше Унгарија. Тајната набавка на руската вакцина во Словачка предизвика политичка криза во март, што резултираше со пад на владата. Словачка се уште користи вакцини од Фајзер, Модерна и Астра Зенека, сите одобрени од ЕМА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovachka-vtora-drzava-vo-eu-shto-pochna-imunizacija-so-sputnik-v/feed/ 0
Русија очекува СЗО да ја одобри вакцината „Спутник В“ во следните два месеца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-ochekuva-szo-da-ja-odobri-vakcinata-sputnik-v-vo-slednite-dva-meseca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-ochekuva-szo-da-ja-odobri-vakcinata-sputnik-v-vo-slednite-dva-meseca/#respond Fri, 04 Jun 2021 12:07:22 +0000 https://kurir.mk/?p=519006

Русија очекува Светската здравствена организација (СЗО) да ја одобри вакцината Спутник В во следните два месеца, изјави денеска Кирил Дмитриев, шеф на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), задолжен за дистрибуција на лекот. Дмитриев истакна дека Европската агенција за лекови (ЕМА), која исто така ја проверува Спутник В, „ги има сите потребни основни информации“ и засега нема критики за вакцината. Тој не прецизира кога ЕМА ќе донесе одлука, пренасочувајќи го прашањето кон европската агенција, па додаде дека СЗО нема забелешки на руската вакцина по извршени неколку инспекции. Шефот на РДИФ не сакаше да открие кои производствени капацитети биле посетени за време на инспекцијата. – Гледаме дека инспекторите имаат професионален пристап. Нема значителни критички забелешки, барем засега. Никого не би повикале ако не бевме апсолутно сигурни во транспарентноста на процесот, рече Дмитриев. Рускиот министер за здравство Михаил Мурачко, исто така, беше оптимист. – Сè се одвива според планот. Тие треба да подготват извештај и да дадат препораки за тоа како да затворат одредени прашања, нагласи Мурачко за СЗО и ЕМА на економскиот форум во Санкт Петербург. Унгарија засега е единствената земја на Европската унија која вакцинира со руската вакцина, а Словачка ќе започне да го прави тоа на 7 јуни, обете без да чекаат одобрување од ЕМА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-ochekuva-szo-da-ja-odobri-vakcinata-sputnik-v-vo-slednite-dva-meseca/feed/ 0
Денеска почнува производството на вакцината „Спутник V“ во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/deneska-pochnuva-proizvodstvoto-na-vakcinata-sputnik-v-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/deneska-pochnuva-proizvodstvoto-na-vakcinata-sputnik-v-vo-srbija/#respond Fri, 04 Jun 2021 09:15:08 +0000 https://kurir.mk/?p=518900

Копретседавачите на Српско-рускиот меѓувладин комитет, министер во Владата на Србија Ненад Поповиќ и вицепремиер на руската влада Јуриј Борисов, одржаа состанок на кој посочија дека почетокот на производството на „Спутник V“ вакцината во Институтот „Торлак“ би била свечено обележана попладнево. - Тоа е потврда за најдобрата политичка, економска и научно-технолошка соработка меѓу нашите две држави, но и потврда за блискоста и високиот степен на меѓусебна доверба меѓу нашите државни лидери - рече Поповиќ. Тој истакна дека производството на вакцината Спутник V во институтот Торлак е резултат на договорот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Русија, Владимир Путин, кој диктира високо темпо на развој на билатерални односи меѓу двете земји во своите области. - За само пет месеци од почетокот на работата за воспоставување на производство на руска вакцина во Србија, задачата што ја добивме од нашите претседатели е исполнета. Србија ќе стане првата земја во Европа што ќе произведува вакцина Спутник V на нејзината територија. Сега ќе бидеме уште поподготвени да ги заштитиме здравјето и животот на нашите граѓани, но и да им помогнеме на нашите партнери во регионот и Европа кои имаат огромна потреба од вакцината - рече Поповиќ. Вицепремиерот на Руската Федерација Јуриј Борисов изрази задоволство од почетокот на производството на руската вакцина во Србија. Тој посочи дека ова е голем чекор за Србија, кој гарантира зачувување на безбедноста и долгорочна заштита на населението од вирусот корона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/deneska-pochnuva-proizvodstvoto-na-vakcinata-sputnik-v-vo-srbija/feed/ 0