србија и косово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 07:36:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png србија и косово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лајчак: ЗСО не е единственото нешто што треба да се имплементира, и Србија има многу неспроведени обврски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lajchak-zso-ne-e-edinstvenoto-neshto-shto-treba-da-se-implementira-i-srbija-ima-mnogu-nesprovedeni-obvrski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lajchak-zso-ne-e-edinstvenoto-neshto-shto-treba-da-se-implementira-i-srbija-ima-mnogu-nesprovedeni-obvrski/#respond Mon, 30 Oct 2023 07:18:03 +0000 https://kurir.mk/?p=894329

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, инсистира дека покрај основањето Заедницата на општини со мнозинско српско население (ЗСО), што е обврска на Косово, и Србија мора да ги спроведе и сите членовите од Договорот за патот кон нормализирање на односите. „Оваа (Заедницата) не е единствениот елемент што треба да се имплементира. Србија, исто така, има многу неподмирени обврски од Договорот и мораме да видиме дека имплементацијата напредува паралелно, така што и Косово и Србија ќе го добијат она за што се договорија, посочи Лајчак на социјалните мрежи, пренесува РСЕ. Тој изјави дека наскоро ќе ги покани главните преговарачи во дијалогот да разговараат за следните чекори и подобрување на имплементацијата на Договорот на патот кон нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Повикот на Лајчак доаѓа откако српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти минатата недела разговараа со лидерите на Франција, Германија, Италија и ЕУ на маргините на состанокот на Европскиот совет во Брисел. „Го поздравувам фактот што и двајцата лидери покажаа волја за спроведување на Договорот иако не можеа да се договорат за модалитетите“, посочи Лајчак синоќа на Фејсбук во своето редовно неделно резиме на настаните од претходната недела. Тој додаде дека лидерите имале коментари и прашања за европскиот предлог за статут за формирање ЗСО во Косово, што странските претставници го презентираа за време на заедничката мисија минатата сабота. Тој изрази надеж дека отворените прашања и грижи ќе се разјаснат во наредните недели. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lajchak-zso-ne-e-edinstvenoto-neshto-shto-treba-da-se-implementira-i-srbija-ima-mnogu-nesprovedeni-obvrski/feed/ 0
Албанија го поздрави постигнатиот договор меѓу Србија и Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-go-pozdravi-postignatiot-dogovor-megju-srbija-i-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-go-pozdravi-postignatiot-dogovor-megju-srbija-i-kosovo/#respond Sat, 27 Aug 2022 18:31:24 +0000 https://kurir.mk/?p=724874

Албанија го поздрави постигнатиот договор меѓу Србија и Косово за документите, оценувајќи го како добра вест за регионот од која полза имаат и Албанците и Србите. Премиерот Еди Рама им честиташе на двете страни велејќи „секоја чест за двете страни, едноставно логични работи”, јави дописничката на МИА од Тирана. -Добри вести, решавање на прашањето за слободно движење меѓу Србија и Косово преку дијалог, и со честитки до двете страни. Се надевам дека ваквиот развој на настаните ќе го подигне дијалогот на ново ниво, за да не се троши бескрајно време и енергија во постигнувањето на нештата кои едноставно се логични како ова денес, напиша Рама. Постигнатиот договор го поздрави и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка. Преку објава на Твитер Џачка пишува дека договорот е добра вест за регионот и дека Косово и Србија имаат договор од кој корист имаат и Албанците и Србите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-go-pozdravi-postignatiot-dogovor-megju-srbija-i-kosovo/feed/ 0
Во Белата куќа денеска почнува дводневниот состанок за Србија и Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belata-kukja-deneska-pochnuva-dvodnevniot-sostanok-za-srbija-i-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belata-kukja-deneska-pochnuva-dvodnevniot-sostanok-za-srbija-i-kosovo/#respond Thu, 03 Sep 2020 06:09:55 +0000 https://kurir.mk/?p=398523

Во Белата куќа денеска почнува дводневниот состанок на делегациите на Србија и Косово како дел од продолжувањето на нивниот дијалог. Домаќини на состанокот се специјалниот пратеник на американскиот претседател за преговорите меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел и советникот за национална безбедност на САД, Роберт О’Брајан, додека делегациите на Србија и Косово ќе бидат предводени од претседателот Александар Вучиќ и премиерот Авдулах Хоти. Извори блиски до американската администрација изјавија дека САД немаат „таен план“ и дека темите ќе бидат економски, пренесува Бета. Според нив, ќе се разговара за три договори постигнати од двете страни: повторно воведување на авио линии и развој на железничкиот и патниот сообраќај. Засега е непознато дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на состаноците. По средбата во Вашингтон, планирано е високите делегации на Србија и Косово да имаат средба во Брисел на 7 септември за продолжување на дијалогот. Домаќин на состанокот ќе биде високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Џозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belata-kukja-deneska-pochnuva-dvodnevniot-sostanok-za-srbija-i-kosovo/feed/ 0