Спутник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Mar 2023 21:17:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Спутник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пронајден е мртов научникот кој ја развивал вакцината „Спутник“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajden-e-mrtov-nauchnikot-koj-ja-razvival-vaktsinata-sputnik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajden-e-mrtov-nauchnikot-koj-ja-razvival-vaktsinata-sputnik/#respond Fri, 03 Mar 2023 21:17:24 +0000 https://kurir.mk/?p=807906

Рускиот виролог Андреј Ботиков, кој помогна да се развие вакцината „Спутник V“ против коронавирусот, е пронајден убиен во неговиот дом во Москва, јавуваат медиумите. Ботиков бил еден од 18-те научници кои учествувале во развојот на вакцината „Спутник V“ во Националниот истражувачки центар „Гамалеја“. Властите отворија истрага за убиството, а веќе е приведен и осомничен 29-годишен разбојник кој според надлежните упаднал во домот на Ботиков и го задавил научникот со каиш, по што избегал.  
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajden-e-mrtov-nauchnikot-koj-ja-razvival-vaktsinata-sputnik/feed/ 0
Грчкото издание на „Спутник“ прекина со работа: Над 30 новинари останаа без работа, реагираат новинарските здруженија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkoto-izdanie-na-sputnik-prekina-so-rabota-nad-30-novinari-ostanaa-bez-rabota-reagiraat-novinarskite-zdruzenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkoto-izdanie-na-sputnik-prekina-so-rabota-nad-30-novinari-ostanaa-bez-rabota-reagiraat-novinarskite-zdruzenija/#respond Thu, 03 Mar 2022 20:06:14 +0000 https://kurir.mk/?p=640469

Над 30 новинари и административен персонал останаа без работа во Грција откако денеска прекина со работа грчкото издание на Спутник по одлуката на Европската унија да ги забрани руските РТ и Спутник, јави дописничката на МИА од Атина. Здруженијата на грчките новинари и фоторепортери, како и Здружението на странски дописници во Грција изразија поддршка до вработените во Спутник, кои, пак, преку соопштение велат дека одеднаш, останаа без „глас“ и работа. – Грција на „демократијата“, Европа на „правата и слободата“ го затворија Спутник. Меѓу нив и Спутник што функционираше во Грција во кое беа вработени новинари, репортери, административен персонал и секој ден со страст и верба макотрпно работеа за информирање на сите, соопштија вработените во, како што напишаа, „последниот текст на редакцијата“. Додаваат дека „под изговор дека ќе ја прекинат „пропагандата“, европските институции и влади покажуваат што навистина сакаат: тие да контролираат што ќе се емитува, кои вести се правилни и кои треба да се скратат, да исчезнат“. Здруженијата на грчките новинари и грчките фоторепортери, како и Здружението на странски дописници во Грција, во заедничкото соопштение велат дека „стотици вработени во руската агенција „Спутник“ ширум Европа, од кои 32 во Грција, беа известени дека нивните канцеларии се затвораат и остануваат без работа“. – Новинарите и медиумските работници се првите жртви на необјавената, но видлива војна против информирањето. Незамисливо е медиумите да бидат вклучени во апсолутно оправданите санкции против една војна, пишува во заедничкото соопштение на трите здруженија. Тие додаваат дека одлуката на ЕК ќе има спротивен ефект и освен цензурата, како последица ќе има и таргетирање на новинарите. – Ги повикуваме, дури и во овој последен момент како европските институции, така и владите да имаат предвид дека покрај огромниот удар врз слободата на изразување и демократијата, потпишуваат и губење на стотици работни места, коментираат Здруженијата на грчките новинари и фоторепортери и Здружението на странски дописници во Грција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkoto-izdanie-na-sputnik-prekina-so-rabota-nad-30-novinari-ostanaa-bez-rabota-reagiraat-novinarskite-zdruzenija/feed/ 0
YouTube ги блокира „Раша тудеј“ и „Спутник“ во Европа https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/youtube-gi-blokira-rasha-tudej-i-sputnik-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/youtube-gi-blokira-rasha-tudej-i-sputnik-vo-evropa/#respond Tue, 01 Mar 2022 14:34:04 +0000 https://kurir.mk/?p=638739

Платформата YouTube соопшти дека ги блокира каналите поврзани со руските медиуми „Раша тудеј“ (РТ) и „Спутник“ ширум Европа. Блокадата е воведена поради руската инвазија врз Украина. Претходно, Европска комисија воведе санкции за руските медиуми, меѓу кои и РТ и „Спутник“. ЕК бара одобрение од земјите-членки на Европска Унија да ги санкционира руските медиумски куќи под контрола на државата РТ и „Спутник“ и да го ограничи нивниот пристап до европскиот медиумски пазар без оглед на нивниот канал на дистрибуција. Санкциите значи дека на операторите во ЕУ ќе им биде забрането да емитуваат, овозможуваат или на друг начин придонесуваат за ширење на која било содржина на РТ и на Спутник, изјави шефот на индустријата на ЕУ, Тиери Бретон. Тоа вклучува пренос или дистрибуција преку кабел, сателит, ИПТВ, интернет платформи или апликации за споделување видеа, без оглед дали се нови или претходно инсталирани. Санкциите ќе се однесуваат и на лиценците, овластувањата и договори за дистрибуција, кои би биле суспендирани. Еврокомесарот Бретон очекува денеска да добие зелено светло од земјите-членки на ЕУ.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/youtube-gi-blokira-rasha-tudej-i-sputnik-vo-evropa/feed/ 0
Кинеските вакцини признати во Австрија, но не и руската Спутник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-vakcini-priznati-vo-avstrija-no-ne-i-ruskata-sputnik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-vakcini-priznati-vo-avstrija-no-ne-i-ruskata-sputnik/#respond Mon, 07 Feb 2022 09:32:33 +0000 https://kurir.mk/?p=627941

Министерството за здравство на Австрија издаде уредба со која се регулира примената на Законот за воведување на задолжителна вакцинација против коронавирус, според која, покрај вакцината одобрена од ЕМА, се признаваат и двете кинески вакцини и индиската. Руската „Спутник“ не е на овој список. Од саботата во Австрија е на сила обврската за вакцинација против коронавирус, а во првата фаза која ќе биде до средината на март нема да има казнувања, туку само информирање на граѓанте за нивната обврска. Полицијата од март ќе спроведува контроли и ќе поднесува пријави. Казните ќе се движат до 600 евра, а во случај на жалба или неплаќање може да достигнат и 3.600 евра. Задолжителната вакцинација важи за сите полнолетни граѓани кои се пријавени во Австрија. Со Уредбата се прифаќаат вакцините одобрени од ЕМА (Модерна, Фајзер, Џонсон и Џонсон, Астра Зенека и Новавакс), кинеските Синофарм и Синовак и индиските вакцини. Единствена непризната е руската вакцина „Спутник“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-vakcini-priznati-vo-avstrija-no-ne-i-ruskata-sputnik/feed/ 0
СЗО се уште проценува дали да ја одобри вакцината Спутник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-se-ushte-procenuva-dali-da-ja-odobri-vakcinata-sputnik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-se-ushte-procenuva-dali-da-ja-odobri-vakcinata-sputnik/#respond Tue, 05 Oct 2021 16:52:39 +0000 https://kurir.mk/?p=573526

Светската здравствена организација (СЗО) се уште ги разгледува податоците за руската антиковид вакцина Спутник В, со цел да ја одобри за итна употреба. Соопштението дојде откако рускиот министер за здравство Михаил Мурашенко во претходните денови изјави дека административните прашања се главната пречка за СЗО да одлучи дали ќе одобри итна употреба на вакцината Спутник. Евентуалното одобрување на Спутник би значело меѓународна доверба во вакцината по ригорозна ревизија и би можело да ја отвори вратата за вклучување на руската вакцина во програмата Ковакс, која планира рамномерна дистрибуција на вакцините низ целиот свет. -СЗО продолжува да го оценува Спутник од различни производствени локации и ќе ја објави одлуката кога ќе се знаат сите податоци и кога ќе заврши ревизијата, се наведува во соопштението на СЗО. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-se-ushte-procenuva-dali-da-ja-odobri-vakcinata-sputnik/feed/ 0
Русија ќе изгради нов град, името сигурно ви е многу познато https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-kje-izgradi-nov-grad-imeto-sigurno-vi-e-mnogu-poznato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-kje-izgradi-nov-grad-imeto-sigurno-vi-e-mnogu-poznato/#respond Fri, 03 Sep 2021 15:28:17 +0000 https://kurir.mk/?p=558939

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша договор за изградба на нов град Спутник, соопшти денеска Министерството за развој на Далечниот Исток. Путин го потпиша планот за време на економскиот форум кој се одржа во Владивосток, град на крајниот исток од земјата. Спутник треба да биде оддалечен околу 30 километри од Владивосток, кој, пак, се наоѓа 2.000 километри од Кина. Плановите предвидуваат дека новиот град ќе стане индустриски центар во кој еден ден ќе живеат 300.000 луѓе. Спутник, кој од руски превод значи „сателит“, е името на првиот вештачки сателит на Земјата, лансиран од Советскиот Сојуз во 1957 година, што предизвика загриженост во САД, кои беа во „вселенска трка“ со Советскиот Сојуз како дел од Студената војна. Минатата година, Русија стана првата земја која разви вакцина против Ковид-19, нарекувајќи ја Спутник В во чест на победата во вселенската трка. Пред потпишувањето на договорот за изградба на нов град, министерот за одбрана Сергеј Шојгу се заложи за изградба на неколку нови градови во источниот дел на Сибир, за оддалечениот регион да стане попривлечен за руските жители. Се повеќе Руси се селат во главниот град Москва, каде има подобра инфраструктура од кој било друг град во земјата и повеќе можности за вработување. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-kje-izgradi-nov-grad-imeto-sigurno-vi-e-mnogu-poznato/feed/ 0
Русија добива уште еден град, ќе го наречат Спутник: Планот е 300.000 луѓе да живеат во него https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-dobiva-ushte-eden-grad-kje-go-narechat-sputnik-planot-e-300-000-lugje-da-ziveat-vo-nego/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-dobiva-ushte-eden-grad-kje-go-narechat-sputnik-planot-e-300-000-lugje-da-ziveat-vo-nego/#respond Fri, 03 Sep 2021 09:16:34 +0000 https://kurir.mk/?p=558762

Руското министерство за Далечниот Исток и развојот на Арктикот, владата на регионот Приморски, корпорациите ВЕБ.РФ и „ООО ПроГород“ денеска потпишаа договор за основање на градот Спутник, 30 километри од Владивосток. Договорот беше потпишан на Источниот економски форум, објави прес -службата на државната развојна корпорација ВЕБ.РФ, а пренесува руската агенција ТАСС. - VEB.RF и ProGorod ќе го поддржат формирањето на новиот град Спутник на Далечниот Исток. Основањето на новиот град Спутник се планира на територијата на Надеждина, на помалку од 30 километри од Владивосток. Градот ќе биде дизајниран за 300.000 жители, а развојната област ќе биде 925 хектари, се додава во соопштението. Проектот планира да изгради 2,8 милиони квадратни метри простор за живеење. Исто така, беше објавено дека ќе се користат разни државни програми за поддршка за да се обезбеди развој на пријатна урбана средина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-dobiva-ushte-eden-grad-kje-go-narechat-sputnik-planot-e-300-000-lugje-da-ziveat-vo-nego/feed/ 0
Научници ја модификуваа вакцината Спутник В за употреба против делта варијантата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnici-ja-modifikuvaa-vakcinata-sputnik-v-za-upotreba-protiv-delta-varijantata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnici-ja-modifikuvaa-vakcinata-sputnik-v-za-upotreba-protiv-delta-varijantata/#respond Fri, 20 Aug 2021 12:11:14 +0000 https://kurir.mk/?p=553015

Руските истражувачи соопштија дека ја модифицирале вакцината против коронавирус Спутник В, која се користи повеќе од една година, за употреба против позаразната делта варијанта. – Вакцината што ја модификувавме веќе е во фрижидер, изјави Александар Гинзбург, директор на Институтот Гамалеја. Тој потенцираше дека е прерано да се зборува за ефикасноста на вакцината. И останатите произведувачи на вакцини во светот веќе работат на измени на своите вакцини за да бидат поефикасни во борбата против делта варијантата. Истовремено, Гинзбург се залага за употреба на Спутник лајт, како бустер вакцина за оние кои примиле две дози од Фајзер/БиоНТек. Според официјалните податоци, досега во Русија се вакцинирани 41,5 милиони луѓе, или 28,4 проценти од населението, од кои 33,5 милиони двапати, што значи 22,9 проценти се целосно вакцинирани. Европската унија сè уште работи на одобрување за Спутник V и во повеќе наврати ја критикуваше Русија дека не обезбедила доволно податоци за да придонесе за одобрување на вакцината на ниво на ЕУ. Сепак, земјите од ЕУ можат индивидуално да одлучат за употреба на Спутник В, како што го направи тоа Унгарија, додека во Германија оваа вакцина не се признава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnici-ja-modifikuvaa-vakcinata-sputnik-v-za-upotreba-protiv-delta-varijantata/feed/ 0
Денеска ќе пристигнат 10.000 вакцини „Астра Зенека“ донација од Хрватска, идната недела се очекуваат 10.000 „Спутник“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-pristignat-10-000-vakcini-astra-zeneka-donacija-od-hrvatska-idnata-nedela-se-ochekuvaat-10-000-sputnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-pristignat-10-000-vakcini-astra-zeneka-donacija-od-hrvatska-idnata-nedela-se-ochekuvaat-10-000-sputnik/#respond Fri, 02 Jul 2021 06:46:00 +0000 https://kurir.mk/?p=530784

Десет илјади вакцини на „Астра Зенека“ донација од Хрватска ќе стигнат денеска во земјава, а наредната недела се очекуваат и 10 000 од руските „Спутник“. На пунктовите се аплицираат вакцини од „Фајзер“ и кинеските „Синовак“ и „Синофарм“. Досега вакцина примиле речиси 335 илјади граѓани, а 223 илјади се целосно имунизирани односно со две дози. Во претходното деноноќие беа регистрирани пет новозаразени со коронавирус од 2531 тестирање, 86 оздравени и еден починат – 76-годишен пациент од Виница. Скопје има најмногу активни случаи (60), а двоцифрен број имаат и Тетово (14), Кичево (13), Охрид (11) и Куманово (10). Во 17 градови нема активни случаи на КОВИД-19 во вчерашната статистика. Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека продолжува трендот од минатата недела на опаѓање на бројките на новодијагностицирани, но дека надлежните се многу внимателни во однос на следењето на состојбата со коронавирусот, пред сè, со индискиот сој кој се појави во повеќе земји. Ширењето на вирусот може да се спречи, рече Филипче, ако нема групирање и со свесност на граѓаните за почитување на мерките препорачани од Комисијата за заштита од заразни болести. Рече дека сè уште нема дозвола за работа на затворените дискотеки и, веројатно, нема ни да има во текот на летото зашто е доволно во овој период тие да работат на отворено, со што ќе се избегне дополнително групирање. Покрај почитување на мерките, важно е и вакцинирањето како единствениот начин да се победи пандемијата. Министерот апелираше дека со вакцините ќе се заштитиме и ќе амортизираме евентуален нов бран наесен. – Прашање на време е кога индискиот сој на вирусот ќе стане доминантен во Европа, затоа е важно што поголем број граѓани да се вакцинираат во овој период на стабилна епидемиолошка состојба. Вакцини има во доволна количина и сите се безбедни и ефикасни. Последните информации кои пристигнуваат од Европската агенција за лекови се дека вакцините се ефикасни и за новите соеви што ни влева многу надеж, напиша Филипче на Фејсбук. Од почетокот на епидемијата минатиот февруари, бројот на КОВИД-дијагностицирани во земјава досега е 155 689. Оздравени се 150 063, починати 5485, а вкупно има 141 активен случај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-pristignat-10-000-vakcini-astra-zeneka-donacija-od-hrvatska-idnata-nedela-se-ochekuvaat-10-000-sputnik/feed/ 0
„АстраЗенека“ како донација од Хрватска пристигнуваат во Македонија, најавени и 10.000 вакцини „Спутник“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/astrazeneka-kako-donacija-od-hrvatska-pristignuvaat-vo-makedonija-najaveni-i-10-000-vakcini-sputnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/astrazeneka-kako-donacija-od-hrvatska-pristignuvaat-vo-makedonija-najaveni-i-10-000-vakcini-sputnik/#respond Thu, 01 Jul 2021 11:07:28 +0000 https://kurir.mk/?p=530517

Имаме најава дека в петок ќе стигнат 10.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Хрватска. Во текот на наредната недела се очекува да стигнат и 10.000 вакцини од Русија на „Спутник“. Вакцинацијата денеска се спроведува во сите вакцинални пунктови. Во текот на вчерашниот ден и завчера се вакцинирани околу 12.000 лица, а заклучно со вчера се вакцинирани 330.000 граѓани, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Министерот истакна дека во процесот на имунизација се вклучени и центрите за масовна вакцинација, односно спортските сали и здравствените домови. Тој потенцира дека вакцините се безбедни и дека не постои шанса да се пушти во промет лек доколку за тоа нема одобрение од Агенцијата за лекови. – Вчера се покрена едно прашање околу документацијата, дозволите итн. Сакам да објаснам дека граѓаните треба да бидат спокојни и не постои шанса да се пушти кој било лек во промет, вклучувајќи и вакцина, доколку за тоа одобрение не даде Агенцијата за лекови. Ние аплицираме со соодветната документација која што е потребна и за увоз на лекот, а таа стигнува и пред да стигнат вакцините во Агенцијата за лекови, така што станува збор за административен процес, изјави Филипче. Министерот истакна дека започнале да излегуваат препораки и публикации за потреба од трета доза од вакцината против коронавирусот, но нагласи дека се уште нема цврст и јасен став околу тоа прашање. – Никој не може за сигурно да каже каква ќе биде иднината во однос на вакцинацијата. Дали овие две дози ќе бидат доволни или можеби ќе биде потребна трета доза и сега се поставува прашањето дали од истиот производител или различен или трето сценарио, оваа вакцина да прерасне во форма на сезонска вакцина, додаде тој. Филипче информираше дека теренската вакцинација е веќе започната во градовите каде што има лица кои се тешко подвижни, во помалите места, а од следната недела се очекува да биде спроведена поинтензивно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/astrazeneka-kako-donacija-od-hrvatska-pristignuvaat-vo-makedonija-najaveni-i-10-000-vakcini-sputnik/feed/ 0