средба со граѓани – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиWed, 09 Mar 2022 18:08:01 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngсредба со граѓани – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232Стефковски: Нема граѓанин кој побарал, а не добил средба со мене
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-nema-gragjanin-koj-pobaral-a-ne-dobil-sredba-so-mene/
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-nema-gragjanin-koj-pobaral-a-ne-dobil-sredba-so-mene/#respondWed, 09 Mar 2022 18:08:01 +0000https://kurir.mk/?p=644294Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со преставници од сите сектори на општинската администрација, денес во текот на целиот ден вршеа прием на граѓани.
Овој начин на прием на граѓаните го воведе градоначалникот Стефковски и се оддржува по трет пат во општината.
За отворениот ден градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на која напиша:
- Денешниот ден го поминав заедно со граѓаните. Со преставници од сите сектори во општинската администрација оддржавме приемен ден за граѓаните на општина Гази Баба. Со едно доаѓање во општината, граѓанинот има можност да се сретне со градоначалникот и со преставник од сектор со цел решавање на својот проблем. Градоначалникот е избран за да му служи на народот и среќен сум кога на крајот од денот ќе можеме да наброиме неколку проблеми и барања од граѓаните кои сме ги решиле во текот на денот. Сите граѓани кои сакаат средба со градоначалникот имаат можност да се најават телефонски на 02/3226-655, со пополнување на формулар на едношалтерскиот систем или електронски на емаил [email protected] До денес нема граѓанин кој побарал, а не добил средба со мене. Тоа ќе биде така и во иднина, напиша Стефковски.
]]>Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со преставници од сите сектори на општинската администрација, денес во текот на целиот ден вршеа прием на граѓани.
Овој начин на прием на граѓаните го воведе градоначалникот Стефковски и се оддржува по трет пат во општината.
За отворениот ден градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на која напиша:
- Денешниот ден го поминав заедно со граѓаните. Со преставници од сите сектори во општинската администрација оддржавме приемен ден за граѓаните на општина Гази Баба. Со едно доаѓање во општината, граѓанинот има можност да се сретне со градоначалникот и со преставник од сектор со цел решавање на својот проблем. Градоначалникот е избран за да му служи на народот и среќен сум кога на крајот од денот ќе можеме да наброиме неколку проблеми и барања од граѓаните кои сме ги решиле во текот на денот. Сите граѓани кои сакаат средба со градоначалникот имаат можност да се најават телефонски на 02/3226-655, со пополнување на формулар на едношалтерскиот систем или електронски на емаил [email protected] До денес нема граѓанин кој побарал, а не добил средба со мене. Тоа ќе биде така и во иднина, напиша Стефковски.
]]>https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-nema-gragjanin-koj-pobaral-a-ne-dobil-sredba-so-mene/feed/0Арсовска од Сарај: Скопје повторно ќе биде град на соживот
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-od-saraj-skopje-povtorno-kje-bide-grad-na-sozivot/
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-od-saraj-skopje-povtorno-kje-bide-grad-na-sozivot/#respondWed, 27 Oct 2021 19:20:06 +0000https://kurir.mk/?p=586695Скопје повторно ќе биде град на соживот, соработка и солидарност. Ќе биде град во кој ќе нема заборавени населби и населени места. Скопје ќе има ред во сообраќајот. Достапен и ефикасен јавен превоз. За сите населени места во општина Сарај ќе донесеме посебна програма со ургентни приоритети со кои ќе се решат клучните проблеми во делот на инфраструктурата. Конечно ќе се изгради нов кружен тек на влезот на Сарај и ќе се поврзе Матка со автопатот и обиколницата. Канализација, вода, асфалт, автобуски превоз, игралиште за деца мора да има во секое населено место во Скопје и околината, им изјави независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска на вечерашната средба со жителите на населените места Кондово, Бојане и Буковиќ од општина Сарај.
Жителите на овие населени места се осврнаа и на многу ветувања кои им беа ветени во текот на изминатите години од актуелната градска власт, а не беа исполнети, како што се кружниот тек на влезот во Сарај, спортско рекреативниот центар „Сарај“ и езерото Треска.]]>Скопје повторно ќе биде град на соживот, соработка и солидарност. Ќе биде град во кој ќе нема заборавени населби и населени места. Скопје ќе има ред во сообраќајот. Достапен и ефикасен јавен превоз. За сите населени места во општина Сарај ќе донесеме посебна програма со ургентни приоритети со кои ќе се решат клучните проблеми во делот на инфраструктурата. Конечно ќе се изгради нов кружен тек на влезот на Сарај и ќе се поврзе Матка со автопатот и обиколницата. Канализација, вода, асфалт, автобуски превоз, игралиште за деца мора да има во секое населено место во Скопје и околината, им изјави независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска на вечерашната средба со жителите на населените места Кондово, Бојане и Буковиќ од општина Сарај.
Жителите на овие населени места се осврнаа и на многу ветувања кои им беа ветени во текот на изминатите години од актуелната градска власт, а не беа исполнети, како што се кружниот тек на влезот во Сарај, спортско рекреативниот центар „Сарај“ и езерото Треска.]]>https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-od-saraj-skopje-povtorno-kje-bide-grad-na-sozivot/feed/0Арсовска: Ако се работи за граѓаните со јасен план Скопје ќе биде поубаво место за живеење
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-ako-se-raboti-za-gragjanite-so-jasen-plan-skopje-kje-bide-poubavo-mesto-za-ziveenje/
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-ako-se-raboti-za-gragjanite-so-jasen-plan-skopje-kje-bide-poubavo-mesto-za-ziveenje/#respondTue, 26 Oct 2021 18:21:38 +0000https://kurir.mk/?p=586021Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска вечерва оствари средба со граѓани од Гази Баба и посети повеќе населени места каде разговараа за проблемите со кои се соочуваат жителите од оваа општина. Граѓаните на овие средби истакнаа дека немаат време за чекање и слушање нови празни ветувања за кои не се сигурни дека воопшто ќе бидат реализирани од актуелната градска власт. Напротив бараат брзи и квалитетни решенија кои ќе ги решат суштинските промени со брзи и сигурни проекти, без одлагање.
- Сè може да направиме само доколку навистина се сака, а ние заедно со скопјани ќе направи многу за нашиот град. Ако се работи домаќински, без да се краде и да се работи единствено во служба на градот и граѓаните, Скопје може да биде и ќе биде поубаво место за живеење за сите нас. И јас се обврзувам дека ќе ги реализираме сите работи кои им значат на сите скопјани. Не може во 21 век да има заборавени населби како што се Јурумлери, Трубарево, но и многу други населени места ширум градот. Немање фекална канализација, прекини во водоснабдувањето, неасфалтирани улици се само мал дел од проблемите со кои се соочуваат голем број жители од општина Гази Баба. Системски, со брзи и ефикасни решенија ќе понудиме подобар, поквалитетен живот за сите скопјани. Ќе понудиме сообраќајни решенија за растеретување на сообраќајниот метеж во овој дел од градот, ќе проектираме и нови водоводни кракови за чиста вода за пиење до секој дом во општина Гази Баба, нови автобуски линии и нови автобуски станици во секое населено место и повеќе зелени површини. Еден од петте мега паркови е предвиден за изградба токму во оваа општина, вели Арсовска од средбата со граѓани во Гази Баба.
Таа од Гази Баба на скопјани им порача дека времето на ветувања без реализација е завршено и време е вистински луѓе кои се грижат за својот град, да добијат шанса, да покажат дека Скопје може да биде убаво место за живеење како што заслужува секој еден граѓанин.
- Оние кои ветуваа нов тунел под Кале, училишта, гасификација на домаќинствата, булевар Хрватска во Гази Баба и надвозник во Автокоманда, ветуваа нови улици и зелени површини, како и ревитализација на парк-шумата Гази Баба, па дури ветуваа и по една овошка за секој средношколец, не реализираа ништо. И сега повторно со истата програма бараат доверба од граѓаните за уште нови четири години без притоа да дадат отчет каде и на што ги потрошија парите на граѓаните во изминатите четири години. Јас верувам дека граѓаните ќе ги казнат овие погрешни политики во недела на 31 октомври. Доаѓа време на промени, за модерно Скопје, за Скопје на сите скопјани, додаде Арсовска.]]>Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска вечерва оствари средба со граѓани од Гази Баба и посети повеќе населени места каде разговараа за проблемите со кои се соочуваат жителите од оваа општина. Граѓаните на овие средби истакнаа дека немаат време за чекање и слушање нови празни ветувања за кои не се сигурни дека воопшто ќе бидат реализирани од актуелната градска власт. Напротив бараат брзи и квалитетни решенија кои ќе ги решат суштинските промени со брзи и сигурни проекти, без одлагање.
- Сè може да направиме само доколку навистина се сака, а ние заедно со скопјани ќе направи многу за нашиот град. Ако се работи домаќински, без да се краде и да се работи единствено во служба на градот и граѓаните, Скопје може да биде и ќе биде поубаво место за живеење за сите нас. И јас се обврзувам дека ќе ги реализираме сите работи кои им значат на сите скопјани. Не може во 21 век да има заборавени населби како што се Јурумлери, Трубарево, но и многу други населени места ширум градот. Немање фекална канализација, прекини во водоснабдувањето, неасфалтирани улици се само мал дел од проблемите со кои се соочуваат голем број жители од општина Гази Баба. Системски, со брзи и ефикасни решенија ќе понудиме подобар, поквалитетен живот за сите скопјани. Ќе понудиме сообраќајни решенија за растеретување на сообраќајниот метеж во овој дел од градот, ќе проектираме и нови водоводни кракови за чиста вода за пиење до секој дом во општина Гази Баба, нови автобуски линии и нови автобуски станици во секое населено место и повеќе зелени површини. Еден од петте мега паркови е предвиден за изградба токму во оваа општина, вели Арсовска од средбата со граѓани во Гази Баба.
Таа од Гази Баба на скопјани им порача дека времето на ветувања без реализација е завршено и време е вистински луѓе кои се грижат за својот град, да добијат шанса, да покажат дека Скопје може да биде убаво место за живеење како што заслужува секој еден граѓанин.
- Оние кои ветуваа нов тунел под Кале, училишта, гасификација на домаќинствата, булевар Хрватска во Гази Баба и надвозник во Автокоманда, ветуваа нови улици и зелени површини, како и ревитализација на парк-шумата Гази Баба, па дури ветуваа и по една овошка за секој средношколец, не реализираа ништо. И сега повторно со истата програма бараат доверба од граѓаните за уште нови четири години без притоа да дадат отчет каде и на што ги потрошија парите на граѓаните во изминатите четири години. Јас верувам дека граѓаните ќе ги казнат овие погрешни политики во недела на 31 октомври. Доаѓа време на промени, за модерно Скопје, за Скопје на сите скопјани, додаде Арсовска.]]>https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-ako-se-raboti-za-gragjanite-so-jasen-plan-skopje-kje-bide-poubavo-mesto-za-ziveenje/feed/0Арсовска: Од Кисела Вода испративме порака дека времето на неработниците и на лажните ветувања е завршено
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-od-kisela-voda-isprativme-poraka-deka-vremeto-na-nerabotnicite-i-na-laznite-vetuvanja-e-zavrsheno/
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-od-kisela-voda-isprativme-poraka-deka-vremeto-na-nerabotnicite-i-na-laznite-vetuvanja-e-zavrsheno/#respondSun, 24 Oct 2021 18:47:58 +0000https://kurir.mk/?p=584745Од Кисела Вода испративме порака дека времето на неработниците и на оние што даваат лажни ветувања а ништо не исполнија од тоа што ветија, е завршено. Сега ќе имате свој човек, поточно жена која ќе овозможи вратите на градот секогаш да бидат отворени и за секоја потреба да се најде решение, им порача независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, на граѓаните од Кисела Вода при денешната средба.
Арсовска се сретна со граѓаните од 11ти Октомври, Македонија парк, Пржино и Црниче и разговараше со нив за проблемите што ги имаат, што им недостига и им престави според програмата што ја нуди како Кисела Вода ќе стане урбана населба со зеленила, функционална инфраструктура, уреден простор за сите жители и град со чист воздух.
- Програмата е направена според вашите потреби, секојдневните проблеми, маки и барања за решенија. И затоа ќе почнеме да работиме уште од првиот ден и за 82 дена ќе биде многу направено, што некој не успеал да направи ни за 4 години, ние тоа ќе го направиме за 82 дена. А останатиот дел, поголемите и покрупни проекти ќе бидат решени уште во првата половина од мандатот. Ако нешто се сака и се може, а сите овие барања се потребни и затоа проектите се реални и остварливи, истакна Арсовска.
Жителите на Кисела Вода се пожалија на преголемата изградба на згради, неплански, узурпирање на јавниот простор, канализациски и инфраструктурни проблеми.
Арсовска уште им порача на жителите на Кисела Вода дека обврска на Град Скопје е генералниот план да им го даде на увид на граѓаните, да знаат што се планира и што ќе се гради во иднина. “Овој град треба да биде отворен за сите, да може секој да најде одговор на своите барања и да си го реши проблемот, без чекање, без одлагање. Имам цел а и задача да направам овој град да биде гордост за сите нас”, истакна Арсовска.]]>Од Кисела Вода испративме порака дека времето на неработниците и на оние што даваат лажни ветувања а ништо не исполнија од тоа што ветија, е завршено. Сега ќе имате свој човек, поточно жена која ќе овозможи вратите на градот секогаш да бидат отворени и за секоја потреба да се најде решение, им порача независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, на граѓаните од Кисела Вода при денешната средба.
Арсовска се сретна со граѓаните од 11ти Октомври, Македонија парк, Пржино и Црниче и разговараше со нив за проблемите што ги имаат, што им недостига и им престави според програмата што ја нуди како Кисела Вода ќе стане урбана населба со зеленила, функционална инфраструктура, уреден простор за сите жители и град со чист воздух.
- Програмата е направена според вашите потреби, секојдневните проблеми, маки и барања за решенија. И затоа ќе почнеме да работиме уште од првиот ден и за 82 дена ќе биде многу направено, што некој не успеал да направи ни за 4 години, ние тоа ќе го направиме за 82 дена. А останатиот дел, поголемите и покрупни проекти ќе бидат решени уште во првата половина од мандатот. Ако нешто се сака и се може, а сите овие барања се потребни и затоа проектите се реални и остварливи, истакна Арсовска.
Жителите на Кисела Вода се пожалија на преголемата изградба на згради, неплански, узурпирање на јавниот простор, канализациски и инфраструктурни проблеми.
Арсовска уште им порача на жителите на Кисела Вода дека обврска на Град Скопје е генералниот план да им го даде на увид на граѓаните, да знаат што се планира и што ќе се гради во иднина. “Овој град треба да биде отворен за сите, да може секој да најде одговор на своите барања и да си го реши проблемот, без чекање, без одлагање. Имам цел а и задача да направам овој град да биде гордост за сите нас”, истакна Арсовска.]]>https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-od-kisela-voda-isprativme-poraka-deka-vremeto-na-nerabotnicite-i-na-laznite-vetuvanja-e-zavrsheno/feed/0Сајкоски оствари средба со жители на Тетово и Брвеница: Граѓаните се разочарани од празните ветувања на СДСМ
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajkoski-ostvari-sredba-so-ziteli-na-tetovo-i-brvenica-gragjanite-se-razocharani-od-praznite-vetuvanja-na-sdsm/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajkoski-ostvari-sredba-so-ziteli-na-tetovo-i-brvenica-gragjanite-se-razocharani-od-praznite-vetuvanja-na-sdsm/#respondMon, 05 Jul 2021 19:49:26 +0000https://kurir.mk/?p=532426Денес остварив средба и со жителите на Тетово и Брвеница.
Граѓаните се разочарани од празните ветувања на СДСМ со кои им беше ветено европска Македонија и едно општество за сите. Ветуваа и кажуваа дека во четиригодишниот мандат ќе изградат улици, патишта, канализации и водоводи, ќе отворат нови работни места и ќе донесат нови странски инвестиции. Со ваквите лажни ветувања СДСМ само си го забрза падот, подфрлија онаму каде највеќе ветуваа.
Затоа сега е ред на граѓаните, да им кажат ДОСТА на лагите и празните ветувања.
Само заедно и сплотени ќе и помогнеме на Македонија да оди напред, за подобра иднина на сите.
Граѓаните ќе одлучат во каква Македонија сакаат да живеат.
#МакедонијаЗаСитеЛуѓе
Фејсбук статус на Ѓорѓија Сајкоски
]]>Денес остварив средба и со жителите на Тетово и Брвеница.

]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajkoski-ostvari-sredba-so-ziteli-na-tetovo-i-brvenica-gragjanite-se-razocharani-od-praznite-vetuvanja-na-sdsm/feed/0Мисајловски на средба со граѓани во Љуботен и Љубанци
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/misajlovski-na-sredba-so-gragjani-vo-ljuboten-i-ljubanci/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/misajlovski-na-sredba-so-gragjani-vo-ljuboten-i-ljubanci/#respondFri, 26 Jun 2020 11:36:24 +0000https://kurir.mk/?p=363418Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2, Владо Мисајловски денес освои средба со граѓани во повеќе населени места. По средбата со пензионерите од Бутел, тој ги посети и граѓаните на Љуботен и Љубанци.
]]>Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2, Владо Мисајловски денес освои средба со граѓани во повеќе населени места. По средбата со пензионерите од Бутел, тој ги посети и граѓаните на Љуботен и Љубанци.
]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/misajlovski-na-sredba-so-gragjani-vo-ljuboten-i-ljubanci/feed/0