србија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 13:10:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png србија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Демостат: „Де факто признавањето“ на Косово е паричката на Западот за Курти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demostat-de-fakto-priznavaneto-na-kosovo-e-parichkata-na-zapadot-za-kurti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demostat-de-fakto-priznavaneto-na-kosovo-e-parichkata-na-zapadot-za-kurti/#respond Fri, 03 Nov 2023 13:10:39 +0000 https://kurir.mk/?p=896177

]]>

]]>
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/demostat-de-fakto-priznavaneto-na-kosovo-e-parichkata-na-zapadot-za-kurti/feed/ 0
Во Србија почна поднесувањето изборни листи, познати и изборните коалиции за изборите на 17 декември https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-pochna-podnesuvaneto-izborni-listi-poznati-i-izbornite-koalitsii-za-izborite-na-17-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-pochna-podnesuvaneto-izborni-listi-poznati-i-izbornite-koalitsii-za-izborite-na-17-dekemvri/#respond Thu, 02 Nov 2023 17:26:21 +0000 https://kurir.mk/?p=895898

Во Србија од денеска до 26 ноември почна пријавувањето до Републичката изборна комисија (РИК) на изборните листи за парламентарните, локалните и изборите за град Белград закажани на 17 декември, а познати се и изборните коалиции, јави дописникот на МИА од Белград. Први кои поднесоа изборна листа е коалицијата на владеачката Српска Напредна Странка (СНС), партијата на претседателот Александар Вучиќ, која ќе излезе на изборите под слоганот „Александар Вучиќ-Србија не смее да застане„ а листата ја поднесе лидерот на СНС Милош Вучевик заедно со коалициските партнери Расим Љајиќ (Социјалдемократска партија на Србија), Милан Кркобабиќ (ПУПС), Милан Стаматовиќ (Здрава Србија) и Ненад Поповиќ (Српска народна партија). Кандидат за градоначалник на Белград од оваа партија ќе биде досегашниот градоначалник Александар Шапиќ. Во коалција со СНС, како што изјави Воислав Шешељ ќе влезе и Српската радикална партија, но само на локално ниво и на изборите за град Белград, додека на парламентарните избори радикалите ќе одата самостојно. Социјалистичката партија на Србија на Ивица Дачиќ (СПС) на изборите оди самостојно со своја листа во коалција со Единствена Србија (ЈС) на Драган Марковиќ Палма и со Зелените на Србија (ЗС). Зедничката изборна листа за парламентарните избори ќе има назив „Ивица Дачиќ-премиер на Србија“, а Тома Фила ќе биде заднички кандидат за градоначалник на Белград на оваа изборна коалиција. Проевропската опозиција или Партијата за слобода и правда (ССП), Народното движење на Србија, Зелено-левиот фронт/Не го давиме Белград, Срце, Еколошкото востание, Демократската партија (ДС), Движењето на слободни граѓани (ПСГ) и партијата Заедно се договорија заеднички да учествуваат на изборите на основа на добрата соработка во парламентот, заедничката организација на протестите „Србија против насилството. Носители на листата на републичките избори ќе бидат Мирослав Алексиќ и Мариника Тепиќ, додека прв на листата ќе биде Радомир Лазовиќ, а на изборите во Белград носители ќе бидат Добрица Веселиновиќ и Владимир Обрадовиќ, кој ќе биде кандидат за градоначалник. Кон оваа коалиција денес навести дека ќе се прикличи и Социјалдемократската партија на поранешниот претседател Борис Тадиќ. На изборите ќе излезе и Либерално демократската партија (ЛДП) на Чедомир Јовановиќ, кој поодамна го нема на политичката сцена во Србија. Опозициските партии од десницата, партијата на Вук Јеремиќ, Двери, Нов ДСС на Милош Јовановиќ, Заветници, ПОКС, засега не успаеа да постигнат договор за заедничка коалиција на овие ибори во Србија или како Нов ДСС и ПОКС ќе излезат со свои коалиции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-pochna-podnesuvaneto-izborni-listi-poznati-i-izbornite-koalitsii-za-izborite-na-17-dekemvri/feed/ 0
Вучиќ: Никогаш нема да ја потпишам независноста на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-nikogash-nema-da-ja-potpisham-nezavisnosta-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-nikogash-nema-da-ja-potpisham-nezavisnosta-na-kosovo/#respond Thu, 02 Nov 2023 12:10:22 +0000 https://kurir.mk/?p=895796

Српскиот претседател денеска во видео објавено на неговит профил на Инстаграм нагласи дека никогаш нема да потпише за независнот на Косово. „Исто како што ... зборуваа дека се против санкциите кон Русија, и дека јас лично ќе ги воведам по 3 април и по тие избори не го направив тоа, додека тие се уште се залагаат за санкции против Русија до денес, па сега се измислија дека сум подготвен да потпишам независност на Косово само за да поминам изборите“, наведе Александар Вучиќ во видеото објавено на Инстаграм профилот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-nikogash-nema-da-ja-potpisham-nezavisnosta-na-kosovo/feed/ 0
УЕФА жестоко ја казни Србија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-zhestoko-ja-kazni-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-zhestoko-ja-kazni-srbija/#respond Thu, 02 Nov 2023 05:00:59 +0000 https://kurir.mk/?p=895546

Српската фудбалска репрезентација е казнета со еден натпревар без публика и парична казна од скоро 90.000 евра поради навивачки инциденти на натпреварот со Црна Гора. Па така Србија во последното коло од квалификациите за ЕП 2024 против селекцијата на Бугарија ќе мора да игра пред празни трибини. Казната на УЕФА ќе може да се замени со исполнување на стадионот во Лесковац со деца на возраст до 14 години. Натпреварот со Бугарија е решавачки за Србија во борбата за пласман на ЕП 2024 и играњето без публика може да биде хендикеп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-zhestoko-ja-kazni-srbija/feed/ 0
Вучиќ распиша парламентарни избори за 17-ти декември https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-raspisha-parlamentarni-izbori-za-17-ti-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-raspisha-parlamentarni-izbori-za-17-ti-dekemvri/#respond Wed, 01 Nov 2023 09:29:42 +0000 https://kurir.mk/?p=895250

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го распушти српскиот Парламент и распиша парламентарни избори за 17 декември. „Почитувани граѓани на Република Србија. Врз основа на член 109 ставови 1 и 5 од Уставот на Република Србија и член 21 став 1 од Законот за претседателот на Републиката, врз основа на образложен предлог на Владата од 30 октомври 2023 година донесувам указ за распуштање на Народното собрание на Република Србија“, рече Вучиќ. Вучиќ изјави дека распишува избори за пратеници за 17 декември 2023 година. (МИА) Фото: ЕПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-raspisha-parlamentarni-izbori-za-17-ti-dekemvri/feed/ 0
Српската влада предложи распуштање на Собранието и распишување избори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-predlozhi-raspushtane-na-sobranieto-i-raspishuvane-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-predlozhi-raspushtane-na-sobranieto-i-raspishuvane-izbori/#respond Mon, 30 Oct 2023 17:24:55 +0000 https://kurir.mk/?p=894596

Владата на Србија упати образложен предлог до претседателот на Републиката за распуштање на Народното собрание и распишување избори за пратеници, јави дописникот на МИА од Белград. Одржувањето нови парламентарни избори во постојните околности би обезбедило повисок степен на демократија, намалување на тензиите создадени помеѓу спротивставените опции во општеството, отфрлање на ексклузивноста и говорот на омраза и афирмирање на правото на слободно изразување мислења и ставови за одредени политички, економски и други прашања, вклучително и натамошна афирмација на европските вредности, се наведува во соопштението на Владата на Србија. Во предлогот за распуштање на парламентот, меѓу другото, се наведува дека неодамна имало барања од дел од јавноста да се распишат нови, вонредни избори за пратеници, а дека на 11 септември дел од опозициските политички партии вакво барање поднесоа до претседателот на Републиката. Владата, тргнувајќи пред се од ова барање, зазеде став дека спроведувањето на изборниот процес, како еден од основните постулати на едно демократско општество, ќе биде добра можност да се разгледа политичката сила на аргументите, досегашните резултати и плановите на сите актери на политичката сцена и да им овозможи на граѓаните слободно да ја изразат својата волја во која насока треба да се движи Република Србија, се наведува во соопштението. Исто така, на седницата членовите на Владата донесоа одлуки за распуштање на Собранието на град Белград и формирање на Привремена управа на град Белград, а исти одлуки беа донесени и за уште 64 градови и локални самоуправи во Србија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-predlozhi-raspushtane-na-sobranieto-i-raspishuvane-izbori/feed/ 0
Вучиќ и ММФ со задничка оценка за одличните резултати на Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-i-mmf-so-zadnichka-otsenka-za-odlichnite-rezultati-na-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-i-mmf-so-zadnichka-otsenka-za-odlichnite-rezultati-na-srbija/#respond Mon, 30 Oct 2023 14:30:31 +0000 https://kurir.mk/?p=894560

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), со која разговараше за фискалната, монетарната и енергетската стабилност, јави дописникот на МИА од Белград. „Шефот на Мисијата на ММФ, Донал Мекгетиган, истакна дека Србија постигнала одлични резултати, строго следејќи ги препораките на ММФ и имплементирање на целите дефинирани со аранжманот со оваа институција. За тоа сведочат рекордните девизни резерви, добрите резултати на фискалната политика, високиот прилив на директни странски инвестиции, како и податоците од пазарот на труд за силен раст на вработеноста“, соопштија од службата за односи со јавност на српскиот претседател. Во соопштенеито се наведува дека Мекгетиган нагласил дека Србија навремено реагирала со соодветни економски мерки на инфлаторните притисоци и дека ММФ очекува стапката на инфлација на крајот на годината да биде на или под осум отсто. Зборувајќи за реформата на државните и јавните претпријатија, претставниците на ММФ ги поздравија преземените чекори за трансформација и стабилизирање на ЕПС и укажаа на неопходноста од забрзување на реструктуирањето на државните претпријатија. Вучиќ се заблагодарил за оценката дека Србија одговорно ја спроведува програмата договорена со ММФ. Тој посочи дека е зачувана макроекономската стабилност, како и доброто деловно опкружување и додаде дека и покрај бројните предизвици на светскиот пазар, Србија успеала да ја зачува економијата, па дури и дополнително да ја зајакне, се наведува во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-i-mmf-so-zadnichka-otsenka-za-odlichnite-rezultati-na-srbija/feed/ 0
Борел: Без договор меѓу лидерите на Србија и Косово, предусловите на секоја страна беа неприфатливи за другата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-bez-dogovor-megu-liderite-na-srbija-i-kosovo-preduslovite-na-sekoja-strana-bea-neprifatlivi-za-drugata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-bez-dogovor-megu-liderite-na-srbija-i-kosovo-preduslovite-na-sekoja-strana-bea-neprifatlivi-za-drugata/#respond Fri, 27 Oct 2023 08:26:37 +0000 https://kurir.mk/?p=893688

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел изјави дека договорот меѓу лидерите на Србија и Косово не бил можен поради предусловите на секоја страна, кои за другата биле неприфатливи, јави дописникот на МИА од Белград. По вчерашните одвоени разговори меѓу лидерите на ЕУ, Франција, Германија и Италија со премиерот на Косово Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ во Брисел, Борел изјави дека „сите заедно презентирале нов европски сериозен и избалансиран предлог“ за формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) и инсистирале страните да ја искористат таа можност, бидејќи тоа би било „голем скок напред“ во процесот на нормализирање на односите. -За жал, страните не беа подготвени да се договорат за ова. Предусловите на секоја страна за другата беа неприфатливи, изјави Борел пред новинарите доцна синоќа. Борел додаде дека водачите на ЕУ бараат од двете страни „искрено да се ангажираат“ во процесот на нормализирање на односите. -Ова може да се направи само во рамките на дијалогот, бидејќи тоа е единствениот начин да се напредува на европскиот пат. Ќе продолжиме да инсистираме и да работиме на постигнување договор, рече Борел. Тој исто така рече дека лидерите на ЕУ, Франција, Германија и Италија „се многу загрижени поради ќорсокакот во процесот на нормализација меѓу Косово и Србија и неодамнешните терористички напади (во селото Бањска), кои повторно ги осудија за време на вчерашната разговори. Владата на Косово синоќа соопшти дека Курти на средбите повторил дека е подготвен да го потпише Договорот за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија, договорен во февруари во Брисел, но дека Вучиќ не сакал да го стори тоа. -Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одби да го потпише договорот со Косово и побара да се прифати придружното писмо, со кое практично се укинуваат трите принципи на Договорот, неговиот анекс за имплементација, како и предлогот (за ЗСО) предложен од петте претставници на западните земји на 21 октомври, соопшти Владата на Косово. Вучиќ синоќа изјави дека предлогот што „големата петорка“ го донесе во Белград и Приштина на 21 октомври е „добра основа“ за продолжување на работата и формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО). -Тој предлог се однесува исклучиво на формирањето на ЗСО, но не можам да зборувам за детали, рековме дека тој предлог е многу добра основа и дека сме подготвени да работиме и веднаш да почнеме да го спроведуваме, заедно со оградувањето, што и денеска го претставив на лидерите на трите најмоќни земји, а тоа е дека не можеме да прифатиме членство на Косово во ОН и прифаќање на независноста на Косово, рече Вучиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-bez-dogovor-megu-liderite-na-srbija-i-kosovo-preduslovite-na-sekoja-strana-bea-neprifatlivi-za-drugata/feed/ 0
Мелони: Белград и Приштина да преземат чекори во однос на спроведувањето на потпишаните договори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meloni-belgrad-i-prishtina-da-prezemat-chekori-vo-odnos-na-sproveduvaneto-na-potpishanite-dogovori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meloni-belgrad-i-prishtina-da-prezemat-chekori-vo-odnos-na-sproveduvaneto-na-potpishanite-dogovori/#respond Thu, 26 Oct 2023 16:01:22 +0000 https://kurir.mk/?p=893488

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и таа повикале на спроведување на веќе постигнатите договори на денешните средби со лидерите на Србија и Косово. -Побаравме од двајцата лидери да преземат чекори напред во однос на имплементацијата на договорите постигнати во последните години и месеци, рече Мелони по одделните состаноци на лидерите на ЕУ, Франција, Германија и Италија со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти. Вучиќ и Курти денеска во Брисел одвоено разговараа со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак и лидерите на Франција, Германија и Италија, Емануел Макрон, Олаф Шолц и Џорџа Мелони. -Се надеваме на напредок, изјави Мелони пред пристигнувањето на Самитот на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meloni-belgrad-i-prishtina-da-prezemat-chekori-vo-odnos-na-sproveduvaneto-na-potpishanite-dogovori/feed/ 0
Министерството за одбрана на Србија бара присуство само на војници на КФОР на границата со Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ministerstvoto-za-odbrana-na-srbija-bara-prisustvo-samo-na-vojnitsi-na-kfor-na-granitsata-so-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ministerstvoto-za-odbrana-na-srbija-bara-prisustvo-samo-na-vojnitsi-na-kfor-na-granitsata-so-kosovo/#respond Wed, 25 Oct 2023 14:21:59 +0000 https://kurir.mk/?p=892997

Србија инсистира само членовите на мисијата на НАТО, КФОР да бидат распоредени на косовската страна од границата, беше соопштено денеска по средбата меѓу српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ и турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер. Турција ја презеде командата на КФОР во октомври. -Силно ја охрабруваме директната комуникација меѓу началникот на Генералштабот на војската на Србија и командантот на КФОР и инсистираме на административната линија од страната на Косово и Метохија да бидат присутни само припадниците на КФОР и заеднички патроли на членовите на Српската војска и припадниците на КФОР по административната линија, се наведува во соопштението на министерот за одбрана Милош Вучевиќ. Вучевиќ најави дека безбедноста на Косово била „доминантна тема на разговор“ со неговиот турски колега. -Охрабрени сме од гаранциите што ги добивме од г-дин Ѓулер во врска со безбедноста на српската заедница, се додава во соопштението. Вучевиќ, како што е соопштено, го повторил ставот на Белград дека Србите во Косово „немаат проблем со присуството на членовите на КФОР и дека присуството на КФОР ги намалува тензиите и води кон деескалација“. Односите меѓу Србија и Косово дополнително се заострија по нападот на вооружена група врз косовската полиција во селото Бањска на 24 септември. Одговорноста за нападот ја презеде Милан Радоичиќ, поранешен потпретседател на водечката партија на Србите, Српска листа. Радоичиќ, кого Приштина го обвинува за тероризам, е во Србија, а властите во Белград најавија дека нема да го екстрадираат во Приштина. Тој е под истрага и во Косово и во Србија, но за различни кривични дела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ministerstvoto-za-odbrana-na-srbija-bara-prisustvo-samo-na-vojnitsi-na-kfor-na-granitsata-so-kosovo/feed/ 0