сребрен медал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 13 Aug 2022 09:46:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сребрен медал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еден сребрен и два бронзени медали за македонските учесници на Интернационалната олимпијада по информатика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eden-srebren-i-dva-bronzeni-medali-za-makedonskite-uchesnici-na-internacionalnata-olimpijada-po-informatika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eden-srebren-i-dva-bronzeni-medali-za-makedonskite-uchesnici-na-internacionalnata-olimpijada-po-informatika/#respond Sat, 13 Aug 2022 09:46:44 +0000 https://kurir.mk/?p=717967

На 34. Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2022), која од 7-ми до 15 август се одржува во Јогјакарта, Индонезија, македонскиот тим средношколци го постигнаа историски највисокиот резултат во повеќегодишната традиција на ова натпреварување. Македонскиот тим на овој најпрестижен интернационален натпревар во програмирање, составен од учениците Благојче Павлески, Марко Таневски, Софија Велковска и Тео Китановски, предводени од лидерите, д-р Емил Станков и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освои еден сребрен и два бронзени медала, информираат од Здружение на информатичарите на Македонија. ИОИ 2022, после две години онлајн изданија, се одржува како хибриден настан, а повеќето од 90-те тимови се присутни во Индонезија. На настанот учествуваат вкупно 352 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, кои беа избрани преку годишните национални натпревари во програмирање во земјите учеснички. -Во ваква силна конкуренција, досега најдобриот сребрен медал за Македонија го освои Благојче Павлески, ученик од Прилеп, со штотуку завршено средно образование во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје. Учениците Марко Танески, исто така од Прилеп, и Тео Китановски од Скопје освоија бронзени медали. Нашиот тим традиционално се избира во целогодишен циклус натпревари кој го организира Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), годинава поддржан од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и општествено одговорните компании Мелон Технологии, Нетцетера и Семос Едукација. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е одржуван волонтерски од ЗИМ и е достапен во текот на целта година за сите заинтересирани натпреварувачи, појаснуваат од Здружението на информатичари на Македонија. Д-р Миле Јованов, претседател на ЗИМ, и долгогодишен член на управниот комитет на Интернационалната олимпијада вели дека резултатот остварен на овој натпревар претставува продолжување на традицијата на успешни претставувања на земјава на интернационалните информатички олимпијади во последниве десетина години и уште една нова потврда за знаењата и вештините од областа на компјутерските науки што ги поседуваат нашите ученици. -Во текот на вчерашниот ден, гледајќи ги во живо како се менуваат резултатите од натпреварот, кога во одредени моменти Благојче беше и со освоен златен медал, сфатив дека вреди што како Здружение трошиме огромна енергија за организација на домашните натпревари и за подготовка на талентираните учениците за интернационалните натпревари. За жал, заради задоцнета поддршка за патување од страна на институциите, и енормното зголемување на цената на авио билетите, нашиот тим наместо во живо учествуваше на олимпијадата онлајн, од просториите на ФИНКИ и со тоа на нашите врвни ученици им беше ускратена можност да бидат на лице место заедно со учесниците од останатите земји. Благојче, бидејќи е пласиран високо на ранг листата меѓу најдобрите учесници од светот, ќе добие покана за да учествува на камп во Сингапур во тек на септември, вели Јованов. Врвните резултати не доаѓаат случајно,нагласува Јованов, туку со долгогодишна работа и со насочено развивање на образованието. -За жал, со последните измени и нови концепции информатиката се маргинализира, а гласот на Здружението, кое претходно беше двигател на позитивните промени, сега се маргинализира од државните институции. Со ваквиот пристап, расте мојата скепса за идни големи успеси во областа на информатиката во нашата земја, потенцира претседателот на ЗИМ. Следната, 35-та по ред, Интернационална олимпијада по информатика треба се одржи идната година во Сегедин, Унгарија, а во периодот кој следи ни претстои учество на Балканска олимпијада за јуниорите и сениорите, и двете во Романија, Европска олимпијада за јуниорите во Украина – онлајн, како и Европска олимпијада за девојки во Турција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eden-srebren-i-dva-bronzeni-medali-za-makedonskite-uchesnici-na-internacionalnata-olimpijada-po-informatika/feed/ 0
Финале и обезбеден сребрен медал за Македонските каратисти на Европската универзијада во Полска https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/finale-i-obezbeden-srebren-medal-za-makedonskite-karatisti-na-evropskata-univerzijada-vo-polska/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/finale-i-obezbeden-srebren-medal-za-makedonskite-karatisti-na-evropskata-univerzijada-vo-polska/#respond Fri, 29 Jul 2022 06:18:06 +0000 https://kurir.mk/?p=711636

На првиот натпреварувачки ден на европската универзијада која се одржува во Лоѓ, Полска, во дисциплината борби (кумите) екипно , машкиот универзитетски тим , после три фантастични победи успеа да влезе во финалето. Во првото коло беше совладана екипата на Унгарија со резултат 3-0, потоа во второто коло нашиот тим ја совлада екипата на Украина со резултат 3-1, и во полуфиналето нашите каратисти беа подобри од екипата на Словачка која ја победија исто така со резултат 3-0, и го обезбедија учеството во финале кое ќе се одржи во Сабота. За екипата на Македонија настапија : Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков и Димитар Илиевски. Селекторот на Универзитетската репрезентација на Македонија Бошко Заборски рече дека постигнале одличен успех и среќни се за постигнатиот резултат. -Направивме одличен успех и сите сме многу среќни од постигнатиот резултат. За оваа европска универзијада се подготвувавме многу сериозно ја темпиравме формата на каратистите и резултатот се постигна. Успеавме да влеземе во финале во најтешката дисциплина , борби екипно во машка конкуренција. Тимот е составена од многу искусни каратисти, иако се тие студенти, сите се репрезентативци на Македонија кои ги бранеле боите на многу европски и светски првенства. Да потсетиме дека ова е веќе второ финале во истата дисциплина на овој универзитетски тим. Тие на минатата универзијада која се одржа пред три години во Загреб, тие исто така беа финалисти и тогаш го освоија сребрениот медал, се надеваме дека на оваа универзијада ќе успееме да бидеме први и да го освоиме златниот медал,рече Заборски. Женскиот тим во дисциплината борби имаше една победа и еден пораз и беше елиминирана во понатамошните борби за медал. Денеска 29.07.2022, продолжуваат натпреварите на универзијадата во поединечна конкуренција борби, ние имаме вкупно десет каратисти, кои ќе се борат за добар пласман или медал Нa Универзитетските игри во Лоѓ, Полска има 5000 спортисти од 400 европски универзитети и 40 држави, кои се натпреваруваат во 20 спортови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/finale-i-obezbeden-srebren-medal-za-makedonskite-karatisti-na-evropskata-univerzijada-vo-polska/feed/ 0
Сребрен медал за Ивановски на Балканското првенство во атлетика https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/srebren-medal-za-ivanovski-na-balkanskoto-prvenstvo-vo-atletika/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/srebren-medal-za-ivanovski-na-balkanskoto-prvenstvo-vo-atletika/#respond Sun, 19 Jun 2022 10:53:36 +0000 https://kurir.mk/?p=692775

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски продолжи со успешните настапи на меѓународна сцена, освојувајќи го сребрениот медал на трката на 5.000 метри на Балканското првенство, кое викендов се одржува во романскиот град Крајова. Ивановски ја истрча патеката со време од 13:56:59 и го освои второто место, една недела по златниот медал на Европското првенство за мали земји во Малта. Ивановски денеска го очекува и трката на 3.000 метри, а од македонските атлетичари настап на Балканијадата во Крајова попладнево ќе имаат и Јован Стојоски на 200 метри, Леонид Вандевски на 3.000 метри стипл и Адријана Поп Арсова во трката на 5.000 метри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/srebren-medal-za-ivanovski-na-balkanskoto-prvenstvo-vo-atletika/feed/ 0
ОИ: Медали освоија 93 држави, Македонија на 77. место со едно сребро https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-medali-osvoija-93-drzavi-makedonija-na-77-mesto-so-edno-srebro/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-medali-osvoija-93-drzavi-makedonija-na-77-mesto-so-edno-srebro/#respond Sun, 08 Aug 2021 13:28:09 +0000 https://kurir.mk/?p=548023

САД на последниот натпреварувачки ден ја престигна Кина според бројот на освоени златни медали на Олимписките игри во Токио на кои одличја освоија вкупно 93 држави, а македонскиот состав со еден сребрен медал заврши на 77. место во вкупниот поредок. Американците беа најуспешни со 39 златни, 41 сребрени и 33 бронзени, пред Кина (38, 32, 18), Јапонија (27, 14, 17), Велика Британија (22, 21, 22) и Русија (20, 28, 23). Единствениот олимписки медал од осумчлената македонска делегација го освои таеквондистот Дејан Георгиевски, кој заврши второпласиран во категоријата до 80 килограми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-medali-osvoija-93-drzavi-makedonija-na-77-mesto-so-edno-srebro/feed/ 0
ВИДЕО: Добредојде за олимпискиот вицешампион, Дејан Георгиевски – овации на скопскиот аеродром https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-dobredojde-za-olimpiskiot-viceshampion-dejan-georgievski-ovacii-na-skopskiot-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-dobredojde-za-olimpiskiot-viceshampion-dejan-georgievski-ovacii-na-skopskiot-aerodrom/#respond Thu, 29 Jul 2021 13:00:37 +0000 https://kurir.mk/?p=543516

Македонскиот олимпиец во таеквондо Дејан Георгиевски со олимпиското сребро на вратот, пред малку слета на скопскиот аеродром. Со големи овации Дејан, кој на Олимписките игри во Токио освои сребрен медал за Македонија во категоријата +80 килограми, беше пречекан од голем број лица на аеродромот. Вечерва во 19:30на плоштад Македонија има организирано голем пречек за спортскиот херој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-dobredojde-za-olimpiskiot-viceshampion-dejan-georgievski-ovacii-na-skopskiot-aerodrom/feed/ 0
ДЕЈАН И ОЛИМПИСКИОТ МЕДАЛ УТРЕ ДОАЃААТ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве каде и во колку е организиран пречекот https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dejan-i-olimpiskiot-medal-utre-doagjaat-vo-makedonija-eve-kade-i-vo-kolku-e-organiziran-prechekot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dejan-i-olimpiskiot-medal-utre-doagjaat-vo-makedonija-eve-kade-i-vo-kolku-e-organiziran-prechekot/#respond Wed, 28 Jul 2021 10:49:28 +0000 https://kurir.mk/?p=543008

Македонскиот олимпиец Дејан Георгиевски и освоениот сребрен медал во Токио утре доаѓаат во Македонија. Како што информираат од македонската таекводно федерација, главниот пречек за новиот спортски херој ќе се одржи во 19:30 часот на плоштадот во Скопје, веднаш во Триумфалната порта. -Утре (четврток) 29.07.2021 со почеток во 19:30 часот на плоштад веднаш до триумфалната порта Македонија да го пречекаме нашиот јунак, нашиот херој, нашиот олимписки сребрен медалист Дејан Георгиевски. Ве очекуваме во што поголем број, плоштадот да ни биде тесен, да покажеме што значи ова момче за Македонија, да покажеме што значи Македонија. Сите оние кои што сакаат да не’ пречекаат и на аеродром, можат да дојдат во 14:30 часот. Се гледаме утре на плоштад, 19:30 часот, порачаа од таекводно федерацијата. Во видео пораката која Георгиевски ја испраќа, ги повикува сите граѓани да дојдат во што поголем број и заеднички да го прослават историскиот успех во македонскиот спорт и сребрениот олимписки медал. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dejan-i-olimpiskiot-medal-utre-doagjaat-vo-makedonija-eve-kade-i-vo-kolku-e-organiziran-prechekot/feed/ 0
Тренерите на Георгиевски се откажаа од наградата: Таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/trenerite-na-georgievski-se-otkazaa-od-nagradata-taa-celosno-treba-da-bide-nasochena-kon-olimpiskiot-viceshampion-novata-makedonska-gordost/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/trenerite-na-georgievski-se-otkazaa-od-nagradata-taa-celosno-treba-da-bide-nasochena-kon-olimpiskiot-viceshampion-novata-makedonska-gordost/#respond Wed, 28 Jul 2021 10:23:44 +0000 https://kurir.mk/?p=542989

Тренерите на новата македонска гордост, Дејан Георгиевски кој на Олимписките игри во Токио освои сребрен медал, се откажаа од паричната награда која Владата одлучи да им ја додели на последната владина седница. -Владата доделила 20.000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10.000 евра за тренерите. Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост. За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ), пишува на Фејсбук, Дарко Костовски. Владата денеска соопшти дека донесе одлука на Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000 денари. На седницата одлучено е на тренерот да му бидат доделени 600.000 денари. Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт, информираа од Владата. Македонскиот теквондист и донесе сребрен олимписки медал на Македонија во категорија +80 килограми. Георгиевски загуби во финалната борба од Русинот Владислав Ларин со резултат 15:9, а Мохамед Азми од Египет беше судија на оваа борба. Од Токио се враќа со сребрен медал, а во финалето се пласираше откако во полуфиналето го совлада Кореецот Ин кој го носи прекарот „магионичарот“. Патот кон олимпискиот медал, Дејан го започна со победата на актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба, а следуваше и победата над Саиду Гбане од Брегот на Слоновата коска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/trenerite-na-georgievski-se-otkazaa-od-nagradata-taa-celosno-treba-da-bide-nasochena-kon-olimpiskiot-viceshampion-novata-makedonska-gordost/feed/ 0
Позната висината на паричната награда која Дејан Георгиевски и неговиот тренер ќе ја добијат за сребрениот олимписки медал https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poznata-visinata-na-parichnata-nagrada-koja-dejan-georgievski-i-negoviot-trener-kje-ja-dobijat-za-srebreniot-olimpiski-medal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poznata-visinata-na-parichnata-nagrada-koja-dejan-georgievski-i-negoviot-trener-kje-ja-dobijat-za-srebreniot-olimpiski-medal/#respond Wed, 28 Jul 2021 08:44:27 +0000 https://kurir.mk/?p=542917

Владата донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000 денари. Ваквата одлука е донесена на редовната 92-ра владина седница. На седницата одлучено е на тренер Борче Костовски да му бидат доделени 600.000 денари. Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poznata-visinata-na-parichnata-nagrada-koja-dejan-georgievski-i-negoviot-trener-kje-ja-dobijat-za-srebreniot-olimpiski-medal/feed/ 0
БРАВО ДЕЈАН: ГЕОРГИЕВСКИ ОСВОИ СРЕБРЕН ОЛИМПИСКИ МЕДАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bravo-dejan-georgievski-osvoi-srebren-olimpiski-medal-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bravo-dejan-georgievski-osvoi-srebren-olimpiski-medal-za-makedonija/#respond Tue, 27 Jul 2021 13:02:29 +0000 https://kurir.mk/?p=542481

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски и донесе сребрен олимписки медал на Македонија во категорија +80 килограми. Георгиевски загуби во финалната борба од Русинот Владислав Ларин со резултат 15:9, а Мохамед Азми од Египет беше судија на оваа борба. Георгиевски од Токио се враќа со сребрен медал, а во финалето се пласираше откако во полуфиналето го совлада Кореецот Ин кој го носи прекарот „магионичарот“. Утринава, патот кон олимпискиот медал, Дејан го започна со победата на актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба, а следуваше и победата над Саиду Гбане од Брегот на Слоновата коска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bravo-dejan-georgievski-osvoi-srebren-olimpiski-medal-za-makedonija/feed/ 0
Калиниќ одби да го земе сребрениот медал од Мундијалот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kalinikj-odbi-da-go-zeme-srebreniot-medal-od-mundijalot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kalinikj-odbi-da-go-zeme-srebreniot-medal-od-mundijalot/#respond Fri, 20 Jul 2018 09:51:02 +0000 https://kurir.mk/?p=79082

Хрватскиот фудбалер Никола Калиниќ одби да го земе сребрениот медал од Светското првенство, откако на самиот почеток на турнирот во Русија беше избркан од репрезентацијата. Селекторот Златко Далиќ и неговите соиграчи одлучиле Калиниќ да добие медал, иако одби да влезе во игра против Нигерија (2:0). - Ви благодарам, но јас не играв во Русија, порача Калиниќ и се заблагодари на гестот на неговите соиграчи. Калиниќ во наредниве денови би требало да го комплетира трансферот во Атлетико Мадрид за 20 милиони евра. Хрватска заврши на второто место на Мундијалот, а тоа е најголемиот успех во историјата на „ватрените“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kalinikj-odbi-da-go-zeme-srebreniot-medal-od-mundijalot/feed/ 0