срам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Feb 2022 10:12:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png срам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Срам, резил и арам https://arhiva.kurir.mk/kolumni/sram-rezil-i-aram/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/sram-rezil-i-aram/#respond Thu, 03 Feb 2022 09:57:59 +0000 https://kurir.mk/?p=626344

Круша под круша паѓа. Ковачевски под Заев. А за да вториот не трасне силно при падот, првиот амортизираше. Амортизерот и престолонаследник Таче звани Ќуран во Куманово, поставен од муртинскиот монарх Црпко и за да ги амортизира бугарските аздиси и желби. Она, кога ти е толку ќеф што си премиер и преЦедник на антинародна партија, што не знаеш да кажеш НЕ. Саде климаш со главчето. За се’... Ако очекувавте СДССС, барем, да блефира дека старо-новата владина направија е нешто сосема поинакво од владеењето на Заев, толку омрзнато кај народот, сте се зезнале. Таче веќе вториот ден ја демантираше оваа насушна потреба. Денот кога така триумфално го прифати она „краткото“ име и испрати писмо во ООН, име за кое секој нормален во државата мислеше дека е МАКЕДОНИЈА, а Ќуран да ти се фалел со она на „С“ без Република во него. Следуваше воодушевеноста и паѓањето во транс од „ВЕЛИЧЕНСТВЕНИОТ“ пречек во Бугарија, а по него и заедничката прослава на огромниот јубилеј, за Македонците... Ковачевски без проблем се согласи заедно со Петков да го чествува Гоце. За штетата кон Македонците и Македонија Ќуран не се консултирал ниту со својата подјармена Комисија за историја, чиј предводник гласно залелелка дека Таче го минирал. Да, толку Заевистички, толку антимакедонски, толку непромислено, толку штетнички. И толку очекувано, нели... Зарем, некој очекуваше анонимусот кој Црпко го промовираше и го шеташе на „упознавање“ по средби како стара мома за женење, човечето кое „ничим изазваним“ стана преЦедник на СДСССС и на Влада, овој незнаен антијунак кој до земја се поклони на „големината“ на Заев, тој да биде поинаков или подобар од својот создател? Јок. Не, никој не го очекуваше тоа. Иако, по искуството со суртукот ЗЗ, кој е дно на дното, очекувавме некој со повеќе усул. Упс, статива... Македонскиот песимист вели – Не, не може подолу од ова. Оптимистичкиот северџан пак посочува: Може, можееее! И би подолу, секој Божји ден... Да не се лажеме, овие неолиберални опортунисти не сфаќаат зошто „Гоце е Македонија!“, затоа што ни на крај памет не им паѓа како тоа може да биде оти пустите шаренковци не ја разбираат неговата големина, ниту ја чувствуваат Македонија како нешто големо и свое. Докажано е дека колку и да ламентираат дека се Македонци, за нив ова е само попатна станица кон идиотското и сороспијско „едно општество за сите“ и „заедничката историја“, ступидна квазикосмополитска идеологија во која сите сме анационални и исти, историјата е товар за заедничката им иднината, а патриотизмот е ретроградна стапица за модерниот дух. Дузина глупави и изместени шарени сентенци и фрази кои ги научиле на памет во вечерната Канвас школа и ги верглат ко навиени, се’ и само за да се оправдат пред себе за забеганото предавство на сопствената нација и држава... Затоа, на лукративните суртуци кои без проблем си го кажуваат она на „С“ не им е никаков проблем да ја стават својата држава во потчинета/подредена позиција, ниту да ги омаловажат и подјармат својата нација, историја и херои. Веројатно, лесно е кога не ги чувствуваш за свои, притоа верглајќи ги заради сопствена ментална хигиена нон-стоп сосроспијските излитени фрази, перејќи се пред себеси. Уште поверојатно, токму затоа и им е толку лесно да ја уништат и минимизираат историјата во образованието. Да ја „зипуваат“, искалемат и сторат „заедничка.“ Не, тоа не е само за да им „учинат“ на Бугарите за да го добијат пустиот, утопијски датум, фолирајќи дека нешто демек работат – па еве добиле и датум. Каков успех, северџанска нирвана.... Не, побитното во уништувањето на историјата како наука и нејзино сведување на три страници во образованието им е поради фактот што колку и да се недоветни и бесрамни, тие добро си знат што таа иста историја утре ќе пишува за нив. Не мора да си Ајнштајн за да сфатиш. По срам и резил, следствено доаѓа арам, велат старите. Националниот бил најтежок,  А тие, старите, не промашуваат. Паталци, не гаталци. Тежок збор, нели - АРАМ, проклетство. И убаво знаат северџаните  на кои страници и со која боја овенчани на нив ќе завршат. Оти, историјата не простува, никому...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/sram-rezil-i-aram/feed/ 0
Арсовски: Срам и брука е што нема вакцини за граѓаните, а Филипче се крие и бега https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-sram-i-bruka-e-shto-nema-vakcini-za-gragjanite-a-filipche-se-krie-i-bega/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-sram-i-bruka-e-shto-nema-vakcini-za-gragjanite-a-filipche-se-krie-i-bega/#respond Sun, 24 Jan 2021 17:40:30 +0000 https://kurir.mk/?p=459249

Очигледна е нервозата кај власта по вчерашното видео од премиерката Брнабиќ, истакна на денешната прес-конференција насловена како „коментар на денот“ портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски. И повторно Венко Филипче кога е фатен во сериозен скандал, бега, молчи и се крие позади празни и штури соопштенија на министерството за здравство. Со вчерашното барање за извинување Венко Филипче и министерството беа фатени во класичен офсајд, каде што ни самите не знаеја за што бараат извинување. Доколку немало илегална вакцинација во Република Македонија, еве уште еднаш прашуваме - ЗОШТО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ И МИНИСТЕРСТВОТО НЕ ПОБАРАА ИЗВИНУВАЊЕ ОД ПРЕМИЕРКАТА БРНАБИЌ И НЕ ЈА ДЕМАНТИРАА ИЛИ ПАК ДА РЕАГИРААТ СО ОСТРА ПРОТЕСТНА НОТА? Дали со тоа што нема се уште демант и нема побарано извинување од премиерката Брнабиќ од страна на власта значи дека Филипче и Заев се фатени живи во сериозен скандал? Очигледна е затоа и нервозата, но и криењето на Венко Филипче. Човекот кој не се симнуваше од медиумите и известуваше буквално секој ден на кој начин и во колку часот беа земани брисеви на тестираните, нормално сега сум ироничен, сега се крие бидејќи не може да обезбеди вакцини за граѓаните заради неговата неспособност, а и дали тие што ги добиле одреден број на вакцини ги поделиле преку врски на одредени луѓе? Жив срам и жива брука што нема вакцини и ги лажат граѓаните, а тоа чини животи на граѓани кои умираат секојдневно. И уште еднаш прашувам дали Филипче и Заев сега ќе им се извинат на граѓаните за манипулациите и лажењето и тоа што не можат да им обезбедат вакцини или пак затоа што најверојатно вакцинираат илегално и ние дознаваме од премиери на други држави?, рече Арсовски во своето излагање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-sram-i-bruka-e-shto-nema-vakcini-za-gragjanite-a-filipche-se-krie-i-bega/feed/ 0
Сакаше да биде итар, па се посрамоти: Ваква глупост од голман немате видено (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sakashe-da-bide-itar-pa-se-posramoti-vakva-glupost-od-golman-nemate-videno-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sakashe-da-bide-itar-pa-se-posramoti-vakva-glupost-od-golman-nemate-videno-video/#respond Tue, 01 Dec 2020 14:25:06 +0000 https://kurir.mk/?p=436993

Несекојдневна и чудна снимка доаѓа од втората руска лига. Во главната улога е голманот Иван Ломајев кој сакаше да биде итар, а на крај испадна трагичар за својата екипа, пишува ГОЛ.МК. Оренбург се израдува на победата против Крилја Советов со погодок од пенал во завршницата. Истиот немаше да биде толку популарен, да не беше „иновацијата“ на гостинскиот голман. Наместо да застане на средина, Ломајев се обиде да го збуни ривалот и бранеше блиску до својата десна статива. На крај очекувано беше надмудрен и стана причина за сеир на социјалните мрежи, пишува ГОЛ.МК. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sakashe-da-bide-itar-pa-se-posramoti-vakva-glupost-od-golman-nemate-videno-video/feed/ 0
Постојат начини да се справите со сопствената срамежливост – дознајте ги! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/postojat-nachini-da-se-spravite-so-sopstvenata-sramezlivost-doznajte-gi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/postojat-nachini-da-se-spravite-so-sopstvenata-sramezlivost-doznajte-gi/#respond Tue, 10 Nov 2020 20:04:02 +0000 https://kurir.mk/?p=427607

Ако сте срамежливи имате проблем во одредени ситуации и со одредени луѓе да бидете опуштени, сепак постојат начини како да се справите со срамот. 1. Секое утро кога ќе се разбудите пред огледало повторете неколку пати “Се чувствувам и изгледам одлично“. Повторете ги овие зборови неколку пати, додека не се убедите самите себе во нивната вистинитост. Потоа облечете се и изгледајте онака како што си се допаѓате себе си. Луѓето полесно комуницираат ако се чувствуваат добро во сопствената кожа. 2. Барем еднаш дневно направете некоја ризична постапка. Соочете се со стравот и ќе си ја зајакнете самодовербата. Морате да знаете да се справувате со помали стравови за да бидете подготвени за поголеми предизвици. Не постои ништо што не можете да направите. 3. Ако сте дел од групни разговори убаво би било да споделите со останатите дека сте срамежливи. Така тие ќе ве охрабрат да го изнесете своето мислење и да сте дел од конверзацијата. Ако премолчите може да помислат дека ви е досадно и не сакате да придонесете во разговорот. 4. Одбивањето и неуспесите се дел од животот и колку порано го сфатите тоа полесно ќе одите напред. Немојте да мислите дека само вас ви се случува тоа или дека мора да успеете во се што сте се обиделе. Ниедно одбивање не го сфаќајте лично - прифатете го и продолжете понатаму. 5. Вклучете се во активности кои ве прават среќни. Тоа може да биде од пливање до готвење. Истражување нови работи е одличен лек за срамежливост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/postojat-nachini-da-se-spravite-so-sopstvenata-sramezlivost-doznajte-gi/feed/ 0
Неколку работи од кои мажите најмногу се срамат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nekolku-raboti-od-koi-mazite-najmnogu-se-sramat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nekolku-raboti-od-koi-mazite-najmnogu-se-sramat/#respond Tue, 04 Aug 2020 09:24:36 +0000 https://kurir.mk/?p=385859

Мажите секогаш се трудат да бидат најдобри во се што прават и да покажат доминација. Сепак, не секој може да биде совршен и не секој може да ги прави некои работи најдобро. Затоа мажите се трудат да ги скријат тие нивни недостатоци. Еве неколку работи кои еден маж се срами да ги признае… Не знае да биде мајстор Постојат голем број на мажи, а особено во денешно време кои не се толку стручни со алатот. Кога не знаат да возат Сите мажи сакаат да се докажуваат дека се добри возачи, но има и од оние кои сеуште не научиле да возат. Кога се слаби Секој маж сака да покаже доминација и сила во одредени моменти, а кога ќе се случи некој да е појак од него, тогаш се појавува тоа чуство. Кога се лоши во кревет Тоа е најголемиот машки страв. Ако мажот е лош во кревет, тој ќе проба тоа да го сокрие на секој можен начин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nekolku-raboti-od-koi-mazite-najmnogu-se-sramat/feed/ 0
КовИДИОТ – збор со кој медиумите ги ставаат неодговорните на столб на срамот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovidiot-zbor-so-koj-mediumite-gi-stavaat-neodgovornite-na-stolb-na-sramot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovidiot-zbor-so-koj-mediumite-gi-stavaat-neodgovornite-na-stolb-na-sramot/#respond Sat, 04 Apr 2020 12:57:24 +0000 https://kurir.mk/?p=327253

Епидемијата на коронавирусот во САД како последица на бројните жртви и проблеми во функционирањето на целокупниот систем, донесе и нов збор – КовИДИОТ, со кој се именува неприфатливото однесување на поединци, заземајќи важно место во медиумите. – На секој херој што ќе спаси еден живот, веројатно секаде околу нас постои и еден КовИДИОТ кој не загрозува, пишува „Њујорк дејли њуз“ како вовед во рубриката во која укажува на оние кои со своето недолично однесување ги загрозуваат животите на другите. Меѓу првите кој е јавно осуден за своите постапки е еден средношколец, кој на социјалните мрежи се пофалил со организираните забави на плажа во Мајами. „Каков Ковид-19, каков коронавирус, ниту тој може да ме спречи“… Или девојка која ја лиже тоалетната школка во авион повикувајќи ги и останатите тоа да го направат бидејќи коронавирусот не постои… – Кој е најголем КовИДИОТ од нив – вие кажете?, прашува „Њујорк дејли њуз“, кој пред два дена во оваа конкуренција ги вметна и Џенифер Лопез и нејзиното момче Алек Родригез, бидејќи поради нив отворале некои фитнес центри, и покрај забраната за работа. Медиумите ги етикетирале со КовИДИОТ и оние кои ја загрозуваат околината. Зборот укажува на тоа дека одредено однесување не е прифатливо, а „Урбан дикшинери“ објаснува дека КовИДИОТ се и оние кои купуваат по 50 ролни тоалетна хартија, а за другите не оставаат ништо… Весникот „Њујорк пост“ преку посебна рубрика КовИДИОТ наведува драстични примери на оние кои не ги почитуваат одредбите за спречување на ширењето на коронавирусот и се однесуваат непристојно на јахтите. Медиумот ги повика граѓаните да гласаат и да изберат кој е најголем КовИДИОТ на денот. Меѓу нив бил и уапсениот свештеник од Луизијана, кој на верниците за време на службата, каде имало повеќе од илјада луѓе, им рекол сите да се фатат за раце… КовИДИОТ е и еден сурфер, поради кој морала да реагира крајбрежната стража, бидејќи не ја почитувал забраната за влез во океанот, но и секој што го прекршува правилото за социјална дистанца. „Скај њуз“ објави фотографија на која се гледа една трафика во близина на шеталиште, а на неа стои плакат, на кој пишува: „Ако го читаш ова, тогаш си вистински КовИДИОТ. Оди веднаш дома“. КовИДИОТ е и оној кој создава паника, пишува „Бизнис инсајдер“, а таа дефиниција го објаснува и еден дневен весник од Јута кој на 1 април објавил дека училишната година ќе биде поништена, поради што подоцна кога се создала паника им се извинувал на граѓаните кои не разбрале дека станува збор за првоаприлска шега.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovidiot-zbor-so-koj-mediumite-gi-stavaat-neodgovornite-na-stolb-na-sramot/feed/ 0
Сакала да се пофали со собата, но се посрамоти за цел живот: Кога нејзината мајка ги видела фотографиите, се шокирала https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sakala-da-se-pofali-so-sobata-no-se-posramoti-za-cel-zivot-koga-nejzinata-majka-gi-videla-fotografiite-se-shokirala/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sakala-da-se-pofali-so-sobata-no-se-posramoti-za-cel-zivot-koga-nejzinata-majka-gi-videla-fotografiite-se-shokirala/#respond Fri, 23 Aug 2019 11:05:16 +0000 https://kurir.mk/?p=232707

Социјалните мрежи можат на човекот да му се вратат како бумеранг, право во главата. Затоа, секогаш и задолжително треба да ја проверите секоја фотографија која ја објавувате. Па дури и оние кои им ги испраќате на вашите блиски. Оваа девојка доцна сфатила дека згрешила. Ѝ испратила фотографии на својата мајка. На мајка ѝ собата ѝ се допаднала, но не ѝ било јасно зошто на креветот има лисици.
 
View this post on Instagram
 
Always triple check your work before submitting⠀ By ella_vdm | TW⠀ -⠀ #oops #bed #handcuffs #9gag

A post shared by 9GAG: Go Fun The World (@9gag) on

Поради овие фотографии мајката дошла до сознание дека нејзината ќерка сака садо-мазо. Луѓето не престанале да ги коментираат овие фотографии па така некој искоментирал дека можеби ова девојче е месечар и навечер се врзува со лисици на кревет за да не може да стане додека е во сон. Извор: ТОЧКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sakala-da-se-pofali-so-sobata-no-se-posramoti-za-cel-zivot-koga-nejzinata-majka-gi-videla-fotografiite-se-shokirala/feed/ 0
Им испрати фотографија на родителите од одмор: Застана до момчето, но заборави на еден детаљ и се посрамоти (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/im-isprati-fotografija-na-roditelite-od-odmor-zastana-do-momcheto-no-zaboravi-na-eden-detalj-i-se-posramoti-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/im-isprati-fotografija-na-roditelite-od-odmor-zastana-do-momcheto-no-zaboravi-na-eden-detalj-i-se-posramoti-foto/#respond Tue, 09 Jul 2019 14:34:17 +0000 https://kurir.mk/?p=216814

Млад пар доживеа голем срам, откако ќерката заминала на одмор со момче па одлучила да му испрати фотографија на таткото, но заборави на еден детаљ. Имено 22- годишната Келси на родителите им испратила фотографија од спалната па таткото веднаш забележал нешто на фотографијата. „Тато вели дека фотографиите се преубави, убаво шише со лубрикант“ - напишала мајка и во порака. „Тоа е крема за колено на Елтон, напишала ќерката, но не успеала да ги измами родителите, штетата веќе била направена. Нејзината објава е вистински хит на Твитер, па затоа нека ви користи како пример и бидете внимателни кога се фотографирате. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/im-isprati-fotografija-na-roditelite-od-odmor-zastana-do-momcheto-no-zaboravi-na-eden-detalj-i-se-posramoti-foto/feed/ 0
ШОК: Тројца доктори го прогласија за мртов, а потоа се случи чудо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shok-trojca-doktori-go-proglasija-za-mrtov-a-potoa-se-sluchi-chudo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shok-trojca-doktori-go-proglasija-za-mrtov-a-potoa-se-sluchi-chudo/#respond Tue, 09 Jan 2018 16:30:06 +0000 http://kurir.mk/?p=8476

Затвореник (29) од Шпанија се разбудил момент пред да почнат да му прават обдукција, откако неколку часа пред тоа го прогласиле за мртов. Гонзало Монтоја служел затворска казна во градот Астуријас на северот од Шпанија и наводно пронајден мртов во својата ќелија. Дури три лекари го прегледале и утврдиле дека нема витални знаци па го пикнале во мртовечка вреќа. Тој потоа е префрлен во медицинска установа, каде го ставиле на маса за обдукција, кога тој загрчел и така ги исплашил лекарите, кои тогаш сфатиле дека човекот всушност е жив. Се верува дека тој всушност боледувал од каталепсија, ретка појава при која се губи свеста како и сите сетила, а телото може да биде неподвижно со часови. Семејството на Монтоја нагласило дека тој и претходно имало епилепсија. И натаму не е јасно како дури тројца лекари не успеале да препознаат дека Монтоја бил жив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shok-trojca-doktori-go-proglasija-za-mrtov-a-potoa-se-sluchi-chudo/feed/ 0