Србија – Косово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Apr 2023 06:42:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Србија – Косово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Србија – Косово: Десет години од потпишувањето на Бриселскиот договор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kosovo-deset-godini-od-potpishuvaneto-na-briselskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kosovo-deset-godini-od-potpishuvaneto-na-briselskiot-dogovor/#respond Wed, 19 Apr 2023 06:42:29 +0000 https://kurir.mk/?p=825273

На денешен ден, пред 10 години, беше потпишан Првиот договор за принципите на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, т.н. Договор од Брисел, кој беше склучен под покровителство на ЕУ. Преговорите ги водеа тогашниот премиер на Србија, Ивица Дачиќ, и премиерот на Косово, Хашим Тачи, со посредство на високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон. Договорот со кој започна нормализацијата на односите со Косово има 15 параграфи, од кои првите шест се однесуваат на формирањето, опсегот и функциите на планираната ЗСО, а следните три на полицијата и безбедноста, со прецизирање на едни Полициски сили за цело Косово, вклучително и северно Косово, наречени полиција на Република Косово. Според став 14, беше договорено дека „ниту една страна нема да ги блокира или охрабрува другите да го блокираат напредокот на другата страна на нејзиниот пат кон ЕУ“. Ставот 15 предвидува формирање комитет за имплементација, со помош на ЕУ. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на годишната прес-конференција на почетокот на јануари објави дека во моментов 106 земји не го признаваат Косово, 84 го признаваат, а три држави „не се на чисто“. Косовските власти, пак, тврдат дека Косово го признаа 115 земји. Српските власти наведуваат и дека во последните 15 години 27 земји донеле одлука за повлекување на признавањето. Дијалогот меѓу Косово и Србија, со посредство на ЕУ, започна во март 2011 година. Првиот бриселски договор беше потпишан на 19 април 2013 година, додека две години подоцна Косово и Србија потпишаа договор за Заедница на општини со српско мнозинство, со кој се усогласија општите принципи и клучните елементи. Договорот од 2015 година се состои од 22 точки, во кои се прецизирани законската рамка, целите, организациската структура, односот со централните власти, буџетот и поддршката. Во согласност со првиот Бриселски договор, врз основа на Статутот треба да се формира Заедница на општини со српско мнозинство, чија една верзија беше изготвена во 2018 година со одобрение на ЕУ врз основа на договорот од 2015 година, но никогаш не беше претставен на јавноста. Оваа година двете страни го прифатија германско-францускиот предлог за нормализација на односите и се договорија за Анексот за имплементација. Српската страна инсистира прво да се формира ЗСО, односно да се исполнат одредбите од Бриселскиот договор, за да се продолжи со понатамошна нормализација, а косовската страна одбива, наведувајќи дека формирањето на ЗСО не е во согласност со Уставот на Косово. Следната рунда разговори ќе се одржи, како што наведува Н1, на 2 мај, кога ќе се разговара за спроведувањето на договорите. Потоа Александар Вучиќ и Албин Курти ќе патуваат за Брисел. Иако сите рокови предвидени со Бриселскиот договор се истечени, ЗСО се уште не е на повидок. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kosovo-deset-godini-od-potpishuvaneto-na-briselskiot-dogovor/feed/ 0
Мета го поддржува Дијалогот Белград – Приштина, но не и промена на граници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-go-poddrzuva-dijalogot-belgrad-prishtina-no-ne-i-promena-na-granici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-go-poddrzuva-dijalogot-belgrad-prishtina-no-ne-i-promena-na-granici/#respond Wed, 29 Aug 2018 10:17:46 +0000 https://kurir.mk/?p=93565

Албанскиот претседател Илир Мета првпат го изнесе својот став во врска со големата дебата околу прашањето за промена или не на границите на Косово. Во интервју за „Албаниан дејли њуз“ (Albanian Daily News) тој изјави  дека „Албанија била и останува силен поддржувач на  дијалогот Косово - Србија, со поредство на ЕУ и поддршка на САД“. Тој нагласи дека „посебно значење има почитувањето на основните начела предвидени со повелбата од Хелсинки и од Париз на ОБСЕ за безбедноста во Европа, пред се начелото за неменување на границите“ - Суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово е реалност признаена и прифатена од убедливо мнозинство од земјите-членки на Обединети нации. Го поддржувам ставот на албанската Влада за поддршка на напорите на косовската Влада за зачувување на стабилноста, територијалниот интегритет, мултиетничкиот карактер на косовската држава, истакна Мета. Тој додаде дека процесот на интегрирање на регионот во ЕУ го гледа како процес, кој границите ќе ги направи незначајни, а не кон наметнување нови граници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-go-poddrzuva-dijalogot-belgrad-prishtina-no-ne-i-promena-na-granici/feed/ 0
Лавров: Косовските Албанци не го почитуваат договорот со Србија, постигнат со посредство на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lavrov-kosovskite-albanci-ne-go-pochituvaat-dogovorot-so-srbija-postignat-so-posredstvo-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lavrov-kosovskite-albanci-ne-go-pochituvaat-dogovorot-so-srbija-postignat-so-posredstvo-na-eu/#respond Tue, 21 Aug 2018 17:24:10 +0000 https://kurir.mk/?p=90482

Косовските Албанци, во текот на многу години, не го спроведуваат договореното со Србија, постигнато со посредство на ЕУ, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите со српскиот колега Ивица Дачиќ. - Русија секогаш се залага за целосна и безусловна имплементација на Резолуцијата 1244, поддржуваме активности кои ги презема Белград за да постигне целосна имплементација на овој основен документ од меѓународно-правен карактер, посочи Лавров. - Ние го земаме предвид конструктивниот став на Белград за разговорите со Приштина со посредство на ЕУ, што не може да се каже за позицијата на косовските Албанци. Тие не ги исполнуваат овие ангажмани кои беа постигнати пред многу години. Ние веруваме дека ЕУ мора целосно да ја сфати својата одговорност за ваквата ситуација и да се обиде да ја спроведе споменатата резолуција на Советот за безбедност на ОН, рече Лавров. - Решение за Косово е невозможно да се најде без поддршка од Русија, рече српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, по разговорите со Лавров. - Ние сакаме и ќе бидеме во тесен дијалог и контакт со Руската Федерација, со претседателот Владимир Путин, со министерот Сергеј Лавров, бидејќи сметаме дека без поддршка на Русија е невозможно да се постигне какво и да било решение за Косово, посочи Дачиќ . Тој рече дека самиот тој, како и претседателот Александар Вучиќ, редовно го информираат руското раководство за дијалогот со Приштина. Дачиќ се пожали дека некои западни земји ја менуваат сопствената позиција во врска со прашањето за признавање и дијалог со Косово. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lavrov-kosovskite-albanci-ne-go-pochituvaat-dogovorot-so-srbija-postignat-so-posredstvo-na-eu/feed/ 0
Дачиќ: Невозможна е еднострана демаркација на границата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-nevozmozna-e-ednostrana-demarkacija-na-granicata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-nevozmozna-e-ednostrana-demarkacija-na-granicata/#respond Mon, 20 Aug 2018 14:36:14 +0000 https://kurir.mk/?p=90002

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, коментирајќи ги денешните изјави дека во Приштина се разгледува можноста за демаркација на границата со Србија, изјави дека тоа не може да се стори еднострано и дека за демаркација е неопходен договор на двете страни. - Каква демаркација, добро знаете дека постои административна линија кој речиси 20 години ја користи КФОР. Нема дилема дека сакаме да постигнеме компромисно решение. Дијалогот ќе продолжи во септември, изјави Дачиќ на прес конференција, додавајќи дека доколку косовските власти мислат дека е компромисно решение припојувањето на општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа на Косово, тогаш тие воопшто „не ја разбираат состојбата во кој се наоѓаат“. Тој ги окарактеризира како празни приказните за тоа дека се е готово и завршено во врска со Косово. - Сакаме најмалку лошо решение за сите, изјави Дачиќ. На прашањето на новинарите за можниот референдум за Косово, Дачиќ одговори дека „се наоѓаме на крајот од почетокот на ова преговарачко поглавје и трагаме за креативни реченија, како што вели американската администрација“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-nevozmozna-e-ednostrana-demarkacija-na-granicata/feed/ 0
РТС: Приштина тврди дека почнала подготовки за демаркација на границата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rts-prishtina-tvrdi-deka-pochnala-podgotovki-za-demarkacija-na-granicata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rts-prishtina-tvrdi-deka-pochnala-podgotovki-za-demarkacija-na-granicata/#respond Mon, 20 Aug 2018 13:15:29 +0000 https://kurir.mk/?p=89948

Членовите на Комисијата на косовска влада за демаркација на границата, со собирање документација, почнаа со подготовки за обележување на линијата со централна Србија, изјави претседателот на комисијата Шпејтим Булиќи. Тој додаде дека „не гледа пречка за обележување на граничната линија", јави РТ Србија, повикувајќи се на приштински медиуми. - Подготовките во Комисијата, собирање документација и изготвување на стратегијата, започнаа по барање на косовскиот премиер Рамуш Харадинај. Во оваа ситуација има одредени промени во граничните линии што се случија во одредени периоди. Но, сите тие промени што се случија на граничната линија, се покриени со документација и политички одлуки од одредени периоди, рече Булиќи. Може да се очекува дека на следниот состанок на косовскиот претседател Хашим Тачи и српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел да се разговара за прашањето за корекција на границите, јави РТС. Приштинските аналитичари истакнуваат дека ниту една институција нема право да одлучува за територија, федерации, мир, надворешен долг, освен косовското Собрание. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rts-prishtina-tvrdi-deka-pochnala-podgotovki-za-demarkacija-na-granicata/feed/ 0
„Новости“: Москва подготвена да го поддржи осамостојувањето на Република Српска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novosti-moskva-podgotvena-da-go-poddrzi-osamostojuvanjeto-na-republika-srpska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novosti-moskva-podgotvena-da-go-poddrzi-osamostojuvanjeto-na-republika-srpska/#respond Tue, 14 Aug 2018 08:57:44 +0000 https://kurir.mk/?p=87675

Москва е подготвена да ја поддржи Република Српска во иницирањето на прашањето за осамостојување од Босна и Херцеговина, пред се во контекст на преговорите за конечното решение за Косово, кои се очекува да бидат интензивирани во текот на септември, тврди белградскиот весник „Вечерње новости“. Според весникот, ваквата порака на претседателот на Република Српска, Милорад Додик би требало да му ја пренесе рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на посетите на Сараево и Бања Лука на 16 и 17 септември. „Вечерње новости“ тврди дека Москва преку неофицијални канали веќе „им испратила сигнали“ на Белград и на Бања Лука дека со „големо внимение го прифатила цврстиот став“ на Додик, дека ако Косово стане членка на ОН и Република Српска „ќе тргне по патот на осамостојувањето“. Лавров ќе допатува во БиХ само еден ден по средбата на претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ, најавена за 15 септемрви во Москва, наведува белградскиот весник. Според „Новости“, решавањето на косовското прашање се очекува да биде централна тема на разговрите Путин - Вучиќ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novosti-moskva-podgotvena-da-go-poddrzi-osamostojuvanjeto-na-republika-srpska/feed/ 0
Вучиќ: Се залагам за разграничување со Албанците https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-se-zalagam-za-razgranichuvanje-so-albancite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-se-zalagam-za-razgranichuvanje-so-albancite/#respond Thu, 09 Aug 2018 10:41:44 +0000 https://kurir.mk/?p=86113

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека се залага за разграничување со Албанците во Косово и Метохија. „Јас сум за и тоа е мојата политика за разграничување со Албанците. Тоа дека имаме територија за која не се знае кој како ја третира и што на кого му припаѓа, тоа секогаш е извор на потенцијален конфликт“, изјави Вучиќ. Тој додаде дека не може да навлегува во детали за она што се преговара со косовските Албанци, бидејќи на тој начин ќе ги отвори картите на Србија во преговорите. Вучиќ, исто така, објасни дека договорот меѓу Белград и Приштина ќе биде сеопфатен пакет кој не е едноставен како што некои го замислуваат. Според него, дали во тоа ќе се успее „не зависи од нас“. – За танго се потребни двајца, нагласи Вучиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-se-zalagam-za-razgranichuvanje-so-albancite/feed/ 0
Вучиќ: Нема лесно, едноставно и безболно решение за Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-nema-lesno-ednostavno-i-bezbolno-reshenie-za-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-nema-lesno-ednostavno-i-bezbolno-reshenie-za-kosovo/#respond Tue, 07 Aug 2018 12:21:34 +0000 https://kurir.mk/?p=85401

Српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредната конференција за новинарите изјави дека на Србија и е потребно решение за Косово што побргу, како и дека не постои лесно, едноставно и безболно решение за овој проблем. - Јас такво решение никогаш не сум ветил, нити такво решение постои, освен за несериозните и недговорните луѓе, изјави Вучиќ. Тој потсети дека Белград ги има исполнето сите обврски од Бриселскиот договор, но дека Приштина се уште ја нема формирано Заедницата на српски општини. Вучиќ изјави дека постојат две множности Србите тоа самите да го направат, против што нема разумни аргументи, но, дека „постои опасност од еднострана реакција на Приштина, што многумина во светот едвај би го дочекале, бидејќи тоа би бил вовед за конечна пресметка на Приштина со северно Косово, со што и покрај договорот со НАТО да влезат и ја превземат контролата над вителните ресусрси.“ Затоа, посочи Вучиќ, негов совет до косовските Срби е дека „Србија го бира моментот за постапките кои сака да ги повлече, во рамки на нејзините интереси“, соработувајќи со Српската листа од Косово за остварување на српските права. - Ќе продолжиме да се бориме, со цел да добиеме најмногу што можеме, а да изгубиме најмалку што мораме, констатираше Вучиќ, додавајќи дека ќе инсистира на формирањето на ЗСО. Српскиот претседател напомена дека од осбено значење за Белград е и прашањето за имотот во Косово и тоа за правните лица, за СПЦ, за стопанските субјекти и општествениот имот на Србија во Косово. - Доколку се приближиме до некое решение, во што се сомневам, отворно ќе говорам и ќе излезам и лично ќе дадам се од себе да ги сносам сите консеквенци, истакна Вучиќ, додавајќи дека „во септември пред Србија постојат многу тешкотии, но дека сака на граѓаните да им порача да не се грижат, бидејќи нема да има никакви тајни одлуки, ниту решенија“. Тој потсети дека дошол до обид за постигнување на компромисното решение за Косово, но доживеал многу навреди, бидејќи сфатил дека малку луѓе тоа го сакаат и тоа би предизвикало поделби во Србија. На прес конференцијата, Вучиќ најави дека народот ќе ја даде конечната одлука „доколку може да се дојде до какво-такво решение за Косово“. Тој додаде дека во случај да се дојде до компромисно решение за Косово, прашањето на референдумот нема да биде „дали сте за влез во ЕУ заедно со договорот со Приштина“, туку граѓаните јасно ќе се изјаснат за потенцијалниот договор до кој, како што рече, „можеби ќе дојдеме еден ден“. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-nema-lesno-ednostavno-i-bezbolno-reshenie-za-kosovo/feed/ 0
„Ниту Белград, ниту Приштина нема да добијат тоа што сакаат“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nitu-belgrad-nitu-prishtina-nema-da-dobijat-toa-shto-sakaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nitu-belgrad-nitu-prishtina-nema-da-dobijat-toa-shto-sakaat/#respond Mon, 02 Jul 2018 07:17:06 +0000 https://kurir.mk/?p=71854

Американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скот изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина би требало да влезе во поинтензивна фаза. Додава дека се надева оти компромисот би можел да се случи во оваа година. Скот за РТ вели дека е јасно оти ниту Белград, ниту Приштина нема да добијат се што сакаат, туку дека е важно двете страни да дојдат до компромис. -Затоа е толку важен овој дијалог кој води кон ЕУ. Мислам дека морате да влезете во поинтензивна фаза, јас се надевам ќе дојде до компромис, можеби и оваа година, изјави Скот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nitu-belgrad-nitu-prishtina-nema-da-dobijat-toa-shto-sakaat/feed/ 0
Вучиќ: Подготвени сме за компромис, но нема да дозволиме нови „Олуи“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-podgotveni-sme-za-kompromis-no-nema-da-dozvolime-novi-olui/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-podgotveni-sme-za-kompromis-no-nema-da-dozvolime-novi-olui/#respond Wed, 27 Jun 2018 11:32:44 +0000 https://kurir.mk/?p=70305

Ние на никого не му се закануваме и подготвени сме за компромис и за дијалог, но не сме подготвени, повторувам, никогаш не сме и нема да прифатиме некои нови „Олуи“, некои нови егзодуси и злосторства против Србите, рече претседателот Александар Вучиќ по заедничката воено- полициска вежба „Заеднички удар 2018" во Краљево. Вучиќ рече дека вежбата покажала каква реакција ќе се случи во случај на напад врз земјата и народот и дека заедничките безбедносни сили покажуваат дека се подготвени да го одбранат и да го спречат секого, кој мисли тоа да го загрози. - Ќе продолжиме да инвестираме во армијата и во полицијата. Денес видовме нови пушки, шлемови, опто- електронски уреди, нови возила. И не велам дека состојбата е добра, бидејќи има уште многу да се направи, но сакам да ви кажам дека до пред неколку години немавме воено воздухопловство, а на крајот на оваа година ќе имаме 14 најмодерни ловци од 4 -та генерација, до заби вооружени и со нови радари, рече Вучиќ. Тој додаде дека до крајот на годината српската војска покрај деветте хеликоптери Х-145 М од Ербас, ќе добие од Русија уште три транспортни хеликоптери Ми-17 и четири борбени хеликоптери Ми-35. Вучиќ рече дека до крајот на годината Србија ќе има 14 ловци Миг-29, кои ќе бидат модернизирани според стандардот на четвртата генерација. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-podgotveni-sme-za-kompromis-no-nema-da-dozvolime-novi-olui/feed/ 0