срцеви болести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 Aug 2022 08:26:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png срцеви болести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Белгиски лекари пронајдоа нов третман за срцеви болести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiski-lekari-pronajdoa-nov-tretman-za-srcevi-bolesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiski-lekari-pronajdoa-nov-tretman-za-srcevi-bolesti/#respond Wed, 31 Aug 2022 08:26:30 +0000 https://kurir.mk/?p=726465

Во Универзитетските клиники Сен Лук во Брисел за првпат е извршена интервенција со катетер врз трилистниот залисток на срцето, јавува дописничката на МИА од Брисел. Ова го соопштија денеска од универзитетската болница во Белгија. Лекарите успеале да заменат трилистен залисток на срцето на пациент со катетер за првпат во светот. Овој третман значи нова надеж за пациентите кои се премногу слаби и кревки за да претрпат хируршка интервенција, а не реагираат на медикаментозната терапија. Трилистниот залисток е еден од четирите залистоци на срцето, а кога тој лошо функционира може да доведе до сериозни срцеви проблеми, и досега заболените се третираа само со хируршка интервенција или со лекови. Интервенцијата е извршена на 22 август, јавува белгиската новинска агенција Белга, врз 84-годишна пациентка без отворање на тораксот, туку со катетер преку препоните до срцето. Пациентката е дома, во добра состојба, соопштија од болницата.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiski-lekari-pronajdoa-nov-tretman-za-srcevi-bolesti/feed/ 0
Овој зеленчук е најдобар за здравјето на вашето срце https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovoj-zelenchuk-e-najdobar-za-zdravjeto-na-vasheto-srce/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovoj-zelenchuk-e-najdobar-za-zdravjeto-na-vasheto-srce/#respond Fri, 18 Feb 2022 11:39:29 +0000 https://kurir.mk/?p=633104

Диетата е клучна причина кога станува збор за секаков вид на срцеви заболувања. Бидејќи исхраната е тесно поврзана со здравјето на срцето, важно е што внесуваме во организмот. Според Светската здравствена организација, околу 17,9 милиони луѓе годишно умираат од кардиоваскуларни болести во светот. Најчеста форма на срцева болест е коронарната артериска болест. Работите како консумирање многу заситени и транс масти може да доведат до повисок холестерол, што може негативно да влијае на здравјето на артериите предизвикувајќи таложење на наслаги. Високиот крвен притисок, недостатокот на вежбање, дијабетесот и прекумерната тежина се исто така водечки фактори на ризик за срцеви заболувања. Бидејќи исхраната и начинот на живот се толку тесно поврзани со здравјето на срцето, др. Вилијам Дејвис, кардиолог и автор на најпродаваната книга „Супер Гут“ на NY Times, откри која храна е најдобра за срцето. Иако има многу намирници кои се здрави за срцето, д-р Дејвис сака луѓето да посветат посебно внимание на една. „Мојата омилена храна за здравјето на срцето која многу луѓе ја запоставуваат е кимчи, традиционално ферментирана зелка која е популарна во Кореја и често се јаде со секој оброк. Процесот на ферментација значи дека обично се присутни многу корисни микробни видови. Овие микроби создаваат многу придобивки. Тие вклучуваат низок шеќер во крвта, намалена отпорност на инсулин, намалено воспаление низ телото и производство на витамини Б1, Б2, Б7 и Б9“, рече тој. Со други зборови, ферментираната храна може да ви помогне да имате здрава цревна микробиота, што пак може да помогне да се намали ризикот од нешта како висок крвен притисок и хронично воспаление, кои се фактори на ризик за кардиоваскуларни болести. Според Хардвард Здравје, постои огромна врска помеѓу микробите кои се наоѓаат во вашите црева и вашиот кардиоваскуларен систем, што значи дека одржувањето на здрави црева исто така може да ви помогне да имате здраво срце.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovoj-zelenchuk-e-najdobar-za-zdravjeto-na-vasheto-srce/feed/ 0
Граѓани со срцеви болести оставени на цедило, за нив нема апартура за соодветен третман https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjani-so-srcevi-bolesti-ostaveni-na-cedilo-za-niv-nema-apartura-za-soodveten-tretman/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjani-so-srcevi-bolesti-ostaveni-na-cedilo-za-niv-nema-apartura-za-soodveten-tretman/#respond Tue, 19 Nov 2019 15:21:37 +0000 https://kurir.mk/?p=266145

Најголем број на заболени во Битола се од белодробни болести, а по нив следат оние граѓани со кардиоваскуларни болести. Но, тие не може да сметаат на соодветен третман бидејќи ангиографот не работи околу една година. -Месечно имавме околу 80 пациенти кои имаа потреба за вакво снимање. Но, сега сме приморани да ги праќаме во Скопје. Знаете ли што значи за лице со кардиоваскуларни заболувања да ги праќате во Скопје, велат специјалисти од оваа област. Од Болницата укажуваат дека едвај се избориле пред шест - седум години да се екипираат во болницата, да добијат опрема. -Сега се се распаѓа, пациентите не може да добијат услуга. Но, и болницата кубури, вработените се нервозни. На кардиологија се прави само ЕКГ и ехо на срце, тоа е срамота за болница, вели нашиот соговорник. До 2006 година во Македонија имаше само во Скопје и Охрид ангиографи. Од 2006 година па се до 2017 година беше инвестирано и се набавија ангиографи и за Битола, Тетово, Штип и Струмица. -Сега како се расипува апаратурата никој не средува да се поправи. Имаме ситуација кога не работат ангиографите во Битола и Охрид и сите пациенти се препраќаат во Скопје. Но, тука во Скопје има голема гужва како на Клиника за кардиологија, така и во 8-ми Септември, велат лекарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjani-so-srcevi-bolesti-ostaveni-na-cedilo-za-niv-nema-apartura-za-soodveten-tretman/feed/ 0