сребро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Aug 2023 10:01:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сребро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ освои сребро на Г1 Опен од светската класа https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskata-taekvondistka-milijana-relik-osvoi-srebro-na-g1-open-od-svetskata-klasa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskata-taekvondistka-milijana-relik-osvoi-srebro-na-g1-open-od-svetskata-klasa/#respond Mon, 28 Aug 2023 10:01:02 +0000 https://kurir.mk/?p=871686

Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ освои нови поени во битката за обезбедување олимписка норма за Игрите 2024 во Париз, откако имаше забележителен настап на во Талин на Г1 турнирот од светската класа. Рељиќ го освои сребрениот медал со ефект од три победи и еден пораз. Во воведните две кола македонската таеквондистка беше поуспешна од Вилхемила Хаинонен од Финска (2-0 во рунди) и од Германката Лаура Гебер (2-1), а во полуфиналето триумфираше над Каролине Гјелсвик од Норвешка со 2-0. Во финалната борба Рељиќ беше поразена од Бразилката Каролине Сантос со 2-0. За Рељиќ ова е четврти медал годинава на најсилните Г турнири од светската класа и нови поени за олимписката ранкинг листа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskata-taekvondistka-milijana-relik-osvoi-srebro-na-g1-open-od-svetskata-klasa/feed/ 0
Сребро за Дејан Георгиевски на Европските игри во Полска https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/srebro-za-dejan-georgievski-na-evropskite-igri-vo-polska/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/srebro-za-dejan-georgievski-na-evropskite-igri-vo-polska/#respond Mon, 26 Jun 2023 19:17:44 +0000 https://kurir.mk/?p=849851

Македонија го освои првиот медал на Европските игри во Краков, Полска, откако нашиот најдобар таеквондо-фајтер, Дејан Георгиевски загуби во финалето во категоријата над 83 килограми, губејќи со 2:0 од британскиот ривал Кејден Луис Канингем. Со ова се комплетираше фантастичниот настап на сребрениот од Олимпијадата во Токио, а Георгиевски на патот до финалето ги совлада Италијанецот Матија Молина и Украинецот Андриј Харбар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/srebro-za-dejan-georgievski-na-evropskite-igri-vo-polska/feed/ 0
Уште еден голем успех на македонските таеквондисти: На Президент Купот во Истанбул се закитија со сребро и бронза https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ushte-eden-golem-uspeh-na-makedonskite-taekvondisti-na-prezident-kupot-vo-istanbul-se-zakitija-so-srebro-i-bronza/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ushte-eden-golem-uspeh-na-makedonskite-taekvondisti-na-prezident-kupot-vo-istanbul-se-zakitija-so-srebro-i-bronza/#respond Thu, 16 Sep 2021 16:42:37 +0000 https://kurir.mk/?p=564520

Македонските натпреварувачи со два медали се враќаат од Истанбул по настапот на Президент Купот 2021, еден од најсилните теквондо турнири во светот, кој се бодува за освојување олимписка норма за Игрите во Париз во 2024 година. Македонскиот таеквондист Филип Додевски го освои сребрениот медал во категоријата до 87 килограми, совладувајќи ги актуелниот европски шампион до 21 година, Турчинот Ахмет Кескин, и второрангираниот во светот во оваа категорија, Рафаел Камалов од Русија. Додевски во финалето зафуби од Роберто Бота од Италија, носител на бронзен медал од последното Европско првенство. Во женска конкуренција, Анамарија Георгиевска го освои бронзениот медал во категоријата до 67 килограми, со две победи над Аисе Кирачаоглу од Турција и Романката Андреа Мокаму. Во полуфиналето Георгиевска загуби од Турчинката Атанасија Митсополу. Забележителен настап на шестото издание на Прездент Купот имаа и Филип Стаменов и Марко Аврамовски, додека сребрениот од Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски, не настапи на турнирот поради повреда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ushte-eden-golem-uspeh-na-makedonskite-taekvondisti-na-prezident-kupot-vo-istanbul-se-zakitija-so-srebro-i-bronza/feed/ 0
Среброто е „злато на малиот човек“, растат и побарувачката и цената https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/srebroto-e-zlato-na-maliot-chovek-rastat-i-pobaruvachkata-i-cenata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/srebroto-e-zlato-na-maliot-chovek-rastat-i-pobaruvachkata-i-cenata/#respond Sun, 26 Jul 2020 10:59:23 +0000 https://kurir.mk/?p=381530

Поради неизвесниот исход од корона кризата и поплавата од трилионски износи на банкноти, инвеститорите бараат безбедни прибежишта. Покрај златото, се зголеми и побарувачката за сребро. Ако среброто е навистина „злато за малиот човек“, тогаш што туку започна сребрената треска. Трговците со благородни метали во последно време известуваат за зголемена побарувачка за сребро, додека побарувачката за злато остана на исто ниво. „Нашите плочки од еден до 100 грама се бараат повеќе од кога било“, вели Александар Филкорн, директор на трговската куќа Офира, пишува Дојче веле. Клиентите купуваат сребрени пакети како инструмент за безбедност. Со мали апоени од еден до десет грама, вели тој, „во случај на пропаѓање на валутата, тие би можеле да располагаат подобро отколку со златото“. Бидејќи, со нив би можеле да купуваат секаде, „а трговците, пекарите, месарите или селаните не мора да излегувата надвор“ за да го менуваат овој метал. И навистина, вредноста на среброто скокна значително повеќе од вредноста на златото во последните недели и месеци. Додека жолтиот скапоцен метал порасна за 24 проценти, среброто скокна за 70 проценти. Само од почетокот на јуни цената на среброто се зголеми за 12 проценти, додека златото порасна за само пет проценти во истиот период. Во вторникот, цената на среброто скокна над 20 долари. На својот врв, фина унца (31,1 грама) од овој благороден метал чинеше 20,43 долари. Тоа е највисоката цена од 2016 година, пренесува СЕЕбиз. Затоа, односот на цените на среброто и златото е значително намален. Но, сè уште е далеку над долгорочниот просек. Поради тоа експертите гледаат простор за понатамошен раст на цената на среброто. Златото и среброто веќе долго време профитираат, особено затоа што не е познато како ќе се развива корона кризата. Благородните метали се безбедни засолништа во неизвесни времиња, бидејќи се сметаат за стабилни инвестиции. Со оглед што банките и владите пласираат трилиони на пазарот за надминување на кризата со Ковид-19, сè повеќе луѓе стравуваат од високи стапки на инфлација. А, токму среброто, исто како и златото, се смета за заштита од инфлација. Бидејќи среброто е многу повеќе користено во индустријата, овој скапоцен метал, за разлика од златото, многу зависи од развојот на конјуктурата. Така, мало економско закрепнување во последните неколку недели може дополнително да ја поддржи цената на среброто. Експертите на германската Комерцбанк веќе подолго време забележуваат масивен влез на големите инвеститори во сребрениот ЕТФ (Пасивен фонд). Причината беше рекордниот однос сребро-злато во полза на златото. Оттогаш, илјадници тони се влеваа во сребрениот ЕТФ фонд . Некои експерти се убедени дека „златото на малиот човек“ би можело да стане уште поскапо. Финансискиот блогер Крис Кинтсон, на пример, предвидува на страницата „The Motley Fool“ дека оваа година цената на среброто може да се зголеми дури двојно. На крајот, среброто илјадници години се користи како средство за плаќање. Инвеститорите се обидуваат да го сочуваат своето богатство вложувајќи во благородни метали. Притоа, среброто е поевтино од златото и овој бел метал има добри шанси. Се проценува дека цената би можела да достигне дури 28 долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/srebroto-e-zlato-na-maliot-chovek-rastat-i-pobaruvachkata-i-cenata/feed/ 0
Ванилата поскапа од среброто https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vanilata-poskapa-od-srebroto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vanilata-poskapa-od-srebroto/#respond Tue, 08 May 2018 12:28:17 +0000 https://kurir.mk/?p=51529

Цените на ванилата во изминатите две години се зголемија, по што овој сладок зачин моментно чини повеќе од среброто. За еден килограм ванила потребни се околу 600 американски долари, што е повеќе отколку за еден килограм сребро. Повеќе од 75 отсто од ванилата се одгледува на тропскиот остров Мадагаскар. - Главна причина за високата цена е циклонот кој минатиот март го погоди Мадагаскар и уништи голем број плантажи. И покрај надежите дека растот на цената ќе стагнира, таа и понатаму е на високо ниво бидејќи побарувачката е многу голема, изјави Џулијан Гале, аналитичар на пазарот на суровини во компанијата IEG Vu. Станува збор за зачин кој се одгледува многу тешко, и поради тоа ванилата е најскапа состојка во светот, веднаш по шафранот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vanilata-poskapa-od-srebroto/feed/ 0