сранци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Apr 2018 11:07:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сранци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МКФ со поддршка за барањето на МЗТ за намалување на бројот на странците https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mkf-so-poddrshka-za-baranjeto-na-mzt-za-namaluvanje-na-brojot-na-strancite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mkf-so-poddrshka-za-baranjeto-na-mzt-za-namaluvanje-na-brojot-na-strancite/#respond Fri, 20 Apr 2018 11:07:51 +0000 https://kurir.mk/?p=43682

Македонската кошаркарска федерација изрази целосна поддршка за барањето на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром за промена на член од Регистрацискиот правилник во кој се пропишува бројот на странци во тимовите. Од МКФ воедно ги охрабруваат сите клубови да застанат зад иницијативата на актуелниот шампион. Инаку членот 32.5 (5) од правилникот гласи дека клуб од машката прва лига има право на пријавување и настап најмногу шест странски играчи во составот на еден натпревар, но на терен во игра, да нема помалку од два домашни играчи. - Тригодишните заложби на актуелното раководство на Македонската кошаркарска федерација за унапредување на квалитетот на младинските категории и заздравување на развојот на нашата иднина ја увиде и еден од водечките клубови во македонската кошаркарска историја и се надеваме дека низ конструктивни и заеднички разговори помеѓу сите инволвирани фактори ќе дојдеме до квалитетно и брзо решение за поставување на квалитетна основа за успешност на идните генерации, се вели во соопштението на Федерацијата. Македонската кошаркарска федерација најавува дека ќе ја започне постапката согласно актите на федерацијата за промена на бараниот член во Регистрацискиот правилник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mkf-so-poddrshka-za-baranjeto-na-mzt-za-namaluvanje-na-brojot-na-strancite/feed/ 0